Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

ТИК- предност во УЈИЕ

Бидејќи УЈИЕ е добро опремен со технологиите на информирањето и комуникациите (ТИК), интересно е да се види влијанието што го имаат овие инвестиции на личен и на институционален план за употреба на овие капацитети.



Сега Универзитетот на Југоисточна Европа им нуди на студентите низа на електронски услуги, за ефикасна комуникација и за управување со процесите на наставата како што се: My SEEU, Webmail, Libri (Learning Content Management System), Library Catalogue.

Во периодот ноември-декември во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во рамките на петте факултети, беше реализирана анкета со 306 студенти од неколкумина професори од овој Универзитет.

Во рамките на целата студија се разгледани околу 80 индикатори кои опфаќаат разни аспекти на употреба на ТИК во студентскиот живот и во нивните секојдневни активности како и во семејствата на студентите. Опсегот на истражуваните технологии опфаќа аспекти како што се опрема и употреба на компјутер, опрема и употреба на мобилна телефонија, опрема и цел на употребата на Интернетот и др. Описните индикатопри се поврзуваат со други аспекти на студентската демографија, потоа социјални и економски аспекти кои се поврзани со семејството и со овие технологии.

Главна цел на студијата е да се види колку се опремени, како студентите ги користат технологиите на информирањето и на комуникациите и за кои цели ги користат. Воедно анкетата имаше за цел да се види употребата на компјутерот и на Интернетот кај студентите за нивната подготовка во рамките на студиите, при што преку квалитетни анализи се прави валоризација за родот[p1] , годината на студиите и факултетот на кој студираат, потпирајќи се на односите на шансите. Истотака целта на студијата беше да открие кои се оцените на студентите за обидите што ги прави академскиот кадар на Универзитетот за да се направи ефективна оваа култура во процесот на наставата.

Податоците на студијата покажуваат дака компјутерот се наоѓа речиси во секој дом: около 96% од студентите имаат барем еден компјутер во своите домови. Меѓутоа, и Интернетот е присутен во домовите на студентите: оние кои имаат компјутер во 92,81% од случаите се поврзани со Интернетот во нивните домови.

Што се однесува за можностите на користењето на компјутерот и интернет-врската во Универзитетот, студентите во целина ги оценуваат можностите како максимални. Факторите се многубројни и, пред сѐ, тоа е така затоа што овие технологии сѐ повеќе стануваат дел од секојдневниот живот, но без сомнение ова е и резултат на фактот што во УЈИЕ се работи добро и внимателно за воведување на овие технологии.

Најважната цел за користење на Интернетот од студентите на УЈИЕ е информирањето за актуелноста со 80%, потоа подготовката во рамките на студиите 73%, користењето дома за нивните професионални активности или за нивните студии со 71% идр.

Позитивен е фактот што студентите ги оценуваат со добри оценки обидите што ги прави раководството на Универзитетот и неговиот академски кадар за сѐ подобрата опрема на Универзитетот со нови технологии на информирањето и за употреба на технологиите на информирањето и на комуникациите во процесот на наставата. Во една скала на оценки од 1 до 10, тие ги оценуваат со 8 овие обиди, како на кадарот, така и на раководството на Универзитетот.

Овој труд можете да го најдете во следново меѓународно списание: ‘Science Series Data Report’, Volume 4, No. 3


[p1]полот

Google+