Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа „CST CUP“ за покреативни идеи за бизнис на студентите

На 9 и 10 април 2011 на Универзитетот на Југоисточна Европа во рамките на Факултетот за современи науки и технологии, за првпат е одржан натпревар за креативни и оправдани идеи за бизнис, наречен „CST CUP“.



Овој натпревар беше организиран во рамките на еден проект од: Арлинд Муслиу, Таулант Амити, Лиридон Селмани и Бесјан Фазлиу, студенти од Факултетот за современи науки и технологии при Универзитетот на Југоисточна Европа. Целта на овој натпревар беше размена на различни идеи од студентите од третата година од трите насоки на Факултетот за современи науки и технологии.

Студентите беа поделени во седум групи од по тројца членови. Во секоја група требаше да биде присутен по еден студент од трите насоки на Факултетот, со цел да се комбинираат идеите од секоја насока. Нивна задача беше да работат на креативни и оправдани идеи за бизнис и на крајот да ги претстават овие идеи пред студентите, професорите и пред деканот. Студентите: Едуарт Салији, Афрдита Папранику и Алтин Салихи беа рангирани на третото место. Јета Велиу, Бехар Беќири, Дардан Годени на второ место, додека Рамазан Лимко, Дона Алампиоска и Александар Михаиловски на прво место со идејата: SMS Automation System. На крајот на натпреварот беа поделени уверенија за сите учесници како и медали за трите први места.

Арлинд Муслиу, еден од организаторите на овој натпревар, изјави: „Беше големо задоволство да работиме заедно како еден тим и да заокружиме еден успешен натпревар. Имавме можност да запознаеме други луѓе, да донесеме нешто интересно, да научиме други нешта и да видиме колку добро можеме да работиме со луѓе кои не ги познаваме. Ние работевме многу и со постојаната помош од деканот на Факултетот за современи науки и технологии, Беким Фетаху ја постигнавме целта. Најубавото е што тие ги разменија своите идеи и може да не им се укаже можност да ја продолжат соработката и да профитираат од своите бриијантни идеи“

Студентите на Факултетот за современи науки и технологии се надеваат дека овој натпревар наречен „CST CUP“ ќе продолжи и ќе биде традиционален секоја година, затоа што претставува мошне интересна конкуренција, каде што студентите се запознаваат меѓу себе подобро и учат меѓусебно да соработуваат за иновативни идеи.

Google+