Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ со конкретна понуда за перспективите на глобалниот пазар на трудот

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово од 9 до 13 април ги отвори вратите за сите матуранти, родители и за сите други заинтересирани граѓани во рамките на активноста „Отворени денови“. Овој Универзитет е прв кој организираше ваква активност не само во Македонија, туку и во регионов и таа активност веќе стана традиционална.



Ректорот на УЈИЕ, проф Д-р Замир Дика, вели дека во новата академска година УЈИЕ нуди широка палета на студиски програми од првиот и од вториот студиски циклус, понуда која нуди повеќе можности за вработување во домашниот и глобалниот пазар на трудот.

„На првиот циклус на студии (додипломски) нуди 16 студиски програми, а на вториот циклус (последипломски) нуди 25 студиски програми, според моделот 3+2 и 4+1 на пет факултети во Тетово. Одредени програми се нудат и во Скопје“, вели ректорот Дика.

Целта на „Отворените денови“ е да се информираат идните студенти и нивните родители за можностите за студирање што ги нуди УЈИЕ, почнувајќи од студиските програми, условите за студирање, инфраструктурата на факултетите, информатичката технологија и др.

„Во текот на ’Отворените денови’, секој факултет имаше свој ден, што значи дека еден ден од неделата бешерезервиран за еден од факултетите на УЈИЕ. Исто така имашеинформативни пунктови низ целиот студентски град. Меѓу другото беа организиранинеколку рекреативни активностиза голем бој на матуранти од Македонија, Албанија, Косово, Прешевската долина и за нивните родители и професори“, вели Демуш Бајрами, советник на ректорот за односи со јавноста и комуникации.

Google+