Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ се одржува работилница за иновативната технологија и услугите

Oд 6 до 11 февруари 2012 година, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа работилница на тема: „Иновативната технологија и услугите“.



Работилницата беше организирана од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ)и од Универзитетот на Југоисточна Европа. Право на учество имаа 20 студенти од 2. и 3. година од ФИНКИ и 20 студенти од УЈИЕ.

Студентите кои успешно го положија испитот кој беше предвиден во рамките на работилницата, стекнаа 3 кредита кои дополнително ќе бидат признаени од соодветните факултети.

Google+