Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ на второ место во Македонија според рангирањето на Шангајскиот универзитет Џио Тонг

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово е на второ место според рангирањето на Шангајскиот универзитет Џио Тонг од Народна Република Кина, водечка светска институција за рангирање на високообразовни установи.



Рангирањето беше објавено и официјално во петокот (17 февруари 2012), од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

„Со ова рангирање се потврдуваат и се оправдуваат нашата мисија, поддршката и посветеноста кои ни ги доверуваат САД, Европската унија и другите европски држави. Притоа се потврдува дека и во овој регион може да се основа високообразовна институција која ги исполнува меѓународните стандарди. Сакам да изразам искрена благодарност на основачите на Универзитетов и на меѓународниот и на локалниот кадар кои продолжуваат да го следат нашето патување кон исполнувањето на идните предизвици“, рече ректорот проф. д-р Замир Дика.

Рангирањето е спроведено согласно со Берлинските принципи за рангирање на високообразовни установи. Според истражувањето за квалитет на Универзитетот од Шангај, Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) е на топ-листата на два најдобри универзитети со својот рејтинг. Ова рангирање кое го спровел Универзитетот Џио Тонг се однесува само на универзитетите во државава. Рангирањето е направено врз основа на тоа колку се исполнети критериумите во однос на највисоката оценка и е пресметано во проценти.

Рангирањето ја стимулира конкуренцијата помеѓу високообразовните установи, дава значајни информации поврзани со статусот на високообразовната установа за работодавачите, на стопанството и на студентите и нивните родители и др.

Google+