Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Превод и толкување

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-MTI120C
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Магистер по превод и толкување
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Општа претпоставка е дека во следните 5 до 10 години, Република Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ. Процесот на усогласување и развој кој ќе води до пристапување во ЕУ, како и периодот што следува значително ќе ја зголемат потребата за преведувачки и толкувачки услуги на и од македонски јазик/албански јазик на јазиците од ЕУ (вклучувајќи ги англискиот/францускиот/германскиот). Во меѓувреме на претпријатијата и туристичкиот сектор ќе продолжи потребата од компетентни преведувачи и толкувачи. Можности за ова, до одредена мерка, постојат на државниот Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје. Но, нивните преведувачки програми се прилагодени примарно за превод на македонски јазик од и на други јазици.

Главниот фокус на оваа нова мастер-програма за преведување и толкување ќе отвори можности во областа на преведувањето за личности чиј мајчин јазик е албанскиот. Успешните студенти ќе можат да преведуваат од и на албански на англиски и македонски, со дополнување на германски и француски јазик со тек на развојот на програмата. Овие цели се во согласност со мисијата на Универзитетот на ЈИЕ за зајакнување на образовните можности на албанската заедница во РСМ.

Клучните елементи за можноста за вработување на пазарот на магистрите од мастер-програмата преведување и толкување се следниве:

  • Студентите ќе имаат знаење за својот мајчин јазик, плус два европски јазици (англиски и француски/германски). Ова ги исполнува условите и барањата на ЕУ во врска со преведувачите, а тоа е да покажат познавање на најмалку два служебни јазици на ЕУ.
  • Студентите ќе научат за политичките и економските прашања во врска со работата на ЕУ преку следниве предмети: Преведување за ЕУ и меѓународните организации, Институции на ЕУ, Буџет и интеграција и Проширување на ЕУ.
  • Студентите ќе се обучат за преведување за посебни намени вклучувајќи тука правни, економски и технички преводи.
  • Студентите ќе бидат обврзани да посетуваат практика на работно место како дел од нивните студии и тоа ќе се оценува и ќе се следи како дел од програмата.
  • Оваа програма им се нуди на студенти чиј мајчин јазик е албански или македонски, и со тоа им се нудат еднакви можности на двете јазични заедници во Република Северна Македонија.
Знаење и разбирање
  • Целосно разбирање на најмалку два јазика: еден балкански јазик (албански/македонски) и еден европски јазик (англиски/германски/француски);
  • Разбирање на теоретските прашања во врска со полето на преведување;
  • Познавање техники и методи на преведување;
  • Совладување лингвистички и граматички прашања поставени при преведувачки проекти и задачи.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Покажува способност за консекутивно и симултано преведување.
  • Може да пронаоѓа соодветни еквиваленти за тешки термини и невообичаени формулации.
  • Може да ги употребува алатките за компјутерско преведување.
  • Може да се прилагоди на условите.
Способност за проценка
  • Може да прави остра процена за избор на зборови и структура на реченици при преведувачки и толкувачки задачи.
  • Може да прави процена во однос на потенцијални тешкотии од различен аспект во јазикот на кој преведува: образување глаголи и времиња, одреден/неодреден член, предлози, други граматички категории, идиоми, лексички колокации и зборообразување.
  • Има способност да препознава и да дефинира област од студиите по преведување за магистерско истражување.
  • Покажува прецизност за културолошки прашања кои може да произлезат од преведувачките и толкувачките задачи.
Комуникациски вештини
  • Има одличен изговор на јазикот на кој преведува.
  • Може да образува реченици и фрази јасно и слободно од еден на друг јазик.
  • Може јасно и прецизно да пишува при превод на напишани текстови.
  • Разбира лингвистички теми при толкувачки задачи.
Вештини на учење
  • Има способност за самонадгледување и за прилагодување на методите на преведување во однос на конкретната задача.
  • Започнува и завршува независни истражувачки работи со висок академски стандард во рамките на поставен временски период.
  • Има способност за применување истражувачи вештини за придобивање на потребните информации поврзани со посебни преведувачки задачи од техничка, академска или од книжевна природа.
  • Може да се прилагоди и да употребува компјутерски алатки за преведување кои се развиваат

Семестар 1

  • [MTI-101] [6 ЕКТС] Лингвистика за преведувачи (Англиски јазик)
    Целта на предметот Лингвистика за преведувачи (англиски јазик) е студентите да ја подобрат лингвистичката компетентност на англиски јазик и да ги обноват, да ги подобрат и да ги проверат теоретските, лингвистички концепти применливи во дисциплината преведување. Посебно е обликуван за студенти на кои англискиот им е втор или трет јазик. Преку овој предмет ќе се даде увид во лингвистичките структури на јазикот на кој се преведува. Предметот е насочен и кон проучување на јазикот и кон споредување различни лингвистички вештини од изворниот јазик на јазикот на кој се преведува. Преку овој предмет ќе се повторат и ќе се воведат концепти од предметот Применета лингвистика кои ќе им бидат од помош на преведувачите во нивната работа. Областите кои ќе бидат опфатени вклучуваат: морфологија, синтакса, лексикологија, семантички области, зборовни комбинации, кохезија и текстуални анализи. Во рамките на предметот ќе бидат дадени примери што ќе покажат дека разбирањето на структурата на англискиот јазик го помага процесот на преведување.
  • [MTI-102] [6 ЕКТС] Методи и пристапи на студиите по преведување
    Целта на овој модул е да служи како вовед во теоретските прашања во врска со преведувањето. Следниве области ќе бидат опфатени во рамките на овој предмет: видови преведување; ограничувања на интерлингвистичката еквивалентност; општи преведувачки проблеми; оценување превод. Ќе се опфатат и посебни пристапи кон преведување на општи, книжевни и на тематски текстови. Во врска со ова, ќе бидат проучени различни видови текстови на англиски јазик со цел да се поедностави изработката на течни преводи од различни жанрови. Во рамките на предметот Методи и пристапи на студиите по преведување ќе се комбинираат теоријата и практиката за да се пристапи кон преведувањето со неговата целосна комплексност и како уметност и како наука. Преку читање, дискусии, практика како и преку презентации ќе бидат извлечени теоретски погледи со цел да се истакне и да се поедностави практиката на преведување. Во предметот ќе биде опфатена компаративна анализа на преведени дела со цел да им се овозможи на студентите увид како преку методите на преведување може да ги подобрат преведените документи.
  • [MTI-103] [6 ЕКТС] Превод за специфични намени
    Во рамките на овој предмет се опфатени прашања поврзани со преведување и толкување во рамките на одредено професионално поле. Претставува преведувачки еквивалент на добро познатиот предмет Англиски за посебни намени. Целта на предметот е да се комбинираат теорија и практиката за да се пристапи кон преведувањето од аспект на ‘секојдневни‘ професионални контексти каде што техничка и специјализирана терминологија треба да се пренесе од еден на друг јазик. Треба да послужи како воведен предмет во однос на прашањата и потенцијалните преведувачки стратегии кои ќе се користат при преведод на специјализирани текстови. Притоа ќе се воведе вокабулар специфичен за следниве области: право и уредување, бизнис и финансии, индустриска и информатичка технологија со цел да се подобрат сознанијата за соодветната терминологија. Особено внимание ќе биде обрнато на правната терминологија од англиски на јазикот на кој се преведува и обратно. Ќе се продолжи со теоретска дискусија за различни преведувачки контексти и општествени средини заедно со практично преведување на автентични текстови, илустрирајќи ги опфатените теми. Еден типичен час ќе се состои од презентација и дискусија на извадоци од бараните текстови како и фокусирани вежби и меѓуколегијално уредување преку компарација и анализа на преведените текстови и документи.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMTI-101-I] Германски јазик 1
    • [EMTI-101-II] Германски јазик 2
    • [EMTI-101-III] Германски јазик 3
    • [EMTI-103] Институции на Европската унија и буџетирање
    • [EMTI-104] Правен, деловен и технички превод
    • [EMTI-105] Интеграција во Европската унија и проширувањето
    • [EMTI-106] Интеркултурна комуникација
    • [EMTI-107] Практична работа
    • [MIC-303] Глобализацијата и новите медиуми
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд IT
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMTI-101-I] Германски јазик 1
    • [EMTI-101-II] Германски јазик 2
    • [EMTI-101-III] Германски јазик 3
    • [EMTI-103] Институции на Европската унија и буџетирање
    • [EMTI-104] Правен, деловен и технички превод
    • [EMTI-105] Интеграција во Европската унија и проширувањето
    • [EMTI-106] Интеркултурна комуникација
    • [EMTI-107] Практична работа
    • [MIC-303] Глобализацијата и новите медиуми
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд IT

Семестар 2

  • [MTI-201] [6 ЕКТС] Лингвистика за преведувачи (Албански/Македонски јазик)
    Целта на овој предмет е проучување звучни шеми, зборообразување, структура на реченици, значење и употреба на мајчиниот јазик на студентите. Се дава објаснување и за тоа како функционираат јазиците, нивниот заемен однос, како се совладува јазикот и како се менуваат јазиците. Овој предмет ќе им помогне на студентите да разберат како лексичките и граматичките шеми директно се поврзани со содржината и стилот; како писателите и говорителите ги изразуваат своите ставови и мислења; и како контекстуалните фактори влијаат врз изработката и приемот на преводот и толкувањето. Преку овој предмет се развиваат лингвистичките вештини на студентите на нивниот мајчин јазик, албански или македонски. Ќе се повторат и ќе се воведат концептите од применета лингвистика кои ќе им бидат од помош на преведувачите во нивната работна практика. Ќе бидат дадени примери за тоа како начинот на кој функционираат јазиците има влијание врз процесот на преведување, со посебен акцент на лингвистичките особини на албанскиот/македонскиот јазик.
  • [MTI-202] [6 ЕКТС] Симултано / Консекутивно толкување
    Преку овој предмет студентите ќе се оспособат да толкуваат консекутивно и симултано од албански/македонски на англиски и обратно. Целта е да се создадат компетентни преводи на говори, јавни дискусии, предавања со различно времетраење на различни теми. Студентите ќе стекнат вештини за прибележување и други начини за паметење за ефективно консекутивно толкување и ќе ги покажат развиените вештини за паметење и аналитичките способности при справувањето со поголеми толкувачки задачи. Студентите ќе стекнат сознанија за методите на консекутивното и на симултаното преведување. Ќе бидат развиени вештините за слушање, паметење, прибележување како и аналитичките вештини и ќе се овозможи практика во симулирана атмосфера за конференциско/семинарско толкување. Ќе биде ставен акцент на практиката на толкување во автентична средина со анализа и оценување на брзината и точноста на толкувањето.
  • [MTI-203] [6 ЕКТС] Контрастивна анализа
    Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со концептите и принципите на контрастивната анализа и анализата на грешки – како теоретски така и во практика. Преку предметот ќе се зголеми свеста кај студентите за разликите меѓу јазиците, особено меѓу албанскиот/македонскиот и англискиот. Ќе бидат вклучени следниве теми: преглед и вовед во прашања за терминологија и истражување; психолошка основа за контрастивна анализа; лингвистичка теорија и контрастивна анализа; извори на грешки; опис и нивоа на грешки; грешки и стратегии за учење втор јазик; контрастивна анализа и анализа на грешки и јазична настава. Во рамките на овој предмет ќе се проучува контрастивната анализа како општ пристап кон истражување на јазикот, а особено применета во одредени области од применетата лингвистика, како што е настава по странски јазик и преведување, каде што структурните разлики меѓу двата јазика се определени и потоа се проучувани како области на потенцијални тешкотии во учењето и преведувањето на странскиот јазик. Ќе се овозможи детаљно истражување на контрастивната анализа и ќе се оцени нејзината улога во теоретската и применетата лингвистика како алатка за практична работа на преведувачите.Се дава увид во тоа како некои лингвистички карактеристики се применуваат меѓулингвистички, со акцент на јазичните парови албански/македонски и англиски.
  • [6 ЕКТС] Изборен предемет
    • [EMTI-101-I] Германски јазик 1
    • [EMTI-101-II] Германски јазик 2
    • [EMTI-101-III] Германски јазик 3
    • [EMTI-103] Институции на Европската унија и буџетирање
    • [EMTI-104] Правен, деловен и технички превод
    • [EMTI-105] Интеграција во Европската унија и проширувањето
    • [EMTI-106] Интеркултурна комуникација
    • [EMTI-107] Практична работа
    • [MIC-303] Глобализацијата и новите медиуми
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд IT
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMTI-101-I] Германски јазик 1
    • [EMTI-101-II] Германски јазик 2
    • [EMTI-101-III] Германски јазик 3
    • [EMTI-103] Институции на Европската унија и буџетирање
    • [EMTI-104] Правен, деловен и технички превод
    • [EMTI-105] Интеграција во Европската унија и проширувањето
    • [EMTI-106] Интеркултурна комуникација
    • [EMTI-107] Практична работа
    • [MIC-303] Глобализацијата и новите медиуми
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд IT

Семестар 3

  • [MTI-301] [6 ЕКТС] Истражувачки методи на студиите по преведување
    Преку овој предмет студентите ќе се обучат и ќе се подготват за напредно истражување при студиите по преведување, посебно за нивната магистерска работа, која претставува завршување на мастер-програмата Преведување и толкување. Студентите ќе се подготват да истражуваат и да пишуваат магистерска дисертација или проектни коментари (образложенија) при студиите по преведување/толкување. Тие ќе научат како да ги користат истражувачките методи и алатки за пребарување библиотеки. Преку овој предмет студентите ќе ги стекнат неопходните вештини за истражување и пишување магистерска теза по преведување, а ќе им се понудат поддршка и упатства за подготовка и пишување. Ќе им бидат и предложени области од полето на студии по преведување кои се актуелни. Воведот во компаративната анализа на преведувањето (компаративно оценување на класични преводи) ќе претставува и потенцијална насока за магистерската теза.
  • [MTI-302] [6 ЕКТС] Преведување за Европската унија и меѓународните организации
    Целта на овој предмет е студентите да ја разбират јазичната политика на поголемите меѓународни организации како што се ЕУ или ОН. Притоа ќе биде обработено следново: основно познавање на историјата, политичкиот етос и работата на поголемите организации како и разбирање на нивните процедурални норми. Еден од фокусите на предметот ќе биде преведувачкиот протокол и тоа како треба преведувачите да се прилагодат на стандардите и практиките на институцијата. Секундарна цел секако ќе биде и да се испита комплексноста на преведувањето легислативни текстови преку совладување специфична терминологија која се употребува во меѓународните организации. Исто така ќе им помогне на студентите кои сакаат да спроведат истражување од областа на преведувањето во меѓународните организации. Ќе биде анализирана работата на меѓународните организации во врска со нивните преведувачки потреби, односно работата на Генералниот директорат за преведување кој што ги исполнува преведувачките потреби на Европската Унија. Исто така ќе се проучува работата на соодветните тела во рамките на поголеми меѓународни организации како што се: Обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и УНЕСКО. Ќе се проучат историјата и причините за основање на ваквите организации со цел да се објаснат спецификите на преведување за нив. Понатаму ќе се анализира и јазикот на законот и на легислативата кој се употребува во такви институции и ќе се истражува класификацијата на меѓународните организации како и нивната улога и нивното делување во глобалната политика.
  • [MTI-303] [6 ЕКТС] Технологии за превод
    Преку овој предмет студентите ќе се оспособат да применуваат низа комерцијални компјутерски алатки за преведување (CAT-Computer Assisted Translation) при практичните задачи за менаџмент на терминологија, преведување документација, локализација на софтвер и менаџмент на проекти како и да пренесуваат преводи и терминологија меѓу различни апликации. Овој предмет исто така има за цел да им овозможи на студентите да учествуваат и да координираат повеќејазични преведувачки проекти, да создаваат и да советуваат за соодветни методи на изработка за интернационализирани веб-страници. Преку запознавањето на студентите со разните компјутерски алатки за преведување, им се овозможува да развијат не само практична компетенција, туку и критичка способност за оценување на своите вредности. За да се симулира професионална работна средина во рамките на овој предмет се организираат голем број тимски проекти опфаќајќи низа јазици кои претставуваат различни лингвистички и технички предизвици, вклучувајќи ги и јазиците на кои се преведува во регионов како што се: македонски, албански, англиски и германски. Оценувањето е фокусирано на критичката процена на корисноста и на употребливоста на алатките и на можноста да се работи ефективно во повеќејазичен преведувачки тим.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMTI-101-I] Германски јазик 1
    • [EMTI-101-II] Германски јазик 2
    • [EMTI-101-III] Германски јазик 3
    • [EMTI-103] Институции на Европската унија и буџетирање
    • [EMTI-104] Правен, деловен и технички превод
    • [EMTI-105] Интеграција во Европската унија и проширувањето
    • [EMTI-106] Интеркултурна комуникација
    • [EMTI-107] Практична работа
    • [MIC-303] Глобализацијата и новите медиуми
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд IT
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMTI-101-I] Германски јазик 1
    • [EMTI-101-II] Германски јазик 2
    • [EMTI-101-III] Германски јазик 3
    • [EMTI-103] Институции на Европската унија и буџетирање
    • [EMTI-104] Правен, деловен и технички превод
    • [EMTI-105] Интеграција во Европската унија и проширувањето
    • [EMTI-106] Интеркултурна комуникација
    • [EMTI-107] Практична работа
    • [MIC-303] Глобализацијата и новите медиуми
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд IT

Семестар 4

  • [MTI-400] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по превод и толкување.
Google+