COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Компјутерски науки (2021/2022)

Насока: Софтверско инженерство
Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: MCS-SE120C
Академска година: 2021 / 2022
Титула: Магистер по компјутерски науки - Насока: Софтверско инженерство
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Промените во областа на компјутерските науки и нивната примена многу се динамични. Оттука главен предизвик за истражувањата и студиите во оваа област е развојот на нови напредни системи и технологии кои ќе обезбедат решенија во областите на информациските и комуникациските технологии. Информациските и комуникациската технологија станаа најголемите и најпознатите сектори кои брзо се прошируваат и се најразвивани сектори во Европската Унија и во светската економија. Покрај тоа, појавата на нови пазари за софтверот и во телекомуникацискиот сектор во Југоисточна Европа доведе до зголемена побарувачка за висококвалификувани и специјализирани професионалци во оваа област. Дипломираните студенти можат да работат како професионален софтверски инженер или како софтверски архитект во развој на софтверски компании или во ИТ-одделот на претпријатијата. Високото ниво на професионални вештини ќе им овозможи на дипломираните студенти брзо да станат успешни лидери во софтверската индустрија. Исто така, специјализацијата во четири насоки (инженерство на податоци, веб и мобилни системи,  софтверско инженерство и информациски системи) им овозможува на дипломираните студенти да стекнат стручност во одредени области и да бидат уште поконкуретни на работните места.

Преку програмата студентите ќе ги стекнат потребните знаења и вештини за да придонесат во сите аспекти на процесот на развој на софтвер, вклучувајќи и планирање, соработка, спецификација, дизајн, кодирање, испорака и одржување на софтверски производи. Студентите ќе стекнат и општи вештини за аналитичко и критичко размислување, за тимска работа и работа во мултикултурни средини, планирање и организирање итн. По завршувањето на оваа програма, дипломираните студенти ќе имаат можности за кариера во различни индустрии, главно исполнувајќи ги потребите за дизајн на компјутерски системи, како развивач на софтвер, развивач на мобилен и веб-софтвер, инженер на бази на податоци, менаџер на софтверски проекти и процеси или дизајнирање на информациони системи, а во зависност од насоката што ќе ја одберат во оваа студиска програма. Последниот семестар на студии вклучува пишување на магистерскиот труд, овозможувајќи им на дипломираните студенти да ги продолжат своите студии на докторски студии по компјутерски науки.

Знаење и разбирање

Има способност за развој и за примена на оригинални и креативни ИТ-идеи со цел обезбедување: квалитет и креирање и водење апликации поврзани со телекомуникациските области како апликации, сигурност и обезбедување квалитет.
Има способност за примена на ИT-вештини и знаење и за демонстрација на специјалистички компетенции од компјутерски науки и информатика со цел организирање и поврзување на телекомуникациските процеси како структура која се менаџира и се следи како од аспект на проток на податоци така и од аспект на креирање интерфејси за корисниците.
Стекнува знаење и разбирање од областите на компјутерски науки, инженерство и информатика (програмирање, веб-технологии, дата-бази, мрежи, компјутерски и информациони системи и мултимедиjа).
Стекнува знаење од една или од повеќe области од телекомуникациската индустрија сo кои може да се оквалификува студентот како професионалец за применување знаења во дадената област.

Примена на знаењето и разбирањето

Способност за критичко, независно и за креативно решавање проблеми во нови, дотогаш несретнати средини или средини за кои нема претходно искуство во телекомуникациите.
Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во областа на телекомуникациите, но и креирање и имплементација на соодветни алатки за тестирање, симулација и за имплементација.
Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од информатиката при решавање проблеми поврзани со целите на индустриското производство во телекомуникациската област.

Способност за проценка

Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области во телекомуникациската област, како и администрирање на процесите и на системите со примена на ИТ-алатки наменети и креирани за одредена проблематика.
Креирање едукативни процеси со користење компјутерски алатки и техники.
Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со специфични процесите кои произлегуваат во реално време во телекомуникацискот простор.
Способност за идентификација на соодвети специјализирани инстанци и донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комлетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.

Комуникациски вештини

Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со нивно рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено;
Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.

Вештини на учење

Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и автономно дообразование во вообичаените информатички области;
Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис и информатички области во рамки на вмрежената економија;
Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.

Семестар 1

  • [MCS-103] [6 ЕКТС] Напредно софтверско инженерство
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат напредните концепти од софтверското инженерство. Се започнува од формалните спецификации, нотациите, симболите и спецификациите („формални методи“) кои се потребни за да се определи формално еден софтверски систем. Студентите ќе бидат запознаени и со изградба на јасна формална спецификација. Во рамките на овој предмет опфатени се и следниве аспекти на напреден софтверски инженеринг: Кои се клучните технички активности кои се спроведуваат во текот на процесот на изработка на софтверскиот процес? Каков компонентно-базиран софтверски инженеринг се користи за креирање системи со употребливи компоненти? На кој начин клиент-сервер архитектурата влијае на начинот на кој софтверот се развива? Дали концептите и начелата на софтверско инженерство се применуваат за веб-базирани апликации и производи?
  • [MCS-201] [6 ЕКТС] Напредни податочни структури и алгоритми
    Овој предмет се базира на претходни знаења од областа на алгоритмите и структурите на податоци. Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со напредни ефикасни алгоритми и соодветни структури на податоци кои се користат за организација, барање и за оптимизација на податоци. Се разгледува и теоретската ефикасност на алгоритмите и нејзиното практично утврдување со цел да може да се споредат различни алгоритми. Во текот на предавањата, студентите ќе се запознаат со неколку познати алгоритми, особено за барање и оптимизација во комплексни нелинеарни структури, како на пр. стебла и графови.
  • [CCS-802] [6 ЕКТС] Логичко и функционално програмирање
    Целта на овој предмет е да се даде вовед во парадигмата на логичкото програмирање преку Пролог-јазикот. Предметот е фокусиран врз синтаксата и семантиката на Пролог, работата на Пролог-преведувачот како и на различните апликации на Пролог, а посебно примената во пребарувањето врз бази на податоци, парсирањето, мета-програмирањето, како и и решавањето проблеми од областа на вештачката интелигенција (AI).
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [?F?12] Методи на оптимизација
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [CCS-804] Сигурност на информации
    • [EM479] Технологии за Big Data
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
    • [ECSSE-02] Тестирање софтвер и анализа
    • [ECSSE-03] Инженеринг на барања
    • [ECSSE-04] Агилен развој на софтвер
    • [ECSSE-05] 'Model-Driven' развој на софвер
    • [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер
    • [EMCS-01] Сервис ориентирани архитектури
    • [EMCS-03] Веб-инженерство
    • [EM480] Multi-Paradigm Programming
    • [EM481] Софтверско инженерство за дистрибутивни системи

Семестар 2

  • [MCS-101] [6 ЕКТС] Напредни бази на податоци
    Целите на овој предмет се да се продолжи со суштинско проучување на базите на податоци. Предметот е продолжение на предметот Бази на податоци од првиот циклус на студии, а се започнува со повторување на концептуалниот дизајн и продолжува со проширениот концептуален дизајн. Се објаснува концептот на нормализација на шемите на базата на податоци, се дефинираат нормалните форми и се применуваат во дизајнирање. Се продолжува со: начините на складирање податоци, претставување на податоците, архитектурата на системот за управување со базите на податоци, процесирање и оптимизација на пребарувањата, трансакциите, техниките на паралелна контрола, алгоритмите на обновување на базата на податоци и сигурност и автентификација.
  • [MCS-302] [6 ЕКТС] Напредно инженерство на податоци
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат напредните концепти од софтверското инженерство. Се започнува од формалните спецификации, нотациите, симболите и спецификациите („формални методи“) кои се потребни за да се определи формално еден софтверски систем. Студентите ќе бидат запознаени и со изградба на јасна формална спецификација. Во рамките на овој предмет опфатени се и следниве аспекти на напреден софтверски инженеринг: Кои се клучните технички активности кои се спроведуваат во текот на процесот на изработка на софтверскиот процес? Каков компонентно-базиран софтверски инженеринг се користи за креирање системи со употребливи компоненти? На кој начин клиент-сервер архитектурата влијае на начинот на кој софтверот се развива? Дали концептите и начелата на софтверско инженерство се применуваат за веб-базирани апликации и производи?
  • [CM131] [6 ЕКТС] Развој на микросервиси
    Целта на овој предмет е: Да се идентификуват карактеристиките на микросервисите и придобивките што ги нудат Да научат како да се користат различни платформи и рамки за да изградат вистински реактивни микросервиси. Студентите да научат како да развиват микросервиси што може да се одржуваат, да се тестираат и да се прошируват. Да nаучат како да користат алатки како што е postman за тестирање на микросервиси. Да научат како да дизајнират и спроведуват ефективни тестови за микросервиси. Мониторирање и одржување на микросервисите во големите екосистеми и во облакот.
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [?F?12] Методи на оптимизација
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [CCS-804] Сигурност на информации
    • [EM479] Технологии за Big Data
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
    • [ECSSE-02] Тестирање софтвер и анализа
    • [ECSSE-03] Инженеринг на барања
    • [ECSSE-04] Агилен развој на софтвер
    • [ECSSE-05] 'Model-Driven' развој на софвер
    • [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер
    • [EMCS-01] Сервис ориентирани архитектури
    • [EMCS-03] Веб-инженерство
    • [EM480] Multi-Paradigm Programming
    • [EM481] Софтверско инженерство за дистрибутивни системи

Семестар 3

  • [MCS-303] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат различните научни теории и методологии. Во почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно опишани; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
  • [MCS-203] [6 ЕКТС] Дистрибуирано пресметување
    Преку овој предмет студентите се воведуваат во напредни теми за дистрибуирани компјутерски модели, алгоритми и софтверски системи. Притоа, ќе бидат потенцирани неодамнешните техники кои се користат од реални дистрибуирани системи во светот, како што се дистрибуирани датотечни системи, “lock” услуги, центри на податоци на претпријатијата, “cloud computing”, безжични сензор-мрежи и продорни апликации. Во текот на предметот ќе се спроведат студии на реални дистрибуирани системи и ќе се анализира соодветната актуелна литература.
  • [CM132] [6 ЕКТС] Развој на софтвер за веб и мобилни уреди
    Овој предмет има за цел да им обезбеди на студентите знаење на технологиите кои се употребуваат за изработка на веб и мобилни апликации. Освен општи аспекти околу специфичните технологии на различните платформи, фокусот ќе биде ставен на развојот на софтвер кој може да се егзекутира на повеќе платформи истовремено, технологии кои обично се базирани околу програмскиот јазик JavaScript. Дополнително на техниките за развој, публикација и одржување на таков вид на софтвер, предметот ќе ги покрие придобивките и ограничувањата односно тешкотиите кои ги сретнуваме при развој на таков софтвер.
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
    • [ECSSE-02] Тестирање софтвер и анализа
    • [ECSSE-03] Инженеринг на барања
    • [ECSSE-04] Агилен развој на софтвер
    • [ECSSE-05] 'Model-Driven' развој на софвер
    • [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер
    • [EMCS-01] Сервис ориентирани архитектури
    • [EMCS-03] Веб-инженерство
    • [EM480] Multi-Paradigm Programming
    • [EM481] Софтверско инженерство за дистрибутивни системи
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
    • [ECSSE-02] Тестирање софтвер и анализа
    • [ECSSE-03] Инженеринг на барања
    • [ECSSE-04] Агилен развој на софтвер
    • [ECSSE-05] 'Model-Driven' развој на софвер
    • [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер
    • [EMCS-01] Сервис ориентирани архитектури
    • [EMCS-03] Веб-инженерство
    • [EM480] Multi-Paradigm Programming
    • [EM481] Софтверско инженерство за дистрибутивни системи

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+