COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (2021/2022)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: TR-INT-240
Академска година: 2021 / 2022
Титула: Дипломиран преведувач и толкувач од македонски на албански јазик и обратно
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение:

Содржина на предметната програма е:

Совладување на три јазични вештини и тоа на следниве нивоа:

  • слушање со разбирање (разликување на сите фонеми, особено оние што се карактеристични за македонскиот и албанскиот јазик);
  • зборување (правилен изговор);читање со разбирање на реченици и стручни текстови;
  • пишување (усвојување на правописните правила, транскрипција на личните имиња и правилно пишување на стручни реченици и текстови);
  • збогатување на лексичкиот фонд преку комуникативни модели (барање/давање информации, искажување молба, желба, намера; заблагодарување итн).

Цели на предметната програма се следните:

  • Студентите да ги зголемат своите способности за јасно и коректно писмено и усно изразување на македонски јазик и на албански јазик;
  • Студентите да го зголемат функционалното поле на практична употреба на македонскиот јазик во повеќе ситуации од општествениот, академскиот и професионалниот живот;
  • Студентите да можат да пишуваат и преведуваат кратки и различни видови текстови на македонски јазик и да можат да ги анализираат и да донесат сопствени заклучоци за истите;
  • Студентите да се оспособат да ги применуваат стекнатите знаења за правописните правила во македонскиот и албанскиот јазик;
  • Студентите да добиваaт вештини за симултано преведување на текстови од повеќе области.

Со сите познавања што студентите ќе ги добијат во оваа програма, и со практичното искуство што ќе се добие со посета на државни институции ќе бидат во можност да ги употребуваат во нивниот професионален живот во повеќе правци. Дипломираните студенти ќе можат да бидаат професионални преведувачи од македонски на албански и обратно во државни институции, исто така ќе можат да бидат дел од преведувачките куќи преку преведување на уметнички текстови и др.

Знаење и разбирање

Покажува основно знаење и разбирање за превод и толкување од македонски на албански и обратно, идентификувајќи соодветни методологии за автентичен превод на текстови од различни области и стилови, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето.

Изразува способност за идентификување на проширено и продлабочено знаење.

Ги усвојува и ги применува најсовремените методи и техники на превод и толкување, засновани на најреномираните меѓународни истражувања во тоа научно поле.

Примена на знаењето и разбирањето

Има способност за критички, независен и креативен превод и толкување, со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со полето на студирање.

Способност за проценка

Способност за синтетизирање и интегрирање на стекнатото знаење и на стекнатите вештини.

Способност за справување со прашања поврзани со превод и толкување на текстови, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и проценка.

Способност за идентифукивање и селекција на научни теории, методологии, техники и онлајн-средства за воспоставување нови анализи и решенија на научна основа.

Комуникациски вештини

Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со нивно рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.

Преземање значителна одговорност зaзаедничките резултати; водење и иницирање активности.

Вештини на учење

Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во општествени рамки.

Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и  усовршување.

Семестар 1

  • [C2074] [6 ЕКТС] Граматика на македонскиот јазик 1
    Преку предметната програма студентите треба: - Да знаат да дефинираат што е стандарден јазик. - Да ги знаат најважните периоди од историскиот развој на македонскиот јазик. - Точно да го определуваат местото на македонскиот јазик меѓу јазиците во светот. - Да ги познаваат гласовниот систем во македонскиот јазик и правописот на одделните гласови. - Да ги применуваат правилата и исклучоците за едначење по звучност. - Правилно да ја употребуваат големата буква. - Да умеат да направат транскрипција од македонски јазик на друг јазик, и обратно. - Да ги акцентираат правилно зборовите и акцентските целини.
  • [C2075] [6 ЕКТС] Односи со јавност (PR)
    Целта на предметната програма е запознавање на студентите со основните начела, законитостите и развојот на односите со јавноста, стекнување на знаење за концептот на односите со јавноста, дефиницијата и историскиот развиток, новата улога на односите со јавноста во согласност со процесот на менаџментот и новите теории за односите со јавноста.
  • [C2076] [3 ЕКТС] Современа албанска литература
    Цели на предметната програма: 1. Оспособување за познавање на познати автори од современата албанска книжевност. 2. Стекнување знаења за албанската книжевна продукција по Втората светска војна до денес. 3. Развивање вештини за синтетично-аналитичко и критичко-творечко мислење. 4. Поврзување на знаењата од другите литературни дисциплини преку употреба на усвоената книжевнотеоретска терминологија.
  • [C2073] [6 ЕКТС] Граматика на албанскиот јазик 1
    Цели на предметната програма: Запознавање и проучување на сегментарните единици на албанскиот стандарден јазик и неговата практична примена, односно: 1. Стекнување знаења за општи карактеристики, азбуката, гласовниот систем, фонетски појави и начела на правописот и правоговорот на албанскиот јазик. 2. Совладување на професионални термини и зборови од општа лексика од повеќе насоки. 3. Оспособување за правилно писмено и усно кратко изразување на албански јазик.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
  • [6 ЕКТС] Изборен - Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација

Семестар 2

  • [C2077] [6 ЕКТС] Граматика на албанскиот јазик 2
    Цели на предметната програма: 1. Стекнување знаења за зборовните групи и нивните граматички карактеристики. 2. Оспособување за морфолошка анализа на текст. 3. Развивање на вештини за разбирање, анализирање и синтетизирање. 4. Практична примена на морфолошките анализи при превод на текст.
  • [C2078] [6 ЕКТС] Граматика на македонскиот јазик 2
    Преку предметната програма студентите треба: - Да ги определуваат граматичките категории кај именките и придавките. - Да ги владеат граматичките категории кај глаголите. - Правилно да ги применуваат формите на заменките. - Да знаат да ги препознаат неменливите зборови. - Да jа знаат граматичката структура на реченицата.
  • [E2539] [6 ЕКТС] Критичко резонирање и размислување
    По успешното завршување на предметот, студентите ќе бидат оспособени да го подобрат нивниот начин на размислување преку осознавање на внатарешните структури на процесот на мислење и преку нивно разгледување во рамките на сопствените индивидуални и академски стандарди. Тие ќе развијат стратегии за донесување одлуки, засновани на рефлектирање, причина и логика. Преку овој предмет, студентите ќе научат врз основа на кои тенденции, сличности и претпоставки се базираат нивните рефлексии, како и кои услови и последици произлегуваат од нивниот начин на размислување. Оваа рефлектирачка мисла претставува активно, внимателно и постојано преиспитување на сите индивидуални верувања во смисла на фундаментите кои ги поддржуваат истите, заедно со заклучоците кои произлегуваат од нив. Студентите се очекува да се здобијат со знаења и вештини за донесување на разумни одлуки потребни во секојдневното опкружување, а поврзано со нивните идни професии.
  • [C2079] [3 ЕКТС] Современа македонска литература
    Целта на предметот е изучување на книжевно - теоретска терминологија (на пр. антологија, библиографија, есеј итн.), преку која студентот ќе стекне познавања од областа на македонската современа литература пред сè: поезија, драма, проза (расказ и роман). Работата врз конкретни текстови од соодветниот жанp ќе им овозможи на студентите развивање вештини за синтетичко - аналитичко и критичко - творечко мислење. Исто така студентите ќе се оспособат за познавање и почитување на културно - општествените прилики во кои се развива македонската современа литература.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [?2532] Англиски јазик 1
    • [?2533] Англиски јазик 2
    • [?2533] Англиски јазик 3
    • [?2534] Англиски јазик 4
    • [?2535] Англиски јазик 5
  • [6 ЕКТС] Изборен - Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми

Семестар 3

  • [C2080] [6 ЕКТС] Граматика на албанскиот јазик 3
    Цели на предметната програма: 1. Стекнување знаења за функцијата на синтаксичките единици – синтагми и реченици. 2. Оспособување за синтаксичка анализа на текст. 3. Упатување кон професионална одговорност, академска писменост и функционализирање со времето. 4. Развивање на вештини за разбирање, анализирање и синтетизирање.
  • [C2081] [6 ЕКТС] Граматика на македонскиот јазик 3
    Преку предметната програма студентите треба: - Да ја знаат граматичката структура на реченицата. - Да знаат да ги дефинираат и да ги определат реченичните членови: o главни реченични членови o неопходни реченични членови o второстепени реченични членови - Правилно да ги користат сврзниците за независносложени реченици. - Правилно ги применуваат сврзниците за зависносложени реченици.
  • [C2082] [6 ЕКТС] Споредбена граматика албански-македонски
    Цели на предметната програма: 1. 1.Контрастирање на јазичните особености во текстови и говори од албанската и македонската провениенција на морфолошко рамниште. 2. 2.Споредување на разликите на фонетско рамниште. 3. 3.Споредување на јазичните особености на синтаксичко рамниште; 4. 4.Когнитивно спознавање на разликите и сличностите во албанскиот и во македонскиот јазик на морфолошко, фонетско-фонолошко и синтаксичко рамниште.
  • [C2083] [6 ЕКТС] Методи на преведувањето
    Преку предметот студентите ќе се стекнат со теоретски познавања за Методите на преведувањето, ќе добијат познавања од интепретативната теорија на преведувањето и еквиваленциите во преведувањето, како и разните видови преведувачки методи (буквален превод, транскрипција, транспозиција, модулација, адаптација и др.). Ќе бидат способни да користат разни преведувачки помагала при преведувањето (речници, енциклопедии, интернет и др.)
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметната програма: - -Да развиваат вештини за вербална комуникација. - -Да се во можност да се вклучаат активно во дискусија за одредена тема. - -Да ги совладаат техниките за успешна комуниција. - -Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - -Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [?2532] Англиски јазик 1
    • [?2533] Англиски јазик 2
    • [?2533] Англиски јазик 3
    • [?2534] Англиски јазик 4
    • [?2535] Англиски јазик 5

Семестар 4

  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметната програма: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при создавање текст). - Да ги усвојат стандардно јазичните норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, македонски или англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се поттикне мотивацијата на студентите за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси)
  • [C2087] [6 ЕКТС] Техники на преведување
    Цели на предметната програма: Усвојување на техниките на преведување и практично осамостојување на студентот за нивно користење во практика. Предметот истражува техники, пристапи и теории на преведување. Дава инструкции за успешно преведување и за истовремено, непрекинато толкување. Фокусот е на преведување на литературни текстови како проза и поема, и други документи се анализираат и преведуваат како статии во весници, официјални документи и професионални текстови од полето на бизнисот, правната надлежност, и администрацијата. Предметот исто така ја истражува етиката, моралот и одговорностите на преведувањето.
  • [C2085] [6 ЕКТС] Граматика на македонскиот јазик 4
    Преку предметната програма студентите треба: - Да знаат да го дефинираат поимот стил од лингвистички аспект. - Да ги изделуваат и да ги препознаваат одделните видови функционални стилови. - Да ги определуваат специфичните јазични карактеристики на секој стил.
  • [C2084] [6 ЕКТС] Граматика на албанскиот јазик 4
    Цели на предметната програма: 1. Стекнување знаења за сложената реченица. 2. Практична примена на знаењата во еден текст кој треба да се преведува. 3. Оспособување за синтаксичка анализа на текст. 4. Упатување кон професионална одговорност, академска писменост и функционализирање со времето. 5. Развивање на вештини за разбирање, анализирање и синтетизирање.
  • [C2086] [6 ЕКТС] Споредбена граматика (врзан текст, анализа на текстови поврзани со ЕУ)
    Цели на предметната програма: Студентите ќе ce стекнат со теоретски познавања за Споредбената граматика. Студентите ќе добијат познавања од Интепретативната теорија на преведувањето и еквиваленциите во преведувањето, како и разните видови преведувачки методи поврзани за текстови од и до Европската Унија. Студентите ќе бидат способни да користат разни преведувачки помагала при преведувањето (речници, енциклопедии, интернет, електронски помагалаи, др.)
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [?2532] Англиски јазик 1
    • [?2533] Англиски јазик 2
    • [?2533] Англиски јазик 3
    • [?2534] Англиски јазик 4
    • [?2535] Англиски јазик 5

Семестар 5

  • [C2088] [6 ЕКТС] Превод на стручен текст 1 (Вовед во право, Вовед во економија)
    По завршувње на овој предмет, студентите ќе бидат оспособени да ги разберат, преведуваат и толкуваат главните концепти и стручната терминологија од областа на правото, според областа која правота ја зафаќа (административно, кривично, имотно итн,) како и терминологијата која најчесто се користи во судските и други правни процедури. Исто така, студентите ќе можат и да ги толкуваат и правилно да ги употребуваат во пракса бројните економски категории како на пример, капитал, камата, рента, девизен курс и разни други економски факти. Ќе се запознаат подетално и ќе можат самите да создаваат дискурс карактеристичен за стручни текстови од областа на правото и економијата.
  • [C2089] [6 ЕКТС] Консекутивно толкување (албански - македонски)
    Цели на предметната програма: Студентите да стекнат различни видови на стратегии и техники на консекутивно толкување за да ги препознаваат разликите на изворниот и целниот јазик. Да применат соодветни техники при толкување од македонски на албански јазик и обратно во дадена ситуација. Да можат да ги проценат културните и социјалните суптилности во процесот на толкување и да покажат компетентност во толкувањето на дијалозите и говорите за официјални функции како што се деловни преговори, конференции за меѓународни и внатрешни работи со значително ниво на тежина, со точност, јасност и кохерентност. Исто така, студентите треба да стекнат вештини за активно слушање, вештини за забележување и испорака на превод преку студиски групи и групи за вежбање.
  • [C2090] [6 ЕКТС] Превод на текст (интертекстуалност) 1
    Цели на предметната програма: 1. Наоѓање на елементите на интертекстуалноста во еден текст. 2. Контекстот на едно дело како интертекст. 3. Јазичниот интертекст меѓу двата јазика, албанскиот и македоскиот.
  • [6 ЕКТС] Изборни од други единици
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARLT-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [???-504] Меѓукултурна комуникација: Културолошки содржини и стратегии
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [EAL-801] Анализа на текстот и книжевна критика
    • [EGL-303] Креативно пишување
    • [MFE01] Реторика
    • [EGL-405] Јазична политика во ЕУ
    • [E2542] Билингвално образование

Семестар 6

  • [C2091] [6 ЕКТС] Превод на стручен текст 2 (ЕУ)
    Цели на предметната програма: 1. Компарации на текст со друг текст. 2. Техника на наоѓањето на сличностите и разликите на еден текст со друг. 3. Интертекстуална рамка на споредување на јазиците.
  • [C2092] [6 ЕКТС] Консекутивно толкување (македонски - албански)
    Цели на предметната програма: Студентите да стекнат различни видови на стратегии и техники на консекутивно толкување за да ги препознаваат разликите на изворниот и целниот јазик. Да применат соодветни техники при толкување од македонски на албански јазик и обратно во дадена ситуација. Да можат да ги проценат културните и социјалните суптилности во процесот на толкување и да покажат компетентност во толкувањето на дијалозите и говорите за официјални функции како што се деловни преговори, конференции за меѓународни и внатрешни работи со значително ниво на тежина, со точност, јасност и кохерентност. Исто така, студентите треба да стекнат вештини за активо слушање, вештини за забележување и испорака на превод преку студиски групи и групи за вежбање.
  • [C2093] [6 ЕКТС] Превод на текст (интертекстуалност) 2
    Цели на предметната програма: 1. Компарации на текст со друг текст. 2. Текника на наоѓањето на сличностите и разликите на еден текст со друг. 3. Интертекстуална рамка на споредување на јазиците.
  • [6 ЕКТС] Изборни од други единици
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARLT-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CSS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [???-504] Меѓукултурна комуникација: Културолошки содржини и стратегии
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [EAL-801] Анализа на текстот и книжевна критика
    • [EGL-303] Креативно пишување
    • [MFE01] Реторика
    • [EGL-405] Јазична политика во ЕУ
    • [E2542] Билингвално образование

Семестар 7

  • [C2094] [6 ЕКТС] Текст-лингвистика 1
    Преку предметната програма студентите треба: - Да стекнат сознанија за историските проучувања на текстот. - Да знаат да ги дефинираат поимите текст, текстура, текстуалност. - Да прават динстинкција меѓу поимите текст и дискурс врз основа на современите проучувања во македонската и во светската лингвистика. - Да го определуваат поимот контекст (јазичен и вонјазичен). - Да ги дефинираат и да ги препознаваат седумте критериуми на текстуалноста.
  • [C2095] [6 ЕКТС] Simultaneous Translation (Practice)
    Целта на овој предмет е да ги развие вештините на студентите во толкувањето во различни области и сцени.
  • [C2096] [6 ЕКТС] Дигитални ресурси за превод
    Цели на предметната програма: Преведувањето како професија е тесно поврзано со технологијата. Оттаму и потребата за совладување на употребата на различни електронски расположливи материјали. Овој предмет ќе се осврне на различните дигитални ресурси и алатки поврзани со работата на преведувачите. Тука влегуваат дигитални речници/енциклопедии, програми за обработка на текст, компјутерски алатки за преведување, креирање база на податоци, алатки за обработка на корпус, креирање на терминолошки речници.
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [???-504] Меѓукултурна комуникација: Културолошки содржини и стратегии
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [EAL-801] Анализа на текстот и книжевна критика
    • [EGL-303] Креативно пишување
    • [MFE01] Реторика
    • [EGL-405] Јазична политика во ЕУ
    • [E2542] Билингвално образование
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [??L-306] Преведување од областа на мас-медиумите
    • [E2543] Eтика на преведување
    • [?FE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [E2544] Интелектуална сопственост

Семестар 8

  • [C2097] [6 ЕКТС] Текст-лингвистика 2
    Преку предметната програма студентите треба: - Да знаат да го објаснат концептот на кохезијата. - Да ги интерпретираат проучувањата на овој концепт во македонската и во светската лингвистика. - Да ги разбираат и да ги определуваат кохезивните врски. - Да ги препознаваат кохезивните врски во текстови на македонски јазик. - Да ги препознаваат и да ги изделуваат средства за секоја кохезивна врска. - Да воспостават корелација на кохезивните врски од македонскиот јазик со друг јазик.
  • [C2098] [6 ЕКТС] Симултано толкување 2 (Практикум)
    Целта на овој предмет е да ги развие вештините на студентите во толкувањето во различни области и сцени.
  • [C2099] [6 ЕКТС] Практична примена на преведувачките вештини (државни институции)
    Целта на предметот е да ги запознае студентите со основите на науката за превод како основен предуслов за вклучување во превод по дипломирањето. Преку практична примена на преведувачките вештини ќе се обезбеди увид во развојот на оваа научна дисциплина и тие ќе бидат запознаени со најважните насоки на преводот. Студентите ќе можат самостојно да учат, да ги рефлектираат, споредуваат и анализираат теоретските феномени на преводот и да ја продлабочат нивната чувствителност на прашањата за интерлингвална и интеркултурна медијација. Покрај стекнувањето знаење за теоретските феномени на преводот, целта на овој предмет е да им овозможи на студентите да работат самостојно на практични теми од писмен и устен превод заснован на различни видови текстови од различни европски јазици во однос на албанскиот и македонскиот како изворни јазици.
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [??L-306] Преведување од областа на мас-медиумите
    • [E2543] Eтика на преведување
    • [?FE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [E2544] Интелектуална сопственост
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [???-504] Меѓукултурна комуникација: Културолошки содржини и стратегии
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [EAL-801] Анализа на текстот и книжевна критика
    • [EGL-303] Креативно пишување
    • [MFE01] Реторика
    • [EGL-405] Јазична политика во ЕУ
    • [E2542] Билингвално образование
Google+