COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Уставно и управно право (2020/2021)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: CAL60C
Академска година: 2021 / 2022
Титула: Магистер по правни науки - Насока: Уставно и управно право
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение:
Елаборат:

Целта на студиската програма по Уставно и управно право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на уставно-управните сознанија за приближување кон правничките професии кои се поврзани со областа на уставното и управното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на уставниот и управниот систем на РСМ како и споредбени сознанија од регионов и од ЕУ за односната област.

Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на магистерските студии да ги применува стекнатите општи и посебни теоретски и практични професионални уставно-административни знаења и вештини во практиката; да понуди аналитички одговори како во поглед на примената на правните прописа, така и во поглед на измената во областа на правната регулатива; да ги согледуваат и истражуваат уставно-административните појави и проблеми и да даваат креативни предлози за нивното решавање; критички и аргументативно да ги анализираат и да ги евалуираат правните решенија и функционирањето на уставно-административните правни институции во практиката; да го продолжаат понатамошното усовршување на докторските студии во областа на уставно-административните правни науки; да го следаат развојот на законодавството и на правната наука и да се залагаат за примената на научните резултати на истражувањето во законодавната и правната практика.

Знаење и разбирање

- Покажува знаење и разбирање за уставното право и управното право, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени уставни и управни проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на уставното и административното истражување.
- Способност за употреба на проширено и продлабочено уставно-управно знаење.
- Покажува високо ниво на професионална компетентност во уставно-управното право.
- Поседува знаење од една или од повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во уставно-управната област.

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност за критичко, независно и за креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со современите трендови на уставното и управното право.

Способност за проценка

- Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето;
- Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатите уставни и управни знаења.
- Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување нови анализи и решенија на научна основа.

Комуникациски вештини

- Способност за размена на заклучоци и предлози со нивно аргументирање и рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.

Вештини на учење

- Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во национален, регионален и европски како и во светски контекст.
- Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.

Семестар 1

  • [MCCR1120] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Студентите ќе бидат оспособени: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
  • [MCAL-0101] [6 ЕКТС] Применето уставно право
    Цели на предметната програма: Стекнувањето сознанијата за поимите, појавите и институтите на уставното право како и за државните институции во РСМ, вклучувајки ги тука и разните теоретски ставови за нив. Стекнувањето конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајки ја тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. Преку овој модул студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РСМ како и за слободите и правата на човекот и граганинот. Поттикнување на критичкото мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РСМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. План-програмата ќе ја третира уставната материја од споредбен и од национален аспект, од причина што во услови на глобализацијата, уставното право не може да се разбере, ако се разгледува исклучиво во национални рамки. План-програмата во себе ќе ги опфати: новиот Деловник на Собранието на РСМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РСМ, новите закони што уредуваат уставна материја, како што се: законите од областа на судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. Покрај оваа нормативна компонента, во план-програмата ќе биде обработена и Практиката на централните органи на државната власт во РСМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога врз уставното право како наука. Ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РСМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РСМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РМ. На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност: да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање; да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и институтите на уставното право; да ги објаснат и да ги анализираат разните процеси во рамките на уставниот систем и поредок на РСМ во сите аспекти од уставниот живот на земјава, значи на човекот, граганинот, државата и на етничките заедници.
  • [MCAL-0102] [6 ЕКТС] Применето управно право
    Цели на предметната програма: - Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. - Да ја препознаат и да ја анализирааат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РМ. - Да ги согледаат основните дејности на административната функција. - Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. - Да ги изучат видовите административен надзор. - Да ги осознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. - За идно врботување во органите на администрацијата на РСМ, невладините организации, установи и сите институции во кои се решаваат предмети од административно правна природа.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMCAL-01] Право на локална самоуправа
    • [EMCA0030] Теорија и практика на федерализмот
    • [EMCA0020] Споредбено уставно право Comparative
    • [MCAL-0103] Современи политички системи
    • [MCAL-0302] Уставно судство
    • [EMCAL-04] Управни договори
    • [MCAL-0203] Парламентарно право
    • [MCAL-0202] Управно судство
    • [EM476] Правна клиника - уставно и управно право
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Mултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE15] ИТ-апликации за изработка на научен труд IT
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • Заштита на човековите права
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMCAL-01] Право на локална самоуправа
    • [EMCA0030] Теорија и практика на федерализмот
    • [EMCA0020] Споредбено уставно право Comparative
    • [MCAL-0103] Современи политички системи
    • [MCAL-0302] Уставно судство
    • [EMCAL-04] Управни договори
    • [MCAL-0203] Парламентарно право
    • [MCAL-0202] Управно судство
    • [EM476] Правна клиника - уставно и управно право
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Mултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE15] ИТ-апликации за изработка на научен труд IT
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MCCAL4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+