Програма: |
Примена на информациони и комуникациски технологии (ИКТ) во настава (2019/2020) |
Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
Факултет: | Современи науки и технологии |
Код на програмата: | N-MCSTAICTT120C |
Академска година: | 2022 / 2023 |
Титула: | Магистер по информатика / Насока: Примена на информациони и комуникациски технологии (ИКТ) во настава |
ЕКТС: | 120
(2 години)
![]() |
Решение: |
![]() |
Примена на информациони и комуникациски технологии (ИКТ) во настава - 120 ЕКТС е кохезивна програма на студии наменета за подобрување на знаењето и на вештините и за професионален развој на наставниците и другите заинтересирани со најсовремените пристапи за усвојување нови знаења. Овие магистерски студии се фокусираат на ефективно користење на технологија во образованието и наставата. За време на овие студии се стекнуваат нови знаења за тоа како да се дизајнира програма базирана на технологија, како и за: користење на информатичките технологии за подготовка и одржување на часовите, користење и развивање платформи за учење, креирање дигитални едукативни содржини, е-учење, образовен софтвер, мултимедијални проекти во наставата. Притоа се обезбедува професионален развој на наставниците и на другите заинтересирани за студии во образованието. Студиите се базираат на најновите истражувања и практики за е-учење и подобрување на учењето преку ИКТ. Се развиваат практични вештини и аналитички разбирања на ИКТ и е-учење и на нејзината улога во професионалната практика.
Студентите кои ќе го завршат овој циклус ќе бидат обучени:
- Да имплементираат ИКТ во процесот на образование и евалуација - контрола.
- Да дизајнираат модерни курсеви (предмети).
- Да дизајнираат курсеви (предмети) за ученици со посебни потреби.
- Да ги следат и да ги разбираат развојните трендови на ИКТ и нејзината примена во современата настава.
Знаење и разбирање
- Има способност за развој и примена на оригинални и креативни ИТ идеи за обезбедување квалитет во наставата.
- Има способност за примена на ИТ-вештини и знаење и демонстрација на специјалистички компетенции од компјутерски науки и информатика за организирање интерактивна настава во образованието.
- Има знаење и разбирање од областите компјутерски науки, инженерство и информатика (програмирање, веб-технологии, дата-бази, основи на мрежи, компјутерски и информациски системи и мултимедија).
- Има знаење од една или повеќе предметни области кои може да да го оквалификуваат студентот како експерт за применување на знаења во дадена област.
Примена на знаењето и разбирањето
- Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми во нови, дотогаш не сретнати околини или околини за кои нема претходно искуство во образованието. Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во областа на образованието, но и креирање и имплементација на соодветни интерактивни материјали, мултимедијални материјали, алатки за учење и онлајн тестирање преку игра.
- Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од информатиката при решавање проблеми поврзани со целите и материјалите во соодветната област.
Способност за проценка
- Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области во образованието, како и администрирање на обрзовниот процес и евалуација на учениците со примена на ИТ-алатки наменети и креирани за одредена проблематика. Креирање едукативни процеси со користење компјутерски алатки и техники.
- Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со специфични едукативни процесите кои произлегуваат во реално време во образованието.
- Способност за идентификација на соодветни специјализирани области во образованието и донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.
Комуникациски вештини
- Способност за размена на заклучоци и предлози преку нивно аргументирање и со рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати.
- Водење и иницирање активности.
Вештини на учење
- Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување, самостојно и автономно во вообичаените информатички области.
- Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис и информатички области во рамки на вмрежената економија.
- Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.
Семестар 1
-
[MAICTT-104]
[6 ЕКТС]
Системи за управување со учење
Целта на предметот е да се презентираат системите за управување со учењето (LMS) како клучни алатки кои ги поддржуваат новите едукативни пристапи. Иако овие системи обично имаат свои специфики, сепак од поширок аспект тие нудат слична функционалност. Овие функционалности ќе бидат претставени и анализирани. Понатаму целта е и да се изгради поширок преглед на трендовите и потребите на системите за управување со учењето. Ќе биде опфатена и анализа на имплементацијата на LMS во неколку високообразовни установи. Практичниот дел од предметот вклучува креирање курс со користење на алатките на LMS и спроведување онлајн-модул користејќи вградени технологии.
-
[MICTT-105]
[6 ЕКТС]
Дизајн на е-учење: учење, инструкции и проценка
Предметот ги опфаќа методологијата, вештините и техниките неопходни за развивање ефективни решенија за е-учење. Овој предмет обезбедува основа за развој на наставата во една онлајн околина. Главните цели се: - Претставување на тековните теории, принципи, методологии и техники на онлајн учење. - Интерактивни решенија за е-учење кои ги задоволуваат потребите на учениците. -Стекнување солидни знаења и вештини за дизајнирање интеракции во рамките на е-учење, кои ја зголемуваат ефективноста на учењето.
-
[MICTT-106]
[6 ЕКТС]
Анализа на податоци
Цели на предметната програма: • Разбирање на собирање на податоци, при процесирање на податоци; • Употреба на веројатност и статистика во анализата на податоците; • Разликите помеѓу описна и инферентна статистичка анализа; • Визуелизации на податоци, стекнати и подготвени податоци; • Употреба на R во анализа на податоци; • Извлекување на резултати на анализа на податоци од статистичката анализа и обезбедување на поголемо длабинско согледувања за податоците; • Проценка на резултатите од различни статистички тестови.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MAICTT-102] Компјутерски системи
- [MAICTT-301] Вовед во бази на податоци
- [MAICTT-203] Мултимедија во образованието
- [MAICTT-201] Софтвер наменет за образование
- [MAICTT-101] Вовед во едукативни технологии
- [MAICTT-302] Професионална етика на информациони технологии
- [MAICTT-202] Помошни технологии за ученици со посебни потреби
- [EMAICTT-202] Дизајн и евалуација на веб-базирани средини за учење
- [EMAICTT-201] Обработка на податоци во образованието
- [EMAICTT-203] Алатки за пишување на научни трудови
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
- [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд

Семестар 2
-
[MAICTT-204]
[6 ЕКТС]
Создавање на дигитални содржини
Целта на овој предмет е да истражување на дизајнот, развојот и интеграцијата на дигиталните медиуми за да се подобри искуството во учењето и да се испита како новите дигитални медиуми и алатки влијаат врз технолошки посредувани средини за учење.
-
[MAICTT-205]
[6 ЕКТС]
Гамификација на учењето
Целта на овој предмет е да се адресираат значајните теми за искористување на гемификацијата во образовниот контекст. Студентите ќе научат што е гемификација и како да се имплементира гемификација во училниците.Ќе биде даден преглед на гемификација или игра размислување за дизајн на курсеви во наставата. Ќе го нагласи слоениот план за дизајнирање на настава што ги задоволува внатрешните елементи, а пред сè на мотивирањето кон гемификација, особено елементите на теоријата за проток и самоопределување.
-
[MAICTT-207]
[6 ЕКТС]
Етика и употреба на ИТ во образованието
Предметот обезбедува сеопфатен преглед на моменталните етички прашања во образованието при користење на информциските технологии (ИТ). Оценува низа долгогодишни и нови прашања со кои се соочуваат корисниците на ИТ, почнувајќи од слободата на говорот, приватноста, интелектуална сопственост, хакирање, и на дигиталната ера, на етиката во социјално вмрежување и онлајн заедници. Се разгледуват етички дилеми и етичка одговорности на ИТ-корисници, и се промовира критичко размислување и одговорно користење на ИТ.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MAICTT-102] Компјутерски системи
- [MAICTT-301] Вовед во бази на податоци
- [MAICTT-203] Мултимедија во образованието
- [MAICTT-201] Софтвер наменет за образование
- [MAICTT-101] Вовед во едукативни технологии
- [MAICTT-302] Професионална етика на информациони технологии
- [MAICTT-202] Помошни технологии за ученици со посебни потреби
- [EMAICTT-202] Дизајн и евалуација на веб-базирани средини за учење
- [EMAICTT-201] Обработка на податоци во образованието
- [EMAICTT-203] Алатки за пишување на научни трудови
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
- [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MAICTT-102] Компјутерски системи
- [MAICTT-301] Вовед во бази на податоци
- [MAICTT-203] Мултимедија во образованието
- [MAICTT-201] Софтвер наменет за образование
- [MAICTT-101] Вовед во едукативни технологии
- [MAICTT-302] Професионална етика на информациони технологии
- [MAICTT-202] Помошни технологии за ученици со посебни потреби
- [EMAICTT-202] Дизајн и евалуација на веб-базирани средини за учење
- [EMAICTT-201] Обработка на податоци во образованието
- [EMAICTT-203] Алатки за пишување на научни трудови
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
- [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд
Семестар 3
-
[MAICTT-103]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Во рамките на овој предмет се обезбедува сеопфатен вовед во истражувачките методологии, основните истражувачки теории и протоколи и во пишувањето истражувачки предлози. Студентите во текот на овој предмет ќе стекнат сознанија за цикличната природа на применето истражување и на итеративниот процес на истражувачко пишување, за тоа како: да идентификуваат тема за студија, да формулират прашања, да организират преглед на литература и да изберат соодветни истражувачки проекти и методологии. До крајот на предметот, студентите ќе завршат предлог кој вклучува вовед, преглед на проблемот (значењето на студијата), преглед на литература, секција за методологијата, референци и распоредот на проектот.
-
[MFE07]
[6 ЕКТС]
Aпликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е: - Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и објавување на податоците. - Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци. - Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
[MAICTT-304]
[6 ЕКТС]
Социјалните медиуми во образованието
- Опишување и имплементирање нови парадигми за комуникација, учење и за едукација. - Воведување на студентите на различни социјални медиумски платформи, како и нивно користење за сопствен академски и професионален развој. - Создавање позитивна дигитална трага и стекнување искуство преку лични мрежи за учење (PLN - Personal Learning Networks).
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MAICTT-102] Компјутерски системи
- [MAICTT-301] Вовед во бази на податоци
- [MAICTT-203] Мултимедија во образованието
- [MAICTT-201] Софтвер наменет за образование
- [MAICTT-101] Вовед во едукативни технологии
- [MAICTT-302] Професионална етика на информациони технологии
- [MAICTT-202] Помошни технологии за ученици со посебни потреби
- [EMAICTT-202] Дизајн и евалуација на веб-базирани средини за учење
- [EMAICTT-201] Обработка на податоци во образованието
- [EMAICTT-203] Алатки за пишување на научни трудови
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
- [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MAICTT-102] Компјутерски системи
- [MAICTT-301] Вовед во бази на податоци
- [MAICTT-203] Мултимедија во образованието
- [MAICTT-201] Софтвер наменет за образование
- [MAICTT-101] Вовед во едукативни технологии
- [MAICTT-302] Професионална етика на информациони технологии
- [MAICTT-202] Помошни технологии за ученици со посебни потреби
- [EMAICTT-202] Дизајн и евалуација на веб-базирани средини за учење
- [EMAICTT-201] Обработка на податоци во образованието
- [EMAICTT-203] Алатки за пишување на научни трудови
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
- [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд
Семестар 4
-
[MAICTT-400]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.