Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Бизнис и Економија

Насока: Менаџмент и Маркетинг
Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-BABE/N-BABE-MM
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Дипломиран во Бизнис и Економија / Насока: Менаџмент и маркетинг
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
ЕКТС: 240 (продолжени + 1 година) Aкредитација

Наставната програма Бизнис и економија претставува балансирана комбинација на основно теоретско знаење и на специфични професионални вештини. Структурата на програмата опфаќа студии кои по природа се динамични и интерактивни. Програмата е дизајнирана да понуди теми од областа на економијата и менаџментот, имплементирајќи го овој концепт преку наставна програма. Предметите кои се застапени во оваа програма претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која тесно е поврзана со практичната примена во светот на бизнисот. Оваа програма им овозможува на студентите стекнување потребни способности и искуство за: економската теорија, примената на менаџментот, финансиите, како и економетриска анализа на податоците.
Студиската програмата има за цел:
• Да ги подготви студентите за позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
• Да ги подготви студентите за градење кариера во областа на економија и менаџмент, но и во приватниот сектор во областа на финансиите.
• Да овозможи стекнување истражувачки способности и искуство за: економска теорија, употребата на менаџментот, финансиите, како и економетриска анализа на податоците.
• Да го развива концептот на практично работење на студентите.
• Да го развивa концептот на критичко размислување на студентите.
• Да овозможи студентите активно да се вклучат во предавањата со цел независно да вршат истражување во сите области на економија и менаџмент.
• Да овозможи развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.

За време на студиската програма на студентите им се дадени можности за практична работа (internship), со  што ќе се оспособуваат да ги применат своите стекнати знаења и вештини во областа.
 

Студиската програма по Бизнис и eкономија ќе им овозможи на студентите:
- Да добијат општо образование во дициплините што ставаат акцент на теоријата и пратиката на менаџментот, додека сѐ уште останува специjализирањето во економија.
- Сеопфатно да ја проучат економијата со менаџмент, опција која им овозможува да имаат критичен поглед на прашањата поврзани со менаџментот.
- Да добијат обука за принципите на економијата и нивните апликации.
- Да го разберат менаџментот како наука со широка општествена основа и како мултидисциплинарна област.
- Да се запознаат со соодветните алатки за анализа за да се справаат со прашања и проблеми на економските политики.
- Да ги разберат организациите, клучните аспекти од нивниот менаџмент и надворешната средина во која тие функционираат.
- Да имаат средина каде што ќе можат да ги развијат своите интерперсонални и комуникативни вештини.
- Да имаат цврста основа за понатамошно студирање како и за вработување.

Знаење и разбирање

- Ги има потребните знаења за следниве деловни функции: економија, менаџмент, финансии, бизнис и менаџмент во глобален контекст, принципи на сметководство, корпоративно управување, стратешки менаџмент, управување со човечки ресурси и маркетинг.
- Има знаење за функционалните области на економија и менаџмент, тековните истражувања и иновациите, идните трендови, како и за влијанието на овие случувања врз теоријата и практиката.
- Има знаење и разбирање за националната, регионалната и за глобалната економска ситуација на пазарот.
- Има познавање за менаџерските теории, анализа и известување.
- Стекнува силна основа за тоа како да се развие економијата и да се биде подготвен за кариера или за постдипломски студии поврзани со економија и менаџмент, менаџмент или со сродни полиња.
- Има разбирање за различни алатки за донесување менаџерски одлуки.

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност за професионално пишување и за понатамошно развивање задачи во економија и менаџмент и нивно спроведување во реалниот живот.
- Способност да помогнат во формулирањето и во практичното спроведување на општи менаџерски планови и стратегии.

Способност за проценка

- Да размислуваат критички и да ги применуваат теоретските и практичните знаења и искуства за идентификација и за анализа на економски проблеми.
- Критички да ги анализираат и да ги оценуваат идентификуваните менаџерски можности.

Комуникациски вештини

- Покажуваат разбирање на индивидуалната и групната динамика во организациите.
- Функционираат ефикасно во тимската работа.
- Ефективно се справуваат со луѓе од различни социјално, економско, културно и верско потекло.
- Покажуваат разбирање и чувствителност за етичките, социјалните и за правните одговорности на компаниите.
- Ги прикажуваат бизнис-идеите наефективен начин.
- Демонстрираат клучни преговарачки вештини.
- Ги интерпретираат деловните податоци и економските индикатори.

Вештини на учење

- Можат да пребарувааат и да детектираат извори на учењето.
- Можат да се оспособуваат за индивидуално и тимско учење.
- Имаат способност да употребуваат научна литература и да прават анализа на размислувањата и оцените на други автори.

Семестар 1

  • [CBE-102] [6 ЕКТС] Принципи на маркетинг
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења за основните концепти кои се вградени во функциите на маркетингот на современите организации. Фокусот е ставен на концептите, како и на прашањата поврзани со маркетинг на производите и на услугите на потрошувачите. Поспецифично, целта е студентите да ја осознаат маркетинг-средината преку анализирање на пазарот, за потоа да се имплементираат успешните маркетинг-стратегии во таквата средина. Студентите исто така ќе можат да ги применуваат научните концепти за дизајнирање комплетен маркетинг-план за својот производ. Овој предмет придонесува студентите да се запознаат со разновидните активности во областа на маркетингот, кои придонесуваат компанијата да биде поконкурентна и поуспешна на пазарот.
  • [CBE-101] [6 ЕКТС] Вовед во економија и бизнис
    Примарната цел на овој предмет е разбирање на главните економски концепти и теории кои се користат во анализа на економските прашања. Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаење за основните принципи, концепти и техники во економијата како наука и во економските анализи. На крајот на предметот студентите треба да бидат во можност да „размислуваат како економисти". Во рамките на овој предмет се истражуваат принципите на микро и макроекономијата, со фокус на примена на знаењето во донесување одлуки во глобален амбиент. По завршување на предметот, студентите треба за се оспособат: да го користат моделот на понудата и побарувачката и да го утврдат влијанието на промените во побарувачката или понудата врз цената и количината; да го дефинираат БДП и да ги калкулираат мерењето, употребата и ограничувањата на БДП како мерка на економска благосостојба; ја дефинираат инфлацијата и калкулираат, да се запознаат со последиците, и како да се прилагодат на тоа; како и да ги опишат улогите и алатките на централната банка.
  • [CBE-103] [6 ЕКТС] Принципи на менаџмент
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основите на менаџментот, неговата генеза и дефинирање, како и со основните принципи врз кои треба да се базира работата на секој иден менаџер. Следењето на овој предмет исто така има за цел студентите да стекнат основни познавања од областа на основните функции на менаџментот како планирањето, организирањето, координирањето, мотивирањето и контролата. Совладувањето на предметот на студентите ќе им овозможи: - Да ги научат основите на менаџментот и да се оспособат за нив да даваат конкретни примери. - Да се оспособат да гледаат на совладувањето на овој предмет како на потреба и стекнувањето знаења да бидат во контекст на практичната примена на наученото. - Да размислуваат на ефикасен начин кој ќе им помогне при соочувањето со деловните проблеми во понатамошниот нивен живот.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Aнглиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [CBE-201] [6 ЕКТС] Принципи на сметководство
    Целта на предметната програма е да им се помогне на студентите да ја разберат суштината на сметководството, да ги научат основите на финансиското сметководство и концептите и принципите на сметководството. Поспецифично, студентите да се стекнат со знаење и разбирање на: финансиските извештаи, нивните компоненти, основните правила на евидентирање на сметководствените податоци, користење на сметководствените документи.
  • [CBE-202] [6 ЕКТС] Деловна математика
    Целите на предметот Деловна математика се следни: - Студентите да се оспособат да го применуваат системот на линеарни равенки за решавање различни проблеми од областа на бизнисот и економијата. - Студентите да се оспособат да ги применуваат своите знаења за линеарните модели и бројните низи за решавање различни проблеми во бизнисот и економијата. - Студентите да се стекнат со напредни знаења за пресметување сложена каматна стапка, периодични депозити, периодични ренти, заеми и финансиско одлучување.
  • [CBE-203] [6 ЕКТС] Микроекономија
    Преку овој предмет се стекнуваат основни разбирања за економските феномени и за глобалната универзална микроекономска терминологија. Се проследуваат и се анализираат теоретските пристапи кои овозможуваат да се дојде до сопствена претстава за можните апликативни решенија за проблемите на производството, размената и организација на поединечно претпријатие, посебна гранка или на посебен пазар. Развојните компоненти даваат динамичка димензија без која поедноставените пристапи би биле неупотребливи. Основите на микроекономијата се изучуваат во целиот свет како дел од универзалниот напор да се идентификуваат и да се дефинираат слични проблеми и да се дојде до можност тие да се разрешуваат на сличен начин насекаде во светот, но и за да се дојде до информации кои можат на агрегатно ниво да помогнат во формулирањето на макроекономските цели и на стратегиските плански елементи. Тоа е дел од потребата да се изгради глобално слични општества во кои честите бизнис-контакти, политичките, работните или другите контакти ќе бидат препознатливи за сите учесници на ист начин и ќе се разрешуваат со употреба на слични комплементарни инструменти кои се насекаде употребливи.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Aнглиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2

Семестар 3

  • [CBE-301] [6 ЕКТС] Статистика
    Целта на програмата е студентите да стекнат знаење за да бидат способни: - Да ја употребуваат дескриптивната анализа при анализата на податоците. - Да ја користат веројатноста и случајните променливи во решавањето на бизнис-проблемите. - Да го разбираат статистичкото заклучување кое претставува основа за интерпретирање на резултатите и за донесување бизнис-одлуки. - Да ги користат корелацијата и простата и повеќекратната регресија. - Да ги знаат основите на анализата на варијансата. - Да ги разбираат основите на индексните броеви и методите за анализа на временските серии. Предуслови за запишување на предметот: Деловна математика.
  • [CBE-302] [6 ЕКТС] Бизнис-калкулус
    Целта на програмата е да се оспособат студентите: - Да докажат дека имаат знаење и разбирање за зависностите помеѓу големините кои се применуваат во бизнисот и во економијата и за едноставните математички модели. - Да ги идентификуваат релациите помеѓу диференцијалниот калкулус и функциите на бизнисот и на економијата. - Да ги применуваат овие релации за студирање на зависностите помеѓу големините во бизнисот и во економијата. - Да го применуваат диференцијалниот калкулус за решавање различни проблеми кои се применуваат во бизнисот и во економијата. Предуслови за запишување на предметот: Деловна математика.
  • [CBE-303] [6 ЕКТС] Макроекономија
    Студентите ќе стекнат знаења за: - макроекономските поими и категории, кои се предуслов за функционирање на една национална економија која е дел на еден поширок глобален економски систем; - значењето на најглавните макроекономски индикатори како што се: бруто -национален производ, национален доход, економски раст, економски циклус,инвестиции и јавна потрошувачка, инфлација, невработеноста, пари и банки, буџет, биланс на плаќање и др.; - основните инструменти на макроекономска анализа (агрегатна понуда и побарувачка) и макроекономски политики (монетарна и фискална политика) и др.; - ефикасното функционирање на една национална економија, споредувајќи ја со современите пазарни економии, означувајќи во таа насока разлики, сличности и можности за иден развој на соодветната економија; - знаења од областа на макроекономијата, кои ќе му овозможат поедноставен пристап кон другите напредни макроекономски предмети. Предуслови за запишување на предметот: Вовед во економија и бизнис, Микроекономија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 1
    • [BEEN-01] Деловен англиски 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски 2
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 4

  • [CBE-401] [6 ЕКТС] Оперативен менаџмент
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење за да бидат способни: - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се остваруваат производството и услугите. - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се контролираат производството и услугите. - Да најдат соодветен пристап за решавање на секоја ситуација поврзана со сложената проблематика на производството и услугите. - Да ги осознаат разновидните активности во организацијата и во функционирањето на целосниот систем на оперативниот менаџмент. - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се создаваат услови за производството и услугите. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на менаџмент.
  • [CBE-402] [6 ЕКТС] Финансиско сметководство
    Целта на предметот е да се оспособат студентите со напредни знаења од областа на сметководството и нивната примена во сметководствениот систем на деловните ентитети. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на сметководство
  • [CBE-403] [6 ЕКТС] Маркетинг менаџмент
    Целта на предметот е студентите да се подготват да ги употребуваат и да управуваат со 4-П на една организација или компанија, така што ќе бидат во можност да дизајнираат оптимални маркетинг елементи, производи, цени, промотивни и дистрибутивни методи со кои се соочуваат компаниите. Поспецифично целта е да се разбере комплексноста на одлуките во маркетинг-менаџментот, рамките за анализа на пазарите, клиентите, конкурентите, како и интегрирањето на концептите со оригиналниот маркетинг-план. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на маркетинг.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-406] Инвестиционен менаџмент
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EBEM-504] Меѓународен маркетинг
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 2
    • [BEEN-01] Деловен англиски 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски 2

Семестар 5

  • [CBEM-603] [6 ЕКТС] Организациско однесување
    Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со организациското однесување и организациската психологија. Од овој аспект студентите треба да стекнат соодветни знаења од областа на лидерството, моќта, авторитетот, тимската работа, конфликтите, улогата и важноста на поединецот во деловната организација и сл. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на менаџмент.
  • [CBEM-502] [6 ЕКТС] Менаџмен на човечки ресурси
    Целта на предметот е да се запознаат студентите со важноста и со улогата на управувањето со човечките ресурси кај современите деловни организации. Во рамките на овој предмет студентите ќе се запознаат со процесот на менаџментот на човечките ресурси како во теоријата, така и во практиката на светските и на домашните компании. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на менаџмент.
  • [CBEM-503] [6 ЕКТС] Истражување на пазарот
    Целта на овој предмет е студентите да го сфатат односот помеѓу истражувањето на пазарот и донесувањето одлуки, запознавајќи се со процесите што се користат во формулирањето и во спроведувањето на истражување на пазарот. Исто така, студентите ќе ги разберат и пазарните услови под кои истражувањето се води и се спроведува, вклучувајќи ја и методологијата употребена во анализирањето на пазарите. Ќе се анализираат квалитативните и квантитативните техники и методи кои се на располагање во истражувањето на пазарот, вклучувајќи ги нивната применливост и ограничувања.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEM-606] Развој на кариера
    • [EBEM-605] Промоција
    • [EBEM-604] Методи на продажба и дистрибуција
    • [EBEM-603] Е-трговија
    • [EBEM-602] Теорија на игрa
    • [EBEM-701] Основи на меѓународен бизнис
    • [CBEF-501] Финансиски менаџмент
    • [EBEM-506] Менаџмент на ризик
    • [EBEM-505] Менаџмент на информациони системи
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBEM-502] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [CBEF-602] Јавни финансии
    • [CBEF-507] Управувачко сметководство
    • [EBE-405] Менаџмент на синџир на набавки
    • [EBE-410] Трговско право
    • [CBM-501] Банкарски менаџмент
    • [EBA3010] Деловно планирање
    • [EBEM-702] Маркетинг на цени
    • [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
    • [EBA031] Меѓународен менаџмент
    • [EBEM-704] Менаџмент на јавни институции
    • [EBEM-801] Менаџмент на производ
    • [EBEM-802] Операциони истражувања
    • [EBEM-803] Корпоративно претприемништво
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEM-606] Развој на кариера
    • [EBEM-605] Промоција
    • [EBEM-604] Методи на продажба и дистрибуција
    • [EBEM-603] Е-трговија
    • [EBEM-602] Теорија на игрa
    • [EBEM-701] Основи на меѓународен бизнис
    • [CBEF-501] Финансиски менаџмент
    • [EBEM-506] Менаџмент на ризик
    • [EBEM-505] Менаџмент на информациони системи
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBEM-502] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [CBEF-602] Јавни финансии
    • [CBEF-507] Управувачко сметководство
    • [EBE-405] Менаџмент на синџир на набавки
    • [EBE-410] Трговско право
    • [CBM-501] Банкарски менаџмент
    • [EBA3010] Деловно планирање
    • [EBEM-702] Маркетинг на цени
    • [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
    • [EBA031] Меѓународен менаџмент
    • [EBEM-704] Менаџмент на јавни институции
    • [EBEM-801] Менаџмент на производ
    • [EBEM-802] Операциони истражувања
    • [EBEM-803] Корпоративно претприемништво

Семестар 6

  • [CBEM-601] [6 ЕКТС] Стратегиски менаџмент
    Целта на овој предмет е: оцена и примена на клучните елементи на стратегиска анализа, избор на вистинска стратегија во рамките на флексибилен план, како и да го поттикне размислувањето за проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија. Целта на наставата по предметот е студентите да се научат да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со изборот на стратегијата во турбулентно и динамично окружување и да разберат дека не постои еден единствен вистински пат да се развие стратегијата. По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни: - Да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент. - Да ја совладаат терминологијата поврзана со стратегискиот менаџмент. - Да ги интегрираат добиените знаења од одделните функциски менаџменти. - Да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на менаџмент.
  • [CBEM-602] [6 ЕКТС] Дизајн и менаџмент на производ
    Целта на предметот е да се подготват студентите да ги употребуваат техниките и методите за дизајн и менаџмент на производите и услугите, да управуваат со нив и да можат да ги применуваат во бизнис-компаниите. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на маркетинг.
  • [CBEM-501] [6 ЕКТС] Мал бизнис и претмприемништво
    Целта на наставата по овој предмет е да им се помогне на студентите во разбирањето на значењето и суштината, функционирањето и организацијата на малите претпријатија во економијата. Предуслови за запишување на предметот: Вовед во бизнис и економија
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEM-606] Развој на кариера
    • [EBEM-605] Промоција
    • [EBEM-604] Методи на продажба и дистрибуција
    • [EBEM-603] Е-трговија
    • [EBEM-602] Теорија на игрa
    • [EBEM-701] Основи на меѓународен бизнис
    • [CBEF-501] Финансиски менаџмент
    • [EBEM-506] Менаџмент на ризик
    • [EBEM-505] Менаџмент на информациони системи
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBEM-502] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [CBEF-602] Јавни финансии
    • [CBEF-507] Управувачко сметководство
    • [EBE-405] Менаџмент на синџир на набавки
    • [EBE-410] Трговско право
    • [CBM-501] Банкарски менаџмент
    • [EBA3010] Деловно планирање
    • [EBEM-702] Маркетинг на цени
    • [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
    • [EBA031] Меѓународен менаџмент
    • [EBEM-704] Менаџмент на јавни институции
    • [EBEM-801] Менаџмент на производ
    • [EBEM-802] Операциони истражувања
    • [EBEM-803] Корпоративно претприемништво
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

240 ЕКТС (продолжени + 1 година)

Семестар 7

  • [EBE-401] [6 ЕКТС] Однесување на потрошувачите
    Главната цел на овој предмет е студентите да стекнат знаења за однесувањето на потрошувачите. Овој предмет ќе биде фокусиран на анализирањето на факторите кои придонесуваат во процесот на одлучувањето за купување некои производи или, пак, услуги. Еден од најкомплексните аспекти на маркетингот е разбирањето на потрошувачот. Во срцето на секој бизнис е побарувачката за производи или за услуги. Затоа, разбирање на она што, кога, зошто, каде и како потрошувачите да изберат производи, е важно за пазарот. Истражување на однесувањето на потрошувачите во текот на последниве неколку децении се обработува и во други области како што се психологијата, економија, антропологијата и социологијата, за да се разбере подобро однесувањето на потрошувачите.
  • [CBEM-702] [6 ЕКТС] Менаџмент на промени и иновации
    Цели на предметната програма: • Да се осознае како да се менаџираат промените во рамките на бизнисот. • Да се совладаат методите како може да се подобрат иновациите и креативноста во рамките на претријатието. • Да се разберат суштината, предизвиците и бенефитите на различните иновациите. • Да се увидат начините на подобрување на конкурентската способност на претпријатијата. • Да се совладаат елементите и процесите за развој на алтернативни начини на користење на знаењето во создавањето на конкурентска предност.
  • [CBEM-701] [6 ЕКТС] Теорија на одлучувaње
    Цели на предметната програма: Предметот теорија на одлучување ги има следниве цели: • Студентите да се запознаат со важноста на деловното одлучување во современиот свет. • Студентите да се оспособат да извршат оценување на деловни ситуации и согласно со нив да понудат алтернативи. • Студентите да стекнат продлабочени знаења во однос на современите техники и пристапи за деловно одлучување.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEM-606] Развој на кариера
    • [EBEM-605] Промоција
    • [EBEM-604] Методи на продажба и дистрибуција
    • [EBEM-603] Е-трговија
    • [EBEM-602] Теорија на игрa
    • [EBEM-701] Основи на меѓународен бизнис
    • [CBEF-501] Финансиски менаџмент
    • [EBEM-506] Менаџмент на ризик
    • [EBEM-505] Менаџмент на информациони системи
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBEM-502] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [CBEF-602] Јавни финансии
    • [CBEF-507] Управувачко сметководство
    • [EBE-405] Менаџмент на синџир на набавки
    • [EBE-410] Трговско право
    • [CBM-501] Банкарски менаџмент
    • [EBA3010] Деловно планирање
    • [EBEM-702] Маркетинг на цени
    • [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
    • [EBA031] Меѓународен менаџмент
    • [EBEM-704] Менаџмент на јавни институции
    • [EBEM-801] Менаџмент на производ
    • [EBEM-802] Операциони истражувања
    • [EBEM-803] Корпоративно претприемништво
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 8

  • [EBE-404] [6 ЕКТС] Маркетинг на услуги
    Главната цел на овој предмет е развивање на менаџерските разбирања на маркетинг-услугите. Овој предмет ќе им помогне на студентите за да ги подобрат своите разбирања во дизајнирање на маркетинг-стратегии за подобрување на квалитетот на услугите, во насока на задоволување на очекувањата на потрошувачите. Целта на предметот е да се воведат, да се дискутираат и да се анализираат неколку теми што се поврзани со услужни организации. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе стекнат сознанија за предизвиците вклучени во маркетингот на услуги, со што ќе ги идентификуваат разликите помеѓу маркетингот во услугите наспроти маркетингот кај организациите на производство. Овој предмет исто така ќе им овозможи на студентите да ги идентификуваат и да ги анализираат различните компоненти на маркетинг-миксот на услуги. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на маркетинг.
  • [CBEM-801] [6 ЕКТС] Лидерство
    Цели на предметната програма: По следење на предметната програма студентите треба да се оспособат: • Да ја опишат природата на лидерството и да ги поврзат лидерството и менаџментот. • Да ги дискутираат генеричките и ситуациските пристапи кон лидерството. • Да ги идентификуваат теориите за лидерство во современиот свет.
  • [EBEM-501] [6 ЕКТС] Корпоративно управување
    Целта на предметот е запознавање на студентите со: теоретските основи на корпоративното управување, важноста и улогата на корпоративното управување во современиот деловен свет како и со стејкхолдерите на корпоративното управување. Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со корпоративното управување и да стекнат знаења и да создадат свои критички ставови околу стејкхолдерите на корпоративното управување кај нас и во светот преку компаративна анализа на добрите практики на корпоративното управување. Изучувањето на предметот Корпоративно управување на студентите ќе им овозможи: - Да стекнат проширени знаења околу корпорациите и нивната важност за функционирањето на современите општества. - Да стекнат проширени знаења околу моделите на корпоративно управување кои се применуваат во различните делови на современиот свет. - Да стекнат знаења и да се оспособат да создадат сопствени ставови околу главните стејкхолдери на корпоративното управување и сл. Предуслови за запишување на предметот: Основи на менаџмент.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEM-606] Развој на кариера
    • [EBEM-605] Промоција
    • [EBEM-604] Методи на продажба и дистрибуција
    • [EBEM-603] Е-трговија
    • [EBEM-602] Теорија на игрa
    • [EBEM-701] Основи на меѓународен бизнис
    • [CBEF-501] Финансиски менаџмент
    • [EBEM-506] Менаџмент на ризик
    • [EBEM-505] Менаџмент на информациони системи
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBEM-502] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [CBEF-602] Јавни финансии
    • [CBEF-507] Управувачко сметководство
    • [EBE-405] Менаџмент на синџир на набавки
    • [EBE-410] Трговско право
    • [CBM-501] Банкарски менаџмент
    • [EBA3010] Деловно планирање
    • [EBEM-702] Маркетинг на цени
    • [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
    • [EBA031] Меѓународен менаџмент
    • [EBEM-704] Менаџмент на јавни институции
    • [EBEM-801] Менаџмент на производ
    • [EBEM-802] Операциони истражувања
    • [EBEM-803] Корпоративно претприемништво
  • [CBE-802] [6 ЕКТС] Проект - Студија на случај
    Цели на предметот: - Да поттикне активно учење; - Да обезбеди можност за развој на клучните вештини, како што се комуникација, групна работа и решавање на проблеми; - Да дозволи примена на теоретското знаење, со што се намалува јазот меѓу теоријата и практиката; - Да им помогне на студентите во справувањето со нејаснотиите; - Да им овозможи на студентите да генерираат и проценат бројни можни решенија;
Google+