COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Политички науки (2016/2017)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: N-MPAPS60C
Академска година: 2021 / 2022
Титула: Магистер по политички науки
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Преку програмата од вториот циклус Политички науки студентите ќе стекнат знаење за менаџмент, консалтинг, политички знаења, аналитички знаења, правни знаења, вештини и компетенции, кои ќе се применуваат во владините и во невладините организации.

- Во областа на политичките науки, јавните политики, управување со човекови ресурси, економијата и јавните институции и др.
- Обука и компетентност за управување и максимално искористување на ресурсите за стекнување нови знаења.
- Планирање нови политики од различни области кои се важни за државата и општеството.
- Подготовка за активно ангажирање во водечки научно-истражувачки проекти.
- Со стекнати научни и стручни знаења тие се подготвени да бидат вработени во специјализирани институции од различни области во јавниот и државниот сектор, приватниот сектор и граѓанското општество.

Знаење и разбирање

- Има напредни знаења за теоретските прашања кои се однесуваат на политичкиот живот.
- Има длабоко разбирање за значајните принципи и политичките процеси.
- Има одлично познавање во политичките науки, преку развој и примена на оригинални идеи од истражувачки контекст.

Примена на знаењето и разбирањето

- Може да асистира во решавање на проблемите од политичка природа преку институционален план.
- Во состојба е да го анализира, да го оценува и да го толкува постојниот политички систем на Македонија, и да изнаоѓа решение за проблемите кои се однесуваат не меѓуетничките односи.
- Може да земе активно учество во сите нивоа во институциите на политичкиот систем и да применува напредни знаења за политички прашања.
- Може да ги анализира главните аргументи во политички контекст, и да ги применува научните политички наоди во нови ситуации.
- Може да протолкува одредени податоци и истовремено да дискутира за нивната важност во политички живот.

Способност за проценка

- Да ги критикува актуелните политички прашања и да даде алтернативни решенија за нивно подобрување.
- Има способност да избере тема и да ја развие за одредена цел и за одреден аудиториум со цел почитување на различните политички перспективи.
- Да ги оценува предностите и слабостите на политички процеси во Македонија.
- Да аргументира и одбрани политички појави и да биде способен нив да ги оцени преку емпириски и теоретски методи.
- Да ја процени појавата на политичките институции, нивната работа, како тие комуницираат со нивната надворешна средина, и како тие ја влијаат на индивидуалното и колективното однесување.
- Да направи процена помеѓу анализата и мислата и да пресудува за политички феномени.

Комуникациски вештини

- Може да подготви политички говор и да употребува соодветна политичка терминологија.
- Може да ги истакне заклучоците на своите научни истражувања и знаењата пред поголем аудиториум надвор од традиционалната академска фела.
- Може да артикулира информации и идеи на политичките партии и на граѓаните.

Вештини на учење

- Може да го продолжи своето индивидуално учење, да се самообразува и да се унапредува во рамките на процесот на доживотно учење, грижејќи се за достапните ресурси во рамките на политичкиот систем.
- Може да презема иницијава за идентификување на потребите за учење на групите и институциите за комплексни специфични политички прашања.
- Во состојба е да ги обучи граѓаните за политичките права во согласност со македонскиот правен поредок.
- Демонстрира напредно познавање на приодите кон проучување на политичките науки, нормативни наспроти емпириски теоретски пристап, квалитативни спроти квантитативни стратегии на истражување и на класични и современи политички теории.

Семестар 1

  • [MCPA1010] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е да им се понудат алатки на студентите за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци преку и квалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на квантитативните методи и техники, како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето хипотези. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаративни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитативни податоци, финално ставање на сите теоретски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
  • [MCDP1020] [6 ЕКТС] Меѓународни институции
    Во рамките овој предмет се опфатени теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимание се посветува на прашањето на нивната улога во решавање на колективните прашања и проблеми во глобалната политика. Фокусот е на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото. Фокусот е ставен на главните тела воспоставени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели.
  • [MCPS1015] [6 ЕКТС] Компаративни политички
    Предметот „Компаративни политики„ има за цел снабдување на студентите со знаења околу најразвиените политички системи во современиот свет, се разбира без да се остават на страна политичките системи на земјите што ја опкружуваат Република Македонија како и политичките системи на помалку развиените земји низ целиот свет. Овој предмет е дел од додипломските и постдипломските студии во најголемиот број на факултети од областа на јавната администрација, правните факултети и факултетите по политички науки. Во текот на целиот предмет ќе се прават паралелизми и споредбени анализи меѓу функционирањето на институциите на политичките системи во земјите кои ќе се изучуваат, како меѓусебно така и со случајот на политичкиот систем на Република Македонија во правец на изнаоѓање добри практики со кои би се унапредил и политичкиот систем на Република Македонија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPS1030] Анализа на јавни политики
    • [MCDP2030] Дипломатија и дипломатски методи
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [EMPS1031] Светски политики
    • [MCDP2020] Европска унија: институции, политики и права
    • [EMPS1032] Етика во политиката
    • [EMPS1033] Меѓународен тероризам
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [MCPS1014] Разрешување на конфликти
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MCPS2010] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPS1030] Анализа на јавни политики
    • [MCPS3310] Дипломатија и дипломатски методи
    • [MCDP2030] Лидерство и организациски развој
    • [EMPS1031] Светски политики
    • [MCDP2020] Европска унија: институции, политики и права
    • [EMPS1032] Етика во политиката
    • [EMPS1033] Меѓународен тероризам
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [MCPS1014] Разрешување на конфликти
Google+