Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Професионален менаџмент на продажба

Специјалистички стручни студии
Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-SPEC-PSM
Академска година: 2017 / 2018
Титула: Специјалист по професионален менаџмент на продажба
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација

Оваа стручна студиска програма со 60 ЕКТС е наменета за студенти заинтересирани да имаат кариера во малопродажба и во менаџмент на продажба. Студиската програма опфаќа: како да се менаџира со продажниот персонал на малопродажба и продажба со цел максимизирање на вкупната продажба. Акцентот е ставен на менаџирање на персоналот на малопродажбата и продажбата бизнис-на-бизнис (наместо на потрошувачите). Во рамките на програмата се користи дискусија базирана на формат и се бара активно учество на студентите на секој час. Темите од оваа студиска програма вклучуваат: создавање вредност во односот купувач-продавач, преговори за win-win решенија, комплетирање на продажбата, но и тоа како да се мотивира, надоместува и да се обучува персоналот на малопродажбата и продажбата. Студентот ќе треба да развие компетентност во професиониот пристап, дискусиите и презентациите, како и во техниките за менаџирање со малопродажба/продажба преку користење студии на случај и преку практично искуство стекнато низ периодот на праксата во компаниите.
Примарна цел на оваа професионална студиска програма е да се обучат студентите за методите на малопродажбата и продажбата. За да се направи ова, професионалната студиска програма е структурирана за да им помогне на студентите да ги постигнат следниве цели по завршувањето на студиската програма:
1. Подлабоко да ги разбирерат алатките и техниките кои се користат денес во малопродажба и продажба.
2. Да ги разберат основните функции на менаџирање на персоналот за малопродажба и продажба, како и теориите и концептите за соодветно менаџирање со функциите на малопродажбата или продажбата за да се постигнат маркетинг-целите на фирмата.
3. Да се подобри студентското критичко размислување, презентациските и комуникациските вештини преку дискусии на доделените читања, предмети и преку изработка на писмени задачи.
4. Да се подобрат вештините за решавање на проблемите преку примена на студиски теории и концепти и преку практично работно искуство во компании со практични бизнис-ситуации.
5. Да се изгради способноста на студентот да работи во системи за менаџирање базирани на тимска работа и да се олеснат тимските вештини потребни за успех во областите на малопродажбата и продажбата.

Студирањето на  програмата Професионален менаџмент на продажба овозможува развивање вештини кои водат до повеќе можности за кариера. Ќе ви помогне во проширување на професионалната мрежа, ќе ви овозможи да продолжите да учите и да созревате професионално. Оваа студиска програма овозможува широк спектар на можности за вработување во каков и да било вид на бизнис без разлика дали е трговија на мало или големо, мал или голем бизнис.

Знаење и разбирање

Студентите ќе демонстрираат темелно разбирање на структурата и внатрешниот промет на логистиката и менаџментот на синџирот на снабдување на бизниси и претпријатија кои се движат со големина од мали до мултинационални. Тие ќе бидат во можност да го разберат и односот меѓу организацијата и економската средина и надворешниот пазар. Притоа, студентите ќе сфатат како менаџмент-одлуките имаат ефект врз релевантните заинтересираните страни (stakeholders) во и надвор од фирмата.

Примена на знаењето и разбирањето

Студентите ќе бидат во можност да се интегрираат и да ги применат алатките и техниките на бизнис-логистиката и синџирот на снабдување, повикувајќи се на широко познавање на главните функции на бизнисот (управување со стратегија, сметководство, пресметка, финансии, маркетинг, операционен менаџмент, информативни системи) за анализа и решавање сложени деловни проблеми на логистиката и синџирот на снабдување и да се донесат одлуки со позитивен ефект врз фирмата.

Способност за проценка

Студентите ќе бидат во можност да се направат процена врз основа на нивното темелно познавање на современите бизнис-аналитички алатки и критичко размислување за проблемите во логистиката и синџирот на снабдување од различни аспекти.

Комуникациски вештини

Студентите ќе бидат во можност да демонстрираат микросоцијални, лидерски и презентациски вештини за постојан успех во кариерата. Тие одразуваат ефикасно самооценување, комуникација, презентација, како и соработка во рамките на организацијата.

Вештини на учење

Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во општествени рамки;
Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и за усовршување.

Семестар 1

  • [SPSM-0101] [6 ЕКТС] Организациски развој и раст
    Цели на предметната програма: Студентите да стекнат знаења за основните теории на раст и развој како и за начинот на справување со нив заради поефективна примена во системот. Акцентот ќе биде ставен и врз организирањето и функционирањето на институциите на економскиот систем кои се надлежни за раст и развојни политики. Ќе биде опфатен и начинот на ефикасно и ефективно делување на овие институции како при дизајнирање на политиките на раст и развој така и при нивната примена и мониторирање на нивните ефекти заради постојано подобрување на системот.
  • [SPSM-0102] [6 ЕКТС] Менаџмент на логистика
    Преку стекнувањето сознанијата за оваа предметна програма, студентите ќе можат: - Да ги разберат појмовната определеност, значењето и содржината на логистиката и управувањето со синџирот на снабдување. - Да ги применуваат стекнатите знаења. - Да ги идентификуваат главните елементи на управувањето со синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност; да ги искористат потенцијалите на информациските системи за поддршка на управувањето на синџирот на снабдување и синџирот на создавање додадена вредност во производството. - Да ги разбираат методите на предвидување и да ги применат при предвидување на побарувачката. - Да ги познаваат и да ги применат методите на управување со резервите и набавките.
  • [SPSM-0103] [6 ЕКТС] Маркетинг - менаџмент
    Целта на предметот е да се подготват студентите да ги употребуваат и да ги применуваат 4-П на една организација или компанија, така што ќе бидат во можност да дизајнираат оптимални маркетинг-елементи итн., производи, цени, промотивни и дистрибутивни методи со кои се соочуваат компаниите. Како значајно маркетинг-решение вклучува внимателната анализа на ситуацијата, интелигентна употреба на истражувањето, како и на принципите на маркетингот. Целта на предметот е да се разбере комплексноста на одлуките во маркетинг-менаџментот, како и рамките за анализа на пазари, клиенти, конкуренти, но и интегрирањето концепти со оригиналниот маркетинг-план.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ESPSM-01] Менаџмент на продажба и трговија на мало
    • [ESPSM-02] Идентификување на клиентот
    • [ESPMS-03] Планирање и подготовка на продажба и трговија на мало
    • [ESPSM-04] Менаџмент на комуницирање
    • [ESPSMS-05] Формирање на продажната цена
    • [ESPSM-06] Практична работа
    • [ESPSM-07] Претприемништво и менаџмент на иновации
    • [ESPSM-08] Менаџмент на човечки ресурси
    • [ESPSM-09] Менаџмент на квалитет и перформанса
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ESPSM-01] Менаџмент на продажба и трговија на мало
    • [ESPSM-02] Идентификување на клиентот
    • [ESPMS-03] Планирање и подготовка на продажба и трговија на мало
    • [ESPSM-04] Менаџмент на комуницирање
    • [ESPSMS-05] Формирање на продажната цена
    • [ESPSM-07] Претприемништво и менаџмент на иновации
    • [ESPSM-08] Менаџмент на човечки ресурси
    • [ESPSM-09] Менаџмент на квалитет и перформанса
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ESPSM-01] Менаџмент на продажба и трговија на мало
    • [ESPSM-02] Идентификување на клиентот
    • [ESPMS-03] Планирање и подготовка на продажба и трговија на мало
    • [ESPSM-04] Менаџмент на комуницирање
    • [ESPSMS-05] Формирање на продажната цена
    • [ESPSM-06] Практична работа
    • [ESPSM-07] Претприемништво и менаџмент на иновации
    • [ESPSM-08] Менаџмент на човечки ресурси
    • [ESPSM-09] Менаџмент на квалитет и перформанса

Семестар 2

  • [SPSM-0201] [6 ЕКТС] Сметководство на финансии
    Предметот овозможува развивање посебни вештини за соодветна примена на теоретските знаења на финансиско сметководство преку апликативен сметководствен софтвер усогласен со Законот за сметководство и сметководствените стандардни кои се во сила во легислативата на Македонија. Студентите ќе бидат обучени за нагласена примена на компјутеризиран сметководствен софтвер како помагало за водење финансиска сметководствен евиденција кај микро, мали и средни деловни субјекти во Р. Македонија. Ќе биде опфатено: подготвување на сите финансиски и материјални документи потребни во секојдневната деловна активност на субјектите и брза изведба на финансиски извештаи како и финализирање на годишна пресметка на ТД за внатрешните потреби и потребите на клиентите, Централниот регистар и УЈП на РМ. Студентите со оваа програма придобиваат нова можност, еден чекор до самовработување во своја идна сметководствена канцеларија или, пак, водење финансиско сметководство на нивните семејни бизниси. Остварувањето на овие цели ги зголемуваат атрибутите на студентите и ги прават поконкурентни на пазарот на трудот.
  • [SPSM-0202] [6 ЕКТС] Управување со синџирот на набавки
    Цели на предметот: Студентите стекнуваат знаења за целиот процес на менаџментот на синџирот на снабдување, од суровини до готов производ; анализа на конкретни логистички ситуации, дијагностицирање проблеми во синџирот на снабдување и предлагање aлтернативни решенија за решавање на овие проблеми; примена на SCOR-моделот; идентификување на главните елементи на менаџментот на синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност; примена на информациски технологии за интегрирање и управување со логистиката; интеракцијата меѓу Интернетот и менаџментот на синџирот на снабдување.
  • [SPSM-0203] [4 ЕКТС] Стручен труд
    Ова претставува работна активност и подготовка на професионален труд во соодветната област. Студентите ќе треба да подготват труд во врска со својата област на студии, да направа опис на структурата, да спроведат истражување и да развијат соодветна методологија.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ESPSM-01] Менаџмент на продажба и трговија на мало
    • [ESPSM-02] Идентификување на клиентот
    • [ESPMS-03] Планирање и подготовка на продажба и трговија на мало
    • [ESPSM-04] Менаџмент на комуницирање
    • [ESPSMS-05] Формирање на продажната цена
    • [ESPSM-06] Практична работа
    • [ESPSM-07] Претприемништво и менаџмент на иновации
    • [ESPSM-08] Менаџмент на човечки ресурси
    • [ESPSM-09] Менаџмент на квалитет и перформанса
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ESPSM-01] Менаџмент на продажба и трговија на мало
    • [ESPSM-02] Идентификување на клиентот
    • [ESPMS-03] Планирање и подготовка на продажба и трговија на мало
    • [ESPSM-04] Менаџмент на комуницирање
    • [ESPSMS-05] Формирање на продажната цена
    • [ESPSM-06] Практична работа
    • [ESPSM-07] Претприемништво и менаџмент на иновации
    • [ESPSM-08] Менаџмент на човечки ресурси
    • [ESPSM-09] Менаџмент на квалитет и перформанса
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
Google+