Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Здравствен менаџмент и јавно здравје

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Институт за животна средина и здравје
Академска година: 2014 / 2015
Титула: Магистер по здравствен менаџмент и јавно здравје
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

- Основна цел на студиската програма е да се оспособи квалитетен високообразован кадар од областа на јавното здравство, да се зголеми образовното ниво преку зајакнување на капацитетите во здравствениот менаџмент со што ќе се придонесе за подобрување на менаџментот во здравствената дејност, а со тоа за подобрување на здравствените услуги и  здравствениот статус на населението во Република Македонија.
- Научноистражувачка дејност.

- По завршување на студиитe, дипломираните ќе се здобијат со диплома од 120 ЕКТС. Своето знаење ќе можат да го применат во областа на здравствен менаџмент и јавното здравје. Тие ќе бидат во можност да се вработат во институции кои се специјализирани во областа на здравствниот менаџмент и јавното здравје каде што своето стекнато знаење ќе можат и практично да го применат.

Знаење и разбирање

- Покажува знаење и разбирање за научното поле на проучување (или студирање), кое претставува надградување на знаењата од првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето.
- Има способност за употреба на проширено и продлабочено знаење од соодветната област.
- Покажува високо ниво на професионална компетентност за едно или повеќе специфични научни полиња.
- Има знаење од една или од повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.

Примена на знаењето и разбирањето

- Има способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со полето на студирање.

Способност за проценка

- Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето.
- Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солидни проценувања на состојбите дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и при процена.
- Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области, и поставување нови анализи и решенија на научна основа, која е компатибилна со европските стандарди.

Комуникациски вештини

- Способност за размена на аргументирани предлози и заклучоци со рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица;
- Преземање значителна одговорност за заедничките предизвици и резултати; водење и иницирање активности кои водат кон поквалитетнo јавно здравство.

Вештини на учење

- Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за
- независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во  општествени рамки;
- Способност за преземање одговорност за  понатамошен професионален развој и за усовршување.

Семестар 1

  • [HMPH-102] [6 ЕКТС] Глобално јавно здравје
    Да се стекнат знаења, компетeнции и искуство за локалните, регионалните и за глобалните текови во јавното здравје за да се сфати целокупниот контекст на модерните аспекти на јавното здравје како основа за запознавање и со другите предмети во текот на реализација на оваа програма.
  • [HMPH-103] [6 ЕКТС] Епидемиолошки методи и биостатистика
    Целта на предметот е на студентите да им се овозможи стекнување на напредни знаење за епидемиолошкaтa метода и за нејзиниот придонес во различни анализи и испитувања, за управување со компјутеризирани епидемиолошки податоци, за спроведување на соодветни статистички анализи, да ги оценуват резултатите на епидемиолошките студии, статистичките анализи и интерпретациите.
  • [EHMPH-201] [6 ЕКТС] Здравствена политика и стратешко планирање
    Цели на предметната програма: Да стекнат знаење и искуство од областа на здравстени политики и стратешко планирање во здравствените политики во национален и во меѓународен контекст.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EHMPH-101] Управување со животната и работната средина
    • [EHMPH-102] Здравствени технологии и безбедност на пациентите и здравствените работници
    • [EHMPH-202] Маркетинг во здравството
    • [EHMPH-301] Управување со проекти
    • [EHMPH-302] Здравствена екологија
    • [EHMPH-303] Унапредување на здравје и едукација во здравството
    • [EHMPH-304] Информациски технологии (ИТ) во здравство
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [HMPH-201] [6 ЕКТС] Системи на здравствена заштита и здравствено осигурување
    Цели на предметната програма: - Продлабочување на знаењата за базичните концепти на системите на здравствена заштита; - Стекнување знаења и вештини за процена на карактеристиките на системот на здравствено осигурување и предлагање мерки за негово подобрување.
  • [HMPH-202] [6 ЕКТС] Економика во здравство
    Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со: концептот на економијата и економиката во здравството, разликите меѓу овие две активности, начинот и современите методи кои се користат во пазарното стопанство во процесот на менаџирање со здравствените установи. Исто така, како главна цел е да се запознаат со организациските структури, рационалноста и ефикасното менаџирање на капацитетите и работењето.
  • [HMPH-203] [6 ЕКТС] Легислативата и биоетиката во здравство
    Цели на предметната програма: - Да се прошираат знаењата и сознанијата за легислативата во областа на биоетиката во здравството и во здравствените институции што имаат надлежности во областа на животна средина. - Да ја разберат институционалната поставеност, која е овластена да донесува одлуки во областа на биоетката во здравството. - Да ја разберат поврзаноста меѓу биоетиката и здравството, - Да ги разберат современите текови во областа на медицинската биоетика. - Да се оспособат да ги анализираат одлуките во областа на биоeтиката и да ги развијат своите аналитички и критички способности. - Да се оспособат за изготвување документи во областа на биоетиката. - Да ги разберат поврзаноста и влијанието на животна средина, биоетиката и здравјето. - Да се оспособат за самостојна научноистражувачка работа.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EHMPH-101] Управување со животната и работната средина
    • [EHMPH-102] Здравствени технологии и безбедност на пациентите и здравствените работници
    • [EHMPH-202] Маркетинг во здравството
    • [EHMPH-301] Управување со проекти
    • [EHMPH-302] Здравствена екологија
    • [EHMPH-303] Унапредување на здравје и едукација во здравството
    • [?HMPH-304] Информациски технологии (ИТ) во здравство
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [HMPH-101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се запознаат со методологијата на научното истражување во областа на јавното здравје и здравствените науки. Запознавање со: суштината на научното истражување, методологијата на истражувањето, процедурата на истражувањето, видовите истражување и научните трудови. Посебно внимание се обрнува на правилното упатување на студентите на суштината на научното истражување, за правилна интерпретација и оценување на резултатите на истражувањето, како и на самото пишување на научниот труд и неговото објавување. Студентите постапно се запознаваат со процедурата и со фазите на подготвувањето и пишувањето на магистерската теза.
  • [HMPH-301] [6 ЕКТС] Здравствен менаџмент и лидерство
    Целта на овој предмет е да се запознае студентите со: концептот на менаџментот и лидерството во здравството, разликите меѓу овие две активности, начинот и современите методи кои се користат во пазарното стопанство во процесот на менаџирање со здравствените установи. Исто така, како главна цел е да се запознаат со главни функции на менаџирањето како и со карактеристиките и способностите кои треба да ги има еден лидер во здравство.
  • [HMPH-302] [6 ЕКТС] Планирање на хумани ресурси во здравство
    Цели на предметната програма: Студентите ќе стекнат основни знаења за можностите за унапредување на услугите во рамките на целиот здравствен систем преку планирање на човековите ресурси. Исто така, ќе стекнат знаења и компетенции за самостојно планирање на потребите на човековите ресурси, ќе се приспосoбат за да извршат истражувања за потребите на работната сила во системите на здравствената заштита.
  • [HMPH-303] [6 ЕКТС] Кризен менаџмент во здравство
    Цели на предметот програма: Студентите да стекнат знаења и искуство од областа на подготовка за правилен одговор на здравствениот систем при кризни состојби.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EHMPH-101] Управување со животната и работната средина
    • [EHMPH-102] Здравствени технологии и безбедност на пациентите и здравствените работници
    • [EHMPH-202] Маркетинг во здравството
    • [EHMPH-301] Управување со проекти
    • [EHMPH-302] Здравствена екологија
    • [EHMPH-303] Унапредување на здравје и едукација во здравството
    • [?HMPH-304] Информациски технологии (ИТ) во здравство

Семестар 4

  • [IEH-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето на испитите, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Институтот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно-научниот совет формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно-научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по здравствен менаџмент и јавно здравство.
Google+