Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Албанолошки студии

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-MALBST120C
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Магистер по албанолошки студии - Насока: Jазик; Насока: Литература;
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Преку последипломската програма по албанолошки студии студентите стекнуваат знаења кои ги доближуваат до професиите кои се тесно поврзани со сферата на јазикот, културата, литературата и образованието, како и вештини и компетенции, кои би биле применливи во повисоките нивоа во јавниот и во приватниот сектор.

Дипломираните студенти ќе може да се вработат во низа полиња на професионалниот и општествениот живот:
- Настава: во јазичните школи, гимназии, основните и средните  училишта, универзитет.
- Вработување: јазичар, новинар, во разните установи како лектор, преведувач, интерпретатор на албанскиот јазик во министерства и други владини институции, преведувач/интерпретатор во судови и други слични институции, преведувач/интерпретатор во стручните и професионалните организации, преведувач/интерпретатор ви општествениот и во приватниот сектор, преведувач/ интерпретатор во меѓународните организации.

Знаење и разбирање

Со оваа програма кандидатот се стекнува со разни знаења од повеќе јазични и литературни полиња, како за оние еднодисциплинарни така и за оние интердисциплинарни. Со ова тој се стекнува со понови и значајни современи познавања, кои ќе му служат да биде покреативен и попрофесионален во решавањето на јазичните  и литературните проблеми.

Примена на знаењето и разбирањето

Корпусот на знаења му овозможува различни вработувања кои опфаќаат голем број и разни сектори на општествениот и професионалниот живот. Знаењата може да се употребуваат на образовниот систем, работејќи како професор во средни училишта, а исто така и како асистент во соодветните факултети или институти. Може да работи како истражувач во полето на лингвистиката и фолклорот низ разните албанолошки институти. Може да работи како новинар, уредник и лектор, но и како јазичен критичар низ разни електронски или пишани медиуми, каде што може да придонесе за прашањето за аплицирање на литературната норма. Може да работи како преведувач и толкувач на албанскиот јазик во двојазичните општини, министерствата и другите владини институции, во судови и други слични институции, во професионални организации, во социјалниот и приватниот сектор, во меѓународни организации и др.

Способност за проценка

Има способност да состави и оценува наставни планови и програми од областа на јазикот и литературата во основни и средни училишта како и во високото образование. Може да ја оцени реализацијата на наставен час по јазик. Има способност да оцени и да спореди преведувања од еден јазик на друг. Може да оцени редактирање и лекторирање на различни јазични текстови и публикации, оценувајќи го високото ниво на лекторирање и пронаоѓајќи евентуални граматички грешки. Едно дело може да го процени и содржински и од композициски аспект, како и да ги истакне јазичните и литературните вредности. Има способност да биде член во некое професионално жири од областа на јазикот и литературата за да ги процени најдобрите  јазични и литературни студии. Има способност да се вклучи во истражувачки тимови, да состави литературни и публицистички текстови, лексички и различни други  речници.   

Комуникациски вештини

Владее професионална вештина за држење часови по литература и граматика на мајчиниот јазик, во согласност со план-програмите за основните и  средните  училишта и за универзитетите. Може да држи курсеви за учење на албанскиот јазик и литература. Може да преведува научно-лингвистички и литературни дела. Може да учествува на локални и меѓународни симпозиуми и семинари и преку свои општења, може да презентира свои оригинални резултати постигнати во различни литературни и јазични дисциплини. Може да напише рецензии за издадени дела од областа на литературата и јазикот, рецензии за издавање литературни студии и граматики како и за наставни текстови. Може да направи независни истражувања и да преземе одговорност за резултатите. Може да издава научни трудови и дела од областа на литературата и јазикот.

Вештини на учење

За да постигне подобри резултати, може да презентира нови знаења, може да ги тренира другите одржувајќи курсеви од определени области како: правопис, лекторирање литературен текст, употреба на нови методи и техники во настава и др.; може да одржи обуки како се подготвува проект, како се пишува научен труд и др. Може да предложи новини кои недостасуваат во некоја институција како што се  отворање на различни литературни и јазични секции, отворање библиотека, промоција на некое литературно и јазично дело и др. Може да предложи методи за учење на албанскиот јазик според нивоа кај странците. Како и да е, треба да продолжи со своето понатамошно учење и надградување и новите знаења да ги презентира и во институцијата каде што работи и надвор од неа.

Семестар 1

  • [AS0103] [6 ЕКТС] Албанска цивилизација
    Се откриваат најрелевантните аспекти на културата на националната цивилизација на современото албанско општество. Предметот нуди основни знаења низ неколку клучни области, анализирајќи ги на сестран начин литературата и културата во една европска перспектива.
  • [AS0107] [6 ЕКТС] Етнолингвистика
    Во рамките на овој предмет се опфаќаат односите помеѓу јазиците и народите и меѓусебните влијанија на јазичните и етничките фактори во развитокот на јазикот како и разните особености на стереотипи. Етнолингвистиката има влијание во јазикот, културата, ономастиката, литературата и др.
  • [AS0102] [6 ЕКТС] Балканска димензија на албанскиот фолклор
    Станува збор за многу богата материја сконцентрирана во албанскиот и балканскиот фолклор, преку која се одликуваат високите вредности на душевната култура, наследени од народниот гениј, вредности кои сведочат за убавината на поетскиот дух на анонимните творци, за нивните творечки умешности во областа на уметноста, кои го претставуваат мошне јасно и убаво историското минато на албанскиот народ и на народите на Балканот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EAS0115] Јазиците во контакт
    • [AS0112] Стилистика и прагматика
    • [AS0105] Албанска модерна книжевност
    • [EAS0116] Вовед во општа лингвистика
    • [EAS0117] Ономастика
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [AS0104] [6 ЕКТС] Дијалектологија - микросистем во контакт
    Главните теми се историскиот развиток на дијалектите, класификација на дијалектите и поддијалектите во сите земји каде што се зборува албанскиот јазик, промените на дијалектите од фонетски, морфолошки, синтаксички, лексички и фразеолошки аспект, транскрибирање на дијалекти.
  • [AS0106] [6 ЕКТС] Анализа на литературниот текст
    Детално се презентираат литературните текстови и нивните претставници, од анализа на различни теми и мотиви, прашања од стилистиката и начините на толкување на книжевниот текст.
  • [AS0108] [6 ЕКТС] Експериментална фонетика
    Предметот ја опфаќа историјата на фонетиката, експерименталната фонетика, фонолошките компоненти, фонемите, нивното формирање и начинот на одвојување по групи и подгрупи, улогата на фонолошките елементи, разликата меѓу стариот албански јазик и денешниот стандарден албански јазик.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EAS0115] Јазиците во контакт
    • [AS0112] Стилистика и прагматика
    • [AS0105] Албанска модерна книжевност
    • [EAS0116] Вовед во општа лингвистика
    • [EAS0117] Ономастика
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [AS0101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Материјата во рамките на овој предмет се однесува на најновите форми и методи на современата методологија за изучување на предметот Албански јазик и литература. Во суштина тука се опфатени методите, формите, техниките, организирањата на индивидуалната истражувачка научна работа со своите специфични карактеристики.
  • [AS0109] [6 ЕКТС] Албанска социолингвистика
    Предметот го опфаќа теоретскиот и практичниот дел и ги има за цел основните концепти кои се однесуваат на односот на јазикот и општеството, односно со начинот на кој јазикот го користиме на различни општествени контексти, како и за основните разлози на јазичните вариации. Функцијата на јазикот во општеството, односот меѓу јазикот и културата, хоризонталната и вертикалната стратификација на јазикот, социолекталната диференцијација, јазичната политика и нормирањето на стандардизацијата.
  • [AS0113] [6 ЕКТС] Студии на современата албанска проза и поезија
    Цели на предметот: - Студентот добива општи позвања од современата албанска литература, методологија и проучување и високите вредности на уметничката литературна култура. - Се здобива со знаења од уметничките литературни вредности. - Се здобива со знаење за подетален пристап кон анализи и интерпетации на избрани романи од најбажни романсиери од 20 век. - Добиваат познавања од областа на албанската современа литература, методологијата и проучубањето на високите вредности. - Се подготвуваа за сопствен научен труд кој ги аплицира теоретските знаења врз конкретни дела од овој книжевен период. - Се запознава со предизвиците на пристапувањето кон херметичкиот текст.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EAS0115] Јазиците во контакт
    • [AS0112] Стилистика и прагматика
    • [AS0105] Албанска модерна книжевност
    • [EAS0116] Вовед во општа лингвистика
    • [EAS0117] Ономастика
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EAS0115] Јазиците во контакт
    • [AS0112] Стилистика и прагматика
    • [AS0105] Албанска модерна книжевност
    • [EAS0116] Вовед во општа лингвистика
    • [EAS0117] Ономастика

Семестар 4

  • [LCC-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+