
Програма: |
Настава по англиски јазик (2017/2018) |
Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
Факултет: | Јазици, култури и комуникација |
Академска година: | 2022 / 2023 |
Титула: | Магистер на настава по англиски јазик |
ЕКТС: | 60
(1 годинa)
![]() |
Решение: |
![]() |
Целта на програмата Настава по англиски јазик е студентите да стекнат солидни знаења во областа на теориите на методологија и потребни вештини за спроведување на стекнатите знаења здобиени од теориите и нив да ги употребуваат во наставната практика.
Изборот на индивидуалните предмети ги рефлектира најсовремените актуелни трендови во изучувањето на втор странски јазик, помагајќи во идентификувањето на локалните и регионалните потреби. Програмата е дизајнирана за дипломирани по англиски како странски јазик, односно за оние кои сакаат да се специјализираат и да ги развијат своите способности во педагогијата на настава по англиски јазик. Се вклучува и научноистражувачка компонента (заедно квалитативното и квантитативното), академското и модерното истражување.
Поголемиот број студенти би требало да бидат вработени во настава. Предвидено е часовите да се одржуваат за време на викендот. Поголемиот број предмети обезбедуваат специјализирана обука: методологија за изучување на странски јазик, менаџирање на училница, педагошката граматика и пишување, изучување на јазикот со помош на компјутер и анализа на потребите. Ова е базирано на најсовремените принципи на обука на наставникот од англофонските земји, аплицирани во балкански контекст.
Програма е дизајнирана на специфичен начин за потребите на наставниците по англиски јазик, а исто така е многу важни бидејќи студентите стекнуваат вештини за напредно академско истражување и за оние студент кои сакаат да работат како преведувачи, критичари, издавачи или писатели.
Програмата опфаќа четири семестри настава, проследени со истражување и пишување на тезата.
Знаење и разбирање
- Има напредна наставна методологија по англиски јазик.
- Има знаење на теоријата на учење втор/странски јазик.
- Демонстрира познавање на англиската граматика и англискиот јазик.
- Знае и го разбира употребувањето на учењето јазици со помош на компјутер и има активно учество во подобрувањето на неговата употреба.
- Користи различни педагошки стратегии во предавањето.
- Знае да напише истражувачки труд, презентација и слично.
Примена на знаењето и разбирањето
- Има теоретски сознанија и ефикасно ги пренесува на студентите
- Применува принципи за стекнување на странски / втор јазик со користење соодветни методологии на учење.
- Дизајнира наставна план-програма за конкретни наставни контексти, на пример предавање на помладите ученици (под 12 години) или предавање деловен англиски јазик за возрасни.
- Користи, прилагодува и создава автентични едукативни материјали за употреба во училница.
- Ефективно ја користи технологијата и создава едноставни мултимедиски или веб-базирани јазични алатки за практична употреба во училница, на пример, игри на зборови со помош на компјутер.
Способност за проценка
- Се изразуваат критички за изучуваниот материјал и искуствата на предавање/ учење во училница.
- Ги идентификуваат потенцијалните тешкотии во однос на прашањата за споредување на мајчиниот јазик во училницата со англиски како странски јазик.
- Избираат соодветни и релевантни материјали во согласност со потребите на студентите .
- Донесуваат одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на англискиот јазик: глаголи и образување време, определени / неопределени членови, предлози, други граматички категории, идиоматични изрази, лексички колокации и формирање збор.
- Прават сложени методолошки оцени во истражувачки дизајн и прават разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци, што е во врска со јазикот и лингвистиката.
Комуникациски вештини
- Има одлично познавање на англиски изговор.
- Создава добро структурирани и јасно напишани академски трудови.
- Може да ги претстави и да ги елаборира заедничките проблеми што се вклучени во учењето и предавањето на англискиот како странски јазик.
- Може да даде соодветни објаснувања на јазичните концепти на англиски јазик.
- Покажува комуникациска подготвеност во однос на квалитет на настава, управување и организирање на училница.
Вештини на учење
- Покажува иницијатива и автономија во професионалната работа.
- Сам да ги следи и ги приспособува наставните методи во согласност со одредени ситуации.
- Се прилагодува на различните културни и меѓучовечки околности во училницата за англиски како странски јазик.
- Иницира и завршува независна истражувачка работа со високи академски стандарди во рамките на дадениот временски период.
- Демонстрира лидерство и способност за предавање за ефективно пренесување на знаењето.
Семестар 1
-
[MCEL1030]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Oвој предмет опфаќа истражување, дизајн и методи, вклучувајќи и составување примерок на испитаници, формирање хипотеза, тестирање и експериментални истражувања. Посебно внимание ќе биде посветено на концептот, техниките и на практиката на квалитетна општествена методологија и научните истражувања. Преку овој предмет студентите ќе научат да развијат истражувачки вештини потребни за да се создаде, да се спроведе и успешно да се заврши истражувачки проект.
-
[MCEL3030]
[6 ЕКТС]
Области од посебен интерес во наставата по англиски јазик
Преку предметот се нуди анализа на прашања кои се однесуваат на предавањето англиски јазик од лингвистичка и културна / социјална перспектива. Од лингвистички аспект се обработуваат темите што вклучуваат социјални, културни и структурни аспекти на јазикот и интерјазична и детална анализа на јазичниот во процесот на учење на странски јазици. Се зема предвид улогата на јазикот и и дополнителните јазични фактори кои го регулираат внатрешниот развој на јазичните системи и која е и улогата на Ј1 (мајчиниот јазик на студентот) во процесот на развој на Ј2 (целниот јазик). Во однос на културно-социјалните аспекти се анализираат контроверзиите со кои се соочува образовниот систем денес. Во овој предмет се истражуваат актуелни теми за предавањето англиски јазик и студентите се охрабруваат да оценат како овие прашања се поврзуваат со педагошките норми и практики на јазичното образование. Оваа анализа ќе послужи да се нагласат предизвиците и пречките со кои се соочуваат наставниците по странски јазици и да се идентификуваат релевантните прашања за наставниците за когнитивните процеси, мултикултурно образование и критичката педагогија.
-
[MCEL1040]
[6 ЕКТС]
Културните аспекти во ЕЛТ
Целта на предметот е да се подготват идните наставници да предаваат ефективно во мултикултурни училници и средини. Предметот е составен од пет теми: што е култура; улогата на јазикот во културата; култура на предавањето; интеркултурна комуникација и градење социолингвистички компетенции.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MCEL2041] Изучување на јазик со помош на компјутер (КАЛЛ)
- [EMEL1020] Литература во предавање на англиски јазик
- [EMEL2030] Дискурсна анализа
- [EMEL2040] Културата и учењето на англискиот јазик како странски јазик
- [MCEL3020] Семинар за пишување на магистерски труд
- [MCEL1020 ] Педагошка граматика
- [MCEL2010] Педагошко пишување
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MCEL2041] Изучување на јазик со помош на компјутер (КАЛЛ)
- [EMEL1020] Литература во предавање на англиски јазик
- [EMEL2030] Дискурсна анализа
- [EMEL2040] Културата и учењето на англискиот јазик како странски јазик
- [MCEL3020] Семинар за пишување на магистерски труд
- [MCEL1020 ] Педагошка граматика
- [MCEL2010] Педагошко пишување
Семестар 2
-
[MTELT2010]
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето на испитите, студентот може да ја започне постапката за поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистерската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, наставно-научниот совет на факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од наставно-научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по настава на англиски јазик.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
- [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE09] Пазар на трудот
- [MFE08] Методологија на наставата
- [MFE10] Филозофија на општествените науки
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права