Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Настава по англиски јазик

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-MEN120C
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Магистер на настава по англиски јазик
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Целта на програмата Настава по англиски јазик е студентите да стекнат солидни знаења во областа на теориите на методологија и потребни вештини за спроведување на стекнатите знаења здобиени од теориите и нив да ги употребуваат во наставната практика.
Изборот на индивидуалните предмети ги рефлектира најсовремените актуелни трендови во изучувањето на втор странски јазик, помагајќи во идентификувањето на локалните и регионалните потреби. Програмата е дизајнирана за дипломирани по англиски како странски јазик, односно за оние кои сакаат да се специјализираат и да ги развијат своите способности во педагогијата на настава по англиски јазик. Се вклучува и научноистражувачка компонента (заедно квалитативното и квантитативното), академското и модерното истражување.

Поголемиот број студенти би требало да бидат вработени во настава. Предвидено е часовите  да се одржуваат за време на викендот.  Поголемиот број предмети обезбедуваат специјализирана обука: методологија за изучување на странски јазик, менаџирање на училница, педагошката граматика и пишување, изучување на јазикот со помош на компјутер и анализа на потребите. Ова е базирано на најсовремените принципи на обука на наставникот од англофонските земји, аплицирани во балкански контекст.
Програма е дизајнирана на специфичен начин за потребите на наставниците по англиски јазик, а исто така е многу важни бидејќи студентите стекнуваат вештини за напредно академско истражување и за оние студент кои сакаат да работат како преведувачи, критичари, издавачи или писатели.
Програмата опфаќа четири семестри настава, проследени со истражување и пишување на тезата.

Знаење и разбирање

- Има напредна наставна методологија по англиски јазик.
- Има знаење на теоријата на учење втор/странски јазик.
- Демонстрира познавање на англиската граматика и англискиот јазик.
- Знае и го разбира употребувањето на учењето јазици со помош на компјутер и има активно учество во подобрувањето на неговата употреба.
- Користи различни педагошки стратегии во предавањето.
- Знае да напише истражувачки труд, презентација и слично.

Примена на знаењето и разбирањето

- Има теоретски сознанија и ефикасно ги пренесува на студентите
- Применува принципи за стекнување на странски / втор јазик со користење соодветни методологии на учење.   
- Дизајнира наставна план-програма за конкретни наставни контексти, на пример предавање на помладите ученици (под 12 години) или предавање деловен англиски јазик за возрасни.
- Користи, прилагодува и создава автентични едукативни материјали за употреба во училница.
- Ефективно ја користи технологијата и создава едноставни  мултимедиски или веб-базирани јазични алатки за практична употреба во училница, на пример, игри на зборови со помош на компјутер.

Способност за проценка

- Се изразуваат критички за изучуваниот материјал и искуствата на предавање/ учење во училница.
- Ги идентификуваат потенцијалните тешкотии во однос на прашањата за споредување на мајчиниот јазик во училницата со англиски како странски јазик.
- Избираат соодветни и релевантни материјали  во согласност со потребите на студентите .
- Донесуваат одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на англискиот јазик:  глаголи и образување време, определени / неопределени членови, предлози, други граматички категории, идиоматични изрази, лексички колокации и формирање збор.
- Прават сложени методолошки оцени во истражувачки дизајн и прават разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци, што е во врска со јазикот и лингвистиката.

Комуникациски вештини

- Има одлично познавање на англиски изговор.
- Создава добро структурирани и јасно напишани академски трудови.
- Може да ги претстави и да ги елаборира заедничките проблеми што се вклучени во учењето и предавањето на англискиот како странски јазик.
- Може да даде соодветни објаснувања на јазичните концепти на англиски јазик.
- Покажува комуникациска подготвеност  во однос на квалитет на настава, управување и организирање на училница.

Вештини на учење

- Покажува иницијатива и автономија во професионалната работа.
- Сам да ги следи и ги приспособува наставните методи во согласност со одредени ситуации.
- Се прилагодува на различните културни и меѓучовечки околности во училницата за англиски како странски јазик.
- Иницира и завршува независна истражувачка работа со високи академски стандарди во рамките на дадениот временски период.
- Демонстрира лидерство и способност за предавање за  ефективно пренесување на знаењето. 

Семестар 1

  • [MCEL3030] [6 ЕКТС] Области од посебен интерес во наставата по англиски јазик
    Преку предметот се нуди анализа на прашања кои се однесуваат на предавањето англиски јазик од лингвистичка и културна / социјална перспектива. Од лингвистички аспект се обработуваат темите што вклучуваат социјални, културни и структурни аспекти на јазикот и интерјазична и детална анализа на јазичниот во процесот на учење на странски јазици. Се зема предвид улогата на јазикот и и дополнителните јазични фактори кои го регулираат внатрешниот развој на јазичните системи и која е и улогата на Ј1 (мајчиниот јазик на студентот) во процесот на развој на Ј2 (целниот јазик). Во однос на културно-социјалните аспекти се анализираат контроверзиите со кои се соочува образовниот систем денес. Во овој предмет се истражуваат актуелни теми за предавањето англиски јазик и студентите се охрабруваат да оценат како овие прашања се поврзуваат со педагошките норми и практики на јазичното образование. Оваа анализа ќе послужи да се нагласат предизвиците и пречките со кои се соочуваат наставниците по странски јазици и да се идентификуваат релевантните прашања за наставниците за когнитивните процеси, мултикултурно образование и критичката педагогија.
  • [MCEL2030] [6 ЕКТС] Усвојување на изучување на странски јазик
    Во рамките на предметот се презентираат и се анализираат некои од најважните фактори кои влијаат врз изучување на втор јазик (ВСЈ). Тука се вклучени испитувањата за улогата што различните лингвистички, психолошки и социјални варијабли при изучувањето прв и втор јазик. Исто така, се вклучени и теории за стекнување втор јазик, со посебен акцент на нивните импликации кон изучување и предавање на втор јазик. Студентите се запознаваат со клучните прашања во СВЈ: индивидуалните разлики во стекнување на јазикот, улогата на познанието во стекнување втор јазик; улогата на интеракција и општествениот контекст во изучување втор јазик; методиката на истражување при изучување втор јазик.
  • [MCEL1040] [6 ЕКТС] Културните аспекти во ЕЛТ
    Целта на предметот е да се подготват идните наставници да предаваат ефективно во мултикултурни училници и средини. Предметот е составен од пет теми: што е култура; улогата на јазикот во културата; култура на предавањето; интеркултурна комуникација и градење социолингвистички компетенции.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMEL1020] Литература во предавање на англиски јазик
    • [EMEL2030] Дискурсна анализа
    • [EMEL2040] Културата и учењето на англискиот јазик како странски јазик
    • [MCEL3020] Семинар за пишување на магистерски труд
    • [MCEL1020 ] Педагошка граматика
    • [MCEL2010] Педагошко пишување
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MCEL1010] [6 ЕКТС] Методика и практика на настава по странски јазик
    Предметот е дизајниран да ги поттикне наставниците по англиски јазик како странски јазик да ги усвојуваат новитетите и да го применуваат рефлективен процес во својата настава. Наставната програма опфаќа: текстови за историјата на наставата по англиски јазик од традиционалната до модерната практика (mainstream), со цел студентите да стекнат солидни знаења за практиката. Опфатени се следниве теми: класификација на наставните методи и материјали, адаптација и создавање наставни материјали, наставните техники и стратегии, употребата на технологија во наставата, училница за управување. Студентите се охрабруваат да истражуваат во однос на сегашната теорија.
  • [MCEL3040] [6 ЕКТС] Анализа на потребите и дизајнирање на предмети
    Предметот е ориентиран кон практичните и теоретските аспекти на наставата. Наставните материјали ќе содржат: студии на случај, теоретски текстови, извадоци од книги, собрани податоци од студентите и истражувачите. Предметот е фокусиран главно на влијанието на анализа на потребите на дизајнот на предметот: влијание врз дефинирањето на целите и содржините, влијание врз педагогијата и методологијата. Методите за учење и оценување ќе вклучуваат: групни активности, презентации и изработка на портфолио на материјали за учење.
  • [MCEL2041] [6 ЕКТС] Изучување на јазик со помош на компјутер (КАЛЛ)
    Компјутерите стануваат сѐ повеќе и повеќе интегрирани во нашето секојдневие. Тоа е од витално значење за наставниците по странски јазик за да ја разбираат нивната улога во предавањата за изучување јазик. Без ова разбирање, тешко е да се донесат одлуки за тоа како да се интегрираат компјутерите во изучувањето на јазикот, со цел студентите да се чувствуваат поангажирани при изучување на јазикот на ефикасен и ефективен начин. Предметот ќе послужи како основа за наставници заинтересирани за примена на технологијата во изучување јазик. Преку предметот се воведуваат тековните теории и практики на КАЛЛ. Во рамките на предметот се вклучени: историја и принципи на КАЛЛ, софтвер за евалуација, дизајн и веб-базирани предмети за јазик, компјутерски посредувана комуникација, хипермедиуми и корпус за јазикот. Покрај тоа, ќе се воведе употребата на компјутерите во развојот на одредени јазични вештини: читањето, пишувањето, говорот, комуникацијата / изговорот. Исто така, во рамките на предметот се испитуваат тековните теории за изучување јазик со посебен акцент кон КАЛЛ апликациите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMEL1020] Литература во предавање на англиски јазик
    • [EMEL2030] Дискурсна анализа
    • [EMEL2040] Културата и учењето на англискиот јазик како странски јазик
    • [MCEL3020] Семинар за пишување на магистерски труд
    • [MCEL1020 ] Педагошка граматика
    • [MCEL2010] Педагошко пишување
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [MCEL1030] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет опфаќа истражување, дизајн и методи, вклучувајќи и составување примерок на испитаници, формирање хипотеза, тестирање и експериментални истражувања. Посебно внимание ќе биде посветено на концептот, техниките и на практиката на квалитетна општествена методологија и научните истражувања. Преку овој предмет студентите ќе научат да развијат истражувачки вештини потребни за да се создаде, да се спроведе и успешно да се заврши истражувачки проект.
  • [MCEL2040] [6 ЕКТС] Англиски за специфични цели
    Предметот Англиски за специфични цели (ESP) бара пристап во кој студентот е во фокусот на наставата при изучување на англискиот како странски или втор јазик. Предметот е дизајниран да ги задоволи потребите на возрасните студенти кои треба да научат странски јазик за употреба во нивните специфични области, како што се науката, технологијата, медицината, забавата и академското учење. Предметот е наменет за дипломирани студенти, странци и професионалци за странски јазик кои сакаат да научат како да се дизајнираат план-програма за англиски јазик во специјализирани области, како што се бизнис-англиски, инженерство, како и за академски цели. Студентите се запознаваат со наставни стратегии, прилагодување и развој на наставни материјали и техники на евалуација.
  • [MCEL2020] [6 ЕКТС] Предавање на вокабулар
    Во рамките на предметот се дава преглед на педагошки прашања во наставата и учењето на англискиот речник. Опфатени се и техники и активности за изучување на англискиот речник, како и евалуација на наставен материјал по англиски речник. Во текот на предметот студентите ќе ја научат важноста на познавањето на зборот и неговата комплексност, како и важноста на создавање атмосфера за учење нови зборови со што се поттикнуваат мотивацијата и интересот за учење. Студентите ќе научат како да ги користат стратегиите за независно учење на збор и понатаму ќе ги испитаат наставните стратегии за градење на широчината и длабочината на нивниот речник. Студентите исто така ќе научат за различните начини на оценување на речник.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMEL1020] Литература во предавање на англиски јазик
    • [EMEL2030] Дискурсна анализа
    • [EMEL2040] Културата и учењето на англискиот јазик како странски јазик
    • [MCEL3020] Семинар за пишување на магистерски труд
    • [MCEL1020 ] Педагошка граматика
    • [MCEL2010] Педагошко пишување
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMEL1020] Литература во предавање на англиски јазик
    • [EMEL2030] Дискурсна анализа
    • [EMEL2040] Културата и учењето на англискиот јазик како странски јазик
    • [MCEL3020] Семинар за пишување на магистерски труд
    • [MCEL1020 ] Педагошка граматика
    • [MCEL2010] Педагошко пишување

Семестар 4

  • [LCC-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето на испитите, студентот може да ја започне постапката за поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистерската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, наставно-научниот совет на факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од наставно-научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по настава на англиски јазик.
Google+