Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Германски студии

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-MDE60C
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Магистер по германски студии
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиите од втор циклус по германски студии во рамките на Одделот за германски јазик функционираат од академската 2008/2009 година. По завршување на оваа програма студентите стекнуваат титула магистер по германски студии. Оваа програма се фокусира главно на лингвистика, книжевност, култура, методологија на предавањето на германскиот јазик како странски јазик (DaF) на универзитетско ниво, како и на историја на германското јазично подрачје.
Во работата на Одделот се вклучени локални предавачи и предавачи од германско јазичните подрачја, а кои одлично се квалификувани за предавање според модерните методи. Нашиот Оддел игра важна улога не само на државно ниво, туку и на регионално ниво. Во оваа насока вреди да се споменат развојот и модерната апликација на наставните програми како и квалитетот во областа на подготовката на предавачите на германски јазик како странски јазик. Во моментов во Одделот се ангажирани 7 универзитетски предавачи (еден вонреден професор, еден доцент, еден лектор и 4 предавачи од земјите во кои се користи германскиот јазик). Соработниците на Одделот се активни и во различни асоцијации, организираат меѓународни научни конференции, развиваат заеднички научни програми и соработуваат со германисти од земјава и надвор од неа (соработка со Универзитетот за едукација од централна Швајцарија (Цуг, Луцерн Швиц), Универзитетот на Бамберг, Универзитетот Хумболт од Берлин, Универзитетот Јена, Универзитетот Ерланген од Нирнберг како и со огромен број оддели за германистика од различни земји во кои не се зборува германскиот јазик. Во нашиот оддел се обрнува огромно внимание на мобилноста на студентите и на предавачите. Предавачите и студентите имаат можност да бидат дел од програмите за академска размена, како на пример во Универзитетот за едукација во централна Швајцарија (Зуг, Луцерн, Швиц), ДААД, БАИХОСТ, СОКРАТЕС И ЕРАСМУС како и други слични програми.

Дипломираните на оваа студиска програма поседуваат знаења, вештини и компетенции, кои им овозможуваат продолжување на студиите од третиот циклус (докторски студии) или да започнат кариера на современ предавач на германскиот јазик на универзитетско ниво. Освен ова модулите од областа на лингвистиката, книжевноста, дидактиката и културата им овозможуваат да вршат и други дејности во: јавната администрација и маркетингот, дипломатската служба, јавни и приватни институции, или да работат како преведувачи и изведувачи, за зајакнување на македонско-германските односи, во областа на политиката, културата и културното посредување, дејности во областа на новинарството како и на издавачките куќи, во меѓународните претпријатија или, пак, во туризмот.

Знаење и разбирање

- Да има знаење и разбирање во германските студии кои вообичаено се наоѓаат над нивото од додипломските студии.
- Да демонстрира специјализирано знаење на германската лингвистика, литература, култура и цивилизација на земјите во кои се зборува германски.
- Да има професионално знаење и разбирање на главните трендови во методологијата на поучување на германскиот јазик на основен, среден и висок степен.
- Да стекнува академско знаење за независна академска работа.

Примена на знаењето и разбирањето

- Да ги спроведува своите академски вештини во академски и неакадемски средини што се поврзани со германските студии.
- Да е во состојба да замисли, да дизајнира, да имплементира и да прилагодува значителни истражувачки проекти со научен интегритет.
- Да користи академски писмен и говорен германски во различни контексти.
- Да преведува текстови во областа на правото, економијата, политиката, книжевни текстови итн., од германски на албански или македонски и обратно.
- Да дизајнира наставна програма и план на час, соодветен за конкретни наставни контексти, на пример, подучување на помладите ученици (под 12 години) или предавање бизнис германски јазик за возрасни.

Способност за проценка

- Да ги разгледува различните јазични аспекти на германскиот јазик и нивното значење за наставниот процес на германски јазик за говорниците на други јазици.
- Да направи сложени методолошки анализи во истражувањето и анализи во областа на германски студии.
- Да донесува одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на германскиот јазик: образување  и време, определени / неопределени членови, идиоматски изрази, предлози и други граматички категории.
- Да направи сложени методолошки оцени во истражувачки анализи и да направи разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци, што е во врска со јазикот и лингвистиката.

Комуникациски вештини

- Да го артикулираат јасно образовниот процес во контекст на германските јазични студии.
- Да предаваатразлични лингвистички концепти на учениците со различни способности.
- Да комуницираат на соодветен начин, критички да размисилуваат, да внимаваат на комуникацијата и на личниот развој на учениците.
- Да покажуваат комуникативна надлежност во училница во однос на управување на училница на основен, среден и висок степен. 

Вештини на учење

- Да иницира и да извршува независно истражување на високи академски стандарди во областа на германските студии.
- Да е во состојба сам да ги следи и да ги приспособи наставните методи во согласност со одредени ситуации.
- Да стекнува сознанија во голема мера на автономен начин во германската лингвистика, литература, култура и цивилизација.

Семестар 1

  • [MCGR1011] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите почетници им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
  • [MCGR1010] [6 ЕКТС] Теорија на валентност
    Во рамките на овој предмет студентите ќе се запознаат со структурата на германскиот јазик според теоријата на валентноста. Исто така ќе се дискутира за нејзините суштински прашања. Во првиот дел на овој научен настан ќе се води разговор околу историјата на теоријата на валентност како и за нацртот за размислувањата околу валентноста опишани во работата на Тесниере и нејзините недостатоци и контрадикторности. Ќе се третираат и следниве теми:валенција, субјект – валентен и депедентен, основни прашања на теоријата на валенција и носителите на валентност. Во вториот дел ќе биде третирано прашањето по разликувањето на актантите и циркумстантите (Ergänzungen und Angaben bzw. Aktanten und Zirkumstanten). Долго време дискусијата околу валенцијата се третираше одделно од прашањето, но и по барањето на конкретните критериуми за разграничување на овие два поима, при што постои стремеж, валенцијата да не се разбере како дихотомен, туку како постепен феномен. На предавањето ќе бидат дискутирани и претставени различните пристапи и процеси. Во третиот дел на предметот ќе се третира прашањето околу моделот на реченици и валентност на другите видови зборови (придавките и особено на именките).
  • [MCGR1020] [6 ЕКТС] Применета лингвистика
    Овој предмет има за цел да ги запознае студентите со најважните концепти на применета лингвистика. Во негови рамки се комуникативната функција на јазикот во сите сфери на општествената практика, од аспект на употребувањето на нејзините резултати добиени во практиката. Во класичните задачи на применетата лингвистика спаѓа изучувањето на јазикот, контрастивна лингвистика – тоа значи споредба на јазиците германско-албански и германско-македонски, меѓукултурна комуникација, превод и толкување, стручниот јазик и терминологијата. Според тоа применетата лингвистика се однесува на стручната и општата комуникација во институциите и во медиумите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCGR1040] Класични автори и дела од германско-јазичната литература
    • [MCGR1030] Историја на германската култура и цивилизација
    • [MCGR3012] Теорија и практика на предавање на германскиот како странски јазик
    • [MCGR3040] Современа литература на германското јазично подрачје
    • [MCGR3020] Прагматика
    • [EMCGR3010] Интеркултурна комуникација
    • [EMCGR3011] Јазична политика и мултилингвализмот во Европа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCGR1040] Класични автори и дела од германско-јазичната литература
    • [MCGR1030] Историја на германската култура и цивилизација
    • [MCGR3012] Теорија и практика на предавање на германскиот како странски јазик
    • [MCGR3040] Современа литература на германското јазично подрачје
    • [MCGR3020] Прагматика
    • [EMCGR3010] Интеркултурна комуникација
    • [EMCGR3011] Јазична политика и мултилингвализмот во Европа

Семестар 2

  • [LCC-THESIS-60] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
Google+