Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународни комункикации

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-MIC60C
Академска година: 2017 / 2018
Титула: Магистер по меѓународни комуникации
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација

Програмата Меѓународни комуникации е дизајнирана да придонесе за современо специјалистичко образование и за развивање на научноистражувачки капацитети.  Притоа  студентите ќе бидат подготвени да ги планираат, да ги раководат и да ги спроведуваат комуникациите на современи институции и организации во однос на  европските и евроатлантските организации и поопшто во меѓународните односи и дипломатијата.
Програмата е дизајнирана според најсовремените трендови од областа на апликативните комуникации во меѓународен контекст и таа претставува надополнување и континуитет на додипломскаста програма Меѓународни комуникации понудена од Факултетот за јазици, култури и комуникација при УЈИЕ.
Целта на оваа програма е да се подготват студентите како идни научни истражувачи и/или експерти коишто ќе бидат способни да ги анализираат комуникациските феномени и процеси во меѓународен контекст, да ги проучуваат меѓународните медиуми, да ги анализираат и да ги интерпретираат политичките и социјалните процеси од аспектот на трендовите на меѓународните комуникации итн.
Со интеграцијата во Европската унија и во НАТО на земјите од регионот, владините и невладините институции во земјите-членки или во земјите-кандидати имаат потреба повеќе од кога и да било за експерти и специјалисти од областа на меѓународните комуникации кои ќе ги спреведуваат комуникациите меѓу соодветните единици и оддели на институциите со центрите во Брисел, со институциите на другите земји.

Целите на оваа програма се студентите: 
- Да стекнуваат знаења за менаџирање на процесот на комунцирање во меѓународен контекст.
- Да планираат меѓународни комуникации со меѓународните органаизации и во рамките на меѓунардоните организации.
- Да спроведуваат меѓународни комуникациски кампањи.
- Да евалуираат резултати од меѓународните комуникации меѓу институциите во меѓународни односи.
- Да вреднуваат дипломатски односи и функции меѓу земји и институции во однос на комуникациите.
- Да стекнуваат знаења за различните теории за комуникациите, меѓукултурните комуникации и лидершипот во меѓунардоните комуникации, за научно-методолошки прашања поврзани со комуницирањето во меѓународен контекст, како и аналитички и креативни вештини за преговарањето.
- Да стекнуваат практично знаење за анализирање на меѓународните комуникации меѓу институциите, земјите и групите, разбирање за: начинот на функционирање на меѓународните медиуми, практиките на меѓународниот менаџмент, лидершипот, пораките во меѓународните комуникации, како и да ги развиваат ефективните вештини и комуникациските кампањи во процесот на меѓународна комуникација.
 

По завршување на магистерската програма по Меѓународни комуникации студентите може да работат како научни истражувачи или обучувачи од областа на меѓународните комуникации, како и да се вработат како менаџери, специјалисти, консултанти и советници за комуникации или/и меѓународни комуникации во:
- меѓународни организации,
- амбасади,
- мултинационални корпорации,
- медиуми,
- агенции за односи со јавноста,
- дипломатски мисии,
- невладини меѓународни организации итн.

Знаење и разбирање

- Стекнување знаење и разбирање на комуникацискиот процес воопшто и поседување продлабочени знаења за главните теории и пристапи од меѓународните комуникации.
- Стекнување напредни познавања за: меѓународните комуникациски модели, видовите комуникациски кампањи и стратегии за односи со јавност, основните карактеристики на дипломатијата и начинот на функционирање на меѓународните организации.
- Развивање аналитичко и критично мислење за меѓународните комуникации и за нивните стратегии и тактики.
- Оригиналност во применување на автономни идеи за создавање комуникациска порака во меѓународни и дипломатски односи како и компетентно пишување и зборување во јавност и во приватна атмосфера за прашања поврзани со меѓународните комуникации.
- Утврдување стратегија за развивање на комуникацијата со (и во рамките на) меѓународните организации и особено објаснување и класифицирање комуникациски модели и алатки во развивањето и во примената на меѓународните комуникации
- Стекнување напредно практично искуство за меѓународна комуникација.

Примена на знаењето и разбирањето

- Да планираат и да водат преговори со меѓународните институции и да посредуваат во разрешувањето на конфликтите меѓу две или повеќе страни.
- Да планираат, да раководат и да вреднуваат истражувачки проекти од областа на меѓународните комуникации и да бидат аналитични во областа на меѓународната комуникација.
- Да имаат способност за одржување професионални и институционални комуникации со меѓународни учесници и институции и да развиваат односи за јавноста и комуникациски кампањи на национално и глобално ниво.
- Да имаат способност да управуваат и да вреднуваат програми и позиции на разни меѓунардони институции и да водат тренинзи и да даваат експертски совети за комуникациски вештини од национален и меѓународен аспект.
- Детално да ја организираат и да ја структурираат содржината на комуникациската порака во нејзините главни сегменти во меѓународен контекст: информираност, свесност, убедување, повратна информација и транспарентност.
- Да набљудуваат, да истражуваат и да анализираат одредени комуникациски ситуации при комуницирањето во меѓународните односи и дипломатијата за прашања поврзани со меѓународните медиуми, лидершипот и комуницирањето, меѓукултурната комуникација, глобализацијата и новите медиуми.

Способност за проценка

- Способност за процена и за избор на стратегии во меѓународните комуникации и поконкретно способност за процена и за избор на каналите и моделите за комуницирање со меѓународните институции и во нивни рамки.
- Право на избор на формите на меѓународните комуникациски кампањи, работата со меѓународните медиуми и вреднување на најсоодветните нови медиуми за одредена комуникациска порака при процесот на меѓународното комуницирање.
- Одлуки за селекција на аргументите и фактите за ефективна комуникациска порака во меѓународните односи, дипломатијата и во преговарањето.
- Идентификација на силните и на слабите страни во менаџирањето на одредени комуникациски стратегии во меѓународниот контекст.
- Способност да се вклучуваат на професионално ниво во медиумски и други јавни дебати и да ги аргументираат своите ставови, поткрепени со факти, за теми поврзани со комуникациите, новите медиуми, објективноста во меѓународните комуникации, креирањето на јавното мислење итн.

Комуникациски вештини

- Да планираат, да спроведуваат и да вреднуваат презентации на нови идеи, концепти и стратегии од областа на меѓународната комуникација.
- Да составуваат агенда за комуницирање на пораки, идеи и на одлуки на институциите и организациите во практикувањето на меѓународните комуникации.
- Да имаат напредни познавања на странските јазици за меѓународната комуникација на академско ниво.
- Да даваат јасна и кохерентна професионална презентација за некоја тема или задача поврзана со меѓународните комуникации употребувајќи референтни примери и решенија.
- Да користат напредни извори за понатамошно усовршување и за имплементација на стекнатите знаења.
- Професионално и елоквентно медиумски да се изразуваат, како и да стекнат вештини за јавно говорење за прашања и теми поврзани со меѓународните комуникации.
- Да организираат, да водат и да развиваат професионални дебати и професионално/експертски да дебатираат на теми поврзани со меѓународните комуникации.
- Специјалистите по меѓународни комуникации да креираат стратегии за комуницирање во меѓународна средина, да применуваат соодветни тактики и алатки за реализација на меѓународните комуникациски стратегии и планови, да олеснуваат и/или да посредуваат при преговори за разрешување некој конфликт од комуникациска природа во меѓународен контекст.

Вештини на учење

- Да поседуваат професионална/експертска способност да прават анализи од областа на меѓународната комуникација и да користат научна литература и преглед од други автори.
- Да ги продлабочуваат теоретските знаења преку проблематизирање на разновидни комуникациски ситуации во меѓународните односи, дипломатијата и преговорите
- Да формулираат истражувачко прашање и да изработуваат прашалници како и други научни методи при научни истражувања од областа на меѓународните комуникации.
- Да ја анализираат  публиката/јавноста.
- Да преземаат иницијативи и одговорност за креирање глобални комуникациски политики во институциите.

Семестар 1

  • [MIC-101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Предметот е фокусиран на проблемите на квантитативните и квалитативните методи и техники и на магистерската теза, нејзината структура и нејзините стандарди. Во рамките на предметов се опфаќа и селекцијата на прибраниот фактографски материјал, а неговата анализа и научна интерпретација претставуваат значајна компонента за испитувањето на причинско-последичните односи.
  • [MIC-103] [6 ЕКТС] Преговори
    Предметот е фокусиран на теоријата на преговарање и на нејзината практична примена во врска со планирањето на преговорите, понатаму улогата на третата страна, креирањето и водењето стратегија за преговори за разрешување одреден спор итн.
  • [MIC-201] [6 ЕКТС] Меѓународна комуникација
    Овој предмет се однесува на: меѓународните комуникациски системи, процесот на меѓународна комуникација, современите теоретски пристапи во разработката и градењето на културните политики, стратегиите и критериумите во меѓукултурната комуникација, како и менаџирањето на меѓукултурните конфликти. Исто така, во рамките на предметот ќе се дискутира и за културните прашања на идентитетот во мултиетничките општества.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MIC-203] Меѓународни односи
    • [MIC-102] Напредна комуникациска теорија
    • [MIC-303] Глобализацијата и новите медиуми
    • [EMIC-102] Меѓународните организации и комуницирањето
    • [EMIC-103] Напреди принципи и практики на интервјуирање
    • [MIC-301] Дипломатија: теорија и практика
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MIC-203] Меѓународни односи
    • [MIC-102] Напредна комуникациска теорија
    • [MIC-303] Глобализацијата и новите медиуми
    • [EMIC-102] Меѓународните организации и комуницирањето
    • [EMIC-103] Напреди принципи и практики на интервјуирање
    • [MIC-301] Дипломатија: теорија и практика

Семестар 2

  • [LCC-THESIS-60] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по меѓународни комуникации.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
Google+