Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународни комункикации

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-MIC120C
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Магистер по меѓународни комуникации
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Програмата Меѓународни комуникации е дизајнирана да придонесе за современо специјалистичко образование и за развивање на научноистражувачки капацитети.  Притоа  студентите ќе бидат подготвени да ги планираат, да ги раководат и да ги спроведуваат комуникациите на современи институции и организации во однос на  европските и евроатлантските организации и поопшто во меѓународните односи и дипломатијата.
Програмата е дизајнирана според најсовремените трендови од областа на апликативните комуникации во меѓународен контекст и таа претставува надополнување и континуитет на додипломскаста програма Меѓународни комуникации понудена од Факултетот за јазици, култури и комуникација при УЈИЕ.
Целта на оваа програма е да се подготват студентите како идни научни истражувачи и/или експерти коишто ќе бидат способни да ги анализираат комуникациските феномени и процеси во меѓународен контекст, да ги проучуваат меѓународните медиуми, да ги анализираат и да ги интерпретираат политичките и социјалните процеси од аспектот на трендовите на меѓународните комуникации итн.
Со интеграцијата во Европската унија и во НАТО на земјите од регионот, владините и невладините институции во земјите-членки или во земјите-кандидати имаат потреба повеќе од кога и да било за експерти и специјалисти од областа на меѓународните комуникации кои ќе ги спреведуваат комуникациите меѓу соодветните единици и оддели на институциите со центрите во Брисел, со институциите на другите земји.

Целите на оваа програма се студентите: 
- Да стекнуваат знаења за менаџирање на процесот на комунцирање во меѓународен контекст.
- Да планираат меѓународни комуникации со меѓународните органаизации и во рамките на меѓунардоните организации.
- Да спроведуваат меѓународни комуникациски кампањи.
- Да евалуираат резултати од меѓународните комуникации меѓу институциите во меѓународни односи.
- Да вреднуваат дипломатски односи и функции меѓу земји и институции во однос на комуникациите.
- Да стекнуваат знаења за различните теории за комуникациите, меѓукултурните комуникации и лидершипот во меѓунардоните комуникации, за научно-методолошки прашања поврзани со комуницирањето во меѓународен контекст, како и аналитички и креативни вештини за преговарањето.
- Да стекнуваат практично знаење за анализирање на меѓународните комуникации меѓу институциите, земјите и групите, разбирање за: начинот на функционирање на меѓународните медиуми, практиките на меѓународниот менаџмент, лидершипот, пораките во меѓународните комуникации, како и да ги развиваат ефективните вештини и комуникациските кампањи во процесот на меѓународна комуникација.

По завршување на магистерската програма по Меѓународни комуникации студентите може да работат како научни истражувачи или обучувачи од областа на меѓународните комуникации, како и да се вработат како менаџери, специјалисти, консултанти и советници за комуникации или/и меѓународни комуникации во:
- меѓународни организации,
- амбасади,
- мултинационални корпорации,
- медиуми,
- агенции за односи со јавноста,
- дипломатски мисии,
- невладини меѓународни организации итн.

Знаење и разбирање

- Стекнување знаење и разбирање на комуникацискиот процес воопшто и поседување продлабочени знаења за главните теории и пристапи од меѓународните комуникации.
- Стекнување напредни познавања за: меѓународните комуникациски модели, видовите комуникациски кампањи и стратегии за односи со јавност, основните карактеристики на дипломатијата и начинот на функционирање на меѓународните организации.
- Развивање аналитичко и критично мислење за меѓународните комуникации и за нивните стратегии и тактики.
- Оригиналност во применување на автономни идеи за создавање комуникациска порака во меѓународни и дипломатски односи како и компетентно пишување и зборување во јавност и во приватна атмосфера за прашања поврзани со меѓународните комуникации.
- Утврдување стратегија за развивање на комуникацијата со (и во рамките на) меѓународните организации и особено објаснување и класифицирање комуникациски модели и алатки во развивањето и во примената на меѓународните комуникации
- Стекнување напредно практично искуство за меѓународна комуникација.

Примена на знаењето и разбирањето

- Да планираат и да водат преговори со меѓународните институции и да посредуваат во разрешувањето на конфликтите меѓу две или повеќе страни.
- Да планираат, да раководат и да вреднуваат истражувачки проекти од областа на меѓународните комуникации и да бидат аналитични во областа на меѓународната комуникација.
- Да имаат способност за одржување професионални и институционални комуникации со меѓународни учесници и институции и да развиваат односи за јавноста и комуникациски кампањи на национално и глобално ниво.
- Да имаат способност да управуваат и да вреднуваат програми и позиции на разни меѓунардони институции и да водат тренинзи и да даваат експертски совети за комуникациски вештини од национален и меѓународен аспект.
- Детално да ја организираат и да ја структурираат содржината на комуникациската порака во нејзините главни сегменти во меѓународен контекст: информираност, свесност, убедување, повратна информација и транспарентност.
- Да набљудуваат, да истражуваат и да анализираат одредени комуникациски ситуации при комуницирањето во меѓународните односи и дипломатијата за прашања поврзани со меѓународните медиуми, лидершипот и комуницирањето, меѓукултурната комуникација, глобализацијата и новите медиуми.

Способност за проценка

- Способност за процена и за избор на стратегии во меѓународните комуникации и поконкретно способност за процена и за избор на каналите и моделите за комуницирање со меѓународните институции и во нивни рамки.
- Право на избор на формите на меѓународните комуникациски кампањи, работата со меѓународните медиуми и вреднување на најсоодветните нови медиуми за одредена комуникациска порака при процесот на меѓународното комуницирање.
- Одлуки за селекција на аргументите и фактите за ефективна комуникациска порака во меѓународните односи, дипломатијата и во преговарањето.
- Идентификација на силните и на слабите страни во менаџирањето на одредени комуникациски стратегии во меѓународниот контекст.
- Способност да се вклучуваат на професионално ниво во медиумски и други јавни дебати и да ги аргументираат своите ставови, поткрепени со факти, за теми поврзани со комуникациите, новите медиуми, објективноста во меѓународните комуникации, креирањето на јавното мислење итн.

Комуникациски вештини

- Да планираат, да спроведуваат и да вреднуваат презентации на нови идеи, концепти и стратегии од областа на меѓународната комуникација.
- Да составуваат агенда за комуницирање на пораки, идеи и на одлуки на институциите и организациите во практикувањето на меѓународните комуникации.
- Да имаат напредни познавања на странските јазици за меѓународната комуникација на академско ниво.
- Да даваат јасна и кохерентна професионална презентација за некоја тема или задача поврзана со меѓународните комуникации употребувајќи референтни примери и решенија.
- Да користат напредни извори за понатамошно усовршување и за имплементација на стекнатите знаења.
- Професионално и елоквентно медиумски да се изразуваат, како и да стекнат вештини за јавно говорење за прашања и теми поврзани со меѓународните комуникации.
- Да организираат, да водат и да развиваат професионални дебати и професионално/експертски да дебатираат на теми поврзани со меѓународните комуникации.
- Специјалистите по меѓународни комуникации да креираат стратегии за комуницирање во меѓународна средина, да применуваат соодветни тактики и алатки за реализација на меѓународните комуникациски стратегии и планови, да олеснуваат и/или да посредуваат при преговори за разрешување некој конфликт од комуникациска природа во меѓународен контекст.

Вештини на учење

- Да поседуваат професионална/експертска способност да прават анализи од областа на меѓународната комуникација и да користат научна литература и преглед од други автори.
- Да ги продлабочуваат теоретските знаења преку проблематизирање на разновидни комуникациски ситуации во меѓународните односи, дипломатијата и преговорите
- Да формулираат истражувачко прашање и да изработуваат прашалници како и други научни методи при научни истражувања од областа на меѓународните комуникации.
- Да ја анализираат  публиката/јавноста.
- Да преземаат иницијативи и одговорност за креирање глобални комуникациски политики во институциите.

Семестар 1

  • [MIC-103] [6 ЕКТС] Преговори
    Предметот е фокусиран на теоријата на преговарање и на нејзината практична примена во врска со планирањето на преговорите, понатаму улогата на третата страна, креирањето и водењето стратегија за преговори за разрешување одреден спор итн.
  • [MIC-201] [6 ЕКТС] Меѓународна комуникација
    Овој предмет се однесува на: меѓународните комуникациски системи, процесот на меѓународна комуникација, современите теоретски пристапи во разработката и градењето на културните политики, стратегиите и критериумите во меѓукултурната комуникација, како и менаџирањето на меѓукултурните конфликти. Исто така, во рамките на предметот ќе се дискутира и за културните прашања на идентитетот во мултиетничките општества.
  • [MIC-102] [6 ЕКТС] Напредна комуникациска теорија
    Во рамките на предметот се истражуваат теориите на комуникација, нивната анализа во дискурсите и наративната анализа. Се анализира и човекот или личноста преку моделот на дискурсот, кој пред нас ги донесува едукативниот модел и културните карактеристики на автентичноста.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MIC-303] Глобализацијата и новите медиуми
    • [EMIC-102] Меѓународните организации и комуницирањето
    • [EMIC-103] Напреди принципи и практики на интервјуирање
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [EMIC-101] [6 ЕКТС] Меѓународни комуникациски системи
    Во рамките на овој предмет е опфатено: запознавање и елаборирање на комуникациските системи во Европа и во светот, нивните заеднички карактеристики и специфичности, со посебен акцент на европската практика, во земјите од Европската Унија. Меѓу другото ќе се изучуваат следниве теми: дефинирање на комуникацискиот систем и неговата структура (сфера на настани, сфера на медуми, сфера на примена, нормативна основа (врска на комуникацискиот систем со други системи), типологизација на комуникациските системи (традиционални, комерцијални, модели на јавни служби, мешовити), карактеристики, нивна поделба според критериумот на сопственост, степенот на развиеност, општествениот систем, односите на комуникацискиот систем со другите системи во опкружувањето.
  • [MIC-202] [6 ЕКТС] Политички лидершип
    Овој предмет е фокусиран на разните стилови на политичкиот лидершип и на соодветните техники и стратегии на односи со јавноста што треба да се применат. Исто така се анализираат и способностите на политичките лидери при нивното јавно говорење. Се изучуваат разните видови и форми на политичкиот лидершип.
  • [MIC-203] [6 ЕКТС] Меѓународни односи
    Во рамките на предметот ќе се изучуваат напредните концепти и ќе се истражуваат напредните процеси и феномени во меѓународните одоси. Предметот е фокусиран на изучувањето и на анализирањето на природата, динамиката и структурата на системот на меѓународните односи и на неговиот развој од перспективата на секоја од доминантите теории на меѓународните односи, кои обично ги толкуваат на сосема спротивставен начин случувањата во мегународната сцена. Освен изучувањето на доминантите теории од областа на меѓународните односи, во рамките на предметот ќе се анализираат и современи политички и безбедносни проблеми во светот денеска од погледот на секоја од теориите на меѓународните односи.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMIC-201] Меѓукултурна комуникација
    • [EMDP3020] Дипломатски протокол
    • [EMIC-301] Комуникациски кампањи

Семестар 3

  • [MIC-101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Предметот е фокусиран на проблемите на квантитативните и квалитативните методи и техники и на магистерската теза, нејзината структура и нејзините стандарди. Во рамките на предметов се опфаќа и селекцијата на прибраниот фактографски материјал, а неговата анализа и научна интерпретација претставуваат значајна компонента за испитувањето на причинско-последичните односи.
  • [6 ЕКТС] Дипломатија: теорија и практика
    Предметот е фокусиран на: теоретските и практичните објаснување на пристапите во дипломатијата, дефинирањето на надворешно-политичката состојба, местото, изборот и средствата во креирањето на дипломатијата, облиците на односите и релациите во меѓународната заедница, како и на креирањето конкретни видови стратегии со примена на одделни техники и вештини и алтернативни методи. Притоа од особено значење ќе биде разработката на компаративните дипломатии на одделни земји во однос на добрососедската политика, нерешените проблеми од регионален аспект и отворените прашања на глобално ниво.
  • [MIC-302] [6 ЕКТС] Политичка комуникација
    Во рамките на предметот Политичка комуникација се проучува, се објаснува и се анализира политичката комуникација, која има историја од кога постои политичката заедница. Не се однесува на историската страна, туку се задржува на модерните времиња и на политичката актуелност.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMIC-302] Меѓународен менаџмент: теорија и практика
    • [EMIC-303] Комуникациски пристап кон семиотиката
    • [EMIC-304] Англиски јазик за меѓународна комуникација
    • [EMIC-104] Јавно мислење
    • [EMIC-306] Меѓународни комуникации и социјални мрежи
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMIC-302] Меѓународен менаџмент: теорија и практика
    • [EMIC-303] Комуникациски пристап кон семиотиката
    • [EMIC-304] Англиски јазик за меѓународна комуникација
    • [EMIC-104] Јавно мислење
    • [EMIC-306] Меѓународни комуникации и социјални мрежи

Семестар 4

  • [LCC-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по меѓународни комуникации.
Google+