Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Европски студии

Заедничка диплома
Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: N-MESJD120C
Академска година: 2014 / 2015
Титула: Магистер по европски студии
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Преку студиската програма по прв и втор циклус Европски студии студентите ќе бидат квалификувани за самостојна и аналитичка работа во областа на европските прашања на национално ниво  и на ниво на Европската унија. Програмата од двата циклуса интегрира неколку дисциплини на европски студии: политички науки (особено меѓународни односи и компаративна политика), економија, право, општествени науки (со посебен осврт на методолошките вештини) и комуникација (нагласувајќи ја важноста на два странски јазици) со нивната примена во централните прашања на европската интеграција (ЕУ) и во пошироката изградбата на Европа. Програмите од прв и втор циклус се поврзани, но тие може да се изучуваат и самостојно, бидејќи тие се концептуализирани како самостојни целини.

Преку студиската програма Европски студии ќе се квалификуваат студентите за вработување во институциите на ЕУ и во другите (европски) меѓународни организации, на национално ниво, а  особено министерствата за надворешни работи, министерствата за европски прашања, министерствата за економски и социјален развој. Како можност за вработување се и институциите на регионално ниво (од општините и градовите), невладини организации, медиуми и политички партии; експертиза во полето на процесите и политиките на ЕУ. Исто така, дипломираните се соодветни и за бизнис-секторот во рамките на ЕУ, но и надвор од неа.

Знаење и разбирање

- Покажува основни знаење и разбирање за научното поле на проучување (или студирање), идентификувајќи методологии соодветни за решавање на проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето;
- Способност за идентифукување на проширено и продлабочено знаење;
- Покажува ниво на знаење и компетентност во едно или повеќе специфични научни полиња;
- Поседува знаење од една или повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.

Примена на знаењето и разбирањето

Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со полето на студирање.

Способност за проценка

- Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето;
- Способност за справување со прашања, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и процена;
- Способност за идентификување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување нови анализи и решенија на научна основа.

Комуникациски вештини

- Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено;
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.

Вештини на учење

- Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во општествени рамки;
- Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и  за усовршување.

Семестар 1

  • [MES-101] [9 ЕКТС] ЕУ политики
    Предметот е фокусиран на следниве теми: - Анализа на политиките во решавањето на општествените проблеми; - Историските околности за потеклото на модерната анализа на политиките; сегашниот развој на анализа на политиките и современите трендови во истражувањето; специфичноста на развојот на анализа на политиките во различните земји – примери на САД, Велика Британија, Германија, Словенија ...); - Процесот и циклусот на политиките- (структура / фази на процесот и циклусот на креирање политики; односот меѓу фазите на процесот на политиките; утврдувањето на агенда и алтернативни решенија за општествените проблеми); - Актери во процесот на креирање на политиките (простор и мрежа на политиките) и специфичностите на државните актери (политички инструменти); - Видови анализи на политиките, истражувачки пристапи и модели на анализа на политиките (плурализам во пристапот и моделите, аналитичка применливост на моделите); - Релевантноста на теоријата, пристапи и концепти за анализа на истражување на политиките и имплементација на заедничките европски политики во околностите на многустепеното владеење; - Применета анализа на политиките; кохезија (прераспределување на политиката на ЕУ), животната средина (регулатива на политиките на ЕУ) и образование (политика што се спроведува според отворениот метод на координација).
  • [MES-102] [6 ЕКТС] ЕУ во глобалната економија
    Целта на предметот е да се обрне внимание на улогата на ЕУ во светската економија и на односите на ЕУ со клучните актери на меѓународната економија (САД, БРИК). Во рамките на овој предмет се проучуваат најважните фактори на економијата и главните карактеристики на политиките на ЕУ; поконкретно се испитуваат тековните политички дилеми на ЕУ. Акцентот е ставен врз споредбата на ЕУ со глобалните економски актери, врз идентификувањето на компаративните предности и недостатоците на ЕУ и врз можноста за подобрување на положбата на ЕУ во глобални размери.
  • [3 ЕКТС] Стручен странски јазик 1
    • [MES-103] Германски јазик 1
    • [MES-203] Германски јазик 2
    • [MES-104] Албански јазик
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет по странски јазик 1
    • [MES-EN-01] Напреден англиски јазик и терминологија 1
    • [MES-EN-02] Напреден англиски јазик и терминологија 2
    • [MES-EN-03] Напреден англиски јазик и терминологија 3
    • [MES-DE-01] Германски јазик 1
    • [MES-DE-02] Германски јазик 2
    • [MES-DE-03] Германски јазик 3
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MES-201] [9 ЕКТС] Теории на европската интеграција
    Целта на предметот е да се обрне внимание на основните теории за европската интеграција (федерализмот, функционализмот и неофункционализмот, либералната теорија за меѓувладината соработка) и на теоријата за меѓународните односи и политички науки во контекст на нивната (не)применливост во толкувањето и разбирањето на европската интеграција. Студентите ќе стекнат подетален увид за: теоретските пристапи, разбирањето на потеклото и развојот на европската интеграција со читање на основните теоретски текстови на автори како што се David Mitrany, Ernst Haas, Karl Deutsch, Stanley Hoffman, Philippe Schmitter, Robert Keohane, Wayne Sandholtz, Andrew Moravcsik, Fritz Scharpf, Gary Marks и Thomas Risse. Постојните теории на предметот,нудат и можност за апликација на теориите во поединечни политики (врз заедничката надворешна и безбедносна политика, правдата и внатрешните работи, економската и монетарната унија) и во повторувањето на процесите на Европската унија, како што е проширувањето на ЕУ и создавањето европски одбранбен идентитет.
  • [MES-202] [6 ЕКТС] Право на Европска Унија
    Целта на предметот е да се обрне внимание на основните теории за европската интеграција (федерализмот, функционализмот и неофункционализмот, либералната теорија за меѓувладината соработка) и на теоријата за меѓународните односи и политички науки во контекст на нивната (не)применливост во толкувањето и разбирањето на европската интеграција. Студентите ќе стекнат подетален увид за: теоретските пристапи, разбирањето на потеклото и развојот на европската интеграција со читање на основните теоретски текстови на автори како што се David Mitrany, Ernst Haas, Karl Deutsch, Stanley Hoffman, Philippe Schmitter, Robert Keohane, Wayne Sandholtz, Andrew Moravcsik, Fritz Scharpf, Gary Marks и Thomas Risse. Постојните теории на предметот,нудат и можност за апликација на теориите во поединечни политики (врз заедничката надворешна и безбедносна политика, правдата и внатрешните работи, економската и монетарната унија) и во повторувањето на процесите на Европската унија, како што е проширувањето на ЕУ и создавањето европски одбранбен идентитет.
  • [3 ЕКТС] Стручен странски јазик 2
    • [MES-103] Германски јазик 1
    • [MES-203] Германски јазик 2
    • [MES-104] Албански јазик
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет по странски јазик 2
    • [MES-EN-01] Напреден англиски јазик и терминологија 1
    • [MES-EN-02] Напреден англиски јазик и терминологија 2
    • [MES-EN-03] Напреден англиски јазик и терминологија 3
    • [MES-DE-01] Германски јазик 1
    • [MES-DE-02] Германски јазик 2
    • [MES-DE-03] Германски јазик 3
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [MES-301] [9 ЕКТС] Истражувачки семинар - подготовка на теза
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со различни методи на истражување и составување сопствен предлог за истражување, кое би можеле да го користат за подготовка на нивните магистерски трудови. Содржината на предметот вклучува различни методолошки пристапи и принципи (почнувајќи од рационализам до релативизам). Се вклучени квантитативни, квалитативни и комбинирани методи за истражување со објективен и реален пристап. Во рамките на применета на методите на истражување посебен осврт е дадено на: (i) собирање податоци и оцена на нивниот квалитет; за првичните податоци (анкети, интервјуа, фокус-групи) и за секундарните податоци (посебно внимание се посветува на податоците на Еуростат), (ii) анализа на податоците и (iii) интерпретација на резултатите. За овој предмет познавањето на основите по предметот Статистика и истражувачките методи (многуваријантниот метод или економетрија) е препорачливо.
  • [MES-302] [6 ЕКТС] Современи прашања на Европската Унија како глобален актер
    Целта на овој предмет е да се обврне внимание на:политичките, економските, културните, развојните, општествените, правните, еколошките, енергетските прашања, како и на бизнис-прашањата и сличните прашања на ЕУ како глобален актер. Целта на предметот е и да се објаснат концептите како што се: регион, регионализам, регионализација, нивото на регионализмот и меѓурегионалноста. Во оваа конотација во рамките на предметот посебно внимание се обрнува на теоретскиот пристап за регионализмот, меѓурегионалноста и на историскиот развој на овие теории и концепти кој ги поставува како основа на емпириската анализа. Понатаму,овој пристап се развива како мрежа и се идентификуваат актерите на регионализмот и регионализацијата и се вклучуваат во меѓурегионалната анализа и нивниот однос кон ЕУ. Овој пристап се развива врз база на вклучување кон: 1) институционалните региони ("pure" interregionalism): ЕУ во рамките на американските големи региони и подрегиони (како на пр.: OAS, Unasur, Mercosur и Andean Community), на африканските големи региони и подрегиони (пр.: African Union, SADDC, ECOWAS), на азиските подрегиони (пр.: ASEAN), пацифичките подрегиони (Pacific Islands Forum) и на Арапскиот Полуостров (Арапска лига), вклопување кон 2) неинституционализирани региони (хибриден меѓу регионализам): ЕУ на Унија на Медитеранот, EU-ACP) и кон 3) трансрегионални заедници како што се Asia-Europe Meeting – ASEM.
  • [MES-303] [3 ЕКТС] Практична работа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMES-301] Европска надворешна политика
    • [EMES-302] Европска безбедност
    • [EMES-303] Анализа на eвропски вредности
    • [EMES-304] ЕУ дипломатија
    • [EMES-305] Доброто владеење во ЕУ
    • [EMES-306] ЕУ и глобален развој
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMES-301] Европска надворешна политика
    • [EMES-302] Европска безбедност
    • [EMES-303] Анализа на eвропски вредности
    • [EMES-304] ЕУ дипломатија
    • [EMES-305] Доброто владеење во ЕУ
    • [EMES-306] ЕУ и глобален развој

Семестар 4

  • [PAPS-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - Пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено да се направи има за цел подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+