Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Дипломатија

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: N-MPADIPL120C
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Магистер по дипломатија
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програма “Дипломатија” е дизајнирана да го развие концептуалното разбирање на студентите за практиките и процедурите на модерната дипломатија и да им помогне ефективно да работат во дипломатската заедница. Таа е дизајнирана за дипломати, високи службеници во различни министерски претставништва во странство, членови на меѓународни и регионални организации и за службеници во невладини организации и мултинационални корпорации. Оваа програма, исто така, е наменета за оние кои во иднина сакаат да развијат дипломатска кариера или да работат во други владини сектори или мултинационални компании. Оваа програма е комбинација од академски студии и професионален тренинг. Областа на меѓународните и културните комуникации, меѓународното право и меѓународната економија се надополнуваат со академските дисциплини кои се изучуваат. Професионалните предмети ќе ги предаваат дипломати, политичари и високи владини службеници кои ќе предаваат како визитинг-професори. Програмата се состои од 120 ЕКТС, а се врши преку редовни студии трае четири семестри (Секој семестар носи 30 кредити).

Студентите кои ќе ја следат оваа програма ќе можат да работат во министерствата за надворешни работи, во владиниот сектор и на полето на меѓународната дипломатија. Некои можат да работат во: бизнис-секторот, правниот сектор, полиција, банки, новинарството, консултантски менаџмент, библиотекарството и да бидат предавачи.

Знаење и разбирање

- Има длабоки знаења и компетентно разбирање на теориите во областа на дипломатија.
- Има специфични знаења за преговорите, медијацијата и за другите начини за решавање конфликти.
- Има одредени знаења за улогата на меѓународните организации во дипломатијата.
- Има јасни знаења и разбирања за надворешната политика и за главните актери (државни и недржавни) кои ја сочинуваат динамичната мрежа на министерството за надворешни работи.

Примена на знаењето и разбирањето

- Може да се вклучува успешно во мали дипломатски задачи, да работи во дипломатски претставништва или во сектори за надворешни работи во рамките на различни министерства и да биде член на меѓународни трговски организации и на други институции.
- Може да работи како член на тимот за развој на преговарачките позиции за меѓународни правни прашања.
- Може да ја толкува теоретската перспектива во меѓународните односи во одредени случаи.
- Ја опишува улогата на дипломатијата во светската политика.

Способност за проценка

- Расудува за тековната дипломатија и за процесите на меѓународно ниво.
- Оценува статии со различна комплексност за меѓународни теми.
- Има способност да интерпретира релевантни податоци за расудување кои се одраз на релевантни дипломатски прашања.
- Може да направи критично размислување и да дава критички ставови за работата на дипломатските организации како што е министерството за надворешни работи и за работат на дипломатските мисии.

Комуникациски вештини

- Може да пишува писма во рамките на соодветно дипломатско комуницирање.
- Може да пишува и да презентира научни трудови и да подготви истражувачки проекти од областа на дипломатијата.
- Може да презентира на аудиториум форми на решавање специфични проблеми во меѓународните односи и дипломатијата.
- Може да развие соодветна дипломатска комуникација и да користи соодветна терминологија со претставници на дипломатските мисии во Македонија.

Вештини на учење

- Може да ги зголеми професионалните знаења работејќи во дипломатските претставништва.
- Способен е да ги идентификува личните потреби за натамошни знаења и да продолжи со индивидуално учење за глобалните прашања.
- Може да преземе и да примени нов транспарентен начин во македонската дипломатија со цел да се реализира евроатлантската перспектива на земјава.

Семестар 1

  • [MDP-01] [6 ЕКТС] Политичка анализа
    Цели на предметната програма: - Познавање аналитички и методолошки пристапи во политичката анализа. - Способност критички да оценува и да примени теории и методи во политиката. - Познавање аналитички дебати во политиката. - Способност да се анализираат аспекти во политиката од различни перспективи. - Способноста да се применуваат теории на студии на случај.
  • [MCDP1020] [6 ЕКТС] Меѓународни институции
    Преку овој предмет се опфаќаат теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимание се посветува на нивната улога во решавање на колективните прашања и на проблемите во глобалната политика. Фокусот е поставен на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото. Фокусот е врз главните тела воспоставени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели.
  • [MDP-02] [6 ЕКТС] Јавна дипломатија
    Целта на предметот е да се претстават разликата меѓу традиционалната дипломатија и јавната дипломатија и важноста на јавната дипломатија во меѓународните односи, понатаму да се утврдат начинот на влијание на јавната дипломатија и разликите според развојните процеси во државите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCDP2020] Европска Унија: институции, политики и право
    • [EMPS2040] Анализа на надворешна политика
    • [MCDP1030] Историја на дипломатијата
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [EMDP-01] Меѓународен бизнис
    • [EMDP-02] Современи политички системи
    • [EMDP3020] Дипломатски протокол
    • [EMDP-03] Компаративни политички и административни системи
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MCPS3010] [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со базичните концепти на меѓународното јавно право, честопати идентификувано со меѓународното право воопшто, кое своите основи ги добива во седумнаесеттиот век, како право на нациите, за што сведочи и името на денес најзначајната универзална организација - Обединетите нации. Ќе се запознаат со современото меѓународно јавно право кое ги уредува односите меѓу држави, меѓу држави и меѓународни организации, меѓусебните односи на меѓународните организации и однесувањата на физичките и на правни лица за кои државите и меѓународните организации сметаат дека се важни за меѓународната заедница.
  • [MDP-03] [6 ЕКТС] Консуларно и дипломатско право
    Во рамките на овој предмет се дава преглед на дипломатското право и конзуларното право, нивниот историски развиток, случаите од практиката во врска со примената на тие правила, опсегот на дипломатските и конзуларните агенти кои ја практикуваат дипломатијата, проблемите поврзани со имплементација на дипломатското и конзуларното право во националните системи. Исто така, во рамките на предметот се анализираат и се изучуваат принципите на ова мегународно право, нивната примена и не примена и неговото влијание на меѓудржавните политички односи, како и искористувањето на дипломатските односи во мегународните конфликти. Предметот ќе се концентрира и на формалните услови за функционирање на овие две професии (дипломат и конзул) базирана на дипломатското и конзуларно право.
  • [MCDP2010] [6 ЕКТС] Меѓународни односи
    Преку предметот студентите треба да се поттикнат да размислуваат за тоа што се случува во светот, да ги совладаат теориите и случувањата кои се однесуваат на меѓународните односи, да се запознаат со теоретските компоненти во меѓународните односи, клучните идеи и дебати во областа на меѓународните односи, особено со основните концепти, актерите во меѓународните односи, надворешната политика, моќта во меѓународните односи. Предавањата ќе бидат фокусирани и на: меѓународната политичка економија и политиката на глобална благосостојба, постојните и идните проблем во меѓународниот систем, вклучувајќи ги вооружените конфликти, економијата, демографијата и животната средина..
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCDP2020] Европска Унија: институции, политики и право
    • [EMPS2040] Анализа на надворешна политика
    • [MCDP1030] Историја на дипломатијата
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [EMDP-01] Меѓународен бизнис
    • [EMDP-02] Современи политички системи
    • [EMDP3020] Дипломатски протокол
    • [EMDP-03] Компаративни политички и административни системи
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [MCPA1010] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се нудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изноаѓање на истражувачко прашање и создавање на методи за прибирање на податоци преку и кавалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники,како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање на хипотези.Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање на податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитатаивни податоци, финално ставање на сите тероетски и практични дејствија во функција на дисајнирање и пишување на тезата.
  • [MDP-04] [6 ЕКТС] Глобализација
    - Студентите ќе имаат подлабоко концептуалното разбирање на глобализацијата како феномен кој го изедначува светот (Фридман). - Имаат визија за себеси и за општеството во услови на глобализација. - Способни се да дебатираат на интелигентен начин глобализацијата во различни димензии: економска, политичка, културна и социопросторна. - Способни се да ја идентификуваат позадината на глобализацијата и проблематичните рефлексии (на пример антиглобализација). - Спремни се споредат различни перспективи на глобализацијата и на нејзините влијанија национално, регионално и меѓународно. - Ќе бидат во можност да развијат структурирана студија на „производ" или (епи)феномен на глобализацијата.
  • [MCPA3040] [6 ЕКТС] Политички менаџмент
    Основни цели на предметот се: - Стекнување на основни знаења за поимот политика и менажмент - Да се запознае со основните алатките и активностите во врска со разликување на политичките процеси според различити критериуми. - Стекнување на адекватни знаења за подготовка на анкета и теренскокто работење. - Примена на стекнати знаења од другите предмети и надградување на посебна методологија за изработка на есеи-семинарска работа. - Да се анализират изборните процеси и начинот на изведување. - Да се подготви политички говор и да се симулира појава на политички настан. - Способност за активна учество во дебата организирани од студенската унија. - Способност да се подготви и да учествува во истраживачки пројекти, како и презентирање на резултатите на научно истражувачката дејност.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCDP2020] Европска Унија: институции, политики и право
    • [EMPS2040] Анализа на надворешна политика
    • [MCDP1030] Историја на дипломатијата
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [EMDP-01] Меѓународен бизнис
    • [EMDP-02] Современи политички системи
    • [EMDP3020] Дипломатски протокол
    • [EMDP-03] Компаративни политички и административни системи
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCDP2020] Европска Унија: институции, политики и право
    • [EMPS2040] Анализа на надворешна политика
    • [MCDP1030] Историја на дипломатијата
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [EMDP-01] Меѓународен бизнис
    • [EMDP-02] Современи политички системи
    • [EMDP3020] Дипломатски протокол
    • [EMDP-03] Компаративни политички и административни системи

Семестар 4

  • [PAPS-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана.
Google+