
Програма: |
Јавна администрација (2017/2018) |
Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
Факултет: | Современи Општествени Науки |
Академска година: | 2022 / 2023 |
Титула: | Магистер по јавна администрација |
ЕКТС: | 60
(1 годинa)
![]() |
Решение: |
![]() |
Студиската програма Јавна администрација е дизајнирана така што студентите се здобиваат со менаџерски, советодавни, политички, аналитички, правни знаења, вештини и компетенции, а кои би биле применливи во владини и во невладини организации.
Студиите по јавна администрација овозможуваат исполнување на образовните потреби за поддршка на студентите да ја започнат својата професионална кариера во: државните и локалните владини агенции, општините, јавните институции, училишните администрации, непрофитабилни организации, универзитети и претпријатија.
Знаење и разбирање
- Има напредни знаења за теориите во јавната администрација, истражувањето и практиката.
- Има познавање и разбирање на компаративната јавна администрација на западните земји.
- Има длабоки разбирања за организацијата и функционирањето на јавната администрација во земјите членки на ЕУ.
Примена на знаењето и разбирањето
- Протолкува и дава критичко мислење во управната постапка.
- Планира и дејствува ефикасно во управувањето на организациите за јавни служби.
- Покажува способност за проценка во областа на компаративната јавна администрација, земајќи ги во предвид релевантните научни, социјални и етички аспекти, и демонстрира свест за етичките аспекти во работата.
- Ја распознава поврзаноста помеѓу административните процеси и аналитичката дејност за потребите на креирање политики.
Способност за проценка
- Протолкува и дава критичко мислење во управната постапка.
- Планира и дејствува ефикасно во управувањето на организациите за јавни служби.
- Покажува способност за проценка во областа на компаративната јавна администрација, земајќи ги во предвид релевантните научни, социјални и етички аспекти, и демонстрира свест за етичките аспекти во работата.
- Ја распознава поврзаноста помеѓу административните процеси и аналитичката дејност за потребите на креирање политики.
Комуникациски вештини
- Учествува во јавни дебати и медиуми, користејќи речник соодветен на професионално ниво.
- Пишува, предлага и раководи со истражувачки проекти во областа на јавната администрација.
- Ги користи модерните алатки за комуникација и нови теџнологии кога се работи со различни институции.
Вештини на учење
- Е способен да ги идентификува личните потреби за автономна студија и истата да ја реализира на втономен наќин во област ана компаративната јавна админитрација.
- Да помогне во обука и развој на поединци за политички и административни позиции во јавниот сектор.
- Дакажува способност да ги разгледа моделите и класифицирање на информациите, концептите и теориите во јавната политика и администрацијата.
- Може да диајнира нов начин на работа во македонската јавна администрација користејќи ги компаративните предности.
- Има способност за планирање и организирање на функционирањето на јавна администрација и институциите во согласност со современите демократски системи.
Семестар 1
-
[MCPA1010]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се нудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изноаѓање на истражувачко прашање и создавање на методи за прибирање на податоци преку и кавалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники,како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање на хипотези.Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање на податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитатаивни податоци, финално ставање на сите тероетски и практични дејствија во функција на дисајнирање и пишување на тезата.
-
[MCPA-01]
[6 ЕКТС]
Административно и политичко управување
Основна цел на наставната програма на предметот Административно и политичко управување ќе биде студентите да стекнат знаења за начелата на институцииите на јавната администрација и политичкото управување засновани на разни погледи, теоретско-доктринарни, воопшто, но и од компаративен аспект.
-
[MCPA-02]
[6 ЕКТС]
Одржлив развој и јавната администрација
Економскиот развој е главен предизвик за сите земји, како и за сите најмоќни глобални институции, како што се ОН, Светска банка, ММФ и др. Економскиот развој е и главен предуслов за унапредуавање на животниот стандард на населението. Според најновите податоци од Светската банка, речиси 20% од светското население живее со помалку од 1$ дневно.Целта на овој предмет е да се испитаат причините и корелацијата за глобалната сиромаштијата и да се дикутира за политиките кои се однесуваат на економскиот развој. По кратката анализа на концепотот на економскиот развој, во рамките на предметот ќе се посветиме на алатките за мерење на сиромаштијата и нееднаквоста. Ќе се дискутира и за глобалната распределба на добивката. Во следниот дел ќе се фокусираме на улогата на човечкиот капитал, односно образованието и здравството во однос на економскиот развој.
- [6 ЕКТС] Изборен предмет
- [6 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 2
-
[PA-200]
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
- [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE09] Пазар на трудот
- [MFE08] Методологија на наставата
- [MFE10] Филозофија на општествените науки
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права