Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Граѓанско право

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-MLAWCIV60C
Академска година: 2017 / 2018
Титула: Магистер по правни науки - Насока: Граѓанско право
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација

Целта на студиската програма по Граѓанско право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на граѓанско-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на граѓанското право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на граѓанското право на Р. Македонија, како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.

Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии).

Знаење и разбирање

- Има детални сознанија за граѓанското право, како материјално така и процедуралното право, како и за основните норми во клучните области на граѓанското право.
- Има детални знаења за принципите и институти на граѓанското право, вклучувајќи ги и нивното потекло и нивната содржина.
- Процена на области на граѓанското право на критичен, научен и на практичен аспект.

Примена на знаењето и разбирањето

- Развива и унапредува аналитички и истражувачки способности на изборот на проблеми во теорија и во практика преку употребата на законските акти и судската практика.
- Идентификува и анализира најкомплексни проблеми, земајќи активно учество во сите фази на граѓанската постапка и може да толкува комплексно прашање од граѓанското законодавство (вклучувајќи работа како судија, адвокат, нотар), откако ќе стекне квалификации кои се потребни според законодавството на РМ.

Способност за проценка

- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.

Комуникациски вештини

- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на граѓанско-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во сите фази на граѓанско-судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.

Вештини на учење

- Развива правилник за истражна работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [MCCR1120] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Студентите ќе бидат оспособени: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
  • [MCL-0102] [6 ЕКТС] Граѓанско право (примената програма)
    Предметот има за цел студентите да се стекнат со способност практично да ги аплицираат своите знаења од областа на граѓанското право, способност што мора да ја поседува секој правник. Во делот на Граѓанско право - од студентот се очекува пред се да ја совлада техниката на правилна примена на законските прописи (читање и толкување на законските норми). Исто така од студентот се очекува да ја совлада техниката на изработка на: правни дела (договор, тестамет), изработка на најразлични видови на поднесоци (тужби, жалби, приговори, барања) како и изработка на акти на судските органи (пресуди, решенија) и други акти на органите на управата (решенија, договори) со кои настануваат, се менуваат и престануваат граѓанскоправните односи. Покрај ова, предметната програма Граѓанско право – применета програма има за дел да им овозможи на студентите да се запознаат со реализација на институтите на граѓанското право (општиот дел, стварното, облигационото и наследното право) во практиката. Со совладувањето на оваа материја се очекува од студентот да се стекне со способност своите теоретски познавања на материјата на граѓанското право да ги искористи при решавање на практични случаи.
  • [MCL-0201] [6 ЕКТС] Трговско право и право на друштвата
    Цели на предметот: Да им овозможи на студентите да се запознават со правните правила за бавување на некоја дејност. Начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјеки и трговецот поединец како и начините на престанување на деловните субјекти; Начините за осоновање на некој деловно правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектитите и последиците; Работата со хартиите од вредност;
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCL-0101] Стварно право (примената програма)
    • [MCL-0203] Современо семејно право
    • [EMCR-04] Подготвување на правосудниот испит
    • [ECL0106] Граѓанско процесно право
    • [EMCL-05] Правна клиника - граѓанско право
    • [MCL-0103] Договорно и отштетно право
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCL-0101] Стварно право (примената програма)
    • [MCL-0203] Современо семејно право
    • [EMCR-04] Подготвување на правосудниот испит
    • [ECL0106] Граѓанско процесно право
    • [EMCL-05] Правна клиника - граѓанско право
    • [MCL-0103] Договорно и отштетно право

Семестар 2

  • [LAW-THESIS-60] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
Google+