Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Кривично право

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-MLAWCL60C
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Магистер по правни науки - Насока: Kривично право
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската програма Кривично право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на кривично-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на кривичното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на кривичното право во Р. Македонија како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.

Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии). 

Знаење и разбирање

- Има напредни теоретски, емпириски и компаративни знаења за казнено-правните науки како и напредни знаења за законодавството и за судската практика во областа на спречување на криминалитетот.
- Има длабоко разбирање за проблемите поврзани со криминалот и казнените санкции особено во полето на компаративно казнено право и на казнено процесно право, теоретска и применета криминологија и пенологија, организиран криминал и форензични науки (судска медицина, психијатрија и психологија).
- Има специфични знаења за напредни техники и методи на истражување во областа на казненото право и казнената постапка.

Примена на знаењето и разбирањето

- Идентификува и анализира комплексни проблеми во областа на казненото право и казнената постапка, така што може да игра активна улога во сите стадиуми на казнената постапка а може да толкува напредни прашања од казненото законодавство (вклучувајќи работење како судија, јавен обвинител или адвокат, откако ќе ги стекне потребните квалификации според законодавство на РМ).
- Го применува знаењето добиено преку истражување во процесот на решавање проблеми преку споредба на практики и решенија во областа на спречување на криминалот.

Способност за проценка

- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.

Комуникациски вештини

- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на казнено-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во предкривичната и судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.

Вештини на учење

- Развива правилник за истражна работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [MCCR1120] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Студентите ќе бидат оспособени: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
  • [MCCR1220] [6 ЕКТС] Кривично материјално право
    Основа за изведување на наставата по овој предмет се програмите на предметите Кривично право - општ дел и Кривично право - посебен дел. При изведувањето на наставата по овој предмет, наместо традиционалниот метод екс катедра, активно се применува и методот на студија на случај како и методот на клиничка настава.
  • [CR0103] [6 ЕКТС] Криминологија со пенологија
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат напредни знаење за предметот на проучување на: Криминологијата и пенологијата и главните криминолошки институции, современите проблеми и тенденции како и проучување на влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на кривичното дело како и идентификување и анализирање на современите криминолошки прашања.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCCR2040] Криминалистика
    • [MCCR3060] Судска психологија
    • [MCCR3030] Прекршочно право
    • [MCCR3020] Организиран криминал
    • [EMSS3030] Компјутерски криминалитет
    • [MCCR3050] Судска медицина
    • [EMCL1011] Семејно насилство
    • [EMCR3021] Трговија со луѓе
    • [EMCR-01] Борба против насилниот екстремизам
    • [EMCR-02] Правна клиника - кривично право
    • [EMCR-03] Вештини на судскиот говор
    • [EMCR-04] Подготвување на правосудниот испит
    • [EMCR-05] Борба против корупција
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCCR2040] Криминалистика
    • [MCCR3060] Судска психологија
    • [MCCR3030] Прекршочно право
    • [MCCR3020] Организиран криминал
    • [EMSS3030] Компјутерски криминалитет
    • [MCCR3050] Судска медицина
    • [EMCL1011] Семејно насилство
    • [EMCR3021] Трговија со луѓе
    • [EMCR-01] Борба против насилниот екстремизам
    • [EMCR-02] Правна клиника - кривично право
    • [EMCR-03] Вештини на судскиот говор
    • [EMCR-04] Подготвување на правосудниот испит
    • [EMCR-05] Борба против корупција

Семестар 2

  • [LAW-THESIS-60] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
Google+