Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Уставно и управно право

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-LAWCAL120C
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Магистер по правни науки - Насока: Уставно и управно право
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Целта на студиската програма по Уставно и управно право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на уставно-управните сознанија за приближување кон правничките професии кои се поврзани со областа на уставното и управното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на уставниот и управниот систем на Република Македонија како и споредбени сознанија од регионов и од ЕУ за односната област. 

Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на магистерските студии да ги применува стекнатите општи и посебни теоретски и практични професионални уставно-административни знаења и вештини во практиката; да понуди аналитички одговори како во поглед на примената на правните прописа, така и во поглед на измената во областа на правната регулатива; да ги согледуваат и истражуваат уставно-административните појави и проблеми и да даваат креативни предлози за нивното решавање; критички и аргументативно да ги анализираат и да ги евалуираат правните решенија и функционирањето на уставно-административните правни институции во практиката; да го продолжаат понатамошното усовршување на докторските студии во областа на уставно-административните правни науки; да го следаат развојот на законодавството и на правната наука и да се залагаат за примената на научните резултати на истражувањето во законодавната и правната практика. 

Знаење и разбирање

- Покажува знаење и разбирање за уставното право и управното право, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени уставни и управни проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на уставното и административното истражување.
- Способност за употреба на проширено и продлабочено уставно-управно знаење.
- Покажува високо ниво на професионална компетентност во уставно-управното право.
- Поседува знаење од една или од повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во уставно-управната област. 

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност за критичко, независно и за креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со современите трендови на уставното и управното право.

Способност за проценка

- Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето;
- Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатите уставни и управни знаења.
- Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување нови анализи и решенија на научна основа. 

Комуникациски вештини

- Способност за размена на заклучоци и предлози со нивно аргументирање и рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности. 

Вештини на учење

- Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во национален, регионален и европски како и во светски контекст.
- Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување. 

Семестар 1

  • [MCAL-0101] [6 ЕКТС] Применето уставно право
    Цели на предметот: Стекнувањето сознанијата за поимите, појавите и институтите на уставното право како и за државните институции во РМ, вклучувајки ги тука и разните теоретски ставови за нив. Стекнувањето конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајки ја тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. Преку овој модул студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РМ како и за слободите и правата на човекот и граганинот. Поттикнување на критичкото мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. План-програмата ќе ја третира уставната материја од споредбен и од национален аспект, од причина што во услови на глобализацијата, уставното право не може да се разбере, ако се разгледува исклучиво во национални рамки. План-програмата во себе ќе ги опфати: новиот Деловник на Собранието на РМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РМ, новите закони што уредуваат уставна материја, како што се: законите од областа на судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. Покрај оваа нормативна компонента, во план-програмата ќе биде обработена и Практиката на централните органи на државната власт во РМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога врз уставното право како наука. Ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РМ. На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност: да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање; да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и институтите на уставното право; да ги објаснат и да ги анализираат разните процеси во рамките на уставниот систем и поредок на РМ во сите аспекти од уставниот живот на земјава, значи на човекот, граганинот, државата и на етничките заедници.
  • [MCAL-0102] [6 ЕКТС] Применето управно право
    Цели на предметот: - Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. - Да ја препознаат и да ја анализирааат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РМ. - Да ги согледаат основните дејности на административната функција. - Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. - Да ги изучат видовите административен надзор. - Да ги осознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. - За идно врботување во органите на администрацијата на РМ, невладините организации, установи и сите институции во кои се решаваат предмети од административно правна природа.
  • [MCAL-0103] [6 ЕКТС] Современи политички системи
    Целта на предметот е студентите да стекнат знаења околу најразвиените политички системи во современиот свет, се разбира без да се остават на страна политичките системи на земјите што ја опкружуваат Република Македонија како и политичките системи на помалку развиените земји низ целиот свет. Во рамките на целиот предмет ќе се прават паралели и споредбени анализи меѓу функционирањето на институциите на политичките системи во земјите кои ќе се изучуваат, како меѓусебно така и со случајот на политичкиот систем на Република Македонија во правец на изнаоѓање добри практики со кои би се унапредил и политичкиот систем на Република Македонија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMCAL-01] Право на локална самоуправа
    • [EMCA0030] Теорија и практика на федерализмот
    • [CLE0103] Филозофија на правото
    • [CPA129] Политичките партии и изборните системи
    • [EMCAL-02] Етика и јавна администрација
    • [EMCAL-03] Менаџирање на јавните политики
    • [EMCAL-04] Управни договори
    • [EMCAL-05] Службенички систем
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MCAL-0201] [6 ЕКТС] Управно процесно право
    Целите на предметната програма се состојат во тоа студентите: - Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. - Да ја препознаат и да ја анализирааат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РМ. - Да ги согледаат основните дејности на административната функција. - Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. - Да ги изучат видовите административен надзор. - Да ги осознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. - Да стекнат способности и вештини за идно вработување во органите на администрацијата на РМ, невладините организации, установи и сите институции во кои се решаваат предмети од административно-правна природа.
  • [MCAL-0202] [6 ЕКТС] Управно судство
    Цели на предметот се: - Правилна употреба (читање и толкување) на законските норми со кои е уредено водењето (започнување, тек и завршување) на управно-судска постапка пред Управниот и пред Врховниот суд (за сите профили на правници). - Подготовка на тужби за поведување управно-судска постапка (за адвокати и за судии на Управен суд). - Преземање процесни дејствија во текот на управно-судската постапка (за адвокати државни службеници кои решаваат управни предмети, правници вработени во регулаторни тела и во самостојни државни органи, судии на Управен суд, како и за стручните служби во Управниот суд). - Пишување одлуки (решенија и пресуди) донесени во првостепена и во второстепена управна постапка (за судии во Управен суд). - Пишување жалби и тужби за обнова на судска постапка (за адвокати, државни службеници кои решаваат управни предмети).
  • [MCAL-0203] [6 ЕКТС] Парламентарно право
    Целтa на овој наставен предмет се состои во стекнувањето на теоретско-правните и практично-апликативните сознанија за парламентот како преставнички, законодавен и суверен државен орган во рамките на државната власт во одредена држава, вклучувајќи ги и неговата организацијата, структура и надлежности во Република Македонија, имајќи ги предвиди и компаративно-правните аспекти.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMCAL-01] Право на локална самоуправа
    • [EMCA0030] Теорија и практика на федерализмот
    • [CLE0103] Филозофија на правото
    • [CPA129] Политичките партии и изборните системи
    • [EMCAL-02] Етика и јавна администрација
    • [EMCAL-03] Менаџирање на јавните политики
    • [EMCAL-04] Управни договори
    • [EMCAL-05] Службенички систем
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [MCCR1120] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Студентите ќе бидат оспособени: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
  • [MCAL-0301] [6 ЕКТС] Споредбено уставно право
    Во рамките на споредбеното уставно право се проучуваат споредбените аспекти на уставните системи на земјите на ЕУ и пошироко за обезбедување продлабочени сознанија за начелата и за функционирањето на клучните институции на државната власт од споредбен аспект.
  • [MCAL-0302] [6 ЕКТС] Уставно судство
    Целите на предметот се состојат во стекнување на сознанијата за појавата, развојот и за облиците на уставно-судската контрола на уставноста и законитоста, за уставното судство, со посебен акцент на Уставниот суд на РМ и неговата практика.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMCAL-01] Право на локална самоуправа
    • [EMCA0030] Теорија и практика на федерализмот
    • [CLE0103] Филозофија на правото
    • [CPA129] Политичките партии и изборните системи
    • [EMCAL-02] Етика и јавна администрација
    • [EMCAL-03] Менаџирање на јавните политики
    • [EMCAL-04] Управни договори
    • [EMCAL-05] Службенички систем
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMCAL-01] Право на локална самоуправа
    • [EMCA0030] Теорија и практика на федерализмот
    • [CLE0103] Филозофија на правото
    • [CPA129] Политичките партии и изборните системи
    • [EMCAL-02] Етика и јавна администрација
    • [EMCAL-03] Менаџирање на јавните политики
    • [EMCAL-04] Управни договори
    • [EMCAL-05] Службенички систем

Семестар 4

  • [LAW-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+