Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Маркетинг

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-MBAMAR60C
Академска година: 2017 / 2018
Титула: Магистер по економски науки - Насока: Mаркетинг
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација

Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век. 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението;
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата;
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макро и микро економската  политикита;
- Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.

Знаење и разбирање

- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.

Примена на знаењето и разбирањето

- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.

Способност за проценка

- Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.

Комуникациски вештини

- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на на бизнис и економија.

Вештини на учење

- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и  во непрофитабилните организации.

Семестар 1

  • [BE0101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет се фокусира на еден широк спектар на методи на истражување кои може да се користат во рамки на сите општесвени науки. Се посветува внимание како на квантитативните така и на квалитативните методи на истражување. Овој предмет е наменет за поединци кои имаат потреба да спроведат општесвени истражувања како дел на нивните академски студии.
  • [EMBA01] [6 ЕКТС] Напреден маркетинг - менаџмент
    Целта на предметот е да се подготват студентите да ги употребуваат и да ги применуваат маркетинг-стратегиите во практиката на компаните, при менаџирање со маркетинг-околината, пазарите и со сегментите на пазарите, истражување на пазарите, потрошувачите, геомаркетингот, маркетинг-герилата, е-маркетингот, но и како да управуваат 4-П на една организација или компанија, така што ќе бидат во можност да дизајнираат оптимални маркетинг-елементи итн., производи, цени, промотивни и дистрибутивни методи со кои се соочуваат компаниите. Како значајно маркетинг-решение вклучува внимателната анализа на ситуацијата, интелигентна употреба на истражувањето, како и принципите на маркетингот. Целта на предметот е да се разбере комплексноста на одлуките во маркетинг-менаџмент, како и во рамките на анализа на пазари, клиенти, конкуренти и при интегрирањето на концепти со оригиналниот маркетинг-план.
  • [EMBA02] [6 ЕКТС] Маркетинг и истражување
    Целта на предметот е: 1. Стекнување знаења и вештини за самостојно спроведување на маркетинг-истражувачки проект. 2. Осознавање на одделните фази од процесот на маркетинг-истражувањето. 3. Осознавање на квалитативните маркетинг-истражувачки методи. 4. Осознавање на квантитативните маркетинг-истражувачки методи. 5. Осознавање на методите за истражување на одделните инструменти на маркетинг-миксот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [BE0102] Напреден маркетинг на услуги
    • [EMAR0105] Дизајн и управување со производ
    • [MCMG3022] Оперативен менаџмент
    • [EFIN0107] Менаџмент на информациони системи
    • [MCBA1019] Напреден стратегиски менаџмент
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [BE0102] Напреден маркетинг на услуги
    • [EMAR0105] Дизајн и управување со производ
    • [MCMG3022] Оперативен менаџмент
    • [EFIN0107] Менаџмент на информациони системи
    • [MCBA1019] Напреден стратегиски менаџмент

Семестар 2

  • [BE-THESIS-60] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавна одбрана на магистерскиот труд. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Маркетинг.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
Google+