Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Финансии и сметководство

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-MBAFINACC120C
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Магистер по економски науки - Насока: Финансии и сметководство
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век. 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението;
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата;
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макро и микро економската  политикита;
- Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.

Знаење и разбирање

- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.

Примена на знаењето и разбирањето

- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.

Способност за проценка

- Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.

Комуникациски вештини

- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на на бизнис и економија.

Вештини на учење

- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и  во непрофитабилните организации.

Семестар 1

  • [MCBA1018] [6 ЕКТС] Финансии за менаџери
    Целта на предметот е да се обезбедат теоретски и практични знаења на студентите од областа на менаџирањето со финансиите на деловните субјекти. Студентите (потенцијални менаџери) се запознаваат со финансиските информации за да можат да ги анализираат и да ги протолкуваат финансиските податоци, во евентуалните инвестициони и финансиски одлуки. Целта е и да се овозможи студентите да развијат способности за вреднување на деловниот субјект како и за менаџирање со разните форми на финансирање на деловните активности и за предвидување при донесувањето одлуки за инвестирање сега и во иднина.
  • [MCBA1011] [6 ЕКТС] Напредна економија
    Предметот е составен од два дела и тоа: микроекономија и макроекономија. Во рамките на микроекономијата се изучува однесувањето на потрошувачот во услови на егзистенција на буџетско ограничување и неговата целна функција - максимизација на корисноста, како и однесувањето на претпријатието во различни пазарни структури и нивната целна функција - максимизација на профитот. Во микроекономијата се изучуваат и факторите на производство и нивните цени, како и улогата на државата во регулирањето на бизнисите и на домените на пазарниот неуспех. Макроекономијата го изучува функционирањето на економијата во целина. Во тој контекст вниманието е фокусирано на најзначајните макроекономски големини: бруто домашниот производ, инфлацијата, невработеноста, штедењето, инвестициите, девизниот курс и слично. Посебно внимание се обрнува на факторите кои ја нарушуваат макроекономската рамнотежа на кус и долг рок, како и на природата и карактерот на клучните макроекономски политики низ кои се настојува движењето на фактичкиот бруто домашен производ да се доближи, толку колку што тоа е возможно, до движењето на потенцијалниот бруто домашен производ.
  • [MCBA1019] [6 ЕКТС] Напреден стратегиски менаџмент
    Целта на предметот на последипломските студии е студентите да ги продлабочат своите знаења од областа на стратегискиот менаџмент преку анализа на конкретните случувања од оваа област во Република Македонија и во светот. Во овој правец целта е да се разработат на подетално ниво сите релевантни теми од областа на стратегискиот менаџмент и да се надополнат со случаи од практиката на деловните организации.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EMBA1017] Пари и банкарство
    • [CMBA1018] Финансиски пазари и институции
    • [CMBA07] Анализа на финансиски извештаи
    • [EMBA10] Ревизија
    • [EMBA1021] Теорија на игрa
    • [EMBA1022] Урбана економија
    • [EMBA1023] Сметководство на јавен сектор
    • [EMBA1024] Напредно управувачко сметководство
    • [EMBA1025] Економија на инвестиции
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MCFA2012] [6 ЕКТС] Финансии на корпорации
    Предметот претставува можност студентите да ги продлабочат своите познавања од оваа област. При тоа, особено внимание им е посветено на следниве подрачја: извори на финансирање на фирмите, структура на капиталот, финансирање на тековното работење, финансирање на инвестициите, финансиска политика, финансиска анализа.
  • [MCBA2013] [6 ЕКТС] Напредно финансиско сметководство
    Примарната цел на напредното финансиско сметководство е подготовка на главните финансиски извештаи како биланс на состојба, биланс на успех и извештај за паричните текови со што се претставуваат оперативниот перформанс на претпријатието во текот на одреден период и финансиската состојба во одредена временска точка. Овие извештаи - кои обично се подготвени квартално и на годишна основа се во согласност со МСС и се насочени кон надворешни страни, вклучувајќи ги и инвеститорите, кредиторите и регулаторните органи и даночните власти. Освен изговување на главните финансиски извештаи истовремено се цели и на интерпретација на овие извештаи во функција на усвојување правилни деловни одлуки.
  • [MCBA2014] [6 ЕКТС] Напредни меѓународни финансии
    Цели на предметната програма е да се даде вовед во меѓународниот финансиски менаџмент и да се дебатира зошто е важно да се совладаат меѓународните финансии, а посебно да се направи разлика на меѓународни и домашните финансии. Се воведуваат различни видови на меѓународните монетарни системи под кои светската економија може да работи и функционира во различни времиња. Дополнително, предметната програма опфаќа и материјал за Европската монетарна унија, за концептите на билансот на плаќање и сметководство. Се дава и преглед на корпоративното управување во светот. Структура на корпоративното управување во голема мера се разликува од земја до земја, како одраз на различни културни, економски, политички и правни системи.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EMBA1017] Пари и банкарство
    • [CMBA1018] Финансиски пазари и институции
    • [CMBA07] Анализа на финансиски извештаи
    • [EMBA10] Ревизија
    • [EMBA1021] Теорија на игрa
    • [EMBA1022] Урбана економија
    • [EMBA1023] Сметководство на јавен сектор
    • [EMBA1024] Напредно управувачко сметководство
    • [EMBA1025] Економија на инвестиции
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [FIN0101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет се фокусира на еден широк спектар на методи на истражување кои може да се користат во рамки на сите општесвени науки. Се посветува внимание како на квантитативните така и на квалитативните методи на истражување. Овој предмет е наменет за поединци кои имаат потреба да спроведат општесвени истражувања како дел на нивните академски студии.
  • [MCBA1014] [6 ЕКТС] Монетарна економија
    Предметот е ги вклучува основните монетарни концепти и политики, развојот на монетарната рамка, макроекономска и монетарна анализа и користење на регресиона анализа.Тој треба да им овозможи на студентите (концептуално и методолошки) да ги анализираат различните монетарни политики, врската помеѓу монетарните агрегати и макроекономските варијабли, како и улогата на различните монетарни и финансиски институции во процесот на понуда на пари.
  • [EMFA2014] [6 ЕКТС] Портфолио менаџмент и менаџмент на ризик
    Предметот ја опфаќа анализата на главните и основните поимии функции на финансискиот систем, пазарните посредници, инструменти, принципи на организација и работење, нивната улога во економијата,воопшто и во финансискиот систем на националните економии посебно.Овие пазари и финансиски инструменти се од понов датум. Функционираат во развиените економии на западот. Нивната појава и развој го поттикнува развојот на реалниот сектор, оптималното користење и алокација на скудните ресурси, влијаат врз макроекономските величини и вредности.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EMBA1017] Пари и банкарство
    • [CMBA1018] Финансиски пазари и институции
    • [CMBA07] Анализа на финансиски извештаи
    • [EMBA10] Ревизија
    • [EMBA1021] Теорија на игрa
    • [EMBA1022] Урбана економија
    • [EMBA1023] Сметководство на јавен сектор
    • [EMBA1024] Напредно управувачко сметководство
    • [EMBA1025] Економија на инвестиции
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EMBA1017] Пари и банкарство
    • [CMBA1018] Финансиски пазари и институции
    • [CMBA07] Анализа на финансиски извештаи
    • [EMBA10] Ревизија
    • [EMBA1021] Теорија на игрa
    • [EMBA1022] Урбана економија
    • [EMBA1023] Сметководство на јавен сектор
    • [EMBA1024] Напредно управувачко сметководство
    • [EMBA1025] Економија на инвестиции

Семестар 4

  • [MA-THESIS-BE-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Финансии и сметководство.
Google+