Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Примена на информациони и комуникациски технологии (ИКТ) во настава

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: N-MCSTAICTT60C
Академска година: 2013 / 2014
Титула: Магистер по компјутерски науки - Насока: Примена на ИКТ во настава
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација

Студиите од вториот циклус Примена на ИКТ во настава - 60 ЕКТС е кохезивна програма на студии наменета за подобрување на знаењето и на вештините и за професионален развој на наставниците и другите заинтересирани со најсовремените пристапи за усвојување нови знаења. Овие магистерски студии се фокусираат на ефективно користење на технологија во образованието и наставата.  За време на овие студии се стекнуваат нови знаења за тоа како да се дизајнира програма базирана на технологија, како и за: користење на информатичките технологии за подготовка и одржување на часовите, користење и развивање платформи за учење, креирање дигитални едукативни содржини, е-учење, образовен софтвер, мултимедијални проекти во наставата. Притоа се обезбедува професионален развој на наставниците и на другите заинтересирани за студии во образованието.  Студиите се базират на најновите истражувања и практики за е-учење и подобрување на учењето преку ИКТ. Се развиваат практични вештини и аналитички разбирања на ИКТ и е-учење и на нејзината улога во професионалната практика.

Студентите кои ќе го завршат овој циклус ќе бидат обучени:
- Да имплементираат ИКТ во процесот на образование и евалуација - контрола.
- Да дизајнираат модерни курсеви (предмети).
- Да дизајнираат курсеви (предмети) за ученици со посебни потреби.
- Да ги следат и да ги разбираат развојните трендови на ИКТ и нејзината примена во современата настава.

Знаење и разбирање

- Има способност за развој и примена на оригинални и креативни ИТ идеи со цел обезбедување квалитет во наставата.
- Има способност за примена на ИТ-вештини  и  знаење и демонстрација на специјалистички компетенции од компјутерски науки и информатика со цел организирање интерактивна настава во образованието.
- Има знаење и разбирање од областите компјутерски науки, инженерство и информатика (програмирање,  веб технологии, дата-бази, основи на мрежи, компјутерски и информациони системи и мултимедија).
- Има знаење од една или повеќе предметни области кои што може да да го окваливикуваат студентот како експерт за применување на знаења во дадена област.

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми во нови, дотогаш не сретнати околини или околини за кои нема претходно искуство во образованието. Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во областа на  образованието, но и креирање и имплементација на соодветни интерактивни материјали,  мултимедијални материјали, алатки за учење и он-лајн тестирање преку игра.
- Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од информатиката при решавање проблеми поврзани со целите и материјалите во соодветната област.

Способност за проценка

- Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области во образованието, како и администрирање на обрзовниот процес и евалуација на учениците со примена на ИТ-алатки наменети и креирани за одредена проблематика. Креирање едукативни процеси со користење компјутерски алатки и техники.
- Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со специфични едукативни процесите кои произлегуваат во реално време во образованието.
- Способност за идентификација на соодветни специјализирани области во образованието и донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.

Комуникациски вештини

- Способност за размена на заклучоци и предлози преку нивно аргументирање и со рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати.
- Водење и иницирање активности.

Вештини на учење

- Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување, самостојно и автономно во вообичаените информатички области.
- Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис и информатички области во рамки на вмрежената економија.
- Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.

Семестар 1

  • [MAICTT-303] [6 ЕКТС] Е-учење 2.0 - теорија и практика
    Во рамките на овој предмет студентите: - Ќе стекнат знаење за дизајнирање модерна технолошко-базирана настава и програми за учење. - Ќе ги развијат вештините поврзани со потенцијалот за дизајнирање на наставата преку специфични технолошко-базирани алатки; - Ќе стекнат знаење за модерните технолошко-базирани алатки за учење, вклучувајќи компјутер, мултимедијални технологии и комуникациски технологии, и како да ги користат за подобрување на учењето; - Ќе знаење за тоа како различни технолошко-базирани наставни дизајни може да го подобрат начинот на учење; - Ќе развијат план за проектирање и развој на модул за е-учење; - Ќе ги идентификуваат карактеристиките за моделот за е-учење; - Ќе спроведуваат наставни анализи; - Ќе интегрираат стратегии за учење и настава во планирањето на дизајнот и развојот на модулот.
  • [MAICTT-301] [6 ЕКТС] Вовед во бази на податоци
    Цели на предметната програма (компетенции): - Презентирање на концептуалниот модел и моделот базиран на ентитети и врски, концептуално моделирање, E-R дијаграмот; - Презентирање релацион модел; - Вовед во SQL јазикот; - Нормализација на шемата на базата на податоци; - Вовед во системите за управување со базите на податоци, алатките за дефинирање, користење и одржување на базата, алатките за креирање форми и извештаи.
  • [MAICTT-103] [6 ЕКТС] Методологија за истражување
    Во рамките на овој предмет се обезбедува сеопфатен вовед во истражувачките методологии, основните истражувачки теории и протоколи и во пишувањето истражувачки предлози. Студентите во текот на овој предмет ќе стекнат сознанија за цикличната природа на применето истражување и на итеративниот процес на истражувачко пишување, за тоа како: да идентификуваат тема за студија, да формулират прашања, да организират преглед на литература и да изберат соодветни истражувачки проекти и методологии. До крајот на предметот, студентите ќе завршат предлог кој вклучува вовед, преглед на проблемот (значењето на студијата), преглед на литература, секција за методологијата, референци и распоредот на проектот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MAICTT-102] Компјутерски системи
    • [MAICTT-203] Мултимедија во образованието
    • [MAICTT-302] Професионална етика на информациони технологии
    • [MAICTT-202] Помошни технологии за ученици со посебни потреби
    • [MAICTT-201] Софтвер наменет за образование
    • [MAICTT-101] Вовед во едукaтивни технологии
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MAICTT-102] Компјутерски системи
    • [MAICTT-203] Мултимедија во образованието
    • [MAICTT-302] Професионална етика на информациони технологии
    • [MAICTT-202] Помошни технологии за ученици со посебни потреби
    • [MAICTT-201] Софтвер наменет за образование
    • [MAICTT-101] Вовед во едукaтивни технологии

Семестар 2

  • [CST-THESIS-60] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
Google+