Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Компјутерски науки

Насока: Инженерство на податоци
Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: MCS-DE120C
Академска година: 2017 / 2018
Титула: Магистер по компјутерски науки - Насока: инженерство на податоци
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Промените во областа на компјутерските науки и нивната примена многу се динамични. Оттука главен предизвик за истражувањата и студиите во оваа област е развојот на нови напредни системи и технологии кои ќе обезбедат решенија во областите на информациските и комуникациските технологии. Информациските и комуникациската технологија станаа најголемите и најпознатите сектори кои брзо се прошируваат и се најразвивани сектори во Европската Унија и во светската економија.
Покрај тоа, појавата на нови пазари за софтверот и во телекомуникацискиот сектор во Југоисточна Европа доведе до зголемена побарувачка за висококвалификувани и специјализирани професионалци во оваа област. Дипломираните студенти можат да работат како професионален софтверски инженер или како софтверски архитект во развој на софтверски компании или во ИТ-одделот на претпријатијата. Високото ниво на професионални вештини ќе им овозможи на дипломираните студенти брзо да станат успешни лидери во софтверската индустрија. Исто така, специјализацијата во четири насоки (инженерство на податоци, веб и мобилни системи,  софтверско инженерство и информациски системи) им овозможува на дипломираните студенти да стекнат стручност во одредени области и да бидат уште поконкуретни на работните места.

Преку програмата студентите ќе ги стекнат потребните знаења и вештини за да придонесат во сите аспекти на процесот на развој на софтвер, вклучувајќи и планирање, соработка, спецификација, дизајн, кодирање, испорака и одржување на софтверски производи. Студентите ќе стекнат и општи вештини за аналитичко и критичко размислување, за тимска работа и работа во мултикултурни средини, планирање и организирање итн.
По завршувањето на оваа програма, дипломираните студенти ќе имаат можности за кариера во различни индустрии, главно исполнувајќи ги потребите за дизајн на компјутерски системи, како развивач на софтвер, развивач на мобилен и веб-софтвер, инженер на бази на податоци, менаџер на софтверски проекти и процеси или дизајнирање на информациони системи, а во зависност од насоката што ќе ја одберат во оваа студиска програма.
Последниот семестар на студии вклучува пишување на магистерскиот труд, овозможувајќи им на дипломираните студенти да ги продолжат своите студии на докторски студии по компјутерски науки.

Знаење и разбирање

- Има способност за развој и за примена на оригинални и креативни ИТ-идеи со цел обезбедување: квалитет и креирање и водење апликации поврзани со телекомуникациските области како апликации, сигурност и обезбедување квалитет.
- Има способност за примена на ИT-вештини и знаење и за демонстрација на специјалистички компетенции од компјутерски науки и информатика со цел организирање и поврзување на телекомуникациските процеси како структура која се менаџира и се следи како од аспект на проток на податоци така и од аспект на креирање интерфејси за корисниците.
- Стекнува знаење и разбирање од областите на компјутерски науки, инженерство и информатика (програмирање, веб-технологии, дата-бази, мрежи, компјутерски и информациони системи и мултимедиjа).
- Стекнува знаење од една или од повеќe области од телекомуникациската индустрија сo кои може да се оквалификува студентот како професионалец за применување знаења во дадената област.

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност за критичко, независно и за креативно решавање проблеми во нови, дотогаш несретнати средини или средини за кои нема претходно искуство во телекомуникациите.
- Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во областа на телекомуникациите, но и креирање и имплементација на соодветни алатки за тестирање, симулација и за имплементација.
- Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од информатиката при решавање проблеми поврзани со целите на индустриското производство во телекомуникациската област.

Способност за проценка

- Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области во телекомуникациската област, како и администрирање на процесите и на системите со примена на ИТ-алатки наменети и креирани за одредена проблематика. Креирање едукативни процеси со користење компјутерски алатки и техники.
- Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со специфични процесите кои произлегуваат во реално време во телекомуникацискот простор.
- Способност за идентификација на соодвети специјализирани инстанци и донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комлетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.

Комуникациски вештини

- Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со нивно рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено;
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.

Вештини на учење

- Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и автономно дообразование во вообичаените информатички области;
- Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис и информатички области во рамки на вмрежената економија;
- Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.

Семестар 1

  • [MCS-101] [6 ЕКТС] Напредни бази на податоци
    Целите на овој предмет се да се продолжи со суштинско проучување на базите на податоци. Предметот е продолжение на предметот Бази на податоци од првиот циклус на студии, а се започнува со повторување на концептуалниот дизајн и продолжува со проширениот концептуален дизајн. Се објаснува концептот на нормализација на шемите на базата на податоци, се дефинираат нормалните форми и се применуваат во дизајнирање. Се продолжува со: начините на складирање податоци, претставување на податоците, архитектурата на системот за управување со базите на податоци, процесирање и оптимизација на пребарувањата, трансакциите, техниките на паралелна контрола, алгоритмите на обновување на базата на податоци и сигурност и автентификација.
  • [MCS-102] [6 ЕКТС] Објектноориентиран дизајн и програмирање
    Целта на овој предмет е да се совлада ригорозен пристап кон објектноориентиран дизајн и програмирање, со акцент на апстракција, модуларност и повторна употреба на кодот како што се применува во изградбата и разбирањете на големи системи. Во прилог на објектноориентирани концепти, предметот ги опфаќа користењето на UML за објектно-ориентираното моделирање, најдобрите дизајн-практики, дизајн-шаблоните и нивната примена при решавање проблеми и при моделирање апликации во практиката.
  • [MCS-103] [6 ЕКТС] Напредно софтверско инженерство
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат напредните концепти од софтверското инженерство. Се започнува од формалните спецификации, нотациите, симболите и спецификациите („формални методи“) кои се потребни за да се определи формално еден софтверски систем. Студентите ќе бидат запознаени и со изградба на јасна формална спецификација. Во рамките на овој предмет опфатени се и следниве аспекти на напреден софтверски инженеринг: Кои се клучните технички активности кои се спроведуваат во текот на процесот на изработка на софтверскиот процес? Каков компонентно-базиран софтверски инженеринг се користи за креирање системи со употребливи компоненти? На кој начин клиент-сервер архитектурата влијае на начинот на кој софтверот се развива? Дали концептите и начелата на софтверско инженерство се применуваат за веб-базирани апликации и производи?
  • [6 ЕКТС]
    • [ECSDE-01] Инженерство на знаење
    • [ECSDE-02] Рударство на податоци од веб и апликации за бизнис-интелигенција
    • [ECSDE-03] Податочно рударство
    • [ECSDE-04] Вчитување податоци
    • [ECSDE-05] Анализа на социјални мрежи
    • [ECSDE-06] Системи на бази на податоци NoSQL
    • [ECSDE-07] Програмирање бази на податоци
    • [ECSDE-08] “Big Data” aналитика
    • [ECSDE-09] Податочно интензивно пресметување
    • [EMCS-01] Сервисориентирани архитектури
    • [EMCS-02] Визуелизација на податоци
  • [6 ЕКТС]
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MCS-201] [6 ЕКТС] Напредни податочни структури и алгоритми
    Овој предмет се базира на претходни знаења од областа на алгоритмите и структурите на податоци. Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со напредни ефикасни алгоритми и соодветни структури на податоци кои се користат за организација, барање и за оптимизација на податоци. Се разгледува и теоретската ефикасност на алгоритмите и нејзиното практично утврдување со цел да може да се споредат различни алгоритми. Во текот на предавањата, студентите ќе се запознаат со неколку познати алгоритми, особено за барање и оптимизација во комплексни нелинеарни структури, како на пр. стебла и графови.
  • [MCS-201] [6 ЕКТС] Веб-инфромациони системи
    Во рамките на овој предмет е опфатен вовед на технологиите за развој на податочно-центрични информациони системи за World Wide Web како и практични примени на таквите системи. Предметот е фокусиран на следниве аспекти: технологии и архитектури за веб-информациони системи, менаџирање на податоци на на веб, семантика на податоците на веб, социјален веб и наука за вебот (web science).
  • [MCS-203] [6 ЕКТС] Дистрибуирано програмирање
    Преку овој предмет студентите се воведуваат во напредни теми за дистрибуирани компјутерски модели, алгоритми и софтверски системи. Притоа, ќе бидат потенцирани неодамнешните техники кои се користат од реални дистрибуирани системи во светот, како што се дистрибуирани датотечни системи, “lock” услуги, центри на податоци на претпријатијата, “cloud computing”, безжични сензор-мрежи и продорни апликации. Во текот на предметот ќе се спроведат студии на реални дистрибуирани системи и ќе се анализира соодветната актуелна литература.
  • [6 ЕКТС]
    • [ECSDE-01] Инженерство на знаење
    • [ECSDE-02] Рударство на податоци од веб и апликации за бизнис-интелигенција
    • [ECSDE-03] Податочно рударство
    • [ECSDE-04] Вчитување податоци
    • [ECSDE-05] Анализа на социјални мрежи
    • [ECSDE-06] Системи на бази на податоци NoSQL
    • [ECSDE-07] Програмирање бази на податоци
    • [ECSDE-08] “Big Data” aналитика
    • [ECSDE-09] Податочно интензивно пресметување
    • [EMCS-01] Сервисориентирани архитектури
    • [EMCS-02] Визуелизација на податоци
  • [6 ЕКТС]
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [MCS-301] [6 ЕКТС] Софтверски интерфејси
    Целта на предметната програма е да им се помогне на студентите да ги совладаат принципите на дизајнирање компјутерски апликации за достигнување висок степен на употребливост од корисниците. Поспецифично, студентите ќе стекнат сознание за методата на кориснички-центриран дизајн што подразбира дизајнирање апликации според анализа на корисникот и според условите во кои ќе се употребува апликацијата. Дополнително, различни методи за евалуција на апликацијата ќе се научат што ќе бидат применети за да се осигура дека апликацијата ќе биде применлива од корисниците.
  • [MCS-302] [6 ЕКТС] Напредно инженерство на податоци
    Целта на овој предмет е студентите да научат како да анализираат податоци за да се користат за да се добијат корисни предвидувања и согледувања. Од особена важност е да се научи како да се дели сигналот од ‘бучавата’, проблем на кој ќе се пристапи од перспектива на компјутерски науки и статистика. Користејќи реални проблеми студентите ќе можат практично да ги реализираат проблемите и техниките совладани во текот на предавањата.
  • [MCS-303] [6 ЕКТС] Методологија на истажување
    Qëllimi i kësaj lënde është që studentët të fitojnë njohuri dhe të kuptuarit e teorive të ndryshme shkencore dhe metodologjitë. Fillimisht studentëve do t’u shpjegohen konceptet themelore dhe përkufizimet teorike dhe mostrat e të gjitha metodave ekzistuese të hulumtimit, hipoteza të drejtpërdrejta dhe indirekte, variablat, vlefshmëria e rezultateve, BIAS-i dhe paragjykimet dhe cilësive shkencore dhe metodologjitë sasiore të kërkimit dhe qasjet e tjera metodologjike. Për çdo kapitull studentët do të kryejnë edhe detyra praktike. Pas përfundimit me sukses të kësaj lënde, studentët do të jenë në gjendje: ta dinë dhe ta kuptojnë rëndësinë e koncepteve themelore shkencore; t’i mësojnë teknikat për hulumtim dhe kërkim efikas të informacionit dhe qasje efikase në informacione dhe literaturë relevante; t’i identifikojnë, t’i përshkruajnë dhe t’i formulojnë problemet shkencore; të bëjnë një zgjedhje të kujdesshme të qasjeve alternative kërkimore, të përshkruajnë me kujdes; të krahasojnë dhe të shpjegojnë avantazhet dhe disavantazhet e metodave të ndryshme shkencore për mbledhjen dhe analizimin e të dhënave në kërkime sasiore dhe cilësore; t’i aplikojnë metodat themelore shkencore për të analizuar të dhënat sasiore dhe cilësore; të sigurojnë korniza teorike themelore mbi të cilat do të ndërtohen kërkimet; t’i shqyrtojnë ato dhe të bëjnë një vlerësim të publikimeve teknike dhe atyre shkencore. Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат различните научни теории и методологии. Во почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно опишани; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
  • [6 ЕКТС]
    • [ECSDE-01] Инженерство на знаење
    • [ECSDE-02] Рударство на податоци од веб и апликации за бизнис-интелигенција
    • [ECSDE-03] Податочно рударство
    • [ECSDE-04] Вчитување податоци
    • [ECSDE-05] Анализа на социјални мрежи
    • [ECSDE-06] Системи на бази на податоци NoSQL
    • [ECSDE-07] Програмирање бази на податоци
    • [ECSDE-08] “Big Data” aналитика
    • [ECSDE-09] Податочно интензивно пресметување
    • [EMCS-01] Сервисориентирани архитектури
    • [EMCS-02] Визуелизација на податоци
  • [6 ЕКТС]
    • [ECSDE-01] Инженерство на знаење
    • [ECSDE-02] Рударство на податоци од веб и апликации за бизнис-интелигенција
    • [ECSDE-03] Податочно рударство
    • [ECSDE-04] Вчитување податоци
    • [ECSDE-05] Анализа на социјални мрежи
    • [ECSDE-06] Системи на бази на податоци NoSQL
    • [ECSDE-07] Програмирање бази на податоци
    • [ECSDE-08] “Big Data” aналитика
    • [ECSDE-09] Податочно интензивно пресметување
    • [EMCS-01] Сервисориентирани архитектури
    • [EMCS-02] Визуелизација на податоци

Семестар 4

  • [CST-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+