Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

English Language and Literature

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-EN
Академска година: -0001 / 0
Титула: Професор по англиски јазик и литература
ЕКТС: 180 (3 години)
ЕКТС: 240 (продолжени + 1 година)

Структурата на програмата содржи студии кои по природа се динамични, интегративни и интерактивни. Програмата е дизајнирана да понуди интегративен пристап на теми од областа на јазиците, културите и комуникациите, имплементирајќи го овој концепт преку наставната програма. Предметите кои се застапени во оваа програма претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која е тесно поврзана со практичната примена во светот на јазикот, културата, уметноста, образованието и комуницирањето.
Главни цели се:
- Да ги подготви студентите за позицијата на лидери во образовните, културните, научните установи и организации во земјава и  насекаде низ светот.
- Да ги подготви студентите за градење кариера во областа на нивната професија во државниот, приватниот и невладиниот сектор.
- Да понуди низа модули кои ја опфаќаат основата на знаењата за приближување кон професиите кои помалку или повеќе се поврзани со сферата на образованието и културата.
- Да овозможи стекнување истражувачки способности и искуство зајазикот, литературата во јавните, приватните и  во други организации.
- Да го развивa концептот на критичко размислување на студенттите.
- Да овозможи студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на општествените, образовните, културните и научните организации.
- Да овозможи развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
Програмата за додипломски студии им нуди на студентите длабоко разбирање и знаење од областа на образованието и  културата, а истовремено ориентирајќи ги во одредени области, кои ќе бидат специјализирани во последната година на студиите. Составеноста на курикулумот има цел балансирана комбинација на основно знаење и специфични  професионални  вештини. Првата  година  е  значајна  за  студентите,  бидејќи спојува цел спектар на интердисциплинарни предмети. Ова ќе биде од значителна корист за нивната професионална оформеност.       

Програмата по англиски јазик примаарно е  наменетааза оние кои  се заинтересирани да станат предаавачи или преведувчи. Можни се и двете областии ние дизајниравме маалку поинаква наставна програма  за секоја специјализација. Имаме дипломци и во двете области. 
Но, сепак покрај  предавањето и преведувањето англискиот јазик е клучот за светот. Англискиот е втор јазик во светот  и поради тоа постојат можности за вработуавње  на нашите дипломирани  да работаат во настава, превод, толкување, новинарство, туристички индустрии, корпоративно предвање јазици, деловно толкување, уредување и креативно пишување. 

Знаење и разбирање

- Има теоретски и практични знаења на граматичките структури и современиот англиски вокабулар, доволни за да ги задоволат наставните потреби.
- Има јазична компетентност еднаква или подобра од Заедничката европска рамка на ниво Б2 во сите четири вештини (зборување, слушање, читање и пишување). 
- Има познавање на литературата на англискиот јазик во однос на периоди, жанрови и главни автори.
- Има основни практични преведувачки вештини по општ англиски.
- Разбира различни стратегии на учење и подучување кои се користат во подучувањето на англискиот како странски јазик.
- Има добро разбирање на различните аспекти на историјата и културата на земјите што зборуваат англиски. 

Примена на знаењето и разбирањето

- Е квалификуван да предава во разновидни опкружувања, согласно законот за образование на Република Македонија.
- Применува соодветна методика на подучување која што одговара на потребите на студентите.
- Може да преведува на, и, од англиски на мајчиниот јазик за содржината на наставата.
- Го користи англискиот јазик соодветно во однос на говор и различните типови на дискурси во различни социјални и професионални средини. 

Способност за проценка

- Има способност да оценува литературни текстови, водејќи сметка за нејаснотиите на јазикот, книжевниот стил, симболот и метафората.
- Може да донесе јасна и информирана одлука за прашања и дебати врз основа на јазичните, културните и книжевните знаења.
- Има способност да ги анализира ученичките потреби и развива наставни програми со избирање на соодветни техники, како и дизајнирање на наставни програми.

Комуникациски вештини

- Може да ги артикулира јасно мислите и да ги пренесе пораките во академски и говорен англиски јазик.
- Има способност да произведува и организира граматички точни изрази и реченици.
- Владее со знаење за самоуверено  читање, пишување и зборување за голем број на книжевни текстови како и пишува јасни аргументи користувајќи текстуални примероци со логичен прогрес и јасност на објаснување. 
- Може да проценува и оценува културните трендови во Англофонскиот свет, вклучувајќи мислители и историски настани. 

Вештини на учење

- Има независни вештини на учење во вршење на стручни задачи и може да покаже независност во примената на истите во професионалната сфера.
- Е во состојба да развива наставни материјали во врска со неговите/ нејзините наставни практики користувајќи упатства и соодветни ресурси.
- Има капацитет да учествува во, и се прилагодува на нови јазични и културни случувања во англиските студии.
- Може да ја искористи и практикува доживотното учење.

Семестар 1

  • [CEL-103] [6 ЕКТС] Фонетика и фонологија
    Предметот се фокусира на основните фонолошки концепти, како што се инвентарот и дистрибуцијата на англиските фонеми, алофони, нивните карактеристики, морфо-фонологијата, слоговната структура и прозодиските карактеристики. Исто така таа се фокусира и на акустичната, артикулационата и аудитивната фонетика, вклучувајки го и описот и класификацијата на англиските согласници, простите и сложените самогласки.
  • [CEL-105] [6 ЕКТС] Современ англиски јазик 1
    Цели на предметната програма: Знаење и разбирање: Има знаење и разбирање за: точната употреба на глаголскте времиња, споредувањето на придавките, релативните клаузули, индиректниот говор, инфинитивот и логичните претпоставки. Има компетенции во однос на граматичкиот и вокабуларниот аспект да учествува во дискусии во врска со различни социјални теми и содржини. Примена на знаење и разбирање: Е способен да го применува своето знаење во различни комуникативни околности и да одговара со високо ниво на лингвистичка прецизност на различни теми за дебатирање. Има знаење да праша и да изразува интерес, да спротивтставува и да креира идеи, да предлага и да побива идеи, како и да сугерира. Комуникациски вештини: Студентот е способен да иницира и да задржува дискусија со задоволителна доза на заплетканост. Има знаење и компетенција за пишување доброорганизиран параграф, како и доброорганизирана писмена кореспонденција. Студентот има развиени вештини за самостојно ефективно читање. Проценување: Студентот е способен правилно да користи различни граматички форми, како: времињата, глаголските конструкции, идиомите и др., способен е за изразување доброорганизирани мисли на различни теми на дебатирање. Вештини на учење: Студентите имаат развиени вештини за независно учење со помош на различни интерактивни алатки. Тие се способни да најдат ресурси за понатамошно учење и за подобрување на четирите вештини (читање, слушање, пишување и зборување).
  • [ETTE04] [3 ЕКТС] Академсо пишување на англиски јазик
    Предметот има за цел да ги оспособи студентите да ги употребуваат јазични вештини во контекст на академско пишување кое вклучува пишување на академски параграф и есеј, како и есеи во кои се образложува проблем и се предлага решение, се споредуваат и констрастираат ситуации и проблеми и се образложува поставена теза или мислење. Понатаму, студентите треба да се способни да слушаат и читаат и да ја разберат суштината и деталите, и успешно да напишат параграф и есеј во кој го аргументираат нивното мислење. Треба да да ги изнесат своите ставови и мислења кои кје бидат образложени во дадениот параграф или есеј. Исто така, треба да ги организираат своите идеи и успешно да напишат параграф и есеј во кои образложуваат проблем и предлагаат решение, при што даваат детали, факти и аргументи, цитираат и наведуваат извори . Тие треба да се во состојба да ги идентифукуваат главните идеи и детали во текст, цели и пораки на текст, како и начини на организирање на текст и да ги применат во пишување. Во понапредните фази, од студентите се очекува да преминат на пишување на посложени академски задачи, како што е академски труд со преглед на литература, истражување, заклучоци и препораки.
  • [CEL-106] [6 ЕКТС] Англиска литература 1
    Цели на предметната програма: Знаења и разбирања на студентите: • Употребуваат студии од претходните поезии и прози во своите критики на драми. • Го поврзуваат развојот на англиската драма со нејзината историска и културна основа. Примена на знаење и познавање: • Употреба на соодветната критичка терминологија при пишување и зборување. • Проверување на значајните карактеристики на спецификациите на полето. Способност за процена: • Анализирање драмски дела како литературни дела и како иведби. • Детектирање, анализирање и интерпретирање на поголемите разлики меѓу големите драмски автори. Комуникациски вештини: • Читање на делата на оригинален англиски јазик. • Споредување истражување и пишување есеј и негова презентација. • Формулирање, претставување, поддршка на критички мислења од текстот во дискусии со предавачот и со колегите. Вештини на учење: • Читање на делата како текст и како изведба. • Соодветно дискутирање на час, лична интерпретација и независен интражувачки есеј. • Примена на информативни способности, влијание и задлабочено текстуално разбирање.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1 M
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [CEL-205] [6 ЕКТС] Современ англиски јазик 2
    Цели на предметната програма: Знаење и разбирање: Има знаење и разбирање за граматичките структури како пасивот, условните реченици, сврзниците, нагласувачките структури, клаузулите итн. Има способности во однос на граматичкиот и вокабуларниот аспект да учествува во дискусии во врска со различни социјални теми и содржини како на пример: животна средина, екологија, технологија, наука, мода итн. Примена на знаењата и разбирањата: Способен е да го применува своето знаење во различни комуникациски околности и да одговара со високо ниво на лингвистичка прецизност на различни теми за дебатирање. Има знаење да искажува интерес и грижа, да искажува претпоставка, да прашува и да изразува интерес, да се жали, да се извинува, да повторува и да потврдува. Комуникациски вештини: Студентот е способен да иницира и да задржува дискусија со задоволителна доза на заплетканост. Има знаење и компетенција за пишување доброорганизиран есеј, како и доброорганизирана писмена кореспонденција. Студентот има развиени вештини за самостојно ефективно читање. Способност за проценка: Студентот е способен правилно да користи различни граматички форми, како: времињата, глаголските конструкции, идиомите и др. Способен е за изразување доброорганизирани мисли на различни теми на дебатирање, како на пр. криминал, мода, временски прилики, екологија, технологија итн. Вештини на учење: Студентите имаат развиени вештини за независно учење со помош на различни интерактивни алатки. Тие се способни да најдат ресурси за понатамошно учење и за подобрување на четирите вештини (читање, слушање, пишување и зборување).
  • [CEL-202] [6 ЕКТС] Морфологфија
    Предметот е концентриран на морфолоските карактеристики на англискиот јазик. Таа ги зема во предвид ги третира и грамати;ките категории и други функции на зборовите на мајчиниот јазик на студентите како што се: именки, заменки, придавки, прилози, предлози, определен и неопределен цлен, врзници, броеви и узвици. Со посебно внимание се третираат формите и функциите на горенаведените делови на говорот.
  • [CEL-206] [6 ЕКТС] Англиска литература 2
    Цели на предметната програма: Знаења и разбирања: • Користење и разбирање на соодветен критички речник поврзан со поезија и поетски модели. • Вклучување критички способности во интерпретација на поетските текстови. • Демонстрација на разбирање на историскиот развој на поетите, нивните животи, нивните стилови и нивните достигнувања. Примена на знаењата и сознанијата: • Запознавање и евалуација на развојот на англиската поезија од Чосер и од Ларкин. • Идентификување слични теми во поезиите и анализирање различни пристапи. • Поврзување специфични жанрови, стилови и движења со соодветни култури и во посебни хронолошки периоди. Способност за процена: • Одредување различни нивоа на отстапување во поетското пишување. • Генерирање и артикулирање толкувани пофалби од песните. • Процена на соодветноста на метричката форма на која се однесува. Комуникациски вештини: • Да ги прочитаат делата во нивната оригинална форма на англиски јазик. • Да направат внимателно истражување во писмен есеј и да го презентираат на час. • Да се вклучат во дискусија од критички и естетски аспект на материјали обработувани со предавачот и со други колеги од групата. Вештини на учење • Да ги прочитат и да ги интерпретират уметничките дела на напреден англиски јазик. • Да ги поврзат критиките за делата обработувани на предавањата и да ги вклучат најубедливите критики со сопствена интерпретација на студентот. • Стекнување невобичаено и технички речник од контекст и пример.
  • [CTTE18] [3 ЕКТС] Пишување на англиски јазик
    Целта на предметот е студентите: - Да имаат широк обем на специфичности во академско пишување на англиски јазик и да ги разберат специфичностите на истражувањето. - Да идентификуваат различни видови повратна информација на писмените задачи на студентите. - Да ги имплементираат своите вештини за пишување во своите професии како предавачи во основните и во средните училишта. - Да идентификуваат и да евалуираат различни жанрови на пишување во предавањата (EFL-училница) - Да развијат вештини потребни за пишување истражувачка работа. - Да напишат доброосмислени параграфи и статии. - Да пишуваат самоуверено на теми и за проблеми поврзани со академски англиски јазик. - Да употребуваат примарни и секундарни извори при фокусиран академски аргумент. - Да се овозможи да применуваат разни стилови на цитирање во своето пишување. - Да можат да употребуваат разни методи на истражување.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/македонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1 M
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 3

  • [CEL-304] [6 ЕКТС] Современ англиски јазик 3
    Студентите преку овој предмет ќе ги збогатат своите јазични искуства со: Знаење и разбирање: - Примена на комплексни граматички структури, како зависни реченици и индиректни прашања; развој на чувствителност кон англокултурите и англискиот стил на комуникација. Примена на знаењето: - Прекинување и на учтив начин и давање свој придонес во дискусиите на час; оформување точни граматички и стилски речници кои покажуваат точна примена на глаголските форми, споредби и описен јазик. Комуникациски вештини: - Изразување предност, незадоволство, намери, чувства и жалби; пишување есеи и формална кореспонденција, развој на течно зборување и пишување. Способност за процена: - Ревидирање на пишувањето, читањето и слушањето за главен мотив и детали, користење соодветен јазик во дадена ситуација, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на академски и секојдневни изрази. Вештини на учење: - Збогатување на нивното културно искуство и знаење cо користење на изразните текстови и сценарија за поттикнување на самостојно учење; управување со јазични ресурси како што се веб и библиотечни услуги; користење на англискиот јазик за решавање проблеми за учење.
  • [CEL-305] [6 ЕКТС] Историја и култура на англиското говорно подрачје 1
    Студентите: - Ќе ги запознаат разновидните аспекти од историјата и културата на земјите од англиското говорно подрачје. - Ќе ги анализираат различните перспективи на британската историја, повеќе како процес отколку како консекутивни хронолошки случувања. - Ќе ја разберат интеракцијата меѓу политичкиот и економскиот развој и општествените промени (на пример во областа на правата на жените), а ќе научат и да ги ценат факторите кои се вклучени во развојот на мултикултурното општество. - Ќе бидат способни критички да се вклучат во дискурсивна анализа на општествената историја на Британија (економска, демографска, политичка, културна).
  • [CTTA56] [6 ЕКТС] Синтакса
    Цели на предметната програма: - Дa ги соладуваат клучните поими и категории на синтаксата на англискиот јазик со нагласок на педагошката примена; нивното теоретско и практично знаење на синтакса на англискиот јазик, да биде на соодветно ниво со потребите на наставата на англискиот јазик; - Да можат да го владеат англискиот јазик не само како комплексни серии на синтактичи и лексички образци, туку ќе се оспособат со таква јазична компенетција со која ќе ги препознаваат и употребуваат тие образци во соодветни социо- културни контексти; - Да имаат познавања на извори на литература за подучување на синтаксата на англискиот јазик; - Да бидат обучени со знаења и вештини за да вршат компарација за разликите и сличностите помеѓу мајчинноит и англискиот јазик;
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EEL-301] Вовед во усвојување на странски јазик
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [EEL-602] Контрастивна анализа
    • [EEL-502] Учење на англиски јазик на младите
    • [EEL-407] Правно преведување
    • [EEL-606] Консекутивно преведување
    • [EEl-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 4

  • [CEL-404] [6 ЕКТС] Современ англиски јазик 4
    Студентите преку овој предмет ќе ги збогатат своите јазични искуства со: Комуникациски вештини: Испраќање сметка, купување работи, раскажување искуства, контраст на идеи, изразување чувства, следење дискурс; создавање и одговарање на предлози, изразување веројатност, предности/недостатоци, одлучување за храна/пијалаци и изразување согласување/несогласување. Примена на знаењето: Одобрување идеи; изразување навреденост / симпатија, одбивања, давање предлози, прифаќање / одбивање / донесување одлуки; давање комплименти, алтернативи; претпоставки; создавање повеќе грамaтички и стилистички точни реченици кои покажуваат точна употреба на глаголските форми и пасивните форми. Способност за процена: Ревидирање на пишување, читање и слушање на главни детали, на различни контексти, употребувајќи соодветен јазик во дадена ситуација, вклучувајќи академски и социјални изрази. Знаење и разбирање: Примена на комплексни граматички структури, како допусни клаузули, модални глаголи, пасиви, квантификатори, индиректни прашања; употреба на вокабулар поврзан со областа на криминалистиката, еволуција на образованието, наследноста, просторот и храната; развојот на чувствителност во англокултурите и англиски стил на комуникација. Вештини на учење: Збогатување на нивното културно искуство и знаење cо користење на текстови и сценарија за поттикнување на самостојно учење; стратешка и истражувачка способност, управувајќи со јазични ресурси како што се веб-страници и библиотечни услуги; користење на англискиот јазик за решавање проблеми со учењето.
  • [CEL-405] [6 ЕКТС] Историја и култура на англиското говорно подрачје 2
    Студентите: - Ќе стекнат знаење за различните аспекти од историјата и културата на земјите од англиското говорно подрачје. - Ќе ги анализираат различните перспективи на американската историја, повеќе како процес отколку како консекутивни хронолошки случувања. - Ќе ја разберат интеракцијата меѓу политичкиот и економскиот развој и општествените промени (на пример во областа на правата на жените, граѓанските права итн.), а ќе научат и да ги ценат факторите кои се вклучени во развојот на САД како мултикултурно општество. - Ќе бидат способни критички да се вклучат во дискурсивна анализа на општествената историја на САД (економска, демографска, политичка, културна).
  • [CEL-504] [6 ЕКТС] Преведување 1
    Предметот истражува методи, техники, пристапи и теории на преведување. Дава инструкции за успешно преведување и за истовремено, непрекинато толкување. Фокусот е на преведување на литературни текстови како проза и поема, и други документи се анализираат и преведуваат како статии во весници, официјални документи и професионални текстови од полето на бизнисот, правната надлежност, и администрацијата. Предметот исто така ја истражува етиката, моралот и одговорностите на преведувањето.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EEL-301] Вовед во усвојување на странски јазик
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [EEL-602] Контрастивна анализа
    • [EEL-502] Учење на англиски јазик на младите
    • [EEL-407] Правно преведување
    • [EEL-606] Консекутивно преведување
    • [EEl-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EEL-301] Вовед во усвојување на странски јазик
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [EEL-602] Контрастивна анализа
    • [EEL-502] Учење на англиски јазик на младите
    • [EEL-407] Правно преведување
    • [EEL-606] Консекутивно преведување
    • [EEl-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби

Семестар 5

  • [CEL-603] [6 ЕКТС] Преведување 2
    Предметот овозможува нови информации поврзани со предавање и учење на вокабулар во EFL училница. Вклучува опис на тоа како се усвојува вокабуларот, како се употребува во говор и пишување, и дискусии за моментални најдобри пракси за предавање на вокабулар. Специфични прашања вклучени во овој курс се: што значи да се знае збор, колку зборови има, кои зборови треба да бидат научени, експлицитно против случајно учење на вокабулар, значењето на читањето во учењето на вокабулар, стратегии за учење на вокабулар, техники за предавање на вокабулар и тестирање на вокабулар.
  • [CEL-403] [6 ЕКТС] Методологија на предавање на англиски јазик 1
    Овој предмет има за цел да ги запознае студентите со теоретските и практичните размислувања за предавање и учење јазици, како и ги одразува сегашните методологии на предавање на англискиот како странски јазик. Курсот истражува начини на кои со разни пристапи и методи може да биде спроведена една лекција за странски јазик. Курсот има за цел да создаде основа за разбирање на главните компоненти вклучени во предавањето на странски јазик. Вклучени теми се: учење на странски јазик на основно ниво, предавање на сите јазични вештини, предавање на вокабулар, предавање на граматика и изговор, планирање на лекција, употреба на литература во предавање, технологија во предавањето, тестирање и евалуација, итн.
  • [CEL-503] [6 ЕКТС] Тестирање и оценување
    Овој предмет има за цел распознавање на основните принципи потребни за изготвување и применување на процесот на евалуација. Преку за познавање со овие принципи студентите ги идентифицираат и главните видови на евалуација, разликата мегу стандардна и алтернативна евалуација. Важен аспект во овој процесс е валидноста и доверливоста на инструментите на евалуација. Во текот на семестарот студентоте истотака ке се запознаат со пазни видови на тестови, видови на прашања и задачи потребни при дизајнирање на тестови и имплементацијата на процесот на евалуација и оценување.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EEL-301] Вовед во усвојување на странски јазик
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [EEL-602] Контрастивна анализа
    • [EEL-502] Учење на англиски јазик на младите
    • [EEL-407] Правно преведување
    • [EEL-606] Консекутивно преведување
    • [EEl-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EEL-301] Вовед во усвојување на странски јазик
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [EEL-602] Контрастивна анализа
    • [EEL-502] Учење на англиски јазик на младите
    • [EEL-407] Правно преведување
    • [EEL-606] Консекутивно преведување
    • [EEl-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби

Семестар 6

  • [CEL-602] [6 ЕКТС] Анализа на потребите и дизајнирање на предмет
    Овој предмет има за цел распознавање на основните принципи потребни за изготвување и применување на модерни академски предмети. Преку запознавање со овие принципи студентитите можат да ги раликуваат пазните видови на предмети зависно од потребите на студентите но и пазарот. Многу важен елемнт во овој процесс е проверување на валидност и поверливост на инструментите употребени во процесот на евалуација изготвување на предмет и имплементација на стандарди и принципи познати во академијата и педагогијата.
  • [CEL-605] [6 ЕКТС] Методологија на предавање на англиски јазик 2
    Овој предмет има за цел да ги запознае студентите со теоретските и практичните размислувања за предавање и учење јазици, како и ги одразува сегашните методологии на предавање на англискиот како странски јазик. Предметот истражува начини на кои со разни пристапи и методи може да биде спроведена една лекција за странски јазик. Предметот има за цел да создаде основа за разбирање на главните компоненти вклучени во предавањето на странски јазик.
  • [CEL-601] [6 ЕКТС] Дипломска работа (практика)
    Главната цел на пишување Дипломска работа е да им помогне на студентите da спроведaт истражување на тема што сами ја избираат од областа областа на англиски јазик. Дипломската работа е дел од научните истражувања кoja им дава можност na студентите да го применуваaт знаењето и вештините што ги стекнале во текот на нивните додипломски студии. Студентите се надгледувани од страна на еден член на департаментот, ментор, кој ги води низ процесот на истражување и пишување на дипломската работа. Дипломската работа мора да обезбеди детални и потврдени сметка на тематски, методолошки и теоретски основи за работа. Емпирискиот материјал под анализа треба да бидат презентирани на јасен начин, исто така дa ги покажува врските на теоретска рамка и применетата методологијата. Освен ова, дипломската работа требда да ги следи основните принципи на етика во истражувањето.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EEL-301] Вовед во усвојување на странски јазик
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [EEL-602] Контрастивна анализа
    • [EEL-502] Учење на англиски јазик на младите
    • [EEL-407] Правно преведување
    • [EEL-606] Консекутивно преведување
    • [EEl-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EEL-301] Вовед во усвојување на странски јазик
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [EEL-602] Контрастивна анализа
    • [EEL-502] Учење на англиски јазик на младите
    • [EEL-407] Правно преведување
    • [EEL-606] Консекутивно преведување
    • [EEl-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби

240 ЕКТС (продолжени + 1 година)

Семестар 7

  • [CEL-701] [6 ЕКТС] Професионален англиски јазик 1
    По успешно завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност да совладаат нови зборови и да ги користат во различен професионален контекст; подобро да разбираат писмен дискурс кој најмногу се користи во различни професии како од изворни говорници на англиски јазик, така и од оние кои го изучуваат како странски јазик; да се впуштаат во динамични дискусии во врска со различни современи теми; да научат ефикасно да комуницираат во различни формални и неформални ситуации; да разгледуваат граматички категории во речениците и да пишуваат параграфи и документи кои ќе им овозможат поефикасна комуникација и разбирање на текстови кои најчесто се користат во професионален контекст.
  • [EEL-307] [6 ЕКТС] Психологија на образованието
    Целта на предметот е да се понуди развој, учење и настава, како концепти и основни практики што им овозможуваат на наставниците да предаваат за развој на мислењето. Студентите ќе стекнат една теоретска основа и целина на стратегии што го развиваат мислењето и нивните способности да се рефлектираат врз мислењето, еден процес кој често се нарекува метакогниција, студентите ќе научат за разните стратегии кои ја поттикнуваат наставата за и околу мислењето, исто така, тие ќе имаат за задача да ги дизајнираат и да ги вреднуваат своите стратегии. За да се поттикне рефлективното мислење и метакогнитивното знаење кај студентите, учесниците ќе имаат прилика да се информираат за развојот, учењето, наставата, навиките, критичкото мислење и процесот на решавање на проблеми. Студентите да се запознаат со предметот на педагошката психологија. Студентите да се запознаат со методите и техниките на педагошката психологија. Студентите да ги употребуваат методите и техниките кај психолошките проблеми во образованието. Учењето и факторите на учењето,Видови учење, бихевиористички и когнитивистичко учење.разните теории и практики на учењето.Теории на учењето и способностите.Структура на способностите и нејзините видови и трансфер во учењето.
  • [CEL-702] [6 ЕКТС] Практично предавање
    Знаењата и разбирања на студентите: Студентите кои успешно ќе го завршат овој предмет ќе стекнат: - Теоретски и практични знаења за планирање на наставата како и предавање; - Теоретско знаење, разбирање и планирање на наставните програми; - Познавање на академското планирање, процесите и функциите во врска со различните видови предавања, на пример предавање / практика / итн. - Разбирање на планирањето и управувањето на наставата. Примена на знаење и разбирање: - Да бидат подготвени да предаваат во основни и средни училишта во согласност со законите на Република Македонија. - Да применуваат соодветна методологија која одговара на потребите на студентите. - Соодветно да користат функционални стилови и различни видови за да ги пренесат знаењата на учениците. Способност за процена - Оцена и избирање стратегии и материјали за определените предавања. - Давање јасни и информирани мислења за дискутирање на културолошките прашања. - Анализа на потребите на студентот како и планирање и развој на часовите преку избирање соодветни материјали и ресурси. Комуникациски вештини: - Можност јасно да артикулираат мисли / идеи и да изразуваат пораки на англиски јазик пред различни групи ученици. - Да создадат доброосмислен план и ефикасна примена на истиот. - Да читање, да пишуваат и да зборуваат со доверба, етички и искрено, за теми и прашања од различни области. Вештини на учење: - Имаат независни вештини во вршење стручни задачи и покажуваат независнот во изразувањето мислења во професионалната сфера. - Можат да развијат материјали во врска со нивната практична област преку користење упатства и соодветни ресурси.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EEL-301] Вовед во усвојување на странски јазик
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [EEL-602] Контрастивна анализа
    • [EEL-502] Учење на англиски јазик на младите
    • [EEL-407] Правно преведување
    • [EEL-606] Консекутивно преведување
    • [EEl-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 8

  • [CEL-801] [6 ЕКТС] Професионален англиски јазик 2
    Овој предмет е продолжување и проширување на претходното ниво на Професионален англиски јазик 1 и ги има истите цели како и првиот дел. По негово успешно завршување, студентите ќе бидат во можност да совладаат уште поголем обем на нови зборови и да ги користат во различен професионален контекст; подобро да разбираат писмен дискурс кој најмногу се користи во различни професии како од изворни говорници на англиски, така и од оние кои го изучуваат како странски јазик; да се впуштаат во динамични дискусии во врска со различни современи теми; да научат ефикасно да комуницираат во разновидни формални и неформални ситуации; да определуваат граматички категории во речениците и да пишуваат параграфи и документи кои ќе им овозможат поефикасна комуникација и разбирање на текстови кои најчесто се користат во професионален контекст.
  • [CEL-802] [6 ЕКТС] Семејство и општество
    Цели на предметната програма: - Студентите ќе стекнат продлабочени знаења за општествените услови во кои се развиваат образованието, семејството и општество. - Специфичностите на семејството и општество како социолошка дисциплина. - Нееднаквостите во образованието. - Ќе можат да направат предлабочени анализи на семејството и општество и на односите на социјалните фактори во нив. - Развиваат критички и творечки однос кон образовната теорија и практика во едно конкретно општествено мисење. - Иницирање и комплетирање независна истражувачка работа. - Способност за адаптација во однос на различни културни и меѓучовечки односи и околности. - Демонстрирање способност за пренесување знаење во врска со комплексноста на социолошките, антрополошки и на социолоши реперкусии на комуникациските технологии. - Способност за развивање елоквентна дискусија.
  • [CEL-803] [6 ЕКТС] Предавање прилагодено според способностите
    По завршувањето на овој предмет, студентите ќе бидат оспособени да ги идентификуваат карактеристиките на предавањето според различните способности, да ги објаснат причините поради кои ваквиот начин на предавање е предуслов за успешно учење на сите нивоа, да креираат предавања кои го претставуваат ваквиот пристап според содржината и да имплементираат стратегии за ангажирање на студентите преку изделување на нивните способности во текот на на ставата.
  • [LCC-802] [6 ЕКТС] Проект - Студија на случај
    Овој предмет е извор за сите студенти зa да им помогне да поделат идеи и практики во иднина при учење на јазик. Предметот ќе обезбеди сценарија и случаи почнувајќи од основните подобрувања на работатат со помош на колегите и активности во работатат во групи за подобрување на пишувањето до изведување на научни истражувања, но исто така, бази на податоци од институциите и професионалци со цел да се зголемат информациите на студентите во текот на дизајнирање на предмети и професионален развој. Постојано ажурирана база на податоци има за цел да им обезбеди решенија за проблемите во училница на студентите за успешно управување на училницата и да се објасни зошто тие се успешни.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EEL-301] Вовед во усвојување на странски јазик
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [EEL-602] Контрастивна анализа
    • [EEL-502] Учење на англиски јазик на младите
    • [EEL-407] Правно преведување
    • [EEL-606] Консекутивно преведување
    • [EEl-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
Google+