Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународни комуникации

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-COMMIC
Академска година: 2017 / 2018
Титула: Дипломиран по меѓународни комуникации
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
ЕКТС: 240 (продолжени + 1 година) Aкредитација

Студиска програма  Меѓународни комуникации, вклучува динамични и интерактивни интердисциплинарни студии. Од овие студии се очекува да генерираат професионални резултати адаптирани на потребите на интегративниот глобален пазар, а во исто време служејќи како основа за студии на постдипломско ниво (втор циклус на студии).

Оваа програма ги подготвува студентите за работни места во меѓународните организации и институции, индустријата на медиуми, за работни места во растечките и брзо еволуирачки комуникациски стратегии и технологии користени од корпорациите и други организации, за работни места во односи со јавноста и кадровската политика на тренинг и развој.
Наставната програма  за  Меѓународни комуникации е дизајнирана да ги задоволи сегашните и идните потреби на пазарот за работа во одредени полиња на меѓународната комуникација, во креирање на политиките на национално и на меѓународно ниво и корпоративниот развој на полето на медиумите, дигитална и интерактивна комуникација, интернет компании, развој на портали, новинарство, корпоративна и организациска комуникација и односи со јавноста, итн.
Студиската програма за Меѓународни  комуникации им нуди на студентите длабоко разбирање и знаење од областа на  меѓународните комуникациски вештини и во исто време ориентирајќи ги во одредени области, кои ќе бидат специјализирани во вториот циклус на студиите. 
Универзитетот на ЈИЕ поседува извонредна ИТ инфраструктура за реализација на предложениот курикулум на насоката за комуникациски науки со компјутерски лаборатории, интернет врска и можноста за учење од далечина, како и библиотека со он-лајн ресурси достапни за пребарување.
Последната година од студиите, студентите работат на големи индивидуални или тимски проекти кои се во форма на истражувачка, развојна, конструктивна или практична работа и во блиска соработка или преку практика во домашни и  глобални компании, национални и меѓународни  општествено -политички институции и медиуми. Ова искуство култивира високо развиено техничко знаење, употреба на аналитичко размислување, квантитативно резонирање, вештини за управување со проекти, како и комуникациски вештини. Презентацијата на финалниот проект се очекува на крајот на овaа програма.
 

Програмата за меѓународна комуникација  особено е соодветна за сите оние кои се заинтересирани завработување и професионална кариера во:
• Меѓународни организации,
• Дипломатија,
• Мултинационални коорпорации,
• Медиуми,
• Канцеларии за односи со јавноста,
• Невладини меѓународни организации, итн.

Знаење и разбирање

- Текнување со теоретска основа, знаење и разбирање на комуникациите науки воопшто, и поседување продлабочени знаења за главните теории и пристапи од меѓународните комуникации
- Стекнување со воведни познавања за меѓународните комуникациски модели, видови комуникациски кампањи и стратегии за односи со јавност, основните карактеристики на дипломатијата и начинот на функционирање на меѓунаордните организации.
- Развивање на критично мислење за меѓународната комуникација.
- Компетентно пишување и зборувањево јавност и во приватна атмосфера.
-Стекнување со практично искуство за меѓународна комуникација.

Примена на знаењето и разбирањето

- Да изведуваат истражувања и да бидат аналитични во областа на меѓународната комуникација.
- Способностда управува со програми и должности на разни меѓунардони институции и да води тренинзи и консултации за комуникациски вештини од национален и меѓународен аспект.
- Способност за менаџирање на конфлик¬ти, донесување на одлуки и градење на тимови
- Способност за одржување односи со јавноста и развивање на односи за јавноста  маркетиншки кампањи на локално, национално и глобално ниво
- Способност за анализа на јавноста на локално и меѓународно ниво, разбирање заодносот меѓу општеството, медиумите, пораките, меѓунардоните институции и јавноста.

Способност за проценка

- Помага во евалуација на конкретни проблеми поврзани со меѓународната комуникација, кои се однесуваат на планирање комуникации, менаџмент на процеси, на контрола и стратешки менаџмент;
- Поседува способност да ја анализира медиумската конкуренцијата на пазарот.
- Студентите ќе бидат способни да се вклучуваат во медиумски дебати и да ги аргументираат своите ставови, поткрепени со факти, за теми поврзани со објективноста во новинарството, креирање јавно мислење, етиката на медиумите, модерни трендови во современиот маркетинг и ПР.
- Ќе може да проценуваат кои се најпогодните стратегии и тактики кои би требале да се применат во конкретна кампања за односи со јавност на локално и глобално ниво.

Комуникациски вештини

- Прави презентации на нови идеи, концепти и стратегии од областа на меѓународната комуникација.
- Напредни познавања на странските јазици за меѓународната комуникација на академско ниво.
- Да се ангажираат  на ефикасен и конструктивен начин во соодветните професионални области од меѓународната комуникација.
- Да даваат јасна и кохерентна презентација за некоја тема или задача употребувајќи референтни примери и реше¬нија.
- Да користат напредни извори за понатамош¬но усовршување и имплементација на стекнатите знаења.
- Јасно и елоквентно медиумски да се изразуваат, како и да се стекнат со вештини за јавно говорење.
- Студентите ќе учествуваат во создавањето правилата и карактеристики на дебатите, и активно ќе  дебатираат на теми поврзани со меѓународните комуникации.

Вештини на учење

- Умее да бара и детектира извори на учење;
- Поседува способност да прави анализиод областа на меѓународната комуникацијаи да користи научна литература и преглед од други автори;
- Умее да прави индивидуално и тимско учење;
- Понатамошно унапредување на нивното знаење преку вештини на интерактивно учење, учење со изработка на комуникациски практични проекти, критичко размислување и анализа на содржини на меѓународни медиуми.

Семестар 1

  • [CCM-102] [6 ЕКТС] Вовед во меѓународна и меѓукултурна комуникација
    По завршувањето на предметот Вовед во комуникациски науки, од студентите ќе се очекува да можат да се снајдат во едноставни конверзации, да можат да ги аплицираат знаењата за Шеноновата и Виверовата шема да ги совладуваат основите на лингвистичките модели на комуникација. Исто така, од студентите ќе се очекува да може самостојно да ги употребат овие знаења во понатамошните нивни потреби, но исто така и како основа за усовршување на истиот.
  • [CCM-101] [6 ЕКТС] Вовед во комуникациски науки
    Студентите ќе може да ја дефинираат меѓукултурната комуникација, да ги идентификуваат и да ги објаснат меѓукултурните политики, а знаењето и разбирањето ќе го применат во изработка на меѓукултурни стратегии со способност за проценка на идентификаторите на идентитетот на различните култури што егзистираат во Р. Македонија и во светски рамки.
  • [CCM-103] [6 ЕКТС] Вовед во меѓународни односи
    Студентите се запознаваат со најзначајните поими, идеи и институции на меѓународните односи. Предметот претставува истражување на основните концепти на дисциплината, со тенденција да ги запознае студентите со актуелната сцена на МО и со современите светски проблеми, како и со иднината на МО дискутирајќи ги новите агенди. Во завршувањето на предметот студентите би требало да бидат во состојба/ спремни да: - владеат едно разбирање/ знаење за концептите и темите на дисциплината на МО; - научат водечките сили и случки, влијанија и идеи што ја изградиле еволуцијата на МО; артикулираат и анализираат темите на МО од различни перспективи.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [CCM-201] [6 ЕКТС] Медиумски студии
    Цели на предметната програма (компетенции) се: - Да ги воведе студентите во основните функции на медиумите и средствата за масовна комуникација, - Да ги запознае со нивното влијание и значење во општеството, - Да ги воведе во новинарската професија, - Функциите и видовите на новинарството и на новинарските производи.
  • [CCM-202] [6 ЕКТС] Tеории на комуникации
    По завршувањето на Теорија на комуникација, од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења и напредна во полето на психолошките модели на комуникација. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на истите модели и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на Теорија на комуникација, студентите ќе бидат оспособени да разработат и осмислат примери од Фројдовските модели, теорија на анксиозноста, и поведение и ќе бидат во можност да размислуваат критички на различни теми и сами да донесуваат заклучоци врз основа на прочитаните текстови, како и да стекнат способност за напредна писмена и усна комуникација во полето на различните психолошки теории на комуникација.
  • [CCM-203] [6 ЕКТС] Вовед во политички науки
    Овој предмет има за цел да ги воведе студентите во основите на политичките науки. Ќе се презентираат главните политички концепти, поими, идеи и институции. Предметот е дизајниран како еден вовед во природата и студирањето на политиката вклучувајќи го испитувањето на основните концепти на дисциплината: власта, авторитетот, легитимноста. Сувереноста, нацијата, државата, видови на режими. Посебно ќе се студираат и главните идеологии во политичката теорија.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [3 ЕКТС] зборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2

Семестар 3

  • [CCM-301] [6 ЕКТС] Комуникациски методи на истражување
    Како научна дисциплина на комуникациските науки, предметот Комуникациски методи на истражување има за цел да изврши анализа на најразвиените теоретско-методолошки пристапи во современите комуниколошки истражувања, како и објаснување на искуствените (емпириски) методи и техники во испитувањето на комуникациските појави. Целта е студентите да може да ги објаснат и да ги разликуваат главните квалитативни и квантитативни методи (начини, постапки) и главните техники (алатки) во комуниколошките истражувања, да ги идентификуваат и применат одделните фази во комуникацискиот проект и да го разберат начинот на пишувањето на истражувачкиот извештај. Студентите ќе го применат знаењето и разбирањето во изработка на идејна скица за комуникациско истражување со сите нејзини фази кои ќе најде апликативна примена во аплицирање на проекти за значајни области од општествено -политичката, културолошката, професионалната, масовната и бизнис - комуникација, особено кај организациите од граѓанскиот сектор.
  • [CCM-302] [6 ЕКТС] Дипломатија
    Предметот ги воведува студентите во теоретското објаснување на основите на дипломатските односи, дава преглед на развојот, улогата и значењето на дипломатијата во меѓународната комуникација со теоретска и практична апликација на значајните дипломатски вештини и техники во надворешното презентирање на државите на политички,економски и на културолошки план.
  • [ECM-302] [6 ЕКТС] Меѓународни комуникации и културен идентитет
    По завршувањето на предметот Меѓународни комуникации и културен идентитет, студентите ќе имаат можност да идентификуваат и да анализираат основни аспекти на нивниот културен идентитет, како и да бидат свесни за постоењето на други културни идентитети освен нивниот. Освен тоа, студентите ќе можат да применуваат соодветни теории за анализирање на различни интеркултурни комуникации. По завршувањето на овој предмет, студентите ќе бидат во можност да комуницираат во различни контексти со зголемена свест за различноста помеѓу луѓето од различни култури.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 1
    • [LPCEN-01] Англиски јазик за јавна амдминистрација, политички науки и комуникација 1
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 4

  • [CCM-401] [6 ЕКТС] Меѓународни комуникациски системи
    Запознавање со традиционалните и современите меѓународни комуникациски системи. Стекнување знаење за комуникациските системи кои имаат значење за современото проучување на комуникациските процеси во општеството, од традиционалните, па се до современите медиумски системи на различни земји (особено во европскиот простор). Станува збор за комуникациски системи и модели развиени во рамките на социолошките, политиколошките, психолошките и други теории и школи чие внимание е насочено на комуникациските процеси во глобалното општество. Тежиштето е на интердисциплинарен приод во истражување на сложените комуникациски процеси и воспоставување интеграција на различни научни дисциплини.
  • [CCM-402] [6 ЕКТС] Односи со јавноста: Принципи и практики
    Запознавање со основните начела, законитостите и развојот на односите со јавноста. Стекнување на знаење за концептот на односите со јавноста, дефиницијата и историскиот развиток, новата улога на односите со јавноста во согласност со процесот на менаџментот и новите теории за односите со јавноста.
  • [CCM-403] [6 ЕКТС] Меѓународни организации
    Овој предмет се фокусира во изучувањето на историјата, структурите и функциите на меѓународните организации како и начинот на комуницирање со меѓународните организации и внатрешните комуникациски системи во самите организации. Преку разгледување на актите на основање, општите принципи на правните одговорности и функционирање на меѓународните организации и самите држави членки на тие организации. Ќе се разгледа начинот и системот на комуницирање на Обединетите нации, НАТО, ЕУ, ОБСЕ, Совет на Европа, итн.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ECM-505] Меѓународна комуникација во Европа
    • [ECM-401] Интерперсонална комуникација
    • [ECM-402] Културолошки студии
    • [ECM-403] Убедување
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 2
    • [LPCEN-02] Англиски јазик за јавна амдминистрација, политички науки и комуникација 2

Семестар 5

  • [CCM-504] [6 ЕКТС] Професионална практика
    Целта на предметот е студентите да стекнат вештини во делот на практичната работа, за да ги зголемат своите можности за вработување по завршување на студиите. Студентите ќе можат полесно да ги идентификуваат опциите за развојот на нивната професионална кариера, но и да стекнат знаења за стратегии и техники за истражување на пазарот на трудот во регионов и пошироко.
  • [CCM-501] [6 ЕКТС] Медиумско пишување и известување
    Овој предмeт е наменет за унапредување на практични вештини на студентите за новинарско пишување и известување во печатените и електронските медиуми. Овој предмет ќе им дава на студентите практични упатства за основните техники на медиумското пишување. Студентите ќе се оспособат да пишуваат за весниците, радиото и телевизијата. Исто така студентите ќе се фокусираат како да ги собираат, верификуваат, организираат и презентираат вестите пред широката јавност.
  • [CCM-502] [6 ЕКТС] Политичка комуникација
    Преку предметот Политичка комуникација се објаснува и се анализира политичката комуникација, која има историја од кога постои политичката заедница, меѓутоа не се занимава со историската страна , сакајќи да се задржи на модерните времиња и на политичката актуелност. Предметот исто така има и заеднички точки со проблемите на јавното мислење, но повеќе се задржува на природата на односот помеѓу политичарите и медиумите. По завршувањето на истиот, студентот ќе биде во состојба да разбира и спроведува ставови во врска со политичкото оформување и комуникацијата и начинот на присвојувањето на идеите и ставовите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ECM-501] Меѓународен менаџмент
    • [ECM-504] Меѓукултурна комуникација: Културолошки содржини и стратегии
    • [ECM-503] Етика во комуникациите
    • [ECM-306] Принципи и практики на интервјуирање
    • [ECM-304] Компјутерски апликации во комуникации
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ECM-501] Меѓународен менаџмент
    • [ECM-504] Меѓукултурна комуникација: Културолошки содржини и стратегии
    • [ECM-503] Етика во комуникациите
    • [ECM-306] Принципи и практики на интервјуирање
    • [ECM-304] Компјутерски апликации во комуникации

Семестар 6

  • [CCM-602] [6 ЕКТС] Преговори
    Предметот нуди можност да се научат техниките на преговарање, препознавање на не-фер тактиките со цел креирање на реципрочно корисни ситуации. Курсот се фокусира на теоријата на преговарање со нејзината практична примена. Нагласокот е во јазикот на телото, типовите на личност, регионални и меѓународни разлики, како и скриеното значење на зборовите.
  • [CCM-603] [6 ЕКТС] Комуникација и лидершип
    Овој предмет ја истражува историјата на теориите на лидершипот со примарно внимание на трансформацискиот лидершип. Се мотивира партиципација во извршување на лидершипот со посебно внимание на можностите да се комуницира трансформацискиот лидершип.
  • [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Ова е активност поврзано со дипломската работа и професионален пројект. Од студентите се бара да напише проект, обично поврзан со дипломската работа, да се изработи структурата на проектот да се направи истражување и да го напишат извештајот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ECM-604] Американски студии
    • [ECM-601] Бизнис и професионална комуникација
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [ECM-605] Аргументирање и дебатирање
    • [ECM-606] Планирање на комуникациите
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ECM-604] Американски студии
    • [ECM-601] Бизнис и професионална комуникација
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [ECM-605] Аргументирање и дебатирање
    • [ECM-606] Планирање на комуникациите

240 ЕКТС (продолжени + 1 година)

Семестар 7

  • [ECM-301] [6 ЕКТС] Меѓународни медиуми
    Запознавање со основните начела, законитостите и развојот на меѓународните медиуми, нивната поливалентна функција, и тематскиот приказ на содржините во меѓународната размена на информации. Студентите ќке може да ги разликуваат меѓунанродните медиуми по нивните специфични карактеристики, влијание и улога што ја имаат во меѓународната комуникациска реалност.
  • [CCM-503] [6 ЕКТС] Глобализација
    Основна цел на Наставната програма по курсот Глобализација и културен идентитет е студентите да ги упати на некои од централните прашања поврзани со комплексната проблематика на глобализацијата и културниот идентитет. Студентите ќе може да ги објаснат економските, политичките и културните аспекти на глобализацијата и последиците врз современата цивилизација и критички да придонесат во расветлување на отворени прашања како современи ракурси- европеизација, американизација или космополизација на културните вредности. Ќе може да пишуваат, да креираат комуникациски пораки и да дебатираат за феноменот модерно општество и модерна комуникација низ улогата и влијанието во стандардизацијата на европските и светските вредности и во негување и развивање на сопствените културни идентитети.
  • [CCM-701] [6 ЕКТС] Дипломатска коресподенција
    Целта на предметот е да се оспособат студентите во насока на разбирање на меѓународните правила за комуницирање во меѓународната заедница, особено во дипломатијата. Во фокусот ќе бидат правилата и модалитетите за остварување на меѓународно комуницирање мегу политичките и дипломатските елити. Особена важност имаат стиловите на комуницирање во рамките на дипломатските претставништва (амбасади и конзулати).
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ECM-303] Европски студии
    • [ECM-404] Пишување вест
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 8

  • [ECM-603] [6 ЕКТС] Меѓународни политики
    Предметот ги изучува современите политички системи,методологијата на истражување на политичките феномени на меѓународен план, типологизацијата и современите квалификации на меѓународните политики преку научен пристап во политичката анализа на структура, организација и функционирање на меѓународните политички системи.
  • [CCM-801] [6 ЕКТС] Социјални мрежи
    Целта на предметот е студентите да стекнат стручни знаења за социјалните мрежи на Интернетот, за начинот на нивното функционирање, примена, злоупотреба и заштита од злоупотреби. Притоа се истакнува како социјалните мрежи се користат како алатки за различити дејности, како тие го менуваат начинот на кој организациите комуницираат и стапуваат во интеракција со нивната публика, како социјалните мрежи треба да се координираат со бизнис-целите и целата комуникациска стратегија и како треба да се вградат во различни организациски функции.
  • [CCM-802] [6 ЕКТС] Меѓународни комуникации и решавање на конфликти
    Меѓународни комуникации и решавање на конфликти е област на изучување за која има сè поголем интерес како резултат на современите процеси на глобализација. Глобалната комуникација овозможена со помош на современите технологии создава платформа за огромен број комуникации дневно меѓу различни култури. Во таа смисла, овој предмет тежнее да укаже кон проблемите кои можат да го отежнат процесот на комуникација меѓу луѓето од различните култури. Темите поврзани со проблематиката на стереотипи, генерализации, комуникациски вештини, комуникациски стртегии и комуникациски ориентации се дел од клучниот материјал што ќе се разработува во рамките на овој предмет. Се очекува студентите да стекнат: - Способнст да ги објаснат разновидните димензии на меѓукултурна комуникација кои можат да предизвикаат конфликтна ситуација. - Да се способни критички да ја анализираат динамиката на меѓукултурната интеракција. - Да бидат поготвени за изготвување и за планирање стратегија за интеркултурна интеракција. - Да изготват студија на случај за интеркултурна комуникација и за решавање конфликти.
  • [LCC-802] [6 ЕКТС] Проект - Студија на случај
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ECM-801] Пишување за односи со јавноста
    • [ECM-305] Развој на професионалната кариера
Google+