Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Бизнис и економија

Во соработка со Универзитетот во Лондон (UoL)
Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-BE
Академска година: 2017 / 2018
Титула: Дипломиран по бизнис и економија
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Наставната програма Бизнис и економија претставува балансирана комбинација на основно теоретско знаење и на специфични професионални вештини. Структурата на тригодишната програма опфаќа студии кои по природа се динамични и интерактивни. Програмата е дизајнирана да понуди теми од областа на економијата и менаџментот, имплементирајќи го овој концепт преку наставна програма. Предметите кои се застапени во оваа програма претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која тесно е поврзана со практичната примена во светот на бизнисот. Оваа програма им овозможува на студентите стекнување потребни способности и искуство за: економската теорија, примената на менаџментот, финансиите, како и економетриска анализа на податоците.

Студиската програмата Бизнис и економија  има за цел:
• Да ги подготви студентите за позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
• Да ги подготви студентите за градење кариера во областа на економија и менаџмент, но и во приватниот сектор во областа на финансиите.
• Да овозможи стекнување истражувачки способности и искуство за: економска теорија, употребата на менаџментот, финансиите, како и економетриска анализа на податоците.
• Да го развива концептот на практично работење на студентите.
• Да го развивa концептот на критичко размислување на студентите.
• Да овозможи студентите активно да се вклучат во предавањата со цел независно да вршат истражување во сите области на економија и менаџмент.
• Да овозможи развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.

За време на тригодишната студиска програма на студентите им се дадени можности за практична работа (internship), со  што ќе се оспособуваат да ги применат своите стекнати знаења и вештини во областа.
Студиската програма по  Бизнис и економија нуди можност за двојна диплома (Dauble Degre) во соработка со Универзитетот во Лондон (UoL) - London School of Economics (LSE). Основната содржина на програмата опфаќа предмети кои се нудат и од британскиот  универзитет - LSE. Предметните програми се компатибилни со наставната програма на LSE. LSE, исто така, обезбедува  поддршка за реализација на програмата преку литература, предметни програми, наставни планови, испити и примери на видеопредавања.

Студиската програма по Бизнис и eкономија ќе им овозможи на студентите:
- Да добијат општо образование во дициплините што ставаат акцент на теоријата и пратиката на менаџментот, додека сѐ уште останува специjализирањето во економија.
- Сеопфатно да ја проучат економијата со менаџмент, опција која им овозможува да имаат критичен поглед на прашањата поврзани со менаџментот.
- Да добијат обука за принципите на економијата и нивните апликации.
- Да го разберат менаџментот како наука со широка општествена основа и како мултидисциплинарна област.
- Да се запознаат со соодветните алатки за анализа за да се справаат со прашања и проблеми на економските политики.
- Да ги разберат организациите, клучните аспекти од нивниот менаџмент и надворешната средина во која тие функционираат.
- Да имаат средина каде што ќе можат да ги развијат своите интерперсонални и комуникативни вештини.
- Да имаат цврста основа за понатамошно студирање како и за вработување.

Знаење и разбирање

- Ги има потребните знаења за следниве деловни функции: економија, менаџмент, финансии, бизнис и менаџмент во глобален контекст, принципи на сметководство, корпоративно управување, стратешки менаџмент, управување со човечки ресурси и маркетинг.
- Има знаење за функционалните области на економија и менаџмент, тековните истражувања и иновациите, идните трендови, како и за влијанието на овие случувања врз теоријата и практиката.
- Има знаење и разбирање за националната, регионалната и за глобалната економска ситуација на пазарот.
- Има познавање за менаџерските теории, анализа и известување.
- Стекнува силна основа за тоа како да се развие економијата и да се биде подготвен за кариера или за постдипломски студии поврзани со економија и менаџмент, менаџмент или со сродни полиња.
- Има разбирање за различни алатки за донесување менаџерски одлуки.

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност за професионално пишување и за понатамошно развивање задачи во економија и менаџмент и нивно спроведување во реалниот живот.
- Способност да помогнат во формулирањето и во практичното спроведување на општи менаџерски планови и стратегии.

Способност за проценка

- Да размислуваат критички и да ги применуваат теоретските и практичните знаења и искуства за идентификација и за анализа на економски проблеми.
- Критички да ги анализираат и да ги оценуваат идентификуваните менаџерски можности.

Комуникациски вештини

- Покажуваат разбирање на индивидуалната и групната динамика во организациите.
- Функционираат ефикасно во тимската работа.
- Ефективно се справуваат со луѓе од различни социјално, економско, културно и верско потекло.
- Покажуваат разбирање и чувствителност за етичките, социјалните и за правните одговорности на компаниите.
- Ги прикажуваат бизнис-идеите наефективен начин.
- Демонстрираат клучни преговарачки вештини.
- Ги интерпретираат деловните податоци и економските индикатори.

Вештини на учење

- Можат да пребарувааат и да детектираат извори на учењето.
- Можат да се оспособуваат за индивидуално и тимско учење.
- Имаат способност да употребуваат научна литература и да прават анализа на размислувањата и оцените на други автори.

Семестар 1

  • [BE-102] [6 ЕКТС] Вовед во бизнис и менаџмент
    Целта на овој предмет е да се воведат студентите во менаџментот, а посебно во бизнисот. Како дел од предметот се опфатени основните менаџерски функции, односно планирање, организирање, водење, контрола. Студентите ќе се запознаат и со поспецифични теми како што се делегирање на авторитет, подготвување организациони шеми, развој и имплементација на организациони политики, организирање процес на прозводство, квалитет, контрола на расходи и сл. Притоа студентите треба:  Да се оспособат во деловна организација да ја идентификуваат менаџерската работа согласно со основните активности кои се опфатени со процесот на менаџмент и менаџерските и извршните функции кои се применуваат.  Да се оспособат да спроведат анализа на внатрешното и надворешното окружување на бизнисот, вклучувајќи ги организационата култура како и предизвиците поврзани со управување во меѓународно, мултинационално и во глобално окружување.  Да се оспособат соочени со специфична ситуација да спроведат соодветна анализа и да понудат предлози во правец на преземање активности со кои би се промовирало етичко однесување.  Да се оспособат да вршат процена и вреднуавње на деловните планови, како и да бидат во состојба да утврдат алтернативни начини за подобрување на плановите, а со тоа и да придонесат за ефективноста на планирањето и одлучувањето.  Да се оспособат во рамки на организационите шеми да ги идентификуваат функционалните елементи на организацијата и врз таа основа да понудат алтернативи за подобрување на организациониот дизајн.  Да се оспособат зависно од дефинираната потреба за човечки ресурси да осмислат функционален систем на рекрутирање и селекција кој би резултирал со соодветно екипирање на деловната организација.  Да се оспособат, соочени со соодветно лидерско сценарио, да предложат активности кои би опфатиле конкретни чекори за мотивирање и лидерсто за да се влијае врз однесувањето на вработените.  Да се оспособат да даваат алтернативни мислења во правец на подобрување на процесот на комуницирање во деловна организација, опфаќајќи тука и некои специфични аспекти како што се менаџирање на меѓуперсоналните односи, работните групи и на тимовите.  Да се оспособат по потреба да подготват планови кои би ги опфатели основните аспекти на менаџерската контрола како што се управување со информации, операции, квалитет и со продуктивност. Општо гледано овој предмет ги опфаќа следните општи цели:  Стекнување знаење (терминологии, класификации, трендови);  Учење на основните принципи или теории;  Учење како наученото да може да се спроведе во реалноста (за да се подобрат размислувањето, способноста за разрешување проблеми и донесувањето одлуки);  Развој на специфични вештини, компетентности и пристапи кон размислување за ситуации и проблеми;  Стекнување способност за соработка со други како дел од работна група или тим;  Поттикнување на креативноста;  Развој на способноста за писмено и усно изразување на мислењата и на ставовите  Учење како да се најдат и да се искористат расположливи ресурси за учење и за разрешување проблеми;  Разбирање на лични вредности и нивен развој.  Оспособување за критичка анализа на идеи, аргументи и на мислења;  Поттикнување за вклучување во дебати и отворање теми за дискусија.
  • [BE-103] [6 ЕКТС] Основи на математика
    Цели на предметната програма: Целта е да студентите се запознаат со основните вештини од областа на калкулусот и линеарната алгебра за да истите ги применат во другите предмети и области од сферата на економијата. Меѓу другото целта е да студентите се запознаат и целосно да ги совладат поимите: За функција (како посебно пресликување), начините на задавање на една функција, својствата на функција, изводи, решавање на проблеми во врска со цртање граф на една функција од која што може да се прочитат сите особини и карактеристики на функциите кои што може да се примента во областа на економијата. Исто така има за цел студентите да се запознаат со поимот интеграл и истиот да го примента во различни практични проблеми. Друга цел е да се решат и применат некои проблеми од областа на линеарната алгебра.
  • [BE-101] [6 ЕКТС] Вовед во економија
    Примарната цел на овој предмет е разбирање на главните економски концепти и теории кои се користат во анализа на економските прашања. Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаење за основните принципи, концепти и техники во економијата како наука и во економските анализи. На крајот на предметот студентите треба да бидат во можност да „размислуваат како економисти". Во рамките на овој предмет се истражуваат принципите на микро и макроекономијата, со фокус на примена на знаењето во донесување одлуки во глобален амбиент. По завршување на предметот, студентите треба за се оспособат: да го користат моделот на понудата и побарувачката и да го утврдат влијанието на промените во побарувачката или понудата врз цената и количината; да го дефинираат БДП и да ги калкулираат мерењето, употребата и ограничувањата на БДП како мерка на економска благосостојба; ја дефинираат инфлацијата и калкулираат, да се запознаат со последиците, и како да се прилагодат на тоа; како и да ги опишат улогите и алатките на централната банка.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBE-01] Управувачко сметководство
    • [EBE-02] Економија на развој
    • [EBE-03] Економска математика
    • [EBE-04] Економија за менаџери
    • [EBE-05] Менаџмент на развој
    • [EBE-06] Социјални истражувачки методи
    • [EBE-07] Однесување на потрошувачи
    • [EBE-08] Портфолио на менаџмент
    • [EBE-09] Менаџмент на проекти
    • [EBE-10] E- трговија
    • [EBE-11] Мал бизнис и претприемништво
    • [EBE-12] Дизајн и менаџмент на производ
    • [EBE-13] Меѓународни финансии
    • [EBE-14] Меѓународна економија
    • [EBE-15] Стратегија
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [BE-201] [6 ЕКТС] Принципи на сметководство
    Целта на предметната програма е да се помогне на студентите да ја разберат суштината на сметководството; да ги научат совладаат основите на сметководството, неговите концепти и принципи. Поспецифично, целта е студентите да стекнат знаење и разбирање на финансиските извештаи, нивните компоненти, основните правила на книжење на сметководствените податоци, користење на сметководствените документи.
  • [BE-202] [6 ЕКТС] Mикроекономија
    Цели на предметната програма: • Разбирање на основните теори на оптимазија на економските агенти и ефикасноста која произлегува од пазарот како целина. • Анализирање на стратегиската интеракција и интеракцијата под асиметричната информација. • Објаснување на улогата на економската политика како алатка во услови на пазарен неуспех. • Промовирање на способноста да се размислува за структурната рамка и да се објаснуват формалните аргументи. • Демонстрирање на моделите кој барат поедноставување на проблемите со идентификација на клучните елементи без да се надпоедноставуват проблемите.
  • [BE-203] [6 ЕКТС] Основи на статистика
    Целта на предметот е апликација на статистичките методи на менаџмент, економија и општествени науки. Вниманието ќе биде насочено кон интерпретација на табелите и резултатите и кон соодветен начин на пристап на статистичките проблеми, на елементарно математичко ниво. Идеите на веројатност, инференција и мултиваријантна анализа се претставени и понатаму образложени кај предметот Статистика 2.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBE-01] Управувачко сметководство
    • [EBE-02] Економија на развој
    • [EBE-03] Економска математика
    • [EBE-04] Економија за менаџери
    • [EBE-05] Менаџмент на развој
    • [EBE-06] Социјални истражувачки методи
    • [EBE-07] Однесување на потрошувачи
    • [?B?-08] Портфолио на менаџмент
    • [EBE-09] Менаџмент на проекти
    • [EBE-10] E- трговија
    • [EBE-11] Мал бизнис и претприемништво
    • [EBE-12] Дизајн и менаџмент на производ
    • [EBE-13] Меѓународни финансии
    • [EBE-14] Меѓународна економија
    • [EBE-15] Стратегија
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 3

  • [BE-301] [6 ЕКТС] Макроекономија
    Предметот има за цел продлабочување на знаењата од областа на макроекономијата, а пред сѐ анализирање на состојбите и определување на мерките за оптимизација на економијата во целина. Особено е важно студентите практично ги разбираат состојбите и да можат да ги разбираат методите на дизајнирање и на донесување на макроекономските политики на ниво на национална економија. Ќе бидат опфатени: аспектот на менаџирање на макроекономските политики од типот на моделот ИС-ЛМ па се до нивна практична примена, макроекономските фактори и двигатели на една национална економија со посебен осврт врз економијата на Р.Македонија; сите аспекти од економија на побарувачката до економија на понудата.
  • [BE-302] [6 ЕКТС] Основни концепти на менаџмент
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основите на менаџментот, неговата генеза и дефинирање, како и со основните принципи врз кои треба да се базира работата на секој иден менаџер. Студентите ќе стекнат основни познавања од областа на основните функции на менаџментот како планирањето, организирањето, координирањето, мотивирањето и контролата. - Да ја идентификуваат менаџерската работа согласно со основните активности кои се опфатени со процесот на менаџмент и менаџерските и извршни функции кои се применуваат. - Да се оспособат да спроведат анализа на внатрешното и надворешното окружување на бизнисот, вклучувајќи ја тука и организационата култура како и предизвиците поврзани со управување во меѓународно, мултинационално и во глобално окружување. - Да се оспособат студентите соочени со специфична ситуација да спроведат соодветна анализа и да понудат предлози во правец на преземање активности со кои би се промовирало етичко однесување. - Да се оспособат студентите да вршат оцена и вреднување на деловните планови како и да бидат во состојба да утврдат алтернативни начини за подобрување на плановите, а со тоа да придонесуваат за ефективноста на планирањето и одлучувањето. - Да се оспособат студентите во рамки на организационите шеми да ги идентификуваат функционалните елементи на организацијата и врз таа основа да понудат алтернативи за подобрување на организациониот дизајн. - Да се оспособат студентите соочени со соодветно лидерско сценарио да предложат активности кои би опфатиле конкретни чекори за мотивирање и лидерсто за да се влијае на однесувањето на вработените. - Студентите да се оспособат да даваат алтернативни мислења во правец на подобрување на процесот на комуницирање во деловна организација опфаќајќи тука и некои специфични аспекти како што се менаџирање на меѓуперсоналните односи, работните групи и на тимовите. - Студентите да се оспособат по потреба да подготват планови кои би ги опфатиле основните аспекти на менаџерската контрола како што се управување со информации, операции, квалитет и продуктивност. - Оспособување како наученото да може да се спроведе на дело (за да се подобри размислувањето, способноста за разрешување на проблеми и донесувањето одлуки). - Развој на специфични вештини, компетентности и пристапи кон размислување за ситуации и проблеми.
  • [BE-303] [6 ЕКТС] Финансиско сметководство
    Цели на предметната програма: Во рамките на програмата се опфатени: процесот на книжење, сумирање и известување на огромен број трансакции на бизнисите за да се обезбеди точна слика за неговата финансиска состојба и изведба. Примарната цел на финансиско сметководство е подготовка на главните финансиски извештаи како биланс на состојба, биланс на успех и извештај за паричните текови со која се обелоданува оперативната изведба на претпријатието во текот на одреден период, како и финансиската состојба во одредена точка во времето. Овие извештаи - кои обично се подготвени на квартална и на годишна основа се во согласност со МСС и се насочени кон надворешни страни вклучувајќи ги и инвеститорите, кредиторите и регулаторните органи и даночните власти.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет E
    • [EBE-01] Управувачко сметководство
    • [EBE-02] Економија на развој
    • [EBE-03] Економска математика
    • [EBE-04] Економија за менаџери
    • [EBE-05] Менаџмент на развој
    • [EBE-06] Социјални истражувачки методи
    • [EBE-07] Однесување на потрошувачи
    • [?B?-08] Портфолио на менаџмент
    • [EBE-09] Менаџмент на проекти
    • [EBE-10] E- трговија
    • [EBE-11] Мал бизнис и претприемништво
    • [EBE-12] Дизајн и менаџмент на производ
    • [EBE-13] Меѓународни финансии
    • [EBE-14] Меѓународна економија
    • [EBE-15] Стратегија
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 4

  • [BE-401] [6 ЕКТС] Принципи на банкарство и финансии
    Цели на предметната програма: - Да дискутираат за финансиските системи, зошто тие постојат и како се структурирани. - Да објаснат зошто релативната важност на финансиските посредници и финансиските пазари е различна насекаде во светот и како банкарски заснованите системи се разликуваат од пазарно заснованите системи. - Да разберат зошто постојат финансиските посредници и да дискутираат за улогата на трансакционите трошоци и теориите за асиметрија на информации во економијата. - Да објаснат зошто е потребна регулативата и да ги претстават клучните причини за и против регулативата на банкарските системи. - Да коментираат за главните видови ризици со кои се соочуваат банките и да ги користат главните техники за менаџирање со овие ризици. - Да објаснат како се вреднуваат недвижностите и финансискиот имот и да користат техники за капитално буџетирање (сегашна нето-вредност, интерна стапка на рентабилност). - Да објаснат како се вреднуваат финансиските стредства (обврзници и акции); - Да разбираат како ризиците влијаат врз приносите од ризичните средства (хартии од вредност) во состојба на рамнотежа при користење фундаментална ценовна парадигма (Моделот на средства/капитал-модел и Теоријата за процена на средствата). - Да коментираат дали цените на акциите ги одразуваат сите достапни информации и да ги проценат емпириските докази за информациска ефикасност на финансиските пазари.
  • [BE-403] [6 ЕКТС] Менаџмент на човечки ресурси
    Целта на овој предмет е да се воведат студентите во менаџментот на човечките ресурси и притоа: - Да стекнат соодветни знаења за основните концпеции нѐ менаџментот на човечки ресурси. - Да создадат сопствено мислење за улогата и за важноста на работникот како поединец за обезбедување успешност на деловните организации во современиот глобален свет со сестран техничко-технолошки развој. - Да креираат личен став околу улогата на менаџментот на човечки ресурси во современиот свет. - Да стекнат соодветни знаења за основните активности во однос на менаџментот со човечки ресурси, почнувајќи од дизајнирање на работните места и анализа на работата, преку рекрутација и развој на човечките ресурси, па сѐ до развојот на човечките ресурси и нивно заминување од работното место. Општо гледано, општите цели на овој предмет се: - Стекнување знаење (терминологии, класификации, трендови); - Учење на основните принципи или теории; - Учење како наученото да може да се спроведе во реалноста (за да се подобрат размислувањето, способноста за разрешување проблеми и донесувањето одлуки); - Развој на специфични вештини, компетентности и пристапи кон размислување за ситуации и проблеми; - Стекнување способност за соработка со други како дел од работна група или тим; - Поттикнување на креативноста; - Развој на способноста за писмено и усно изразување на мислењата и на ставовите; - Учење како да се најдат и да се искористат расположливите ресурси за учење и за разрешување проблеми. - Разбирање за личните вредности и нивен развој; - Оспособување за критичка анализа на идеи, аргументи и на мислења; - Поттикнување за вклучување во дебати и за отворање теми за дискусија.
  • [BE-402] [6 ЕКТС] Основи на економетрија
    Цели на предметната програма: - Да ја разберат употребата на регресивна анализа и сродните техники за квантифицирање на економските односи и за тестирање на економските теории. - Да се оспособат студентите да читаат и да вреднуваат емпириските трудови во стручни списанија. - Да им се овозможи на студентите со практично искуство преку користење мејнстрим регресивни програми да се вклопуваат во економски модели.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBE-01] Управувачко сметководство
    • [EBE-02] Економија на развој
    • [EBE-03] Економска математика
    • [EBE-04] Економија за менаџери
    • [EBE-05] Менаџмент на развој
    • [EBE-06] Социјални истражувачки методи
    • [EBE-07] Однесување на потрошувачи
    • [?B?-08] Портфолио на менаџмент
    • [EBE-09] Менаџмент на проекти
    • [EBE-10] E- трговија
    • [EBE-11] Мал бизнис и претприемништво
    • [EBE-12] Дизајн и менаџмент на производ
    • [EBE-13] Меѓународни финансии
    • [EBE-14] Меѓународна економија
    • [EBE-15] Стратегија
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од општа група изборни предмети
    • [GEBE-01] Информациски системи и организации
    • [GEBE-02] Деловно право на организации
    • [GEBE-03] Деловно комуницирање
    • [GEBE-04] Демократија и демократизација
    • [GEBE-05] Демократската политика и државата
    • [GEBE-06] Методи на продажба и дистрибуција
    • [GEBE-07] Развој на кариера

Семестар 5

  • [BE-501] [6 ЕКТС] Финансии на корпорации
    Целта на предметот е студентите да стекнат знаења и вештини за финансискиот менаџмент, како и за современите теоретски и практични знаења и искуства од анализите на фундаменталните концепти на финансиите на фирмите, финансиските и реалните инвестициски проекти и нивно вреднување преку временската димензија на парите. Притоа студентите се обучуваат како да ги користат соодветните извори на финансирање и стекнуваат знаења за ефикасното управување со капиталот и одредувањето на соодветната структура, утврдувањето соодветна политика на распределба на добивката – политика на дивиденда и се финализира со финансиско планирање и прогнозирање и др. Преку остварувањето на предвидените цели на предметот на студентите им се создаваат нови можности за поконкурентен пристап во пазарот на трудот или, пак, за поефикасно менаџирање на сопствените реални бизниси.
  • [BE-502] [6 ЕКТС] Монетарна eкономија
    Цели на предметната програма: • Да се разберат пиомот и суштината на теорите поврзани за постоењето на парите и објаснувањето на важноста на парите во трговската размена. • Да се разбере суштината на монетарниот трансмисиониот механизам на влијанието на монетарната маса/ каматна стапка врз економијата. • Да се осознае развојот на бројните монетарни модели преку кои монетарната политика може да биде вреднувана и ќе се анализира Кензијанската школа која покажува зошто монетарната политика е важна и кога таа е импотентна. • Да се разбире на неизвесностата и како тие што ја прават политиката упоавуват со таквата неизвесност;
  • [BE-503] [6 ЕКТС] Принципи на маркетинг
    Овој предмет опфаќа преглед на маркетинг-функциите, со акцент на создавањето вредност преку: маркетинг, истражување на пазарот, однесување на потрошувачите, стратегии на цените, маркетинг-канали и дистрибуција и методи на промоција. Студентите ќе можат: - Да ја разберат улогата на маркетингот во рамките на општеството и во рамките на економскиот систем. - Да ја сфатат виталната улога на маркетинг во рамките на една фирма и потребните односи меѓу маркетингот и другите функционални области на бизнисот. - Да сметаат на различни области на одлуки во рамките на маркетингот и на алатки и методи кои се користат од маркетинг-менаџерите за донесување одлуки. - Да ги совладаат клучните маркетинг-принципи и терминологијата и концептите - Да оценат како маркетиншкиот аспект е важен во нивниот личен и професионален развој.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBE-01] Управувачко сметководство
    • [EBE-02] Економија на развој
    • [EBE-03] Економска математика
    • [EBE-04] Економија за менаџери
    • [EBE-05] Менаџмент на развој
    • [EBE-06] Социјални истражувачки методи
    • [EBE-07] Однесување на потрошувачи
    • [?B?-08] Портфолио на менаџмент
    • [EBE-09] Менаџмент на проекти
    • [EBE-10] E- трговија
    • [EBE-11] Мал бизнис и претприемништво
    • [EBE-12] Дизајн и менаџмент на производ
    • [EBE-13] Меѓународни финансии
    • [EBE-14] Меѓународна економија
    • [EBE-15] Стратегија
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од општа група изборни предмети
    • [GEBE-01] Информациски системи и организации
    • [GEBE-02] Деловно право на организации
    • [GEBE-03] Деловно комуницирање
    • [GEBE-04] Демократија и демократизација
    • [GEBE-05] Демократската политика и државата
    • [GEBE-06] Методи на продажба и дистрибуција
    • [GEBE-07] Развој на кариера

Семестар 6

  • [BE-601] [6 ЕКТС] Бизнис - моделирање со Ексел
    Цели на предметната програма: - Како претпријатијата да создадат вредност со примена на бизнис-моделот на размислување. - Како се користат функциите на Ексел за бизнис-моделот. - Примена на Ексел во различни сфери на активност преку моделирање.
  • [BE-602] [6 ЕКТС] Јавни финанции
    Цели на предметната програма: Студентите да ги разберат базичните концепти и принципи на јавните финансии и да ги проучуваат фундаменталните инструменти на јавните финансии и начинот на нивна имплементација на ниво на една национална економија. Опфатени се основните содржини за јавните финансии почнувајќи од нормативните и позитивните аспекти на јавните финансии, поставувањето на основните цели и нивното остварување преку јавните приходи, јавните расходи, буџетските разлики (суфицит/дефицит) и управување со јавните долгови, методите на вреднување на проектите и нивните приоритети при финансирање од јавните извори, како и фискалната децентрализација и јавните финансии на ЕУ и нивните трендови.
  • [BE-603] [6 ЕКТС] Економија на трудот
    Цели на предметната програма: Студентите се способни: - Да го разберат процесот на пазарот на одредување плата преку интеракција на понудата и побарувачката на работна сила. - Да се анализира влијанието на пазарот на трудот, несовршеностите и разните владини политики на платите и мотивацијата за работа. - Да се разберат и да се оценат различните импликации на политички и економски институции на платите и вработеноста. - Да се анализира и да се прави разлика меѓу структурите на пазарот на трудот. Да се разбере невработеноста, различните видови на невработеноста и политиките за нејзиното намалување. Да се анализираат односите меѓу инфлацијата и невработеноста.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од општа група изборни предмети
    • [GEBE-01] Информациски системи и организации
    • [GEBE-02] Деловно право на организации
    • [GEBE-03] Деловно комуницирање
    • [GEBE-04] Демократија и демократизација
    • [GEBE-05] Демократската политика и државата
    • [GEBE-06] Методи на продажба и дистрибуција
    • [GEBE-07] Развој на кариера
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBE-01] Управувачко сметководство
    • [EBE-02] Економија на развој
    • [EBE-03] Економска математика
    • [EBE-04] Економија за менаџери
    • [EBE-05] Менаџмент на развој
    • [EBE-06] Социјални истражувачки методи
    • [EBE-07] Однесување на потрошувачи
    • [?B?-08] Портфолио на менаџмент
    • [EBE-09] Менаџмент на проекти
    • [EBE-10] E- трговија
    • [EBE-11] Мал бизнис и претприемништво
    • [EBE-12] Дизајн и менаџмент на производ
    • [EBE-13] Меѓународни финансии
    • [EBE-14] Меѓународна економија
    • [EBE-15] Стратегија
Google+