Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Kриминалистика и безбедност

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-LAWCRIM
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Дипломиран по криминалистика и безбедност
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
ЕКТС: 240 (продолжени + 1 година) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Оваа програма подразбира проширување и продлабочување, т.е. диференцирање на образованието во рамките на правните студии.
Студиската програма Криминалистика и безбедност на студентите ќе им овозможи:
Да стекнат основни познавања на концептите и на прашањата од областа на  криминалистиката и безбедноста.
Да развијат вештини за употреба на соодветната терминологија и на соодветните концепти од областа на криминалистиката и безбедноста.
Да идентификуваат и да анализираат проблеми поврзани со криминалистиката  и со безбедноста.
Да бидат во состојба критички да ги анализираат концептите и поимите.
Да стекнат посебни вештини и познавања од практична важност за нивната понатамошна кариера во областа на криминалистиката и безбедноста.
Да изберат и да применат соодветна рамка од соодветната областа за да ги решат проблемите применувајќи соодветни техники.
Да го интегрираат знаењето акумулирано во организацијата во функција на донесување одлуки.
Ефективно да ги пренесуваат решенијата и сознанијата.
Да ги развиваат личните способности за комуникација, истражување, анализа, а кои се потребни за вработувања на дипломираните студенти по оваа програма.
Да се развива повеќејазична настава преку промовирање на меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.

За изведување на програмата е вклучен академски кадар од УЈИЕ, УКИМ-Скопје како и од универзитетите во регионов: Загреб, Приштина, Сараево и Тирана. За реализација на студиската програма е планирано и ангажирање на визитинг-предавачи од универзитетите со кои соработува ЈИЕУ, во контекст на мобилноста во Заедничкиот европски простор на високото образование (ЗЕПВО), а базирано врз принципите на Болоњската декларација.

По завршување на студиите, студентите треба:
- Да имаат основно познавање за криминалистичката техника и тактика.
- Да имаат подетални знаења за предметот на изучување, како и за одделни концепти специфични за криминалистичката техника и за криминалистичката тактика.
- Да имаат свое критичко мислење.
- Да бидат во состојба да вршат анализи и истражувања за настани релевантни за криминалистичката техника и тактика.
- Да стекнат одредени вештини од криминалистичката техника и тактика неопходни за нивната понатамошна кариера.
- Да имаат способност за презентирање резултати од истражување, за работа во тим и за дебата.
- Да бидат во состојба теоријата да ја применат во практични случаи во реалниот живот.

а изведување на програмата е вклучен академски кадар од УЈИЕ, УКИМ-Скопје како и од универзитетите во регионов: Загреб, Приштина, Сараево и Тирана. За реализација на студиската програма е планирано и ангажирање на визитинг-предавачи од универзитетите со кои соработува УЈИЕ, во контекст на мобилноста во Заедничкиот европски простор на високото образование (ZEPVO), а базирано врз принципите на Болоњската декларација.
Студиите на студиската програма од првиот циклус по Криминалистика и безбедност траат три или четири години. По успешното завршување на студиите, студентот ќе добие титула: Дипломиран по криминалистика и безбедност со отворени можности за продолжување на магистерските студии во областа на безбедноста, како и за вработување во органите и институциите на безбедносниот систем на РМ.

Знаење и разбирање

- Има основни знаења за поимите и прашањата поврзани со изворите и институциите на правото во поширока смисла, особено за вовед во право, уставно право, управно право, историскиот контекст на правото (римско право и историја на правото), граѓанско и стварно право.
- Има основни знаења за поимите и прашањата поврзани со изворите и институциите на специфични казнено-правни науки, како на пример: казнено право и казнено процесно право, криминологија, пенологија, виктимологија, како и меѓународниот контекст на казненото право (меѓународно казено право, човекови права, меѓународни односи, меѓународен тероризам).
- Има основни знаења за поимите и прашањата поврзани со безбедноста, како на пример: криминалистика (техника, тактика и методика), полициско право како и знаења од форензичните науки.

Примена на знаењето и разбирањето

- Идентификува и анализира проблеми поврзани со криминалистиката и безбедноста и е подготвен да партиципира во подготвувањето правни акти и документи во одредена казнена постапка, да пишува барања и други документи кои се употребуваат во една казнена постапка.
- Избира и спроведува соодветна рамка од своето поле на истражување за решавање проблеми преку спроведување соодветна техника во полето на криминалистиката и безбедноста.

Способност за проценка

- Критички ги анализира концептите и термините во разни фази на казнената постапка (предкривична и судска постапка).
- Го интегрира акумулираното знаење во донесување одлуки за толкување на правото во врска со безбедносни прашања.
- Анализира и дава отчет за сознанија од неговата професија основани на познавањето и толкувањето на правото.
- Работи како службеник во државните институции кои делуваат во областа на спречување на криминалитетот.

Комуникациски вештини

- Има широк спектар на вештини на презентација, орално и писмено изразување, кои се неопходни за професијата правник, особено во областа на криминалистиката и безбедноста.
- Ефективно се вклучува во аргументација и дебата во една казнена постапка со субјектите на казнената постапка како: судии, јавни обвинители и адвокати, употребувајќи притоа професионална терминологија.

Вештини на учење

- Развива систем на учење кој вклучува идентификување, класификација и употреба на извори на правото.
- Успешно ги употребува вештините поврзани со употреба на соодветната литература и на информатичките технологии со цел да добие правни знаења.
- Успешно пренесува начини на решавање проблеми во однос со специјализирана и неспецијализирана публика.

Семестар 1

  • [CLE-104] [6 ЕКТС] Историја на правото
    Овој предмет има за цел: - Да се запознаат студентите со историскиот развиток на правото и на државата, како и со главните правно-општествени институции. - Да стекнат знаења во врска со историскиот развиток на правното мислење на начинот на кој студентите можат да го разберат правното мислење во минатото и сега. - Студентите да бидат во состојба да ги разликуваат општествено-правните формации во минатото и да ја разберат нивната еволуција. - Студентите да се запознаат со историскиот развиток на посебните делови на позитивното право (граѓанско, кривично, управно, семејно и наследно право итн.) - Студентите да бидат во состојба да ги разберат логиката на функционирањето на државата и правото кај античките цивилизации и во средниот век, но и да креираат идеи поврзувајќи ги со современото време.
  • [CLE-101] [6 ЕКТС] Вовед во правото
    - Стекнување основни сознанија за државата и правото. - Оспособување на студентите за теоретското вообличување на разните облици на државата. - Критички осврт за правото како општествена појава. - Поттикнување на аналитичкиот осврт кај студентите за проблемите со кои денес се соочува државата и правото во услови на глобализација и во рамките на евроатлантските интеграции. - На крајот од предметот студентите ќе бидат во можност да ги разликуваат основните облици на државата и правото. - Да ги објаснуваат основните поими за државата и правото и нивно поврзување со практичниот живот. - Да ги стекнат основните, воведните и општите спознанија за државата и правото кои ќе им бидат неопходни за натамошните студии во рамките на правните науки.
  • [CLE-403] [6 ЕКТС] Право на ЕУ
    По завршувањето на овој предмет се очекува студентите да ги познаваат суштината и опсегот на правото на ЕУ, да имаат целосен увид во организациско-правната структура на ЕУ согласно со промените наведени со Лисабонскиот договор; да умее да врши правилно толкување и примена на одредбите од актите на ЕУ што самото по себе би му овозможило понатамошно продлабочено изучување на поспецијализираните правни дисциплини кои го третираат правото на Унијата.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/македонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [CLE-201] [6 ЕКТС] Уставно право
    Цели на предметната програма: - Стекнување сознанија за поимите, појавите и за институтите на уставното право како и за државните институции во РМ, вклучувајќи ги тука и разните теоретски ставови за нив. - Стекнување конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајќи ги тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. - Преку овој модул студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РМ како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. Поттикнување на критичкото мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. - Во рамките на план-програмата ќе се обработува уставната материја од споредбен и од национален аспект, поради тоа што во услови на глобализација, уставното право не може да се разбере,ако се разгледува исклучиво во национални рамки. - План-програмата исто така во себе ќе ги опфати: новиот Деловник на Собранието на РМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РМ, новите закони со кои се уредуваат уставна материја, како што се: законите од областа на: судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. - Покрај оваа нормативна компонента, план-програмата ќе ја обработи и Практиката на централните органи на државната власт во РМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога за уставното право како наука. - Исто така ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РМ. - На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање. - Да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и на институтите на уставното право. - Да ги објаснуваат и да ги анализираат разните процеси во рамките на уставниот систем и поредок на РМ во сите аспекти од уставниот живот на земјава, значи на човекот, граѓанинот, државата и на етничките заедници.
  • [CLE2020] [6 ЕКТС] Граѓанско право
    Целта на наставниот предмет Граѓанско право е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато познавања во однос на поимот и предметот на граѓанското право, за субјектите, за начелата на граѓанското право, за изворите, за правната и деловната способност, за граѓанско правниот однос, за правните дела итн. Се очекува кај студентите да се развива совеста во врска со овие институти и со вештините за критички пристап кон законот и законската аргументација во областа на граѓанското право.
  • [CLE1020] [6 ЕКТС] Римско право
    Цели на предметната програма: -Да им претстават на студентите податоци за процесот на создавањето, развојот и промените на институциите и нормите на римското право под влијанието на разни историски околности. - Да се запознаат студентите со улогата на римското право како обединувачка сила во европската правна традиција. - Да им се даде можност на студентите да ги совладаат основите од римската правна терминологија. - Да се прикаже историјата на римската правна мисла од нејзините почетоци во републиканскиот период во Рим. - Да се објасни историската важност на реципирањето на римското право во континентална Европа.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2

Семестар 3

  • [CCR-301] [6 ЕКТС] Современи теории по криминалистика
    Преку овој предмет студентите од оваа програма ќе се запознаваат со новите облици на развиток на криминалистичката наука. Имајќи предвид дека се работи за еден мошне динамичен предмет и дека програмата нуди најсовремени сознанија за криминалистичките науки, разбирливо е и постоењето на посебен предмет кој на еден систематизиран начин ќе ги презентира сите најважни современи теории од областа на криминалистиката секогаш имајќи го предвид нивниот утилитарен карактер како и примената на новите технологии во рамките на криминалистичките проучувања и истражувања.
  • [CCR-302] [6 ЕКТС] Основи на криминалистиката
    Преку овој предмет студентите стекнуваат знаења и ги продлабочуваат знаењата од криминалистика. Оваа дисциплина во пошитока смисла на зборот придонесува за борбата против криминалитетот преку откривање и превенција. Предметната програма по криминалистика ќе се разработува од теоретски и од практичен аспект (преку консултации, препорака на литература, дебати и дискусии со студенти). Целта на овој предмет е да подготват и да се оспособат студентите за употреба и примена на современите криминалистички средства и методи кои се применуваат за откривање и објаснување на кривичните дела и за превенција на криминалитетот.
  • [CCR-303] [6 ЕКТС] Криминологија
    Цели на предметната програма: - Стекнување знаење околу предметот на проучување на криминологија и пенологија, главните криминолошки и пенолошки институции, значењето и влијанието на разни фактори врз извршувањето кривични дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на казненото дело, развитокот на идејата за казна како одговор кон кривичното дело, видовите казни според законодавството на РМ и нивното извршување, како и пенитенцијарните установи во РМ. Идентификување и анализирање криминолошки и пенолошки проблеми. - Критичко анализирање концепти и термини карактеристични за криминолошките и пенолошките истражувања. - Успешна употреба на изучената терминологија од областа на криминологија и пенологија во разни дебати и аргументации во ова поле. - Развивање систем на учење преку идентификација и употреба на главните извори на криминологија и пенологија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 1
    • [LAWEN-01] Англиски јазик за право 1
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 4

  • [CCR-601] [6 ЕКТС] Етика на криминалистика
    Криминалистичката етика е дел од општата етика која го проучува прашањето како со превентивни и репресивни мерки да се заштити заедницата од криминалитетот на професионален и ефикасен начин, а истовремено да се почитуваат и уставните и законските начела за слободите и правата на граѓаните. Таа е важна бидејќи полициската работа се третира како професија и етиката и етичките стандарди играат голема улога во начинот на вршењето на професијата.
  • [CLE-401] [6 ЕКТС] Кривично право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни познавања од областа на казненото право. По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни знаења во однос на темите кои се однесуваат на казненото право и на казнениот закон; на казненото дело и казнената одговорност на сторителот и во однос на казната и другите правни последици на казненото дело. По завршувањето на предметот од студентите се очекува да бидат во можност аргументирано да ги дискутираат изучените поими; да се оспособени за суштинско истражување во однос на овие поими и да ја проценуваат меродавноста и исправноста на релевантните судски одлуки.
  • [CCR-402] [6 ЕКТС] Kриминалистичка техника и тактика
    Целта на обработувањето одредени теми од криминалистиката во студиите за криминалистика е подготовка и оспособување – специјализација за употреба и за применување на современите средства и методи за откривање и објаснување, како и за на криминалитетот. Специјализација во оваа област е потребна посебно за тие кадри кои ќе работат во органите на правосудство – судови, јавни обвинителства и судска полиција. Криминалистика ги има како законска основа кривичното законодавство, кривичното процесно законодавство, подзаконските акти кои произлегуваат од нивното применување.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-402] Kомпјутерски криминалитет
    • [ELE-405] Трговија со луѓе
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [ELE-505] Споредбено кривично право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [ELE089] Медицинско казнено право
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 2
    • [LAWEN-02] Англиски јазик за право 2

Семестар 5

  • [CLE-501] [6 ЕКТС] Меѓународно кривично право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на меѓународното казнено право. По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни познавања во однос на поимот и предметот на МКП, нормите во МКП, репресиваната власт и јуриздикцијата на државите, екстрадицијата, азилот, трансферот на казнената постапка, казнено-правната помош и соработка, меѓународниот корпус на човекови права и јуриздикцијата на меѓународните казнени инстанци. По завршувањето на предметот од студентите се очекува да бидат во можност аргументирано да ги дискутираат изучените поими; да се оспособени за нивно суштинско истражување; да ја проценуваат меродавноста и исправноста на релевантните меѓународни судски одлуки.
  • [CCR-502] [6 ЕКТС] Криминалистичка методика
    Криминалистичката методика е посебен дел на криминалистичката тактика која ги проучува и ги утврдува начините и методите за откривање на посебните видови или групи на кривични дела и на нивните сторители. Оваа дисциплина исто така ги проучува разликите кои се манифестираат при преземање на истражните дејствија на разните кривични дела.
  • [CLE-503] [6 ЕКТС] Кривично процесно право
    Целта на предметот Кривично процесно право е студентите да се запознаат со кривично-процесните одредби со кои законски се регулира активноста на процедуралните органи и на другите процедурални учесници и да се оспособат за нивна правна апликација во практиката.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-402] Kомпјутерски криминалитет
    • [ELE-405] Трговија со луѓе
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [ELE-505] Споредбено кривично право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [ELE089] Медицинско казнено право
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-402] Kомпјутерски криминалитет
    • [ELE-405] Трговија со луѓе
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [ELE-505] Споредбено кривично право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [ELE089] Медицинско казнено право

Семестар 6

  • [CCR-403] [6 ЕКТС] Пенологија
    Цели на предметната програма се: - Стекнување знаење околу предметот на проучување на криминологија и пенологија, главните криминолошки и пенолошки институции, значењето и влијанието на разни фактори врз извршувањето кривични дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на казненото дело, развитокот на идејата за казна како одговор кон кривичното дело, видовите казни според законодавството на РМ и нивното извршување, како и пенитенцијарните установи во РМ. - Идентификување и анализирање криминолошки и пенолошки проблеми. - Критичко анализирање концепти и термини карактеристични за криминолошките и пенолошките истражувања. - Успешна употреба на изучената терминологија од областа на криминологија и пенологија во разни дебати и аргументации во ова поле. - Развивање систем на учење преку идентификација и употреба на главните извори на криминологијата и пенологијата.
  • [CCR-602] [6 ЕКТС] Виктимологија
    Целта на предметот е студентите да стекнат основни знаења од областа на виктомологијата. Проблематиката на жртвата, процесот на виктимизација, зголемувањето на бројот на луѓето кои се подлежни на виктимизација, надоместот на штета и превенцијата на виктимитетот се основните знаења кои ќе ги стекнат студентите. Виктимизацијата и заштитата на жртвите се голема преокупација на современото општество. Ова е затоа што во целиот свет е зголемен бројот на жртвите. Политичките конфликти, различноста и културните недоразбирања, војните и вооружените конфликти, сиромаштијата, невработеноста ја поттикнуваат миграцијата на населението. Сите овие предизвикале многу проблеми во семејните односи. Овие состојби се погоден терен за појавата на трговијата со луѓе, терористичките акти, семејното насилство, воените злосторства и за други патолошки феномени. Сите овие околности влијаеле врз зголемувањето на страдањата и виктимизацијата на луѓето во разни делови на светот.
  • [CCR-603] [6 ЕКТС] Малолетничка деликвенција
    Криминалитетот како негативна и опасна појава за општештесвото се манифестира во разни форми преку целата човечка историска развиеност. Малолетниците во казненото право секогаш биле третирани поразлично од возрасните лица, и нивната законска позиција секогаш има еволуирано на нивна корист. Малолетниците деликвенти се во тесна врска и со другите социопатолошки појави, коко : наркоманија, алкохолизам и проституција, појави кои денес се шират речиси во секоја земја на светот и се присутни во Македонија. Затоа, основната цел за третирање за оваа програма е: да се откријат и да се евидентираат новите форми на оваа криминална појава, да се објаснат причините на нивното присуство и да се предложат мерки за превенција и нивно казнување. Студентите преку овој предмет ќе стекнат знаење за малолетничката деликвенција и нејзините форми на манифестирање, исто така ќе се обработи и Законот за правата на малолетниците од Република Македонија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-402] Kомпјутерски криминалитет
    • [ELE-405] Трговија со луѓе
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [ELE-505] Споредбено кривично право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [ELE089] Медицинско казнено право
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-402] Kомпјутерски криминалитет
    • [ELE-405] Трговија со луѓе
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [ELE-505] Споредбено кривично право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [ELE089] Медицинско казнено право

240 ЕКТС (продолжени + 1 година)

Семестар 7

  • [ELE-603] [6 ЕКТС] Судска медицина
    Цели на предметот: Студентите ќе стекнат основни познавања за форензичката наука. Преку овој модул студентот ќе биде во можност да ги формулира барањата,налозите и другите видови преписка помеѓу судот и експертите за судска медицина за издавање наредби за експертиза на телесна повреда, налози за идентификација на живи личности, тела и на скелетни остатоци.
  • [CCR-701] [6 ЕКТС] Борба против насилниот екстремизам
    Борбата против насилниот екстремизам претставува дел од стратегиите на државните институции создадени за да се спречува и да се казнува насилното постапување поврзано со идеолошки, политички или со активистички цели. Овој предмет ги анализира феноменот на насилниот екстремизам, формите на неговото појавување, факторите кои ги насочуваат лицата да се зближат со структури кои употребуваат насилство во своите дејствија како и низата фактори кои тие лица ги привлекуваат кон таквите организации. Во рамките на предметот се анализира казнено-правниот аспект на инкриминацијата на учеството во странски вооружени сили и се посветува посебно внимание на начинот на кој државните институции се справуваат со лицата кои учествуваат во такви организации како и мерките кои се преземаат за нивна дерадикализација.
  • [ECR-501] [6 ЕКТС] Криминалистички експерименти
    По завршување на овој предмет, студентите треба да бидат во состојба да обезбедат: лице место, потоа да знаат како да се движат на лице место за да не ги уништуваат трагите, да знаат каде и како да ги употребуваат техничките методи за предизвикување, пронаоѓање и фиксирање на невидливите траги (микро и макротраги), а особено на трагите од отпечатоците од прсти, стапалата, трагите од крв, плунка, сперма, коса, траги од барут, проектил и др. Студентите ќе стекнат и основни познавања за употреба на техничките методи за откривање и расветлување фалсификувани документи, фалсификувани пари, фингирани сообраќајни незгоди и сл.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-402] Kомпјутерски криминалитет
    • [ELE-405] Трговија со луѓе
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [ELE-505] Споредбено кривично право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [ELE089] Медицинско казнено право

Семестар 8

  • [CCR-801] [6 ЕКТС] Меѓународен тероризам
    Меѓународниот тероризам претставува еден од најпознатите предизвици со кои се соочуваат субјектите на меѓународното право. Примената на политички мотивираното насилство врз правниот поредок е феномен кој им се заканува на сите земји, ги нарушува уставните, политичките и правните норми итн. Овој феномен станува мета на посериозни прекршоци и кривични дела, тогаш кога тие радикални сили или различни терористички групи, незадоволни со постојните национални и меѓународни односи и акти, се обидуваат да ги променат преку користење различни форми на тероризам.
  • [ECR-601] [6 ЕКТС] Економски криминалитет
    Како една од многуте ризични форми со кои се поткопуваат економијата на државите, без сомневање, се смета и економскиот криминал. Поради тоа економскиот криминалитет е предвиден како предмет на студии во рамки на правните студии. - Студентите ќе се запознаваат со формите на манифестација на овој криминал и со мерките за нејзино спречување и борба. - Важна улога во спречувањето на криминалот, со директна цел - економскиот криминалитет, имаат: судовите, јавните обвинители, полицијата, царината и финансиската полиција. - Исто така, имплементација на кривичната легислатива, има големо значење во спречувањето и за успешната борбата против економскиот криминал. - Студентите ќе стекнат знаења за концептите на економскиот криминал, за мерките предвидени во националната и меѓународната легислатива, за институции кои служат за борба против овој вид криминал.
  • [ECR-401] [6 ЕКТС] Полициско право
    Целите на предметната програма: - Студентите ќе стекнат основни познавања за полициското право, изворите на полициското право, правната рамка, надлежностите на полицијата и внатрешната организација на полицијата во РМ. - Ќе стекнат подетални знаења за полициското право во Р. Македонија како и компаративни сознанија за полициското право во други држави. - Ќе имаат свое критичко мислење. - Ќе бидат во состојба да вршат анализи и истражувања за одделни концепти и настани релевантни за полициското право. - Ќе имаат способност за презентирање резултати од истражување, за работа во тим и за дебата. - Ќе бидат во состојба теоријата да ја применат врз практични случаи во реалниот живот.
  • [LAW-804] [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Ова е активност поврзано со дипломската работа и професионален пројект. Од студентите се бара да напише проект, обично поврзан со дипломската работа, да се изработи структурата на проектот да се направи истражување и да го напишат извештајот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-402] Kомпјутерски криминалитет
    • [ELE-405] Трговија со луѓе
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [ELE-505] Споредбено кривично право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [ELE089] Медицинско казнено право
Google+