Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Правни студии

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-LAW
Академска година: 2017 / 2018
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Титула: Дипломиран по право
ЕКТС: 240 (продолжени + 1 година) Aкредитација
Титула: Дипломиран правник

Студиската програма по правни студии има за цел:
- Да ги оствари потребите на сите оние кои мислат да ја продолжат својата кариера во полето на правните науки.
- Да понуди редица модули кои ќе ја опфаќаат основата на правните сознанија за приближување кон професиите кои се поврзани со сферата на правото.
- Да обезбеди цврсти сознанија и систематски знаења за институциите и основите на позитивното право на Р.Македонија.
- Да обезбеди основни сознанија на концепциите и основните принципи на позитивното право на Р.М. и начинот на неговото функционирање во меѓународен контекст.
- Да понуди можност за предавања од страна на меѓународниот академски визитинг кадар.
- Да развие свесна критика на правото во споредбено, историски,  општествено-економски и политички контексти и да им долови на студентите редица различни теоретски концепти поврзани со правните студии.
- Да им овозможи на студентите да престојуваат и да студираат надвор од земјава во рамките на програмите за размена на студенти.
- Да им понуди редица опции кои ќе им овозможат на студентите да студираат специфични полиња на правото.
- Да им овозможи на студентите да бидат дел од истражувачка дејност во рамките на нивните студии.
- Да понуди можност за развој на лични способности, комуникација, истражувања и други значајни способности потребни за вработување на дипломирани правници во институциите со кои веќе претходно имаат воспоставено контакти преку Центарот за кариера при УЈИЕ.
- Да се потенцира повеќејазичната настава и да се промовира меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.
Според стекнатите знаења и вештини од оваа додипломска програма на Правниот факултет, дипломираните студенти ќе бидат во можност да  ги идентификуваат правните прашања кои треба да се истражуваат, да ги употребуваат на ефикасен начин примарните и секундарните извори на правото, да ја истражуваат правната наука,  да ги вреднуваат на критички начин правните прашања како од аспект на доктрината така и од општествено-економски аспект.

Дипломата  на Правниот факултет е призната во РМ и надвор од неа.
Дипломата на Правниот факултет, на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи, како: судови, јавни обвинителства, адвокатура, нотаријат, извршителство, итн. Правниот факултет има склучено спогодби за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители како и со Адвокатската комора на РМ.
На студентите чија амбиција е да се занимават со научна работа, Правниот факултет на УЈИЕ, им овозможува продолжување на нивните магистерски и докторски студии.

Знаење и разбирање

- Има основни знаења од правната наука и начинот на кој се создава правото, се развива и се менува вклучувајќи ги и изворите и институциите на правото во нивниот поширок контекст,
- Има солидни знаења од најважните гранки на правото како: Уставно и управно право, граѓанско право, трудово право, кривично право, граѓанска и кривична процесна постапка, како и меѓународно јавно и приватно право;
- Има знаења за структурата, содржината и функсионирањето на правниот систем на Република Македонија и неговиот однос со меѓународното и европското право;
- Го познава опшествено-економскиот и историскиот контекст во кој дејствуваат правните норми.

Примена на знаењето и разбирањето

- Ги идентификува и применува основните начела и правила во областите како: Уставно и управно право, граѓанско право, трудово право, кривично право, граѓанска и кривична процесна постапка, и меѓународно јавно и приватно право;
- Ги идентификува правните проблеми кои може да се појавуваат во различни фактички ситуации и предлага решение за нив;
- Употребува научни методи за да создава еден истражувачки труд во повеќе гранки на правото.

Способност за проценка

- Ги идентификува и применува основните начела и правила во областите како: Уставно и управно право, граѓанско право, трудово право, кривично право, граѓанска и кривична процесна постапка, и меѓународно јавно и приватно право;
- Ги идентификува правните проблеми кои може да се појавуваат во различни фактички ситуации и предлага решение за нив;
- Употребува научни методи за да создава еден истражувачки труд во повеќе гранки на правото.

Комуникациски вештини

- Комуницира ефективно усно и писмено со јавни и приватни субјекти;
- Пишува и редактира на основно ниво документи со правен карактер како: барање, жалба, договор, тестамент, тужба  и др.;
- Презема иницијатива и одговорност за индивидуални и групни активности преку кои се спроведува ефективно учество во правничката професија.

Вештини на учење

- Презема иницијатива и одговорност за да ги идентификува и спроведува потребите на учење во најважните гранки на правото;
- Развива систем на учење кој вклучува идентификување, класифицирање, синтетизирање и користи различни извори;
- Има вештини да ја користи библиотеката за да се здобие со правни знаења;
- Ги користи компјутерските вештини за да се здобие со правни знаења;

Семестар 1

  • [CLE-104] [6 ЕКТС] Историја на правото
    Овој предмет има за цел: - Да се запознаат студентите со историскиот развиток на правото и на државата, како и со главните правно-општествени институции. - Да стекнат знаења во врска со историскиот развиток на правното мислење на начинот на кој студентите можат да го разберат правното мислење во минатото и сега. - Студентите да бидат во состојба да ги разликуваат општествено-правните формации во минатото и да ја разберат нивната еволуција. - Студентите да се запознаат со историскиот развиток на посебните делови на позитивното право (граѓанско, кривично, управно, семејно и наследно право итн.) - Студентите да бидат во состојба да ги разберат логиката на функционирањето на државата и правото кај античките цивилизации и во средниот век, но и да креираат идеи поврзувајќи ги со современото време.
  • [CLE-101] [6 ЕКТС] Вовед во правото
    - Стекнување основни сознанија за државата и правото. - Оспособување на студентите за теоретското вообличување на разните облици на државата. - Критички осврт за правото како општествена појава. - Поттикнување на аналитичкиот осврт кај студентите за проблемите со кои денес се соочува државата и правото во услови на глобализација и во рамките на евроатлантските интеграции. - На крајот од предметот студентите ќе бидат во можност да ги разликуваат основните облици на државата и правото. - Да ги објаснуваат основните поими за државата и правото и нивно поврзување со практичниот живот. - Да ги стекнат основните, воведните и општите спознанија за државата и правото кои ќе им бидат неопходни за натамошните студии во рамките на правните науки.
  • [CLE-403] [6 ЕКТС] Право на ЕУ
    По завршувањето на овој предмет се очекува студентите да ги познаваат суштината и опсегот на правото на ЕУ, да имаат целосен увид во организациско-правната структура на ЕУ согласно со промените наведени со Лисабонскиот договор; да умее да врши правилно толкување и примена на одредбите од актите на ЕУ што самото по себе би му овозможило понатамошно продлабочено изучување на поспецијализираните правни дисциплини кои го третираат правото на Унијата.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [CLE-201] [6 ЕКТС] Уставно право
    Цели на предметната програма: - Стекнување сознанија за поимите, појавите и за институтите на уставното право како и за државните институции во РМ, вклучувајќи ги тука и разните теоретски ставови за нив. - Стекнување конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајќи ги тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. - Преку овој модул студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РМ како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. Поттикнување на критичкото мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. - Во рамките на план-програмата ќе се обработува уставната материја од споредбен и од национален аспект, поради тоа што во услови на глобализација, уставното право не може да се разбере,ако се разгледува исклучиво во национални рамки. - План-програмата исто така во себе ќе ги опфати: новиот Деловник на Собранието на РМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РМ, новите закони со кои се уредуваат уставна материја, како што се: законите од областа на: судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. - Покрај оваа нормативна компонента, план-програмата ќе ја обработи и Практиката на централните органи на државната власт во РМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога за уставното право како наука. - Исто така ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РМ. - На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање. - Да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и на институтите на уставното право. - Да ги објаснуваат и да ги анализираат разните процеси во рамките на уставниот систем и поредок на РМ во сите аспекти од уставниот живот на земјава, значи на човекот, граѓанинот, државата и на етничките заедници.
  • [CLE2020] [6 ЕКТС] Граѓанско право
    Целта на наставниот предмет Граѓанско право е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато познавања во однос на поимот и предметот на граѓанското право, за субјектите, за начелата на граѓанското право, за изворите, за правната и деловната способност, за граѓанско правниот однос, за правните дела итн. Се очекува кај студентите да се развива совеста во врска со овие институти и со вештините за критички пристап кон законот и законската аргументација во областа на граѓанското право.
  • [CLE1020] [6 ЕКТС] Римско право
    Цели на предметната програма: -Да им претстават на студентите податоци за процесот на создавањето, развојот и промените на институциите и нормите на римското право под влијанието на разни историски околности. -Да се запознаат студентите со улогата на римското право како обединувачка сила во европската правна традиција. -Да им се даде можност на студентите да ги совладаат основите од римската правна терминологија. -Да се прикаже историјата на римската правна мисла од нејзините почетоци во републиканскиот период во Рим. -Да се објасни историската важност на перцепирањето на римското право во континентална Европа.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2

Семестар 3

  • [CLE2030] [6 ЕКТС] Управно право
    Во рамките на предметот се изучуваат административното материјално и процесното право. Предмет на изучување се принципите на организација, работа и делокруг на административните органи, основните дејности што ја сочинуваат управната функција, актите на административните органи и односот меѓу граѓаните и администрацијата. Целите на предметната програма се состојат во тоа студентите: -Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. -Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РМ. -Да ги согледаат основните дејности на административната функција. -Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. -Да ги изучат видовите административен надзор. -Да ги спознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. -Да стекнуваат способности и вештини за идно вработување во органите на администрацијата на РМ, невладините организации, установите и сите институции во кои се решаваат предмети од административно-правна природа.
  • [CLE025] [6 ЕКТС] Стварно право
    Целта на наставниот предмет Стварно право е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато познавања во однос на поимот и предметот на Стварното право, за субјектите, за начелата на стварното право, за владението, за правото на сопственост, правото на службеност, правото на залог, за реалните товари, за јавните книги итн. Се очекува кај студентите да се развива совеста во врска со овие институти и вештините за критички пристап кон законот и законската аргументација во областа на стварното право.
  • [CLE-303] [6 ЕКТС] Семејно и наследно право
    Во рамките на предметот се изучуваат семејно-правните односи, брачното право и родителското право. По краткиот историски осврт за видовите семејства низ историјата, предметот се фокусира на современи теми, односно на состојбата во Р. Македонија во однос на овие односи. По завршувањето на предавањата по овој предмет од студентите се очекува да стекнат познавање за: поимот и предмет на семејното право од национален и меѓународен аспект; изворите на семејните и брачните односи; услови за склучување брак и нивните форми во случајот кога брачните другари се државјани на РМ, или во случај кога едниот од брачните другари има странско државјанство; за посвојување и старателство од национален и меѓународен аспект. Од наследното право, студентите го изучуваат правното регулирање на преминување на имотот на поединецот врз другите лица во случај на неговата смрт. Особено, се изучуваат правните основи на наследување, наследните редови според правото на РМ, нужниот дел на наследување и нужните наследници, тестаменталното наследување, можноста на создавање тестамент и видовите тестамент, условите за полноважност на тестаментот, моментот на преминување на имотот од оставителот на наследниците, поимот на легат итн.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 1
    • [LAWEN-01] Англиски јазик за право 1
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 4

  • [CLE-401] [6 ЕКТС] Кривично право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни познавања од областа на казненото право. По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни знаења во однос на темите кои се однесуваат на казненото право и на казнениот закон; на казненото дело и казнената одговорност на сторителот и во однос на казната и другите правни последици на казненото дело. По завршувањето на предметот од студентите се очекува да бидат во можност аргументирано да ги дискутираат изучените поими; да се оспособени за суштинско истражување во однос на овие поими и да ја проценуваат меродавноста и исправноста на релевантните судски одлуки.
  • [CLE-404] [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право
    Цели на предметната програма e студентите да се запознаат со основните поими на меѓународното јавно право, со формирањето на оваа научна дисциплина, нејзиниот развој и клучните аспекти.
  • [CLE-402] [6 ЕКТС] Облигационо право
    Цели на предметната програма: Преку овој предмет студентите ќе стекнат сознанија за основите на облигационото право и за посебните видови облигациони односи и знаења што им се потребни во однос на субјективните граѓански права. Во областа на општото учење за облигационите односи студентите треба да стекнат вештини на примена на општите институти на облигационото право кај посебните видови облигациони односи. Студентите би требало да стекнат вештини за преговарање, склучување и за реализирање на посебните видови облигациони договори и знаења за механизмите на решавање на споровите околу исполнувањето на обврските на должникот. Во областа на оштетното право, студентите треба да стекнат знаења во поглед на установување штета и нејзино спроведување. Исто така студентите ќе стекнат сознанија и за другите видови облигациони односи (стекнување без основ, работоводство без налог и еднострани изјави на волја.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-606] Современи правни системи во светот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-608] Нотарско право
    • [ELE-609] Алтернативно решавање спорови
    • [ELE-610] Земјишно-книжно право
    • [ELE088] Потрошувачко право
    • [ELE011] Банкарско право
    • [ELE087] Право на осигурување
    • [ELE-611] Систем на социјална заштита на малолетните деца
    • [ELE-612] Граѓанско-правна одговорност за причинување штета
    • [CLE-103] Социологија на право
    • [ELE-613] Туристичко право
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-605] Локална самоуправа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 2
    • [LAWEN-02] Англиски јазик за право 2

Семестар 5

  • [CLE-501] [6 ЕКТС] Меѓународно кривично право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на меѓународното казнено право. По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни познавања во однос на поимот и предметот на МКП, нормите во МКП, репресиваната власт и јуриздикцијата на државите, екстрадицијата, азилот, трансферот на казнената постапка, казнено-правната помош и соработка, меѓународниот корпус на човекови права и јуриздикцијата на меѓународните казнени инстанци. По завршувањето на предметот од студентите се очекува да бидат во можност аргументирано да ги дискутираат изучените поими; да се оспособени за нивно суштинско истражување; да ја проценуваат меродавноста и исправноста на релевантните меѓународни судски одлуки.
  • [CLE-302] [6 ЕКТС] Трговско право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на трговското право. Во таа насока студентите се запознаваат со правните правила за: извршување некоја деловна дејност, начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и на трговецот поединец како и за начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање некој деловно-правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштитување на правата на индустриска сопственост, начините на заштитување на деловните субјекти од нелојална конкуренција: начините на заштитување на потрошувачите и др.
  • [CLE-503] [6 ЕКТС] Кривично процесно право
    Целта на предметот Кривично процесно право е студентите да се запознаат со кривично-процесните одредби со кои законски се регулира активноста на процедуралните органи и на другите процедурални учесници и да се оспособат за нивна правна апликација во практиката.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-606] Современи правни системи во светот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-608] Нотарско право
    • [ELE-609] Алтернативно решавање спорови
    • [ELE-610] Земјишно-книжно право
    • [ELE088] Потрошувачко право
    • [ELE011] Банкарско право
    • [ELE087] Право на осигурување
    • [ELE-611] Систем на социјална заштита на малолетните деца
    • [ELE-612] Граѓанско-правна одговорност за причинување штета
    • [CLE-103] Социологија на право
    • [ELE-613] Туристичко право
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-605] Локална самоуправа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-606] Современи правни системи во светот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-608] Нотарско право
    • [ELE-609] Алтернативно решавање спорови
    • [ELE-610] Земјишно-книжно право
    • [ELE088] Потрошувачко право
    • [ELE011] Банкарско право
    • [ELE087] Право на осигурување
    • [ELE-611] Систем на социјална заштита на малолетните деца
    • [ELE-612] Граѓанско-правна одговорност за причинување штета
    • [CLE-103] Социологија на право
    • [ELE-613] Туристичко право
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-605] Локална самоуправа

Семестар 6

  • [CLE6010] [6 ЕКТС] Меѓународно приватно право
    Преку овој предмет студентите ќе се стекнат со основни познавања за: - именувањето на предметот (зошто се именува меѓународно право, а зашто приватно право); разграничувањето на граѓанско – правните односи од граѓанско – правните со странски елемент; - изворите на правото кои треба да се применат за регулирање на граѓанско – правните односи со странски елемент (национални и меѓународни); - начинот на уредување на граѓанско-правните односи со странски елемент (директниот и индиректниот (колизиониот) начин на уредување кој е карактеристичен само за МПП) - општите и заедничките елементи на формирање и примена на МПП, фактите преку кои се појавува странскиот елемент (фактите на идентификување), точките на врзување како и институти преку кои се избегува примената на обично меродавно право во МПП.
  • [CLE6030] [6 ЕКТС] Граѓанско процесно право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат солидни знаења од областа на граѓанското процесно право. По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни познавања во однос на: основните карактеристики на парничната постапка; начелата на парничната постапка; субјектите на парничната постапка; парничните дејствија и установи; текот на постапката; посебните парнични постапки; вонпарничното право; извршната постапка. По завршувањето на предметот од студентите се очекува да бидат во можност аргументирано да ги дискутираат изучените поими; да се оспособени за суштинско истражување за нив; да ги проценуваат меродавноста и исправноста на релевантните судски одлуки.
  • [CLE4030] [6 ЕКТС] Tрудово и право на социјално осигурување
    Изучувањето на предметот Трудово право и право на социјално осигурување на студентите ќе им овозможи: - Да се запознаат со прашања и проблеми кои се составен дел на трудовото право, тргнувајќи од фундаменталната премиса дека секој од нас еден ден ќе заснова работен однос и токму поради тоа познавањата на правата за работниот однос претставуваат и прашања на борба за поквалитетен живот. - Да се запознаат со различните аспекти на остварувањето на правата,обврските и одговорностите од работниот однос како и со правните институции од областа на трудот. - Да ги проучуваат работните односи во практиката преку постапката на вработување, склучување на договор за вработување, остварување и заштита на правата за работен однос кај работодавачот и надлежните органи, постапката за одговорност на вработените, престанување на работниот однос, односно престанување на важноста на договорот за вработување. - Да изработат конкретни акти во врска со сите институти кои се опфатени со позитивната законска регулатива од областа на работните односи во Р. Македонија. - Да се овозможат разни форми и облици на партиципација на студентите и да се инкорпорира можност за освојување на што е можно поголем број од поените предвидени за активност.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-606] Современи правни системи во светот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-608] Нотарско право
    • [ELE-609] Алтернативно решавање спорови
    • [ELE-610] Земјишно-книжно право
    • [ELE088] Потрошувачко право
    • [ELE011] Банкарско право
    • [ELE087] Право на осигурување
    • [ELE-611] Систем на социјална заштита на малолетните деца
    • [ELE-612] Граѓанско-правна одговорност за причинување штета
    • [CLE-103] Социологија на право
    • [ELE-613] Туристичко право
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-605] Локална самоуправа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-606] Современи правни системи во светот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-608] Нотарско право
    • [ELE-609] Алтернативно решавање спорови
    • [ELE-610] Земјишно-книжно право
    • [ELE088] Потрошувачко право
    • [ELE011] Банкарско право
    • [ELE087] Право на осигурување
    • [ELE-611] Систем на социјална заштита на малолетните деца
    • [ELE-612] Граѓанско-правна одговорност за причинување штета
    • [CLE-103] Социологија на право
    • [ELE-613] Туристичко право
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-605] Локална самоуправа

240 ЕКТС (продолжени + 1 година)

Семестар 7

  • [CLE-701] [6 ЕКТС] Семејно и наследно право - применета програма
    Со изучување на предметот Семејно и наследно право - примената програма се очекува студентите од Правниот факултет да стекнат пoдлабочени знаења за национално и меѓународно правно регулирање на односите во семејството, како и за современите наследно-правни системи во Европа како и наследното право во Република Македонија. Во однос на семејното право, студентите преку изучување на овој дел ќе ги фокусират своите знаења во современите облици на семејните односи, меѓународнотo регулирање на овие односи како и современото правно регулирање на биомедицинско оплодување, новите механизми за алтернативно решавање на семејно-правните спорови - семејна медијација. Во делот на семејно процесно право, посебенo внимание ќе се даде и на практичната настава преку следење на симулираните судски сеанси. Во делот на наследното право, студентите ќе стекнат знаења за најзначајните карактеристики на наследно-правните системи во Европа и во другите држави во светот, со посебен осврт на наследувањето и наследното право во Република Македонија. Студентите ќе имаат прилика да се запознаат и со процедурата на преминување на наследувањето врз наследниците, со техниката на извршување на распеределба на оставнина преку наследните редови. Од овој предмет се очекува студентите на научат како да ги толкуваат одредбите на Законот за наследување на РМ. Предметот Семејно и налседно право- примената програма ќе има за цел да ја поттикне научноистражувачката работа на студентите преку конкретни задачи за кои студентите ќе се подготвуваат за секое следно предавање, со цел поттикнување на нивната креативност и желба за истражување за овие две главни граѓанско-правни гранки во правниот поредок на Република Македонија.
  • [CLE-702] [6 ЕКТС] Кривично право - применета програма
    Основа за изведување на наставата по овој предмет се програмите на предметите Казнено право - општ дел и Казнено право - посебен дел коишто се изучуваат во четвртиот и во шестиот семестар. При изведувањето на наставата по овој предмет, наместо традиционалниот екс катедра метод, се применува т.н. клинички метод. Имено, на часовите по овој предмет прво се анализираат неколку репрезентативни пресудени предмети од судската практика (најчесто пресуди на Врховниот суд на РМ, но и на другите, пониските судови), сврзани со некој институт од општиот дел на КЗ или, пак, со некое конкретно кривично дело од посебниот дел. Потоа, следува решавање на повеќе примери - задачи, со што студентите вежбаат подведување (квалификација) на една фактичка состојба (случај) под определена кривичноправна норма. Исто така, студентите, под раководство на предметните наставници, симулираат случаи и работат со вистински клиенти на кои Факултетот, под определени услови, им дава бесплатна правна помош.
  • [CLE-703] [6 ЕКТС] Управно право - применета програма
    Оспособување на студентите: - Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. - Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РМ. - Да ги согледаат основните дејности на административната функција. - Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. - Да ги изучат видовите административен надзор. - Да ги спознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. - За идно врботување во органите на администрацијата на РМ, невладините организации, установи и сите институции во кои се решаваат предмети од административно правна природа.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-606] Современи правни системи во светот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-608] Нотарско право
    • [ELE-609] Алтернативно решавање спорови
    • [ELE088] Потрошувачко право
    • [ELE011] Банкарско право
    • [ELE087] Право на осигурување
    • [ELE-611] Систем на социјална заштита на малолетните деца
    • [ELE-612] Граѓанско-правна одговорност за причинување штета
    • [CLE-103] Социологија на право
    • [ELE-613] Туристичко право
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-605] Локална самоуправа

Семестар 8

  • [CLE-801] [6 ЕКТС] Граѓанско процесно право - применета програма
    Целта на изучување на наставниот предмет е студентите да стекнат солидни знаења од областа на граѓанското процесно право, односно парничното, вонпарничното и извршното право. Предметната програма Граѓанско процесно право – применета програма е содржински компонирана така што ги опфаќа практичните аспекти на составните делови на граѓанското процесно право. Во тие рамки, студентите добиваат можност усвоените теоретски знаења од односната дисциплина да ги применат во практиката.
  • [CLE-802] [6 ЕКТС] Финансиско право
    Целта на предметот е да им се овозможа на студентите да стекнуваат основни знаења од областа на финансиското право, односно од финансиско прваните односи (од содржински и формално правен аспект).
  • [CLE-803] [6 ЕКТС] Филозофија на право
    Со изучувањето на предметот Филозофија на правото студентите: - Ќе стекнат солидно знаење за односот на правна филозофија со другите правни дисциплини и со општествените науки. - Ќе добијат неопходни знаења за критичка анализа на пристапите кон правото и за идентификување на филозофските проблеми кои произлегуваат од анализата на правните прописи. - Ќе бидаат во можност да ги опишуваат видовите концепти во врска со проблеми како важење на законот, онтолошки статус на правото, односот меѓу правото и другите нормативни системи (моралот, религијата итн) во нивниот историски развој.
  • [LAW-804] [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Ова е активност поврзано со дипломската работа и професионален пројект. Од студентите се бара да напише проект, обично поврзан со дипломската работа, да се изработи структурата на проектот да се направи истражување и да го напишат извештајот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-606] Современи правни системи во светот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-608] Нотарско право
    • [ELE-609] Алтернативно решавање спорови
    • [ELE-610] Земјишно-книжно право
    • [ELE088] Потрошувачко право
    • [ELE011] Банкарско право
    • [ELE087] Право на осигурување
    • [ELE-611] Систем на социјална заштита на малолетните деца
    • [ELE-612] Граѓанско-правна одговорност за причинување штета
    • [CLE-103] Социологија на право
    • [ELE-613] Туристичко право
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-605] Локална самоуправа
Google+