Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Компјутерски науки

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: N-COMP
Академска година: 2018 / 2019
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Титула: Дипломиран по компјутерски науки
ЕКТС: 240 (продолжени + 1 година) Aкредитација
Титула: Дипломиран инженер по компјутерски науки

Факултетот по Современи науки и технологии при УЈИЕ - Тетово е високообразовна установа чија основна задача е вршење високообразовна, научноистражувачка дејност од областа на компјутерските науки, компјутерското инженерство и бизнис-информатиката.
План-програмата за компјутерски науки е дизајнирана за да ги исполни барањата на локалниот пазар, но истовремено и да овозможи модерна иглобална перспектива.
Наставни цели на програмата:
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со пошироки комуникациски, јазични и аналитички вештини.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења по компјутерски науки, и истите да ги применува во реалниот живот.
- Да  ги  оспособи  студентите  да  се  вклучат  во  развој  и  во имплементација  на различни софтверски решенија.
- Да ги оспособи студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можат да бидат: научно-истражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
- Да им овозможи добра основа за понатамошно адаптирање на новите технолошки/пазарни промени како и нивна примена.
- Да овозможува вештини за поддршка при организирање, реализирање и при имплементирање методи и процедури во други области.

По успешно завршување на програмата, дипломираните студенти имаат можност да се вработат во различни области во индустријата, и тоа: ИКТ ориентирани компании, бизнис сектор, јавна администрација и слично.
Со стекнатата диплома овие студенти ќе можат:
- Да ги користат компјутерскиот систем и информатичката технологија во секојдневието и пошироко.
- Ефективно да ги применуваат изучуваните методи и алгоритми.
- Да програмираат решенија за разни проблеми.
- Да организираат бази на податоци, да ги  проектираат да ги имплементираат и  понатаму да ги  одржуваат  и  да ги регулираат  перформансите.
- Да ги проектираат  и да ги имплементираат компјутерските мрежи.
- Ефикасно да ја користат интернет-технологијата.

Знаење и разбирање

- Стекнување на знаења и разбирање во теоретските и практичните аспекти во областа на Компјутерски Науки.
- Знаењето ги вклучува главните области како што се математиката за компјутерски науки, алгоритми, информатичките технологии, мрежи, програмерски парадигми и нивната примена, бази на податоци, како и различни специјализирани предмети во избраните области од компјутерските науки.
- Знаење и разбирање на различни програмерски методологии во сценарија на практично решавање на проблемите  (објектно-ориентирано, функционално,процедурално програмирање итн.)
- Знаење и разбирање во спроведување на истражувања од мали размери и примена на проекти од полето на компјутерските науки. 

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност да се применуваат / да се употребуваат компјутерските системи и информационите системи во вообичаено работните задачи на напредно ниво.
- Способност да се применуваат во самостоен и креативен начин стандардните методи и алгоритми во ефективно решавање на проблеми, развој на апликации (десктоп, интернет или мобилен) со користење на стандардни и напредни компјутерски алатки и средини.
- Способност да се развијат и одржуваат софтвери, со користење на различни развиени методологии, средини и практики.
- Способноста да се развијат, организираат и одржуваат  релациони бази на податоци.
- Способноста  за дизајн и имплементација на компјутерски мрежи почнувајќи од мали и средни размери на локални мрежи.
- Способност да се организираат информациските системи на начин за да се решаваат различни социјални, економски и / или технолошки задачи.
- Да се предложат решенија за информациските системи на почетно и средно ниво, вклучувајќи анализа, развој на дизајн и репортирање.

Способност за проценка

- Способност да се соберат и да се анализираат. податоци со цел предлагање на софтверски решенија.
- Способност да се оценуваат платформи и развиените средини.
- Способност да се оценуваат различни информациски и софтверски решенија, како и да се развиваат други софтверски решенија.

Комуникациски вештини

- Способност за користење на софтверски решенија и за поддршка на другите во областа на информациски системи со апропријација на нивото според публиката.
- Способност да се спроведуваат ефикасни проекти по информациски системи и способност да се презентираат со почитување на професионалните стандарди.
- Придонесување во организирањето на е-општеството преку учество на состаноци и одлучни тела на различни нивоа.
- Напредни вештини и искуство во групно работење.
- Способноста за писмено и за усно комуницирање во сите фази на креации во компјутерските науки  и предлози како што се: технички документации,  спецификации на условите, набавките,  на англиски јазик и уште најмалку на еден локален јазик на напредно ниво.

Вештини на учење

- Способност да се следат напредоците во полето на компјутерската наука, способност  брзо да се научат новите технологии, програмски јазици, алатки и рамки.
- Способноста да се применува вештините за учење во наставата и обуките по информациски системи во училиштата или во организациите.
- Способноста да се применува вештините за учење во создавање проекти и во управувањето со нив.

Семестар 1

  • [CCS-203] [6 ЕКТС] Програмирање
    Вовед во C++ програмирање: основни типови на податоци, аритметика, оператори, Развој на C++ програма: влезно-излезни наредби, изборни структури, структури за повторување. Видови на функции, рекурзија-имплементација со C++ Вектори, матрици и алгоритми за пребарување и сортирање Покажувачи (pointers), оператори со нив и нивна врска со вектори. Креирање на нов тип на податоци во C++ структури.
  • [CCS-101] [6 ЕКТС] Вовед во компјутерски науки
    Главна цел на предметот е да им се даде на студентите практично знаење околу основните поими од предметот калкулус. Во првите две-три недели се учи за поимот функција како основен поим во овој предмет. Значи се оди кон дефинирањето на разни функции преку две различни нумерички множества, се задаваат функции на различни начини (табеларно, дијаграми, аналитички, графички и др). Потоа се пресметува граничната вредност, изводот, диференцијалот и интегралот на една нумеричка функција и се оди кон примената на овие познавања во практичниот живот и во другите природни науки. Исто така, последните три недели се резервирани за учење на некои поими од теоријата на линеарната алгебра.
  • [CCS-103] [6 ЕКТС] Калкулус и линеарна алгебра
    Овој предмет презентира широк, интегриран вовед во фундаменталните концепти на компјутерски науки. Се обработуваат следниве теми: историја на пресметувањето; дигитална логика и дигитални системи; вовед во компјутерска архитектура, основни алгоритми, решавање проблеми и структури на податоци; вовед во програмски јазици, оперативни системи, системи на база на податоци, мрежи, веб и софтвер инженерство; апликации, вклучувајќи опис на функционалноста на соодветниот софтвер (word-процесори, база на податоци, browser-и и слично); обработка не само на традиционални податоци туку и на мултимедијални податоци.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [CCS-201] [6 ЕКТС] Дискретни структури 1
    Некои поими во врска со целите броеви, делители и содржатели, некои специјални множества и операции со тие множества, функции и низи, особини на функциите, неформална логика, анализа на искази, методи на докажување, користење на математичката логика во докажувањата и анализа на аргументите, релации, диграфи и графови, матрици, релации на еквиваленција.
  • [CCS-202] [6 ЕКТС] Компјутерска архитектура
    Студентите треба да ја разберат компјутерската архитектура за да можат да структурираат програма која ќе биде извршувана поефикасно на реална машина. Во одбирањето одреден систем за употреба, тие треба да разбираат кои се импликациите во однос ЦПУ вс големина на меморија. Вклучени се следниве теми: основно логично дизајнирање, системи за чување податоци (мемории), структури на процесори, форматот на инструкции, форми на адресирање, супрутини, хардверот и микропрограмско имплементирање; kомпјутерска архитметика, операции со целосни и реални броеви; карактеристики на И/О и нивни контролери; структури на интерпутс; структура на виртуелна меморија, кеш меморија; проверка на архитектури како микрокомпјутери, вектор и арај- процесори.
  • [CCS-303] [6 ЕКТС] Објектно - ориентирано програмирање
    Предметот опфаќа вовед и претставување на концептот на објектно-ориентирано програмирање, вовед и претставување на апстрактни типови на податоци (структури и класи), претставување на објектно-ориентираните концепти како: енкапсулација, апстракција, наследување, виртуелни функции и полиморфизам, редефинирање на оператори, вовед во фајлови и претставување на специјалната класа string.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2

Семестар 3

  • [CCS-102] [6 ЕКТС] Интернет технологии
    Главна цел на предметот е да им се даде на студентите практично знаење околу основните механизми, услуги и протоколи на глобалната мрежа Интернет. Да владее со XHTML, CSS и JavaScript. Да владеат целокупната архитектура на ефикасна, скалабилна и сигурна веб страна. Студентите ќе се здобијат со јаки технички знаења околу XML, XHTML, CSS, и JavaScript како што се листи, табели, слики, мултимедија и форми во XHTML, форматирање, стилови и лајаути во CSS како и упуотреба на променливи, условија, циклуси и функции во JavaScript.
  • [CCS-301] [6 ЕКТС] Алгоритми и структури на податоци
    Предметот опфаќа претставување на концептот на ефикасен алгоритам, методологијата на наоѓање на ефикасно решение на проблемите, вовед во структури на податоци и нивната имплементација преку низи и динамични поврзани листи ( листа, склад и ред, дрво и бинарно дрво (на пребарување), хаш табели, и други), дискутирање на предностите и недостатоците за различните репрезентации на структурите на податоци, имплементација на основните операции со елементите од структурите на податоци, и селектирање и оценување на ефикасни алгоритми за сортирање на листа од елементи.
  • [CCS-302] [6 ЕКТС] Дискретни структури 2
    Целта на овој предмет е продолжување на учењето на концептите од дискретните структури како основа на информатичката технологија. Повторно целта е да се стави акцент на апликација на тие концепти во компјутерските науки. Во овој контекст ќе се учи за некои концепти од теоријата на графови и нивна примена, поимите поврзани со матричната анализа, примена на релациите за еквиваленција, да разберат каде се може да се применат концептите од теоријата на броевите, како и да учат за Буловата алгебра. Исто така цел на овој предмет е да се изучат некои концепти од нумеричката анализа во врска со приближното решавање на равенки со една непозната како и различните методи што се користатр за таа цел.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 1
    • [CSTEN-01] Англиски јазик за компјутерски науки 1
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 4

  • [CCS-401] [6 ЕКТС] Оперативни системи
    Овој предмет ги проучува поважните проблеми во оперативните системи. Оперативниот систем е посредник помеѓу корисничките програми и хардверот на компјутерот (или мобилните уреди) на кои тие работат. Затоа одговорноста на оперативниот систем е управување и споделување на компјутерските ресурси. Овој предмет ќе започне со краток вовед во „главните концепти на оперативни системи“ и продолжува со евалуација на овие концепти и анализа во детали. Деталната анализа на главните компоненти на повеќето оперативни системи ќе се дискутира. Дискусијата ќе ги покрие процеси и теми, спорните точки, управување со меморијата, влезно / излезни, датотечни системи и безбедноста меѓу другите. Следниот дел на предметот се занимава со презентација на клучните концепти на дистрибуирани, мултимедија и смарт картичка оперативни системи. На крајот на концепти на мобилни оперативни системи ќе бидат претставени, анализирани и евалуирани. Сето ова ќе биде придружено од анализа на студии на случај на одредени оперативни системи од секоја категорија.
  • [CCS-402] [6 ЕКТС] Бази на податоци
    Концептуално дизајнирање, внатрешна и надворешна шема. Нивоа на зависност, top-down и bottom up дизајнирање. Управувачки системи со бази на податоци - архитектури. Модели на бази на податоци и јазици за контролирање. Релациони модели, јазици за пребарување, релационална алгебра, релационен калкулус, ограничувања и интегритет. Проектирање на бази на податоци. Форми за нормализација, трансформација на ЕР модел во релационален модел. Јазици за пребарување (SQL). Aнализа и оптимизација на прашалнициве. Индекси, менаџирање со трансакции, контрола на конкурентноста и поправка. Веб и графични интерфејси за бази на податоци. Кои и да било управувачки системи со бази на податоци: SQL Server, ORACLE, MySQL и други.
  • [CCS-403] [6 ЕКТС] Применета веројатност и статистика
    Целта на овој предмет е да им овозможи на студентите да се здобијат со потребните знаења од предметот веројатност и статистика што имаат директна примена во областа на компјутерските науки. Целта е да се учи како се прави обработката на статистичките податоци, нивните законитости, нивното преставување, законитостите на донесување на соодветни заклучоци врз основа на обработените податоци идр. Исто така целта е да се учат основните принципи на веројатноста и како тие принципи можат да се применат во различни области од секојдневниот живот посебно во областа на компјутерските науки.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 2
    • [CSTEN-02] Англиски јазик за компјутерски науки 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [EACS-05] Формални јазици и аутомати
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-604] Податочно рударство
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS-605] Тестирање и одржување софтвер
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско дизајнирање и симулација на логични кола
    • [EPL2030] Компајлери
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер

Семестар 5

  • [CCS-501] [6 ЕКТС] Веб програмирање
    Дизајнирање и конструкција на апликации за веб-околината. Теми поврзани со програмирање на веб сервери. Програмирање на страна на клиентот или апликации на веб-сервери. Преглед на концептите на релационата база на податоци, дизајнирање податоци, јазиците што се користат на серверите и на клиентите, трансакциските мановрирања, интеграција на податоците во веб- апликациите.
  • [CCS-502] [6 ЕКТС] Софтверско инженерство
    Софтверско инженерство претставува дисциплина која се занимава со применување на инженерски методи, техники и мерења применети во практика за ефективен развој на софтверски системи кои се во рамки на дадените барања и спецификации. Следните теми се покриени: алатки и техники употребени во развој на софтвери, life cycles на софтверот, употреба на програмски техники во пишување на големи програми, формални методи за верификација на програми, техники и софтверски алатки за тестирање, одржување и документација на програми.
  • [CCS-503] [6 ЕКТС] Компјутерски мрежи
    Предметот е вовед во концептите и принципите на компјутерските мрежи. Се разгледуваат различните мрежни компоненти и нивното меѓусебно вклопување. Се обезбедува детален поглед на мрежните архитектури и нивниот дизајн. Предметот го потенцира дизајнот и имплементацијата на Податочниот слој и МАС под слојот. Се илустрираат концептите на битните мрежни архитектури и протоколи во мрежите Internet и Ethernet. Детално се проучуваат локалните мрежи. Последниот дел од предметот ги обработува меѓумрежното поврзување, компјутерските елементи и виртуелните локални мрежи. Студентите постануваат фамилијарни со мрежните комутаторки елементи , нивното почетно поставување ( set-up ) и практичен дизајн на локалните компјутерски мрежи.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [EACS-05] Формални јазици и аутомати
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-604] Податочно рударство
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS-605] Тестирање и одржување софтвер
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско дизајнирање и симулација на логични кола
    • [EPL2030] Компајлери
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [EACS-05] Формални јазици и аутомати
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-604] Податочно рударство
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS-605] Тестирање и одржување софтвер
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско дизајнирање и симулација на логични кола
    • [EPL2030] Компајлери
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер

Семестар 6

  • [CCS-601] [6 ЕКТС] Компјутерска графика
    Овој предмет претставува вовед во теоријата на компјутерската графика и линеарна алгебра и употребата на OpenGL API-то. Пожелни се предзнаења од C / C + + програмските јазици, кои ќе и бидат потребни на студентите за завршување на практичните задачи. Исто така е препорачливо и предзнаења со основноте концепти од геометрија и тригонометрија, како и некои основни познавања во линеарна алгебра, вектори и матрици. на овој предмет ќе се обработатат теми од компјутерската графика како што се: трансформации и матрици, основни знаења околу viewport-от, viewing plane-от и framebuffer-от, концепти за anti-aliasing, мапирање на текстура, употреба на камери и светла како и други текники и алгоритми за реализација горенаведените концепти.
  • [CCS-602] [6 ЕКТС] Дистрибуирани системи
    Предметот е вовед во основните концепти на дистрибуирани системи. Се разгледуваат архитектурите на дистрибуирани системи како и предностите и недостатоците на дистрибуираните системи во споредба со традиционалните централизирани системи. Се проучуваат концептите на меѓупроцесни комуникации и интернет протоколи за комуникација. Се илустрираат основите на клиент - сервер програмирање, мiddleware платформи (CORBA, JavaBeans, DCOM, .NET), Web технологија и Web услуги и технологии кај дистрибуираните компјутерски системи. Последниот дел од курсот ги обработува трансакциите и дистрибуираните трансакции. Студентите постануваат фамилијарни со стандардни апликативни решенија за дистрибуираните компјутерски системи.
  • [CCS-603] [6 ЕКТС] Практичен проект
    Ова е активност за дипломската работа и проектот на професионалното позиционирање во областа на компјутерските науки. Студентите треба да подготват проект, вообичаено софтвер, поврзан со нивната дипломска работа, да ја изработат структурата на проектот, да изведат истражување и да го напишат техничкиот извештај. Теоретски, овие проекти претставуваат комплетен систем или, пак, производ, интегрирана анализа, симулација или дизајн на софтвер или хардвер доколку е соодветно.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [EACS-05] Формални јазици и аутомати
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-604] Податочно рударство
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS-605] Тестирање и одржување софтвер
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско дизајнирање и симулација на логични кола
    • [EPL2030] Компајлери
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [EACS-05] Формални јазици и аутомати
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-604] Податочно рударство
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS-605] Тестирање и одржување софтвер
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско дизајнирање и симулација на логични кола
    • [EPL2030] Компајлери
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер

240 ЕКТС (продолжени + 1 година)

Семестар 7

  • [CBI-601] [6 ЕКТС] Инженерство на податоци
    Сите области на примена се сведоци на „потоп на податоци“, односно на постојан пораст на количеството на дигитални податоци како дел од дневни активности во бизнисот, науката, образованието, забавата итн. Всушност, податоците и Big data станаа дел од модерниот народен јазик. Инженерство, управување и анализа на овие податоци е клучот на успехот на секоја компанија. Во потребата за работа со големи количини на податоци, и тековните апликации се соочуваат со предизвикот на мултимодални податоци, вклучувајќи неструктурирани податоци и полуструктурирани податоци, сликовни и видеоподатоци, просторни и временски податоци итн. Овој предмет го опфаќа целиот животен циклус на податоците, вклучувајќи создавање податоци, моделирање, придобивање, преставување, користење, одржување, заштита и отстранување. Бидејќи податоците се чуваат во разни бази на податоци, исто така ќе биде разгледан инженеринг и пристап до разни типови бази на податоци, поддршки на управување со податоци, вклучувајќи дизајн на база на податоци, складирање податоци, одржување и аналитика. Стандардите на податоците, квалитетот на податоците и предизвикот со „големи бази на податоци“ исто така ќе бидат разгледани.
  • [CCS-701] [6 ЕКТС] Менаџирање проекти
    Овој предмет претставува вовед во областа на управување со софтверски проекти, презентирање техники и пристапи за да се развие критичка свест за предизвиците и недостатоците во оваа област. Модулот се базира на познавање на софтверското инженерство и на други предмети од областа на информационите системи.
  • [CCS-702] [6 ЕКТС] Моделирање на пресметување
    Предметната програма има за цел да ги воведе студентите во теоријата на пресметувачките модели и пресметливоста преку изучување на формалните јазици и конечните автомати.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [EACS-05] Формални јазици и аутомати
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-604] Податочно рударство
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS-605] Тестирање и одржување софтвер
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско дизајнирање и симулација на логични кола
    • [EPL2030] Компајлери
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 8

  • [CCS-801] [6 ЕКТС] Сигурност на компјутерски системи
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат сизнанија за принципите на компјутерската безбедност од применета гледна точка и обезбедува искуство за безбедносните закани и контрамерки. Во рамките на предметите дополнително се опфатени принципите и вештините кои се корисни за донесување одлуки на безбедноста и за разбирање на безбедноста во интеракцијата со светот околу неа. Применетите теми вклучуваат криптографија, овластување за контрола, оперативни системи за безбедност, веб и мрежна безбедност. Други теми ги вклучуваат општите принципи за безбедност, човечките фактори како доверба и социјален инженеринг, безбедноста на комплексните системи и економијата на безбедност. Целта на предметот е да се балансираат теоријата и практиката.
  • [CCS-802] [6 ЕКТС] Логично и функционално програмирање
    Целта на овој предмет е да се даде вовед во парадигмата на логичкото програмирање преку Пролог-јазикот. Предметот е фокусиран врз синтаксата и семантиката на Пролог, работата на Пролог-преведувачот како и на различните апликации на Пролог, а посебно примената во пребарувањето врз бази на податоци, парсирањето, мета-програмирањето, како и и решавањето проблеми од областа на вештачката интелигенција (AI).
  • [CST-803] [12 ЕКТС] Дипломска работа
    Во рамките на овој предмет студентите ќе работат на комплетирање на применет или теориски проект. Целта на предметот е да им овозможи на студентите да го интегрираат знаењето стекнато од предметите на целокупната наставна програма, за да се испорача „производ“, како што е софтвер или теза. Студентите ќе имаат можност да стекнат искуство во дизајнирање, програмирање и во оценување проект од компјутерските науки. На крајот, студентите ја документираат својата работа во форма на писмени извештаи и усни презентации, кои ги оценува комисијата на факултетот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [EACS-05] Формални јазици и аутомати
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-604] Податочно рударство
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS-605] Тестирање и одржување софтвер
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско дизајнирање и симулација на логични кола
    • [EPL2030] Компајлери
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер
Google+