Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Политички науки

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: N-PAPS
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Дипломиран по политички науки
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
ЕКТС: 240 (продолжени + 1 година) Aкредитација

Целта на програмата Политички науки е да се запознаат студентите со основните принципи на политиката, организацијата и на функционирањето на државните и меѓународните институции, како и со политичките власти, политичката мисла и со теоретските прашања за управувањето. Во рамките на програмата се опишуваат и се идентификуваат гранките на законодавната, извршната и на судската власт; нивната интеракција во владеењето на правото и на функционалната демократија.
Главните цели на програмата се:
- Студентите да стекнат теоретски знаења и разбирања за важноста на политичките процеси преку компаративниот политички пристап.
- Да се оспособат студентите да учествуваат во различни нивоа на владиниот систем и јавниот живот и како политички аналитичари да бидат во можност да дадат свои видувања за политичките проблеми.
- Да се подготват студентите за вреднување на политичките тенденции во општествово и државава,  да го проценат нивното влијание врз евроинтеграциските процеси во државава и регионов.
- Да се оспособат студентите за идентификување на потребите на интересите на групи и државни институции во рамките на политичкиот процес.
- Да можат да преземат иницијатива за идентификување и за адресирање на потребите за учење за државните институции и јавната администрација. 

Преку студиите Политички науки се овозможува исполнување на образовните потреби за поддршка на студентите за започнување на нивната професионална кариера во државните и локалните владини агенции, општините, јавните институции, политичките партии, непрофитабилни организации, универзитети и претпријатија.

Знаење и разбирање

- Има познавање за базичните принципите на политиката, организацијата и функционирањето на државните и меѓународните институции и политичките власти, политичката мисла и теоретски прашања за управувањето.
- Има познавање на гранките на законодавната, извршната и судската власт и за нивната интеракција во владеењето на правото и функционалната демократија.
- Има теоретски знаења  и разбирање на важноста на политичките процеси преку компаративниот политички пристап.

Примена на знаењето и разбирањето

- Во можност е да работи во политичкото организирање на владини и невладини институции и да обезбеди анализа за различните политички процеси.
- Може да учествува во различни нивоа на владиниот систем и јавниот живот, како политички аналитичар преку давање професионални анализи во полза на решавањето на политичките проблеми.
- Во состојба е да спроведе јавна анкета и да имплементира соодветната методологија.
- Во можност е да покажува способност да лобира, да посредува и да преговара со повеќе актери со политичко влијание во општеството.
- Може да применува теоретски знаења, да изврши истражувања за решавање на општествените појави и да развие кариера во академската област.

Способност за проценка

- Има способност да размислува критички и активно да се вклучува во тековните политички прашања на централно и на локално ниво.
- Ги разликува различните феномени поврзани со политичката култура на одредена заедница.
- Критички споредува политички тенденции во општествово и државава и го цени нивното влијание врз евроинтеграциските процеси во земјава.

Комуникациски вештини

- Во состојба е да учествува во политичка дебата, посредување и преговори, обезбедувајќи аргументирана анализа за политичкиот дискурс.
- Поседува кохерентна способност за пишување за политички настани и за пишување политички говори.
- Покажува способност за професионална комуникација со повеќемина во тимска атмосфера и преку инклузивен пристап.

Вештини на учење

- Може да дефинира и да ja утврди улогата на политиката за општество базирано на знаења.
- Може да преземе иницијатива за идентификувањe нa интереснитe на групи и држaвни институции во рамките на политичкиот процес.
- Има вештини да спроведе доживотно учење и самоедукација во областа на политички науки.
- Способен е да ги обучува граѓаните за политичкиот систем и за демократското општество.

Семестар 1

  • [CPS-104] [6 ЕКТС] Теорија на државата и правото
    Предметот на студентите им дава воведни теоретски знаења за клучните поими и институти од областа на државата и правото. Дополнително, предметната програма е клучна во изучувањето низа други предмети во текот на студиите.
  • [CPA065] [6 ЕКТС] Политичка социологија
    Студентите по завршување на програмата: - Можат да ги објаснат моделите на социјалната психологија; - Анализа на разните начини на примената на социјалната психологија; - Анализа како моделите на социјалната психологија се поврзани со перцепцијата;
  • [CPS-103] [6 ЕКТС] Вовед во политички науки
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за основните категории, концепти и дефиниции, кои ќе им помогнат да ги разберат, да ги проучуваат и критички да им пријдат на современата политика и на современото општество. Притоа треба: - Да ги подобрат својата политичка култура и својата свест со помош на текстовите од класичните и современите автори и политички аналитичари. - Да ги зголемат своето знаење и својот капацитет за проучување на европската етичка политика. Студентите да ги усовршат своето пишување, размислување и изразување во врска со политиката. Преку наставата студентите треба да добијат неколку одговори на следниве базични прашања: - Што е политика и зошто таа е многу значајна за нашите животи и за општеството? - Како се развивал човекот како политичко суштество? - Што го карактеризира модерното демократско општество? - Кои се карактеристиките на македонското општество како политичко општество? - Што е политика? - Дали тоа е составен дел на човекот? - Зошто и како ја изучуваме политиката?
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Aнглиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [CPS-201] [6 ЕКТС] Социјална психологија
    Темите за дискусија вклучуваат: перцепција на личноста, согласување, формирање ставови, оценување и промена, предрасуди, агресивност, социјално учење, групна динамика, социјалната психологија и општеството и правна и организациска апликација.
  • [CPS-202] [6 ЕКТС] Вовед во политичка економија
    Во рамките на предметот Политичка економија се проучува улогата на економските процеси во обликувањето на општеството и на културата. Притоа се прави севкупна анализа на политичкиот, општествениот, културниот, еколошкиот живот и се поврзува нивната интеракција со економските процеси и развивања. Основните прашања кои се разгледуваат во рамките на овој предмет се следниве: Како политичките институции влијаат врз економскиот раст и развој. Како економските услови влијаат врз процесот на донесување одлуки и политики.
  • [CPS-204] [6 ЕКТС] Политичка филозофија
    Цели на предметната програма: - Да се поврзат модерната политичка филозофија со општеcтвената практика, либералната теорија и да се насочат студентите кон нивните животни и работни активности. - Да се демострираат и да се разберат од аспект на политичката мисла, совремната политичка теорија, движењата, институците, насочувајќи го политичкото битие на луѓето и организациите. - Да се имплементираат, да се реализираат истражувачки и аналитички вештини за донесување одлуки, партиципација во јавниот и политичкиот живот. - Да се вреднуваат хуманите, културните, етичките аспекти - се критикуваат либерализмот, слабостите на политичката елита, култура. - Способност за соработка низ формите на политичка комуникација во една средина во која демократијата сè уште не е изградена целосно. - Да се моделира својата политичка иднина, да се воспоставува кооперативни односи, низ инициативи, истражувачки проекти, институционална соработка.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Aнглиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2

Семестар 3

  • [CPS-304] [6 ЕКТС] Анализа на податоци
    Целта на предметот е да се фокусира на два општи приода кон анализа на податоците имено, квантитативна и квалитативна. Во однос на квантитативна анализа се фокусира на употреба на статистичката анализа во однос на квалитативна анализа во која се дефинира како оние пристапи во кои не се вклучени квантитативните пристапи - или пристапи кои не користат нумеричка манипулација. Во рамките на овој предмет ќе се анализира и преку студии на случај ќе се презентираат методите на истражување, деловите на општественото научно истражување, приодите за истражувачки дизајн, спроведување емпириски дизајн како и мултиваријабилна анализа.
  • [CPA120] [6 ЕКТС] Јавни политики
    Целта на предметот е да им се овозможи на студентите полесно да ја разберат и да ја совладаат јавната политика како нова научна дисциплина и односот со другите општествени науки. Исто така преку овој предмет студентите ќе се запознаат со основните принципи на јавната политика, креирање на конкретна политика, нејзината анализа, имплементација и евалуација. Преку практичната настава студентите ќе се запознаваат со различните видови на јавни политики како и со нивните носители или креатори во практиката, така што ќе бидат во можност да се уверат во улогата и значајот на партиципацијата на граѓаните во процесот на одлучување за најбитните општествени прашања.
  • [CPS-305] [6 ЕКТС] Политика на Европа и на Европската унија
    Овој предмет се однесува на запознавање на концептот во компаративните политички науки на проучување на современата Европа. За предметот се бара претходно познавање на основните концепти и методи во политичките науки и познавање на историјата на Европа по Втората светска војна. Предметот е поделен на два дела. Во првиот дел од предметот ќе се фокусираме на европската политика на наднационално ниво од историски контекст, политичките институции и политиките на Европската унија. Во вториот дел од предметот ќе се изучуваат главните теории на компаративната политика кои можат да помогнат да се разбере варијацијата во институциите, политичкото однесување и политиките во европските земји и во самата ЕУ. Во текот на предметот ќе се решат некои од предизвиците со кои се соочува Европа и ЕУ денес и внимателно ќе бидат анализирани серија на клучни современи општествени и политички дебати.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 1
    • [LPCEN-01] Англиски јазик за јавна амдминистрација, политички науки и комуникација 1
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 4

  • [EPS-504] [6 ЕКТС] Политички систем на РМ
    Целта на предметот Политички систем на Република Македонија е студентите на додипломски студии на Факултетот за јавна администрација и политички науки да стекнат општи и посебни знаења за функционирањето на политичкиот систем на Република Македонија во целина и за функционирањето на посебните институции на политичкиот систем на Република Македонија.
  • [CPS-402] [6 ЕКТС] Меѓународни односи
    Преку овој предмет студентите се запознаваат со теоретските компоненти во меѓународните односи, клучните идеи и дебати во областа на меѓународните односи, а особено со основните концепти, актерите во меѓународните односи, надворешната политика, моќта во меѓународните односи. Предавањата исто така ќе бидат фокусирани на меѓународната политичка економија и политиката на глобална благосостојба, постојните и идните проблеми во меѓународниот систем, вклучувајќи ги и вооружените конфликти, економијата, демографијата и животната средина.
  • [EPS-505] [6 ЕКТС] Јавни институции
    Цели на предметната програма: Да им помогне на студентите да го разберат поширокиот контекст на функционирање на јавните институции. Да ги мотивира студентите да ги подобрат своите вештини за анализа и за работа во институционалниот матрикс на модерниот јавен менаџмент со посебен осврт на сензитивноста на демократските принципи Да се развие свеста за примена на овие принципи во практиката во јавниот и непрофитабилниот сектор.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CPS-401] Политички партии и изборни модели
    • [EPS-401] Институции и политики на ЕУ
    • [EPS-402] Етика во политиката
    • [EPS-403] Вовед во јавна администрација
    • [EPS-405] Вовед во економија
    • [EPS-502] Религија и политика
    • [EPS-701] Комуникација и политички маркетинг
    • [CPS-303] Уставно право
    • [CPA-502] Системи на локална самоуправа
    • [EPS-601] Социјална држава и политика
    • [EPS-603] Младината и политиката
    • [EPS-702] Јавно право
    • [EPS-703] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [EPS8020] Социјални политики
    • [EPS8010] Современи административни системи
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 2
    • [LPCEN-02] Англиски јазик за јавна амдминистрација, политички науки и комуникација 2

Семестар 5

  • [CPS-505] [6 ЕКТС] Принципи на меѓународното право
    Во рамките на овој предмет се дава вовед во главните концепти и принципи на меѓународното право, со специфичен акцент на нејзиното практично влијание врз однесувањето на меѓународните односи. Структуриран е во три дела. Првиот дел се фокусира на основите на мегународното право (предмети, извори, принципи и односите меѓу меѓународното и домашноте право). Вториот дел се занимава со три главни области на мегународното право, имено договорното право, одговорноста на државата и мирното решавање на меѓународните спорови. Третиот дел ќе биде посветен на некои специјализирани области на мегународното право, како што се животната средина, човековите права, економскиот развој итн.
  • [CPS-304] [6 ЕКТС] Истражувачки методи во политичките науки
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со научноистражувачките методи во општествените сфери и политичките појави. Студентите ќе стекнат знаења за теоретскиот и практичниот аспект, за методите на научните истражувања и нивното значење за науката,како и за индивидуите во општеството. Содржината на предметот се состои од теоретски и емпириски истражувања, а ќе бидат опфатени следниве теми: пропорциите на методиката и теоријата на осознавање; научните знаења и нивната структура; улогата и функцијата на научноистражувачките проекти; мониторинг; прашалник; класификација; интерпретација на собраниот фотографски материјал итн.
  • [PS-501] [6 ЕКТС] Економија на јавен сектор
    Цели на предметната програма: Економијата во целина влијае врз тоа колку ефикасно се грижиме за нашата планета, врз иднината која што сакаме да бидеме дел од неа, врз ресурсите кои што ги имаме на располагање, врз тоа до кој степен се грижиме за сиромашните и за богатите. Но треба исклучиво да се потенцира дека економските принципи и концепции без разлика на нивото на развиеноста на економијата не се менуваат. Економија на јавниот сектор има за цел да ја дефинира економијата и улогата на државата во економијата, улогата на јавните институции во економијата. Има за цел да ја дефинира агрегатната понуда и агрегатната побарувачка, влијанието на фискалната и монетарната политика врз пазарите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CPS-401] Политички партии и изборни модели
    • [EPS-401] Институции и политики на ЕУ
    • [EPS-402] Етика во политиката
    • [EPS-403] Вовед во јавна администрација
    • [EPS-405] Вовед во економија
    • [EPS-502] Религија и политика
    • [EPS-701] Комуникација и политички маркетинг
    • [CPS-303] Уставно право
    • [CPA-502] Системи на локална самоуправа
    • [EPS-601] Социјална држава и политика
    • [EPS-603] Младината и политиката
    • [EPS-702] Јавно право
    • [EPS-703] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [?PS8020] Социјални политики
    • [EPS8010] Современи административни системи
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CPS-401] Политички партии и изборни модели
    • [EPS-401] Институции и политики на ЕУ
    • [EPS-402] Етика во политиката
    • [EPS-403] Вовед во јавна администрација
    • [EPS-405] Вовед во економија
    • [EPS-502] Религија и политика
    • [EPS-701] Комуникација и политички маркетинг
    • [CPS-303] Уставно право
    • [CPA-502] Системи на локална самоуправа
    • [EPS-601] Социјална држава и политика
    • [EPS-603] Младината и политиката
    • [EPS-702] Јавно право
    • [EPS-703] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [?PS8020] Социјални политики
    • [EPS8010] Современи административни системи
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа

Семестар 6

  • [CPS-601] [6 ЕКТС] Компаративни политички системи
    Во рамките на овој предмет студентите ќе стекнат знаења за: поимот за политика и политички систем, политичките системи и другите сродни научни дисциплини, историскиот аспект на развојот на политичките системи, политичките системи во античката мисла, политичките системи во современата политичка мисла, класификацијата на политичките системи, политичките системи и политичките идеологии, политичките систем и демократијата, политичките систем и државата, политичките системи и глобализацијата, политичките системи на западните држави, политичките системи на посткомунистичките земји, политичките системи на земјите во развој.
  • [CPS-403] [6 ЕКТС] Политички менаџмент
    Во рамките на овој предмет студентот треба: - Да стекне основни знаења за поимот политика и менаџмент. - Да се запознае со основните алатките и активностите во врска со разликување на политичките процеси според различни критериуми. - Да стекне соодветни знаења за подготовка на анкета и за теренско работење. - Да ги применува стекнатите знаења од другите предмети, како на пример за методологијата за изработка на есеи -семинарска работа. - Да ги анализира изборните процеси и начинот на изведување. - Да подготви политички говор и да се симулира појава на политички настан. - Да покажува способност за активна учество во дебати организирани од студентската унија. - Да покажува способност да се подготви и да учествува во истражувачки проекти, како и да презентира резултати од научнистражувачката дејност. - Да одреди различни начини за употреба на научните извори, да научи да чита селективно и компаративно да ги анализира политичките процеси.
  • [CPA-604] [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Ова е активност поврзано со дипломската работа и професионален пројект. Од студентите се бара да напише проект, обично поврзан со дипломската работа, да се изработи структурата на проектот да се направи истражување и да го напишат извештајот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CPS-401] Политички партии и изборни модели
    • [EPS-401] Институции и политики на ЕУ
    • [EPS-402] Етика во политиката
    • [EPS-403] Вовед во јавна администрација
    • [EPS-405] Вовед во економија
    • [EPS-502] Религија и политика
    • [EPS-701] Комуникација и политички маркетинг
    • [CPS-303] Уставно право
    • [CPA-502] Системи на локална самоуправа
    • [EPS-601] Социјална држава и политика
    • [EPS-603] Младината и политиката
    • [EPS-702] Јавно право
    • [EPS-703] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [?PS8020] Социјални политики
    • [EPS8010] Современи административни системи
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CPS-401] Политички партии и изборни модели
    • [EPS-401] Институции и политики на ЕУ
    • [EPS-402] Етика во политиката
    • [EPS-403] Вовед во јавна администрација
    • [EPS-405] Вовед во економија
    • [EPS-502] Религија и политика
    • [EPS-701] Комуникација и политички маркетинг
    • [CPS-303] Уставно право
    • [CPA-502] Системи на локална самоуправа
    • [EPS-601] Социјална држава и политика
    • [EPS-603] Младината и политиката
    • [EPS-702] Јавно право
    • [EPS-703] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [?PS8020] Социјални политики
    • [EPS8010] Современи административни системи
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа

240 ЕКТС (продолжени + 1 година)

Семестар 7

  • [EPS7010] [6 ЕКТС] Арбитража и мирно решавање на спорови
    Преку овој предмет студентите ќе ги надоградат своите досегашни знаења, од областа на конфликтите, како и начинот и методите за нивното мирно решавање во современото општество. Ти ќе стекнат напредни знаења за научен пристап кон мирното решавање конфликти преку современите методи, при што ќе се запознаат со добрите практики и резултати од досегашните мировни преговори и конференции. Исто така ќе се запознаат со алатките и активностите во врска со превентивата на конфликтите, во однос на навремено откривање на можните извори. Дополнително ќе стекнат адекватни знаења за активно учество на мировни процеси и да подготват стратегија и тактика за успешни преговарачки вештини при процесот на преговори.
  • [EPS-404] [6 ЕКТС] Политичка култура
    Терминот политичка култура во себе ги вклучува нормите, вредностите и симболите кои ја помагаат легитимизацијата на системот на политичката моќ. Во рамките на оваа синтагма се подразбира и политичката традиција на една нација, својствата кои им даваат значење на политичките институции, неслужбените правила кои му даваат боја на политичкиот живот, целите кои ги споменува доминантната политичка идеологија. На политичката култура ѝ се припишуваат многу други својства, почнувајќи од политичките предрасуди, политичките методи, политичкиот дух, па сѐ до тоа што се нарекува легално или нелегално. Иако нов термин, чија што модерна употреба датира од периодот на Втората светска војна, тој е многу важен во рамките на политиката, пред сѐ за соочување на вербата на граѓаните наспроти скандалите, апокалипсите, падовите и политичките катастрофи, за разбирањето на стварните и наметатите политички култури.
  • [CPS-701] [6 ЕКТС] Демократија и граѓанско општество
    Студентите преку овој предмет ги стекнат следниве вештини, знаења и пристапи: - Разбирање на процесите, теориите и емпириските анализи поврзано со политичките институции и политичкото однесување; - Способност да се имплементира процес на критичко размислување и примена на основните методи на истражување и квантитативна анализа; - Ефективни писмени комуникациски вештини.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CPS-401] Политички партии и изборни модели
    • [EPS-401] Институции и политики на ЕУ
    • [EPS-402] Етика во политиката
    • [EPS-403] Вовед во јавна администрација
    • [EPS-405] Вовед во економија
    • [EPS-502] Религија и политика
    • [EPS-701] Комуникација и политички маркетинг
    • [CPS-303] Уставно право
    • [CPA-502] Системи на локална самоуправа
    • [EPS-601] Социјална држава и политика
    • [EPS-603] Младината и политиката
    • [EPS-702] Јавно право
    • [EPS-703] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [?PS8020] Социјални политики
    • [EPS8010] Современи административни системи
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 8

  • [EPS7020] [6 ЕКТС] Евро-атланстките институции за безбедност
    Предметот е дизајниран како преглед и толкување на генезата на основните концепти и институционалните механизми за безбедност на државите членки и партнери на Северно атланскиот сојуз, со посебен осврт на , САД и ЕУ, по престанокот на на студената војна, со посебен акцент на Европската унија и нејзините земји членки. Целите се: воведување на студентите во современите развој на безбедносни концепти, во сложените односи на САД и нејзините европски партнери по 1989 година; обидите на ЕУ за градење на сопствен идентитет и решавањето на дилемите на (не) независни безбедносна политика за безбедност; објаснување на сомнежите и разликите меѓу членките на ЕУ во врска со капацитетите и придобивките од развојот и спроведувањето на самостојна безбедносна политика; преглед на досегашните резултати и проблеми во практичната примена на ЗНБП / ЕБОП; прашањата во однос на поврзаноста на безбедносните концепти на евроатлантските со безбедноста на Југоисточна Европа.
  • [CPS-801] [6 ЕКТС] Анализа на јавното мислење
    Целта на предметот е да се фокусира на два општи приода кон анализа на податоците имено, квантитативна и квалитативна. Во однос на квантитативна анализа се фокусира на употреба на статистичката анализа во однос на квалитативна анализа во која се дефинира како оние пристапи во кои не се вклучени квантитативните пристапи - или пристапи кои не користат нумеричка манипулација. Во рамките на овој предмет ќе се анализира и преку студии на случај ќе се презентираат методите на истражување, деловите на општественото научно истражување, приодите за истражувачки дизајн, спроведување емпириски дизајн како и мултиваријабилна анализа.
  • [CPS-802] [6 ЕКТС] Современи геополитички прашања
    Цели на предметната програма: Студентите да стекнат сознанија за тековните геополитички процеси, главните проблeми на светската геополитика и за нивното влијание во меѓународните односи во целина, а посебно во актуелниот момент на светскиот поредок кога се навестува враќање на старата геополитика од студената војна, по случувањата во Грузија, Украина и во Сирија.
  • [CPA-803] [6 ЕКТС] Проект - Студија на случај

Google+