Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Бизнис и Економија

Насока: Финансии и Сметководство
Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-BABE/N-BABE-FA
Академска година: 2017 / 2018
Титула: Дипломиран во Бизнис и Економија / Насока: Финансии и Сметководство
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
ЕКТС: 240 (продолжени + 1 година) Aкредитација

Наставната програма Бизнис и економија претставува балансирана комбинација на основно теоретско знаење и на специфични професионални вештини. Структурата на програмата опфаќа студии кои по природа се динамични и интерактивни. Програмата е дизајнирана да понуди теми од областа на економијата и менаџментот, имплементирајќи го овој концепт преку наставна програма. Предметите кои се застапени во оваа програма претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која тесно е поврзана со практичната примена во светот на бизнисот. Оваа програма им овозможува на студентите стекнување потребни способности и искуство за: економската теорија, примената на менаџментот, финансиите, како и економетриска анализа на податоците.
Студиската програмата има за цел:
• Да ги подготви студентите за позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
• Да ги подготви студентите за градење кариера во областа на економија и менаџмент, но и во приватниот сектор во областа на финансиите.
• Да овозможи стекнување истражувачки способности и искуство за: економска теорија, употребата на менаџментот, финансиите, како и економетриска анализа на податоците.
• Да го развива концептот на практично работење на студентите.
• Да го развивa концептот на критичко размислување на студентите.
• Да овозможи студентите активно да се вклучат во предавањата со цел независно да вршат истражување во сите области на економија и менаџмент.
• Да овозможи развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.

За време на студиската програма на студентите им се дадени можности за практична работа (internship), со  што ќе се оспособуваат да ги применат своите стекнати знаења и вештини во областа.
 

Студиската програма по Бизнис и eкономија ќе им овозможи на студентите:
- Да добијат општо образование во дициплините што ставаат акцент на теоријата и пратиката на менаџментот, додека сѐ уште останува специjализирањето во економија.
- Сеопфатно да ја проучат економијата со менаџмент, опција која им овозможува да имаат критичен поглед на прашањата поврзани со менаџментот.
- Да добијат обука за принципите на економијата и нивните апликации.
- Да го разберат менаџментот како наука со широка општествена основа и како мултидисциплинарна област.
- Да се запознаат со соодветните алатки за анализа за да се справаат со прашања и проблеми на економските политики.
- Да ги разберат организациите, клучните аспекти од нивниот менаџмент и надворешната средина во која тие функционираат.
- Да имаат средина каде што ќе можат да ги развијат своите интерперсонални и комуникативни вештини.
- Да имаат цврста основа за понатамошно студирање како и за вработување.

Знаење и разбирање

- Ги има потребните знаења за следниве деловни функции: економија, менаџмент, финансии, бизнис и менаџмент во глобален контекст, принципи на сметководство, корпоративно управување, стратешки менаџмент, управување со човечки ресурси и маркетинг.
- Има знаење за функционалните области на економија и менаџмент, тековните истражувања и иновациите, идните трендови, како и за влијанието на овие случувања врз теоријата и практиката.
- Има знаење и разбирање за националната, регионалната и за глобалната економска ситуација на пазарот.
- Има познавање за менаџерските теории, анализа и известување.
- Стекнува силна основа за тоа како да се развие економијата и да се биде подготвен за кариера или за постдипломски студии поврзани со економија и менаџмент, менаџмент или со сродни полиња.
- Има разбирање за различни алатки за донесување менаџерски одлуки.

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност за професионално пишување и за понатамошно развивање задачи во економија и менаџмент и нивно спроведување во реалниот живот.
- Способност да помогнат во формулирањето и во практичното спроведување на општи менаџерски планови и стратегии.

Способност за проценка

- Да размислуваат критички и да ги применуваат теоретските и практичните знаења и искуства за идентификација и за анализа на економски проблеми.
- Критички да ги анализираат и да ги оценуваат идентификуваните менаџерски можности.

Комуникациски вештини

- Покажуваат разбирање на индивидуалната и групната динамика во организациите.
- Функционираат ефикасно во тимската работа.
- Ефективно се справуваат со луѓе од различни социјално, економско, културно и верско потекло.
- Покажуваат разбирање и чувствителност за етичките, социјалните и за правните одговорности на компаниите.
- Ги прикажуваат бизнис-идеите наефективен начин.
- Демонстрираат клучни преговарачки вештини.
- Ги интерпретираат деловните податоци и економските индикатори.

Вештини на учење

- Можат да пребарувааат и да детектираат извори на учењето.
- Можат да се оспособуваат за индивидуално и тимско учење.
- Имаат способност да употребуваат научна литература и да прават анализа на размислувањата и оцените на други автори.

Семестар 1

  • [CBE-102] [6 ЕКТС] Принципи на маркетинг
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења за основните концепти кои се вградени во функциите на маркетингот на современите организации. Фокусот е ставен на концептите, како и на прашањата поврзани со маркетинг на производите и на услугите на потрошувачите. Поспецифично, целта е студентите да ја осознаат маркетинг-средината преку анализирање на пазарот, за потоа да се имплементираат успешните маркетинг-стратегии во таквата средина. Студентите исто така ќе можат да ги применуваат научните концепти за дизајнирање комплетен маркетинг-план за својот производ. Овој предмет придонесува студентите да се запознаат со разновидните активности во областа на маркетингот, кои придонесуваат компанијата да биде поконкурентна и поуспешна на пазарот.
  • [CBE-103] [6 ЕКТС] Принципи на менаџмент
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основите на менаџментот, неговата генеза и дефинирање, како и со основните принципи врз кои треба да се базира работата на секој иден менаџер. Следењето на овој предмет исто така има за цел студентите да стекнат основни познавања од областа на основните функции на менаџментот како планирањето, организирањето, координирањето, мотивирањето и контролата. Совладувањето на предметот на студентите ќе им овозможи: - Да ги научат основите на менаџментот и да се оспособат за нив да даваат конкретни примери. - Да се оспособат да гледаат на совладувањето на овој предмет како на потреба и стекнувањето знаења да бидат во контекст на практичната примена на наученото. - Да размислуваат на ефикасен начин кој ќе им помогне при соочувањето со деловните проблеми во понатамошниот нивен живот.
  • [CBE-101] [6 ЕКТС] Вовед во економија и бизнис
    Примарната цел на овој предмет е разбирање на главните економски концепти и теории кои се користат во анализа на економските прашања. Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаење за основните принципи, концепти и техники во економијата како наука и во економските анализи. На крајот на предметот студентите треба да бидат во можност да „размислуваат како економисти". Во рамките на овој предмет се истражуваат принципите на микро и макроекономијата, со фокус на примена на знаењето во донесување одлуки во глобален амбиент. По завршување на предметот, студентите треба за се оспособат: да го користат моделот на понудата и побарувачката и да го утврдат влијанието на промените во побарувачката или понудата врз цената и количината; да го дефинираат БДП и да ги калкулираат мерењето, употребата и ограничувањата на БДП како мерка на економска благосостојба; ја дефинираат инфлацијата и калкулираат, да се запознаат со последиците, и како да се прилагодат на тоа; како и да ги опишат улогите и алатките на централната банка.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [CBE-201] [6 ЕКТС] Принципи на сметководство
    Целта на предметната програма е да им се помогне на студентите да ја разберат суштината на сметководството, да ги научат основите на финансиското сметководство и концептите и принципите на сметководството. Поспецифично, студентите да се стекнат со знаење и разбирање на: финансиските извештаи, нивните компоненти, основните правила на евидентирање на сметководствените податоци, користење на сметководствените документи.
  • [CBE-202] [6 ЕКТС] Деловна математика
    Целите на предметот Деловна математика се следни: - Студентите да се оспособат да го применуваат системот на линеарни равенки за решавање различни проблеми од областа на бизнисот и економијата. - Студентите да се оспособат да ги применуваат своите знаења за линеарните модели и бројните низи за решавање различни проблеми во бизнисот и економијата. - Студентите да се стекнат со напредни знаења за пресметување сложена каматна стапка, периодични депозити, периодични ренти, заеми и финансиско одлучување.
  • [CBE-203] [6 ЕКТС] Микроекономија
    Преку овој предмет се стекнуваат основни разбирања за економските феномени и за глобалната универзална микроекономска терминологија. Се проследуваат и се анализираат теоретските пристапи кои овозможуваат да се дојде до сопствена претстава за можните апликативни решенија за проблемите на производството, размената и организација на поединечно претпријатие, посебна гранка или на посебен пазар. Развојните компоненти даваат динамичка димензија без која поедноставените пристапи би биле неупотребливи. Основите на микроекономијата се изучуваат во целиот свет како дел од универзалниот напор да се идентификуваат и да се дефинираат слични проблеми и да се дојде до можност тие да се разрешуваат на сличен начин насекаде во светот, но и за да се дојде до информации кои можат на агрегатно ниво да помогнат во формулирањето на макроекономските цели и на стратегиските плански елементи. Тоа е дел од потребата да се изгради глобално слични општества во кои честите бизнис-контакти, политичките, работните или другите контакти ќе бидат препознатливи за сите учесници на ист начин и ќе се разрешуваат со употреба на слични комплементарни инструменти кои се насекаде употребливи.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 3

  • [CBE-301] [6 ЕКТС] Статистика
    Целта на програмата е студентите да стекнат знаење за да бидат способни: - Да ја употребуваат дескриптивната анализа при анализата на податоците. - Да ја користат веројатноста и случајните променливи во решавањето на бизнис-проблемите. - Да го разбираат статистичкото заклучување кое претставува основа за интерпретирање на резултатите и за донесување бизнис-одлуки. - Да ги користат корелацијата и простата и повеќекратната регресија. - Да ги знаат основите на анализата на варијансата. - Да ги разбираат основите на индексните броеви и методите за анализа на временските серии. Предуслови за запишување на предметот: Деловна математика.
  • [CBE-302] [6 ЕКТС] Бизнис - Kалкулус
    Целта на програмата е да се оспособат студентите: - Да докажат дека имаат знаење и разбирање за зависностите помеѓу големините кои се применуваат во бизнисот и во економијата и за едноставните математички модели. - Да ги идентификуваат релациите помеѓу диференцијалниот калкулус и функциите на бизнисот и на економијата. - Да ги применуваат овие релации за студирање на зависностите помеѓу големините во бизнисот и во економијата. - Да го применуваат диференцијалниот калкулус за решавање различни проблеми кои се применуваат во бизнисот и во економијата. Предуслови за запишување на предметот: Деловна математика.
  • [CBE-303] [6 ЕКТС] Макроекономија
    Студентите ќе стекнат знаења за: - макроекономските поими и категории, кои се предуслов за функционирање на една национална економија која е дел на еден поширок глобален економски систем; - значењето на најглавните макроекономски индикатори како што се: бруто -национален производ, национален доход, економски раст, економски циклус,инвестиции и јавна потрошувачка, инфлација, невработеноста, пари и банки, буџет, биланс на плаќање и др.; - основните инструменти на макроекономска анализа (агрегатна понуда и побарувачка) и макроекономски политики (монетарна и фискална политика) и др.; - ефикасното функционирање на една национална економија, споредувајќи ја со современите пазарни економии, означувајќи во таа насока разлики, сличности и можности за иден развој на соодветната економија; - знаења од областа на макроекономијата, кои ќе му овозможат поедноставен пристап кон другите напредни макроекономски предмети. Предуслови за запишување на предметот: Вовед во економија и бизнис, Микроекономија.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 1
    • [BEEN-01] Деловен англиски 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски 2

Семестар 4

  • [CBE-402] [6 ЕКТС] Финансиско сметководство
    Целта на предметот е да се оспособат студентите со напредни знаења од областа на сметководството и нивната примена во сметководствениот систем на деловните ентитети. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на сметководство
  • [CBE-401] [6 ЕКТС] Оперативен менаџмент
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење за да бидат способни: - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се остваруваат производството и услугите. - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се контролираат производството и услугите. - Да најдат соодветен пристап за решавање на секоја ситуација поврзана со сложената проблематика на производството и услугите. - Да ги осознаат разновидните активности во организацијата и во функционирањето на целосниот систем на оперативниот менаџмент. - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се создаваат услови за производството и услугите. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на менаџмент.
  • [CBE-403] [6 ЕКТС] Маркетинг менаџмент
    Целта на предметот е студентите да се подготват да ги употребуваат и да управуваат со 4-П на една организација или компанија, така што ќе бидат во можност да дизајнираат оптимални маркетинг елементи, производи, цени, промотивни и дистрибутивни методи со кои се соочуваат компаниите. Поспецифично целта е да се разбере комплексноста на одлуките во маркетинг-менаџментот, рамките за анализа на пазарите, клиентите, конкурентите, како и интегрирањето на концептите со оригиналниот маркетинг-план. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на маркетинг.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 2
    • [BEEN-01] Деловен англиски 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-406] Инвестиционен менаџмент
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EBEM-504] Меѓународен маркетинг

Семестар 5

  • [CBEF-501] [6 ЕКТС] Финансиски менаџмент
    Целта на предметот е студентите да стекнат знаења и вештини од сферата на финансискиот менаџмент, како и обучување на студентите со современи теоретски знаења и искуства од анализите на фундаменталните концепти на финансиите на корпорации, финансиските и реалните инвестициони проекти и нивно вреднување преку временската димензија на парите. Целта на предметот е и обучување на студентите како да ги користат адекватните извори на финансирање, ефикасното управување со капиталот и одредувањето на адекватната структура, утврдувањето на соодветна политика на распределба на добивката – политика на дивиденда. На крајот се обработува финансиско планирање и предвидување и др. Остварувањето на предвидените цели на предметот на студентите им создава нови можности за поконкурентен пристап на пазарот на трудот или, пак, поефикасно менаџирање на сопствените реални бизниси. Предуслови за запишување на предметот: Вовед во бизнис и економија, Принципи на сметководство.
  • [CBEF-502] [6 ЕКТС] Монетарна економија
    Преку предметот се даваат основните сознанија за една од најдинамичните категории во економијата – банкарството и парите, како услов без кој не може да се замисли ниту една современа национална економија. Исто така целта е да се прикаже и да се опише историската линија на движење на развојот на банкарството, да се приближат искуствата на другите поразвиени земји од светот и да се прикажат системите на околните земји како дел од поблиското опкружување кое по завршувањето на студиите ќе биде дел од нивниот работен амбиент. Разбирањето на банкарските операции овозможува полесно стекнување доверба кај банкарите кога настанува потреба за кредитно следење или за друг вид банкарско следење или дава можност да се привлече внимание или да се стекне доверба на клиентите кои се дел од работниот процес на компанијата во која идниот економист ќе работи. Од друга страна, банкарството е атрактивна и престижна професија која не само што е интересна туку нуди добра статусна позиција во општеството и добра заработка. Еден дел од дипломираните студенти можеби ќе се решат да се ориентираат кон банкарството, па следењето на предметот ќе им даде многу одговори на прашањата поврзани со нивната идна професионална потесна ориентација. Предуслови за запишување на предметот:Вовед во бизнис и економија, Макроекономија, Микроекономија.
  • [CBEF-507] [6 ЕКТС] Управувачко сметководство
    Целта на предметот е студентите стекнат знаење за сметководство, кои се користат за донесување на одлуки од страна на менаџерите. Поточно, целта е студентите да се запознаат со концептите на сметководството за менаџери со алатките кои се потребни за донесување на менаџерски одлуки. Предуслов за регистрирање на овој предмет: Принципи на сметководство.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEM-506] Менаџмент на ризик
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [CBM-501] Банкарски менаџмент
    • [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
    • [EBE-410] Трговско право
    • [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурси
    • [CBEE-603] Економетрија
    • [CBA-132] Деловна етика
    • [EBA050] Економија на европски интеграции
    • [EBEF-701] Локални финансии
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEF-802] Фискален и монетарен систем на ЕУ
    • [EBA087] Менаџмент на осигурување
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEM-506] Менаџмент на ризик
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [CBM-501] Банкарски менаџмент
    • [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
    • [EBE-410] Трговско право
    • [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурси
    • [CBEE-603] Економетрија
    • [CBA-132] Деловна етика
    • [EBA050] Економија на европски интеграции
    • [EBEF-701] Локални финансии
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEF-802] Фискален и монетарен систем на ЕУ
    • [EBA087] Менаџмент на осигурување

Семестар 6

  • [CBEM-601] [6 ЕКТС] Стратегиски менаџмент
    Целта на овој предмет е: оцена и примена на клучните елементи на стратегиска анализа, избор на вистинска стратегија во рамките на флексибилен план, како и да го поттикне размислувањето за проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија. Целта на наставата по предметот е студентите да се научат да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со изборот на стратегијата во турбулентно и динамично окружување и да разберат дека не постои еден единствен вистински пат да се развие стратегијата. По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни: - Да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент. - Да ја совладаат терминологијата поврзана со стратегискиот менаџмент. - Да ги интегрираат добиените знаења од одделните функциски менаџменти. - Да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на менаџмент.
  • [CBEF-602] [6 ЕКТС] Јавни финансии
    Цели на предметната програма: - Студентите да стекнат знаење за јавните финансии, како едно од главните средства на макроекономските политики и како еден од фундаменталните инструменти за функционирањето на една национална економија како целина и како потсистем на еден економски систем на земјата. - Студентите да стекнат знаење за јавните добра и расходите екстерналиите, распределбата на општествените приходи, алокација и реалокација на приходите, споредбените аспекти на јавните финансии во развиените земји и оние во транзиција, спецификите на фискалните системи на Македонија, нивните трендови и предизвици, фискалната децентрализација итн. - Студентите да стекнат знаење за буџетот и вонбуџетските фондови како главни инструменти на фискалната политика, процедурите околу подготовка, изработка, составување, одобрување, спроведување и контрола на буџетот, како и техниките на буџетот како на локално, така и на централно ниво. - Кај студентите да се создаде јасна слика за функционирањето на еден фискален систем, од аспект на различните фискални теории со кои ќе можат да извршат компаративна разлика и да ги најдат заедничките точки на функционирање на овие системи во различните земји. - Студентите да се запознаат со главните индикатори на фискалната политика во РМ, со креирањето на реална база на податоци во поглед на долгорочните фискални трендови на РМ, стимулирајќи ги студентите да работат независни семинарски работи и есеи од областа на фискалната политика. Предуслови за запишување на предметот: Вовед во економија и бизнис, Микроекономија, Макроекономија.
  • [CBEF-601] [6 ЕКТС] Меѓународни финансии
    Целта на предметот е студентите да стекнат знаења и вештини за тоа како работат меѓународните финансиски пазари, за девизниот курс и флуктуациите, да ги истражат методите за управување со ризикот на глобалниот пазар. Предуслови за запишување на предметот: Вовед во бизнис, Макроекономија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEM-506] Менаџмент на ризик
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [CBM-501] Банкарски менаџмент
    • [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
    • [EBE-410] Трговско право
    • [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурси
    • [CBEE-603] Економетрија
    • [CBA-132] Деловна етика
    • [EBA050] Економија на европски интеграции
    • [EBEF-701] Локални финансии
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEF-802] Фискален и монетарен систем на ЕУ
    • [EBA087] Менаџмент на осигурување
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEM-506] Менаџмент на ризик
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [CBM-501] Банкарски менаџмент
    • [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
    • [EBE-410] Трговско право
    • [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурси
    • [CBEE-603] Економетрија
    • [CBA-132] Деловна етика
    • [EBA050] Економија на европски интеграции
    • [EBEF-701] Локални финансии
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEF-802] Фискален и монетарен систем на ЕУ
    • [EBA087] Менаџмент на осигурување

240 ЕКТС (продолжени + 1 година)

Семестар 7

  • [EBEF-604] [6 ЕКТС] Ревизија
    Предметот е замислен да им понуди на студентите основни сознанија за концептуалните, теоретските и практичните аспекти на ревизијата во современото турбулентно окружување. Креирањето на програмата е инспирирано од желбата на студентите кои се определиле да студираат на насоката сметководство и ревизија да им се овозможи во континуитет со изучуваните сметководствени дисциплини да ги заокружат стекнатите знаења од сметководството и ревизијата, подлабоко да навлезат во тајните на ревизорската професија и да станат успешни ревизори во практиката. Основна цел на предметот е да укаже на клучните проблеми со кои, на почетокот на новиот милениум, се соочува ревизорската професија во светот и кај нас. Материјата што ќе биде обработена во рамките на овој предмет ги расветлува фундаментите на ревизорската професија и амбиентот во кој истата непречено и континуирано егзистира, со потесно фокусирање на имплементирањето на професионалната регулатива, етичките норми на професионалното делување и релевантната законска регулатива. Во интерес на полесно совладување на материјата на студентите им се нуди комплексен пристап односно постапно чекор по чекор следење на процесот на ревизија од иницијалната фаза на договарање на ангажманот, преку планирање на активностите и спроведување на постапките за ревизија до финалната фаза - презентирање на извештајот за извршената ревизија.
  • [EBE-402] [6 ЕКТС] Портфолио менаџмент
    Целта на овој предмет е да ја истражува теоријата и праксата на управувањето со портфолиото. По завршувањето на предметот студентите ќе можат да ги користат достапните информации за финансиските пазари, како на макро, така и на микро ниво. Студентите ќе бидат запознаени со главните групи на инвеститори и нивните инвестициски цели и ограничувања и како да ги совладаат практичните вештини во управувањето со инвестициите, формирајќи ги очекувањата на пазарот на капитал и прогнозирање на пазарни активности.
  • [CBEF-701] [6 ЕКТС] Државно сметководство и сметковдство на непрофитни организации
    Наставата по предметот Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации ќе им овозможи на студентите да стекнат знаења за улогата и за организацијата на сметководствениот систем во јавниот сектор. Во тој правец посебна посветеност им се укажува на принципите и основите на државното сметководство, државното финансиско известување, буџетското и фондовско сметководство, детерминирањето на трошоците и расходите во државните и непрофитни ентитети, сметководството на непрофитни организации, ревизијата во јавниот сектор. Преку изучување на овој предмет студентите ќе можат: да подготвуваат квалитетни сметководствени евиденции кај државните и непрофитните организации; да применат меѓународните сметководствени и ревизорски стандарди за јавен сектор и кодексот на етика, да обезбедат податоци и информации за буџетското и фондовското сметководство; да развијат способност за државно финансиско известување изготвувајќи соодветни финансиски извештаи.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEM-506] Менаџмент на ризик
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [CBM-501] Банкарски менаџмент
    • [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
    • [EBE-410] Трговско право
    • [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурси
    • [CBEE-603] Економетрија
    • [CBA-132] Деловна етика
    • [EBA050] Економија на европски интеграции
    • [EBEF-701] Локални финансии
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEF-802] Фискален и монетарен систем на ЕУ
    • [EBA087] Менаџмент на осигурување
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 8

  • [EBEF-602] [6 ЕКТС] Анализа на финансиски извештаи
    Овој предмет ги опфаќа следниве теми: основи на финансиска анализа, видови финансиска анализа, аналитичка рамка за анализа на финансиски извештаи, систем на финансиско известување, основни финансиски извештаи, сметководствена добивка и средства, анализа на парични текови, финансиски показатели и финансиска анализа, интегрирана анализа, анализа на долгорочни средства, анализа на финансиски обврски, анализа на финансиски извештаи, синтеза, анализа на структура на капиталот. Предуслови за запишување на предметот: Принципи на сметководство.
  • [CBEF-801] [6 ЕКТС] Апликативно финансиско сметководство
    Во рамките на предметот Апликативно финансиско сметководство е опфатена нагласена примена на компјутеризиран сметководствен софтвер како помагало за водење на финансиска сметководствена евиденција кај микро, мали и средни деловни субјекти во Р. Македонија. Опфатено е развивање на посебни вештини за соодветна примена на теоретските знаења на финансиско сметководство преку апликативен сметководствен софтвер усогласен со законот за сметководство и со сметководствените стандардни кои се во сила во легислативата на Македонија. Понатаму, подготвување на сите финансиски и материјални документи потребни во секојдневната деловна активност на субјектите и брза изведба на финансиски извештаи како и финализирање на годишна пресметка на ТД за внатрешните потреби и за потребите на клиентите, Централниот регистар и УЈП на РМ. Студентите со оваа програма придобиваат нова можност, еден чекор до побрзо прво самовработување во своја идна сметководствена канцеларија или, пак, водење финансиско сметководство на нивните семејни бизниси. Остварувањето на овие цели ги зголемуваат атрибутите на студентите и ги прави поконкурентни на пазарот на трудот.
  • [CBEE-503] [6 ЕКТС] Економија на инестиции
    Целта на предметот е студентите да стекнат соодветни теоретски знаења и практични вештини од сферата на инвестициите и современите инвестициони процеси, како на микроплан така и на макроплан. Исто така студентите се обучуваат и преку анализите на инвестициите како економска категорија, мотивите и функциите на инвестициите, со посебен акцент на придонесот на инвестициите во економскиот раст и развој на една национална економија. Исто така овој предмет има за цел доближување на најсовремените методи за определување и селектирање на најефикасните реални и финансиски инвестиции кон остварување поголема профитабилност. Предуслови за запишување на предметот:Макроекономија, Микроекономија.
  • [CBE-802] [6 ЕКТС] Проект - Студија на случај
    Цели на предметот: - Да поттикне активно учење; - Да обезбеди можност за развој на клучните вештини, како што се комуникација, групна работа и решавање на проблеми; - Да дозволи примена на теоретското знаење, со што се намалува јазот меѓу теоријата и практиката; - Да им помогне на студентите во справувањето со нејаснотиите; - Да им овозможи на студентите да генерираат и проценат бројни можни решенија;
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEM-506] Менаџмент на ризик
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [CBM-501] Банкарски менаџмент
    • [EBEM-703] Математички методи и модели во економија
    • [EBE-410] Трговско право
    • [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурси
    • [CBEE-603] Економетрија
    • [CBA-132] Деловна етика
    • [EBA050] Економија на европски интеграции
    • [EBEF-701] Локални финансии
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEF-802] Фискален и монетарен систем на ЕУ
    • [EBA087] Менаџмент на осигурување
Google+