Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Одржлив агробизнис

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Бизнис и економија
ЕКТС: 180 (3 години)
Решение:

Програмата Одржлив агробизнис има примарна цел да им обезбеди на студентите знаења од областа на агробизнисот обучувајќи ги да бидат надлежни за да планираат нови политики во оваа област. Преку интердисциплинарната програма студентите ќе стекнат знаења од областа на агробизнисот и нејзиното влијание врз глобалното општество. Оваа програма е фокусирана на однесувањето на деловните субјекти, на способностите и на активностите во агробизнисот. Програмата е ориентирана кон практична примена на алатките, техниките и на концептите. Програмата Одржлив агробизнис ги има следниве цели:

  • Развивање на претприемништвото во областа на агробизнисот преку користење на локалните ресурси на земјиште и човечка работна сила.
  • Развивање на свесноста за животната средина и креирање одржлив развој со помош на развој на земјоделството.
  • Обука на професионален кадар во полето на агробизнисот.
  • Намалување на невработеноста со промовирање на активности.
  • Развивање на МСП со земјоделска дејност и успешно справување со конкуренцијата и адаптирање кон регулативата на ЕУ за заштита на потрошувачите

Преку оваа програма студентите ќе стекнат знаења од сите релевантни области поврзани со агробизнисот.  Дипломираните студенти стекнуват основни знаења на економски, политички, социјални и на технолошки план, кои се во можност да го сменат својот начин на живот и работа. Тие се способни за да бидат успешни во однос на слободната пазарна економија,  да се вклучени во меѓународниот пазар на труд, способни да управуваат со јавните и приватните компании, подобро да управуваат со агробизнисот во земјата, професионално квалификувани и компетентни да учествуваат во процесите на интеграција на земјава во Европската унија.

Знаење и разбирање
  • Да го применат знаењето  и разбирањето за агробизнисот преку решавање проблеми во нови или несекојдневни средини;
  • Независно да го истражуваат  пазарот за агробизнис преку анализирање  на потребите и управување со плановите, стратегиите, цените, промотивните активности и продажбата;
  • Да работаат  во агробизнисот  и приватниот сектор кои  функционираат  на овој пазар;
  • Да подготват и да дизајнираат планови  и да изведуваат потребни истражувања  на пазарот за  добивање автентитични податоци за развој на одржливи стратегии за  агробизнис.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Да демонстрираат познавање и разбирање на предмети од областа на агробизнисот и неговата одржливост.
  • Да демонстрираат познавање и разбирање на проблемите на агробизнисот, како што се: одржлив развој на агробизнисот, влијанијата на агробизнисот врз животната средина , принципите на одржливиот агробизнис итн.
Способност за проценка
  • Да прават процена на маркетинг-импликации за одржлив агробизнис, како што се дизајн на услугата, ценовни стратегии, ефикасна промоција и задоволството на клиентите на систематски и креативен начин.
  • Да прават процена на условите на пазарот (удел на пазарот, целни клиенти, позната и непозната животна средина) со цел да се планираат производите или услугите, да се координираат маркетинг-активностите во рамките на  компанија, да се контролираат и да се следат тие активности постојано во рамките на компанијата.
  • Да размислуваат критички за проблемите на маркетингот (производ, цена, место, промоција, луѓе) и за бизнис-ситуациите во средини на агробизниси, да развиваат комуникациски вештини итн.
Комуникациски вештини
  • Да презентираат маркетинг-стратегии и планови во рамките на организацијата, на публика од различни институции и организации, користејќи соодветна форма на изразување за целата публика.
  • Да водат и да иницираат на активности земајќи предвид планови и стратегии за агробизнис.
  • Да изберат правилни средства за комуникација, при промоција и продажба на производи / услуги.
  • Да пренесуваат знаење на новите генерации од областа одржлив агробизнис.
Вештини на учење
  • Да идентификуваат лична потреба и да направат селекција на соодветни ресурси.
  • Да стекнуваат вештини и знаења
  • Да имаат самоиницијатива за независно истражување на потребите на пазарот, со цел да ги исполнат потребите и барањата на потрошувачите. 

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Микроекономија
    Овој предмет претставува вовед во принципите на микроекономијата, од теоретски аспект, но и од аспект на нивната примена во организациите и во индустриските гранки. Целта е да се увиди како пазарот прави алокација на ресурсите меѓу различните конкуренти. Исто така, се настојува да се увидат јаките и слабите страни на пазарниот систем и причините за владина интервенција во една капиталистичка пазарна економија. Овој предмет има за цел и осознавање на производните, потрошувачките и на ценовните одлуки на организациите во рамките на различните пазарни структури, вклучувајќи совршена конкуренција, монопол, монополска конкуренција и олигопол.
  • [6 ЕКТС] Агробизнис
    Предметот Агробизнис е дизајниран со цел студентите да се запознаат со: агробизнисот, начинот на водење на агробизнисот, процедурите и регулативите за агробизнис, менаџирањето на агробизнисот, можностите на агробизнисот итн.
  • [6 ЕКТС] Вовед во бизнис
    Предметот Вовед во бизнис е дизајниран со цел студентите да се запознаат со надворешното и внатрешното окружување на претпријатието. Меѓутоа, вниманието ќе биде посветено на финансиската, на маркетинг-функцијата и на организационата функција на претпријатието. Покрај ова, ќе се согледа и влијанието на претпријатието врз заедницата во која дејствува. Преку овој предмет студентите стекнуваат знаења за клучните концепти, модели, дебати и проблеми во проучувањето на бизнисот и менаџментот. Студентите ќе учат за работата на трговските друштва, за нивното функционирање и за соработка со средината. Во рамките на овој предмет исто така се дава објаснување за тоа како се менаџираат овие бизнис-организации, вклучувајќи ги и стратегиите кои се користени за нивно водење и одлуките инволвирани во улогата на менаџерот.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет Англиски јазик 1
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • Хемија
    • Ботаника

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Микробиологија
    Во рамките на овој предмет се изучуваат бактериите и вирусите, систематиката на микроорганизмите и таксономијата, барањата за раст и хранливост, микробиолошка екологија, варијабилноста и генетиката, физиологијата, метаболизмот, аплицираната бактериологија и патогенетика, како и имунитетот.
  • [6 ЕКТС] Физика
    Преку овој предмет студентите се запознаваат со мултипликативноста на физичките закони кои се однесуваат на земјоделството и со тоа како да се зголемат нивиот ефект и придобивките од нив. Темите вклучуваат: механика, линеарна и циркуларна кинематика, динамика, статика, топлина, електрични промени, машини, релативна влажност, однесување на водата, формирање облаци, магла, снег и дожд, термална радијација, радиокативност и неговата примена во земјоделството и сл.
  • [6 ЕКТС] Менаџмент во агробизнис
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со „јазикот на менаџментот“ (термини и теории) и со улогата на менаџерите во организацијата. Студентите ќе ги применуваат стекнатите знаења во различните студии на случај кои се однесуваат на соодветни аспекти. Овој предмет ги опфаќа: главните школи и теории за менаџментот, разбирањето на менаџментот, менаџментот како процес и главните функции на менаџментот како планирање, организирање, лидерство, мотивација, менаџмент на човечки ресурси и контрола.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет Англиски јазик 2
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • Маркетинг за агробизнис
    • Деловни договори

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Микробиологија на храна
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за: врските помеѓу микроорганизмите, квалитетот на храната, зачувувањето свежа храна и биопроцесирањето. Овој предмет се надоврзува на предметот Микробиологија од првиот семестар.
  • [6 ЕКТС] Математика и статистика
    Преку овој предмет студентите ќе ги разберат и ќе ги применат елементите на дескриптивната статистика,притоа имајќи ги предвид и следниве прашања: теорија на веројатност проследено со веројатноста и распределбата на примероците, пресметка на дистрибутивните параметри, пресметка и контрола на статистичките хипотези,тестирање на хипотезите,анализа на варијанса,линерана анализа и анализа на временски серии,едноставна линеарна регресија и корелација.
  • [6 ЕКТС] Практична работа
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 3
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет Англиски јазик за специфични цели

Семестар 4

  • [6 ЕКТС] Планирање во агробизнисот
    Преку овој предмет студентите се запознаваат со концептот на деловно планирање, со карактеристиките на деловните планови. Притоа се прави идентификација и евалуација на можностите за развој на бизнис. Студентите ќе имаат можност да анализираат повеќе студии на случај и со тоа да стекнат практични искуства од оваа област.
  • [6 ЕКТС] Механизација и технолошки процеси
    Преку овој предмет студентите стекнуваат знаења за структурата и за функцијата на најчесто уоптребуваните механички инсталации кои се однесуваат на земјоделскиот сектор. Исто така се изучуваат и електричните инсталации. Овој предмет има голема практична апликација и им овозможува на студентите да научат како да одржуваат ваква механизација, да ја обезбедуваат механизацијата, а и да обезбедат дозвола за управување со ваквите машини и со ваквата механизација.
  • [6 ЕКТС] Практична работа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4/1
    • Хемија на храна
    • Позитивни земјоделски практики
    • Позитивни производствени практики
    • Животна средина и екологија
    • Деловна етика и општествена одговорност
    • Сметководство во агробизнисот
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4/2
    • Животна средина и екологија
    • Деловна етика и општествена одговорност
    • Сметководство во агробизнисот
    • Хемија на храна
    • Позитивни земјоделски практики
    • Позитивни производствени практики

Семестар 5

  • [6 ЕКТС] Животинско производство
    Во рамките на овој предмет се обработуваат болестите кои се појавуваат кај животните, првата помош, спецификите на околината за растење и одгледување домашни животни, биологија, екологија и економската важност на животните. Исто така ќе се обработуваат и одредени болести, мутации, фитопатогени микроорганизми, хигиена, санитарни услови, вакцинација и посмртните процедури.
  • [6 ЕКТС] Стратегиски менаџмент во агробизнисот
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со различните стратегии како причина поради која организациите ги надминуваат своите конкуренти и се здобиваат со соодветна конкурентска предност. Овој предмет не се однесува исклучиво на стратегиското планирање, туку и на стратегиската анализа. Студентите ќе го совладаат процесот на стратегиски менаџмент, обработувајќи ги следниве прашања: формулирање на филозофијата и мисијата, вреднување на надворешната и внатрешната средина на организацијата и анализа на конкурентската позиција на претпријатието кое функционира во земјоделскиот сектор, методи за анализа на овој сектор и конкурентите во неговите рамки, развој на план и примена на стратегијата.
  • [6 ЕКТС] Практична работа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 5/1
    • Индустриски капацитети и производство и процесирање жетва
    • Производство и процесирање на производство на млеко
    • Производство и процесирање овошје и зеленчук
    • Економски анализи во агробизнисот
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 5/2
    • Индустриски капацитети и производство и процесирање жетва
    • Производство и процесирање на производство на млеко
    • Производство и процесирање овошје и зеленчук
    • Економски анализи во агробизнисот

Семестар 6

  • [6 ЕКТС] Менаџмент на вкупен квалитет
    Целта на наставата по предметот е да се оспособат студентите да ги сфатат суштината на менаџметот на вкупен квалитет, неговото значење и позитивните страни на неговото користење. Во рамките на овој предмет ќе се изучува што претставува квалитетот, и кај производите и кај услугите, како и последиците од лошиот квалитет и придобивките од добриот квалитет. Понатаму, ќе се изучуваат правците и теорите во менаџментот на вкупен квалитет почнувајќи од класичните, западните и јапонските автори. Предмет на изучување ќе бидат и елементите на менаџментот на вкупен квалитет. Се анализираат најважните техники поврзани со менаџментот на вкупен квалитет. На крајот се изучуваат начинот на имплементација на менаџментот на вкупен квалитет и потребните критериуми за најпознатите награди за квалитет во светот.
  • [6 ЕКТС] Квалитет на храна и стандарди за безбедност на храна
    Системите за обезбедување квалитет овозможуваат апликација и верификација на контролните мерки кои се насочени кон обезбедување сигурност, безбедност и квалитет на храна. Тие се неопходни во секоја алка од ланецот на производството на храна.
  • [6 ЕКТС] Практична настава
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 6/1
    • Системи за безбедност на храна
    • Оперативен менаџмент на синџирот на набавка
    • Производствен менаџмент
    • Менаџмент на ризик во агробизнисот
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 6/2
    • Системи за безбедност на храна
    • Оперативен менаџмент на синџирот на набавка
    • Производствен менаџмент
    • Менаџмент на ризик во агробизнисот
Google+