
Програма: |
Компјутерски науки (2019/2020) |
Насока: Бизнис-информатика |
Циклус на студии: | Прв циклус (Додипломски) |
Факултет: | Современи науки и технологии |
Код на програмата: | BI-180 |
Академска година: | 2023 / 2024 |
Титула: | Дипломиран по компјутерски науки Насокa: Бизнис-информатика |
ЕКТС: | 180
(3 години)
![]() |
Решение: |
![]() |
Студиската програма Компјутерски науки - Бизнис-информатика го спојува најдоброто од бизнис-околината и од технолошките перспективи кои сеопфатно даваат импулс на современиот развој на индустријата и воедно се подготвуваат студентите за позицијата на лидери во организации насекаде низ светот. Пазарот на трудот веќе поминува низ рапидна експанзија онака како што се движат општеството и економијата на оваа земја кон стандардите на Европската Унија и кон глобализацијата воопшто.
Во рамките на оваа програма се вклучени студии кои по природа се динамични, интегративни и интерактивни. Се очекува овие студии да генерираат високи професионални резултати приспособени на потребите на пазарот на трудот, кои истовремено ќе служат како солидна основа за понатамошните студии на последипломско ниво.
Преку студиската програма се адресираат специфични потреби и трендови кои ги задоволуваат сегашните и идните потреби на пазарот на трудот во одредени полиња на корпоративниот развој поврзани со менаџментот и управувањето на информациските системи и со нивниот развој. Програмата вклучува и: развој на портали, мултимедијални технологии и проекти, ИТ-апликации за нови бизниси, бази на податоци, мрежа од верижни вредности, е-трговија, интерактивен маркетинг, менаџирање на односите со потрошувачи (CRM), конвергенција на бизнисот и виртуелниот бизнис, корпоративни финансии и сметководство.
Преку оваа програма студентите сериозно ќе ја разберат и ќе ја осознаат областа на бизнисот и на компјутерските науки, истовремено ориентирајќи се кон одредени области кои се предвидени во вториот циклус на студиите. За време на студиите на студентите им се даваат можности за практична работа (internship), со што ќе се оспособат да ги применат своите стекнати знаења и вештини во областа на бизнис-информатиката.
Универзитетот тековно поседува извонредна ИТ-инфраструктура за реализација на предложената наставна план-програма со компјутерски лаборатории, интернет-пристап и можност за учење од далечина (distance learning), како и библиотека со интернет-ресурси достапни за пребарување.
Структурата на наставната план-програма претставува балансирана комбинација на основни знаење и специфични професионални вештини. Првата година е значајна за студентите бидејќи спојува цел спектар на интердисциплинарни предмети со практична имплементација од двете полиња, бизнис и информатика. Ова ќе биде од исклучителна важност за нивната професионална оформеност.
Наставни цели на програмата
- Да им овозможи на студентите независно истражување, навлегувајќи во оние области од бизнис-информатиката кои не биле опфатени со наставната програма.
- Да развиваат способности за критички, аналитички и за функционален пристап, споредбени способности за решавање на проблемите кои можат да се применуваат во областите на бизнис-информатиката.
- Да се понуди можност за развој на лични способности, комуникација, истражувања и на други значајни способности потребни за вработување.
- Да се понуди можност за запознавање и за стекнување први работни искуства во реална работна околина од областа на студирањето преку практична работа и преку стажирање.
- Да се потенцира повеќејазичната настава и да се промовира меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.
- Да се стекнат познавања и вештини од основните дисциплини од бизнис-информатиката: програмирање, бази на податоци, компјутерски мрежи, напредни веб-технологии, корпоративни финансии, менаџмент, маркетинг и како нивна имплементации во сродните области.
Дипломираните студенти ќе најдат вработување во: развојот на системи, софтверот за управување со проекти, поддршка на крајните корисници на ИТ, програмирање, а и како аналитичари на бизнис-системи. Поради оваа причина, поединците кои имаат не само способноста да дизајнираат технички, компјутерски базирани решенија, туку можат и да ги забележат можностите на ИТ од бизнис-перспектива, ќе бидат барани за вработување од секоја организација. Студентите ќе ги стекнат следниве вештини.
- Да управуваат со информациите во средни и големи организации.
- Да анализираат, да планираат и да развијат решенија кои се во согласност со потребите на пазарот.
- Да планираат потребни бизнис-анализи и да го проценат ризикот на бизнисот.
- Да ја развијат умешноста, да придонесат во процесот на донесување одлуки, дизајн и имплементација на промени во бизнис-процесите.
Знаење и разбирање
- Поседување знаење и разбирање од областите бизнис и информатика (економија, менаџмент, маркетинг, финансии, програмирање, бази на податоци, компјутерски и информациски системи, мрежи и инженерство на податоци).
- Способност за развој и за примена на оригинални и креативни идеи во околини во кои се преклопуваат или заемно се поврзани областите на бизнисот и информатиката.
- Способност за примена на интердисциплинарно знаење и за демонстрација на специјалистички компетенции од бизнис-информатиката.
Примена на знаењето и разбирањето
- Способност за критичко, независно и за креативно решавање проблеми во нови околини или во околини во кои студентите немаат претходно искуство во мултидисциплинарен контекст на реална бизнис-околина или организациска околина.
- Планирање, водење и евалвација на независни истражувања во областа на бизнисот, имплементирајќи соодветни пресметувачки алатки, околини и технологии.
- Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од бизнис процесите и соодветно користење компјутерски алатки базирани на дефинирани техники за истражување и испитување.
Способност за проценка
- Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области поврзани со бизнис-процесите и со користењето компјутерски алатки и техники.
- Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со бизнис-процесите, за идентификација на соодветни специјализирани инстанции во областа на бизнисот и во информатиката и за донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.
Комуникациски вештини
- Покажуваат разбирање на индивидуалната и групната динамика во организациите.
- Способност за јасно и недвосмислено изведување стручни заклучоци, резултати, студии и сознанија со способност за приспособување на стилот и формата на изразување.
- Компетентност за критички, независни и за креативно аргументирани истражувања, евалвација на методологии и предлагање и бранење нови хипотези.
- Способност за иницирање, водење и за преземање одговорност за индивидуи и за групи во случаи во кои бизнис-компетенциите и информатичките компетенции се од суштинска важност.
Вештини на учење
- Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и за автономно дообразование, како и за негово изведување самостојно и автономно во вообичаените бизнис- области и информатички области.
- Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис-области и информатички области во рамките на вмрежената економија.
Семестар 1
-
[CCS-203]
[6 ЕКТС]
Програмирање
Вовед во C++ програмирање: основни типови на податоци, аритметика, оператори, развој на C++ програма: влезно-излезни наредби, изборни структури, структури за повторување, видови функции, рекурзија-имплементација со C++, вектори, матрици и алгоритми за пребарување и сортирање, покажувачи (pointers), оператори со нив и нивна врска со вектори, креирање нов тип на податоци во C++ структури.
-
[CCS-101]
[6 ЕКТС]
Вовед во компјутерски науки
Овој предмет презентира широк, интегриран вовед во фундаменталните концепти на компјутерски науки. Се обработуваат следниве теми: историја на пресметувањето; дигитална логика и дигитални системи; вовед во компјутерска архитектура, основни алгоритми, решавање проблеми и структури на податоци; вовед во програмски јазици, оперативни системи, системи на база на податоци, мрежи, веб и софтвер инженерство; апликации, вклучувајќи опис на функционалноста на соодветниот софтвер (word-процесори, база на податоци, browser-и и слично); обработка не само на традиционални податоци туку и на мултимедијални податоци.
-
[CBI-103]
[6 ЕКТС]
Вовед во економија
Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со надворешното и внатрешното окружување на претпријатието. Притоа, особено внимание ќе биде посветено на финансиската функција, на маркетинг-функцијата и на организациската функција на претпријатието. Покрај ова, се согледува и влијанието на претпријатието врз заедницата.
-
[ACS-103]
[6 ЕКТС]
Линеарна алгебра
Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за концептите и методите кои ја сочинуваат основата на линеарната алгебра. Линеарната алгебра всушност се јавува насекаде. Концептите на овој предмет се користат континуирано насекаде без да се именуваат. Интегралот е линеарен, изводот е линеарен итн. Поголемиот број примени на математиката во „реалниот“ свет доаѓаат во израз земајќи го само нивниот линеарен дел. Станува збор за многу значаен материјал што секогаш ќе биде важен за студентите од оваа насока. По завршувањето на овој предмет студентите ќе бидат во состојба да ги користат и да ги применат: линеарните еднаквости и нивното решавање; алгебрата на матриците; линеарните трансформации и како тие се користат за апликација; векторските простори; сопствените вредности и сопствените вектори на реалната матрица; детерминантите и ортогоналноста. Значајна цел е да ја поврзе линеарната алгебра со другите области со или без користење на математиката.
-
[3 ЕКТС]
Албански/македонски јазик
- [BS018] Македонски јазик за почетници 1
- [BS152] Mакедонски јазик за почетници 2
- [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
- [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
- [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
- [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
- [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
- [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
Семестар 2
-
[CCS-102]
[6 ЕКТС]
Интернет технологии
Главна цел на предметот е да им се даде на студентите практично знаење околу основните механизми, услуги и протоколи на глобалната мрежа Интернет. Да владее со XHTML, CSS и JavaScript. Да ја владеат целокупната архитектура на ефикасна, скалабилна и сигурна веб-страница. Студентите ќе стекнат солидни технички знаења околу XML, XHTML, CSS и JavaScript како што се листи, табели, слики, мултимедија и форми во XHTML, форматирање, стилови и лајаути во CSS како и употреба на вариабли, услови, циклуси и функции во JavaScript.
-
[CCS-303]
[6 ЕКТС]
Објектно - ориентирано програмирање
Предметот опфаќа вовед и претставување на концептот на објектно-ориентирано програмирање, вовед и претставување апстрактни типови податоци (структури и класи), претставување на објектно-ориентираните концепти како: енкапсулација, апстракција, наследување, виртуелни функции и полиморфизам, редефинирање оператори, вовед во фајлови и претставување на специјалната класа string.
-
[ACS-204]
[6 ЕКТС]
Калкулус
Студентите да се запознаат и целосно да ги совладаат поимите: функција (како посебно пресликување), начините на задавање на една функција, својствата на функцијата, непрекинатоста на основните функции. Да се оспособат за изнаоѓање гранична вредност на функцијата (лимес), изводи, решавање проблеми во врска со одредување на монотоноста и наоѓање на максималната и минималната вредност на реалните функции, сè со цел на крај да бидат оспособени да нацртаат граф на една функција од која може да се прочитаат сите особини и карактеристики на функциите. Целта е и студентите да се запознаат со поимот интеграл и да го применат во различни практични проблеми.
-
[3 ЕКТС]
Албански/македонски јазик
- [BS018] Македонски јазик за почетници 1
- [BS152] Mакедонски јазик за почетници 2
- [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
- [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
- [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
- [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
- [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
- [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
- [3 ЕКТС] Aнглиски јазик
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет (Јазик, Вештини или Култура)
- [EFE-105] Германски јазик
- [BSIL3010] Италијански јазик
- [EF999] Француски јазик
- [EFE-132] Човекови права и слободи
- [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
- [CCS084] Меѓукултурна комуникација
- [EWC-01] Креирање на веб страни
- [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
- [EITSOP-03] ИТ Вештини за канцеларискa продуктивност
- [EMOA-01] Microsoft Office Access
- [EMOE-02] Microsoft Office Excel
- [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
- [EMOW-04] Microsoft Office Word
- [CLE-203] Правно пишување и образложување
- [EITL-02] Право на информатичка технологија
- [EFE-121] Професионален рaзвој на кариерата
- [EATN-02] Админситративна терминологија и номотехника
- [ESSD-01] Разој на социјални вештини
- [EPA-605] Стратегии на пребарување на можности за кариера
- [ESCHC-01] Избрани поглавја од компјутерство
- [EBI-502] Веб Технологии
- [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
- [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
- [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
- [CBA112] Албански јазик за посебни намени
- [EPEG-01] Граматика по англиски јазик во практика
- [ECE-02] Разговорен англиски јазик
- [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
- [ELE065] Заштита на потрошувачите
- [CLE-302] Трговско право
- [ELE-408] Семејно насилство
- [ECS-01] Компјутерска безбедност
- [ESML-02] Социјални медиуми и право
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [ELOD-03] Водство и организациски развој
- [EFE-109] Комуникациски вештини
- [ECTHD-01] Развој на критичко мислење
- [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
Семестар 3
-
[CBI-201]
[6 ЕКТС]
Принципи на менаџмент
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основите на менаџментот, неговата генеза и дефинирање, како и со основните принципи врз кои треба да се базира работата на секој иден менаџер. Следењето на овој предмет има за цел студентите да стекнат основни познавања од областа на основните функции на менаџментот како планирањето, организирањето, координирањето, мотивирањето и контролата. Совладувањето на предметот на студентите ќе им овозможи: - Да ги научат основите на менаџментот и да се оспособат за нив да даваат конкретни примери. - Да се оспособат да гледаат на совладувањето на овој предмет како на потреба и стекнувањето знаења да биде во контекст на практичната примена на наученото. - Да размислуваат на ефикасен начин кој ќе им помогне при соочувањето со деловните проблеми во понатамошниот нивен живот.
-
[CCS-301]
[6 ЕКТС]
Алгоритми и структури на податоци
Предметот опфаќа претставување на концептот на ефикасен алгоритам, методологијата на наоѓање ефикасно решение на проблемите, вовед во структури на податоци и нивната имплементација преку низи и динамични поврзани листи (листа, склад и ред, дрво и бинарно дрво (на пребарување), хаш-табели и други), дискутирање за предностите и недостатоците за различните репрезентации на структурите на податоци, имплементација на основните операции со елементите од структурите на податоци, како и селектирање и оценување на ефикасни алгоритми за сортирање листа од елементи.
-
[CBI-203]
[6 ЕКТС]
Дискретни структури
Целта на овој предмет е студентите да ги стекнат потребните математички знаења кои имаат директна примена во областа на бизнис-информатиката. Дел од концептите предвидени во овој предмет веќе се познати за студентите, но тука целта е да ги формализираат тие концепти на уште повисоко ниво што ќе им овозможи да го збогатат својот дијапазон на идеи и нив да ги применат решавајќи различни практични проблеми.
-
[CBE-102]
[6 ЕКТС]
Принципи на маркетинг
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења за основните концепти кои се вградени во функциите на маркетингот на современите организации. Фокусот е ставен на концептите, како и на прашањата поврзани со маркетинг на производите и на услугите на потрошувачите. Поспецифично, целта е студентите да ја осознаат маркетинг-средината преку анализирање на пазарот, за потоа да се имплементираат успешните маркетинг-стратегии во таквата средина. Студентите ќе можат и да ги применуваат научните концепти за дизајнирање комплетен маркетинг-план за својот производ. Овој предмет придонесува студентите да се запознаат со разновидните активности во областа на маркетингот, кои придонесуваат компанијата да биде поконкурентна и поуспешна на пазарот.
- [6 ЕКТС] Англиски јазик за специфични цели
Семестар 4
-
[C2447]
[6 ЕКТС]
Принципи на сметководство
Целта на предметната програма е да им се помогне на студентите да ја разберат суштината на сметководството, да ги научат основите на сметководство и концептите и принципите на сметководството. Поспецифично, студентите да стекнат знаење и разбирање на: финансиските извештаи, нивните компоненти, основните правила на евидентирање на сметководствените податоци, користење на сметководствените документи.
-
[CCS-403]
[6 ЕКТС]
Бази на податоци
Концептуално дизајнирање, внатрешна и надворешна шема. Нивоа на зависност, top-down и bottom up дизајнирање. Управувачки системи со бази на податоци - архитектури. Модели на бази на податоци и јазици за контролирање. Релациони модели, јазици за пребарување, релационална алгебра, релационен калкулус, ограничувања и интегритет. Проектирање бази на податоци. Форми за нормализација, трансформација на ЕР модел во релационален модел. Јазици за пребарување (SQL). Aнализа и оптимизација на прашалници. Индекси, менаџирање со трансакции, контрола на конкурентноста и поправка. Веб и графични интерфејси за бази на податоци. Кои и да било управувачки системи со бази на податоци: SQL Server, ORACLE, MySQL и други
-
[CCS-402]
[6 ЕКТС]
Применета веројатност и статистика
Целта на овој предмет е да им овозможи на студентите да ги стекнат потребните знаења од предметот веројатност и статистика што имаат директна примена во областа на компјутерските науки. Целта е да се совлада како се прави обработката на статистичките податоци, нивните законитости, нивното преставување, законитостите на донесување соодветни заклучоци врз основа на обработените податоци и др.,да се научат основните принципи на веројатноста и како тие принципи можат да се применат во различни области од секојдневниот живот посебно во областа на компјутерските науки.
-
[CBI-403]
[6 ЕКТС]
Вовед во информациски системи
Цели на предметот: - Да ги научат основните концепти и терминологијата на информациските системи: основни информациски системи и концепти - хардвер, софтвер, мрежи; е-World, е-бизнис и е-трговија; развојни процеси. - Да научат повеќе за информациските системи и технологии кои ги подобруваат бизнис-вредностите и различните бизнис-процеси во организациите. - Да ги применат е-концептите со различни управувачки дисциплини, при процес на анализа, интерпретација, процена и одлука. - Да го разберат процесот на редизајнирање на организации со користење на информациските системи. - Да ја опишат улогата на информациските системи во донесувањето одлуки. - Да ја испитаат безбедноста на информациите, како и етички и социјалните прашања. - Да се запознаат со Интернетот, електронската трговија и со е-бизнисот. - Да се оспособат студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можат да бидат: студии на случај, научноистражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет (Јазик, Вештини или Култура)
- [EFE-105] Германски јазик
- [BSIL3010] Италијански јазик
- [EF999] Француски јазик
- [EFE-132] Човекови права и слободи
- [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
- [CCS084] Меѓукултурна комуникација
- [EWC-01] Креирање на веб страни
- [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
- [EITSOP-03] ИТ Вештини за канцеларискa продуктивност
- [EMOA-01] Microsoft Office Access
- [EMOE-02] Microsoft Office Excel
- [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
- [EMOW-04] Microsoft Office Word
- [CLE-203] Правно пишување и образложување
- [EITL-02] Право на информатичка технологија
- [EFE-121] Професионален рaзвој на кариерата
- [EATN-02] Админситративна терминологија и номотехника
- [ESSD-01] Разој на социјални вештини
- [EPA-605] Стратегии на пребарување на можности за кариера
- [ESCHC-01] Избрани поглавја од компјутерство
- [EBI-502] Веб Технологии
- [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
- [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
- [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
- [CBA112] Албански јазик за посебни намени
- [EPEG-01] Граматика по англиски јазик во практика
- [ECE-02] Разговорен англиски јазик
- [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
- [ELE065] Заштита на потрошувачите
- [CLE-302] Трговско право
- [ELE-408] Семејно насилство
- [ECS-01] Компјутерска безбедност
- [ESML-02] Социјални медиуми и право
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [ELOD-03] Водство и организациски развој
- [EFE-109] Комуникациски вештини
- [ECTHD-01] Развој на критичко мислење
- [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
Семестар 5
-
[CCS-502]
[6 ЕКТС]
Софтверско инженерство
Софтверско инженерство претставува дисциплина која се занимава со применување на инженерски методи, техники и мерења применети во практиката за ефективен развој на софтверски системи кои се во рамките на дадените барања и спецификации. Следните теми се опфатени: алатки и техники употребени во развој на софтвери, life cycles на софтверот, употреба на програмски техники при пишување големи програми, формални методи за верификација на програми, техники и софтверски алатки за тестирање, одржување и за документација на програми.
-
[CCS-501]
[6 ЕКТС]
Веб програмирање
Дизајнирање и конструкција на апликации за веб-околината. Теми поврзани со програмирање веб-сервери. Програмирање на страница на клиентот или апликации на веб-сервери. Преглед на концептите на релационата база на податоци, дизајнирање податоци, јазиците што се користат на серверите и на клиентите, трансакциските мановрирања, интеграција на податоците во веб-апликациите.
-
[BE-501]
[6 ЕКТС]
Коропративни финансии
Целта на предметот е студентите да стекнат знаења и вештини за финансискиот менаџмент, како и за современите теоретски и практични знаења и искуства од анализите на фундаменталните концепти на финансиите на фирмите, финансиските и реалните инвестициски проекти и нивно вреднување преку временската димензија на парите. Притоа студентите се обучуваат како да ги користат соодветните извори на финансирање и стекнуваат знаења за ефикасното управување со капиталот и одредувањето на соодветната структура, утврдувањето соодветна политика на распределба на добивката – политика на дивиденда и се финализира со финансиско планирање и прогнозирање и др. Преку остварувањето на предвидените цели на предметот на студентите им се создаваат нови можности за поконкурентен пристап на пазарот на трудот или, пак, за поефикасно менаџирање на сопствените реални бизниси.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет (Стручен)
- [EBI-301] Методологии за истражување во бизнис
- [EBI-302] Основи на трговско право
- [EBI-505] Веб аналитика
- [EBI-601] Менаџмент на ризик
- [EBI-401] Е-трговија
- [AIT-603] Развивање на бизнис апликации
- [EBI-506] Организациско однесување
- [EBI6010] Анализа на податоци и донесување на одлуки
- [EBI-603] Развој и анализа на бизнис процеси
- [CBI6040] Бизнис модели
- [EBI-604] Примена и дизајнирање на бизнис проекти
- [EBEM-802] Операциони истражувања
- [EBI-701] Системска архитектура на претпријатија
- [EBI-702] Вовед во планирање на ресурси на претпријатија
- [EBI-703] Лични финансии
- [EBE-04] Менаџерска економија
- [CBEM-507] Управувачко сметководство
- [CBE-401] Оперативен менаџмент
- [EBA5090] Економија на знаење
- [BE-402] Основи на економетрија
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [BE-401] Принципи на банкарство и финансии
- [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурски
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет (Стручен)
- [EBI-301] Методологии за истражување во бизнис
- [EBI-302] Основи на трговско право
- [EBI-505] Веб аналитика
- [EBI-601] Менаџмент на ризик
- [EBI-401] Е-трговија
- [AIT-603] Развивање на бизнис апликации
- [EBI-506] Организациско однесување
- [EBI6010] Анализа на податоци и донесување на одлуки
- [EBI-603] Развој и анализа на бизнис процеси
- [CBI6040] Бизнис модели
- [EBI-604] Примена и дизајнирање на бизнис проекти
- [EBEM-802] Операциони истражувања
- [EBI-701] Системска архитектура на претпријатија
- [EBI-702] Вовед во планирање на ресурси на претпријатија
- [EBI-703] Лични финансии
- [EBE-04] Менаџерска економија
- [CBEM-507] Управувачко сметководство
- [CBE-401] Оперативен менаџмент
- [EBA5090] Економија на знаење
- [BE-402] Основи на економетрија
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [BE-401] Принципи на банкарство и финансии
- [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурски
Семестар 6
-
[CBI-605]
[6 ЕКТС]
Бизнис интелегенција
Цели на предметот: Да се подготват студентите за соочување со современите проблеми на дизајнирање, развој и управување на решенија за бизнис-интелигенција (БИ). Притоа студентите ќе научат за алатки и методи на развивање на системи за БИ, прибирање и анализа на податоци, основи на податочно рударење, визуализација на податоци и нивна апликација во бизнис-околини. Дополнително, студентите ќе научат како да управуваат со проекти од сферата на БИ, податочни магазини, ЕТЛ процеси, системи за предвидување, развој на БИ-апликации итн.
-
[ECS4060]
[6 ЕКТС]
Интеракција човек - компјутер
Овој предмет има за цел да им обезбеди на студентите знаења околу теоријата и практиките на развивање софтвер кои се поврзани со комуникацијата помеѓу луѓето и компјутерите, а со цел креирање употребливи апликации. Предметот се осврнува на психомоторните аспекти кои делуваат врз начинот на кој луѓето комуницираат со апликациите. Преку конкретни примери на кориснички интерфејс, студентите се очекува да ги разберат принципите и да бидат способни да ги применуваат при дизајнирање конкретни апликации
-
[CBI-603]
[6 ЕКТС]
Бизнис информациски системи
Цели на предметот: - Студентите да стекнат знаења за спознавање на системите ЕРП (ERP - Enterprise Resource Planning), на изборот на софтвер EРП, како и интеграцијата на процесите и трансакциите во системот ЕРП. - Да им се овозможи на студентите да ги разберат предизвиците поврзани со успешната имплементација на системите за менаџирање снабдувачки синџири (Supply Chain Management systems). - Да им се овозможи на студентите да ги разберат предизвиците поврзани со успешната имплементација на системите за менаџирање на односите со клиентите (Customer Relationship Management systems). - Да се развијат аналитичките и организациските способности на студентот преку употреба на бизнис-студии на случај, како и работи во групи.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет (Стручен)
- [EBI-301] Методологии за истражување во бизнис
- [EBI-302] Основи на трговско право
- [EBI-505] Веб аналитика
- [EBI-601] Менаџмент на ризик
- [EBI-401] Е-трговија
- [AIT-603] Развивање на бизнис апликации
- [EBI-506] Организациско однесување
- [EBI6010] Анализа на податоци и донесување на одлуки
- [EBI-603] Развој и анализа на бизнис процеси
- [CBI6040] Бизнис модели
- [EBI-604] Примена и дизајнирање на бизнис проекти
- [EBEM-802] Операциони истражувања
- [EBI-701] Системска архитектура на претпријатија
- [EBI-702] Вовед во планирање на ресурси на претпријатија
- [EBI-703] Лични финансии
- [EBE-04] Менаџерска економија
- [CBEM-507] Управувачко сметководство
- [CBE-401] Оперативен менаџмент
- [EBA5090] Економија на знаење
- [BE-402] Основи на економетрија
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [BE-401] Принципи на банкарство и финансии
- [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурски
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет (Стручен)
- [EBI-301] Методологии за истражување во бизнис
- [EBI-302] Основи на трговско право
- [EBI-505] Веб аналитика
- [EBI-601] Менаџмент на ризик
- [EBI-401] Е-трговија
- [AIT-603] Развивање на бизнис апликации
- [EBI-506] Организациско однесување
- [EBI6010] Анализа на податоци и донесување на одлуки
- [EBI-603] Развој и анализа на бизнис процеси
- [CBI6040] Бизнис модели
- [EBI-604] Примена и дизајнирање на бизнис проекти
- [EBEM-802] Операциони истражувања
- [EBI-701] Системска архитектура на претпријатија
- [EBI-702] Вовед во планирање на ресурси на претпријатија
- [EBI-703] Лични финансии
- [EBE-04] Менаџерска економија
- [CBEM-507] Управувачко сметководство
- [CBE-401] Оперативен менаџмент
- [EBA5090] Економија на знаење
- [BE-402] Основи на економетрија
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [BE-401] Принципи на банкарство и финансии
- [CBEM-502] Менаџмент на човечки ресурски