Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Политички науки и меѓународни односи

Насока: Меѓунардони односи
Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: N-PSIR-IR
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Дипломиран по политички науки и меѓународни односи / Насока: Меѓунардони односи
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската програма Меѓународни односи е да се запознаат студентите со основните принципи на политиката, организацијата и на функционирањето на државните и меѓународните институции, како и со политичките власти, политичката мисла и со теоретските прашања за управувањето. Во рамките на програмата се опишуваат и се идентификуваат гранките на законодавната, извршната и на судската власт; нивната интеракција во владеењето на правото и на функционалната демократија.
Главните цели на програмата се:
- Студентите да стекнат теоретски знаења и разбирања за важноста на политичките процеси преку компаративниот политички пристап.
- Да се оспособат студентите да учествуваат во различни нивоа на владиниот систем и јавниот живот и како политички аналитичари да бидат во можност да дадат свои видувања за политичките проблеми.
- Да се подготват студентите за вреднување на политичките тенденции во општествово и државава, да го проценат нивното влијание врз евроинтеграциските процеси во државава и регионов.
- Да се оспособат студентите за идентификување на потребите на интересите на групи и државни институции во рамките на политичкиот процес.
- Да можат да преземат иницијатива за идентификување и за адресирање на потребите за учење за државните институции и јавната администрација.
- Да стекнат теоретски знаења за главните концепти на меѓународните односи, вклучувајќи ги: моќта, меѓународниот систем, рамнотежата на моќта, хегемонијата, конфликтот, соработката, интеграцијата, глобализацијата, меѓузависноста, режимите, глобализацијата, еднаквоста, правдата, одржливоста и меѓународната политичка економија
- Да се идентификуваат клучните актери во меѓународните односи - вклучувајќи ги државите, меѓувладините организации, невладините организации, транснационалните корпорации, глобалното граѓанско општество и поединците. 
- Да се стекнат сознанија за мултидисциплинарната природа на меѓународните односи преку воспоставување врски со дисциплини кои имаат облик и продолжуваат да влијаат врз меѓународните односи: политиката, економијата, општеството, културата, историјата, јазикот, расата, етничката припадност и др.

Со завршување на студиите во оваа програма студентите можат да се вработат во државните и локалните институции, меѓународни владини и невладини организации, јавните институции, политичките партии, непрофитабилни организации, претставништва на РМ во странство.

Знаење и разбирање

- Има основни знаења за функционирањето на државата во меѓународните односи, надворешната политика, националните институциите за меѓународна соработка и меѓународните институции. 
- Има знаење за главните актери во меѓународните односи.
- Ги разбира основните теории и претпоставки за различниот начини на гледање на светот, во различните области на меѓународните односи.
- Ги разбира причините кои водат до несогласувања во врска со меѓународната политика.

Примена на знаењето и разбирањето

- Способен е да работи во институциите за меѓународно општење, односно да ги спроведе знаењата во исполнувањето на работните задачи во државните институции, меѓународните организации и невладините организации.
- Покажува капацитет да ги преточи идеите во практика, односно да го разбере односот меѓу теоријата и креирањето политики во меѓународниот систем.
- Може да помага при посредување и преговарање со внатрешни актери во меѓународните односи.
- Може да применува теоретски знаења, да изврши истражувања на општествените појави и да развие кариера во академската област.

Способност за проценка

- Има способност да размислува критички за меѓународните случувања, тековните меѓународни настани и процеси;
- Анализира политички тенденции во општеството и државава и го оценува нивното влијание врз евро-интеграциските процеси во земјава;
- Има способност да чита, разбира и анализира статии со различна сложеност на теми од меѓународните односи;
- Ги разбира опциите и политичките капацитети што им се на располагање на државите и владите при одредени состојби во меѓународните односи.

Комуникациски вештини

- Способен е да учествува во дебата и аргументирано да ги изнесе своите ставови околу некоја ситуација во меѓународните односи.
- Покажува способност за тимска работа во државни институции со надлежности во меѓународните односи.
- Може да комуницира со  меѓународни организации и со други актери во меѓународните односи.
- Ги изразува своите ставови писмено или усно во однос на некој меѓународен настан.

Вештини на учење

- Може да преземе иницијатива за проучувањe нa меѓународните актери кои се активни во нашава земја.
- Ги препознава современите трендови и случувања во развиените земји и нивната улога во меѓународните односи.
- Може да ги развие своите знаења и после завршување на предметот.
- Може да реализира доживотно учење и самообразование во областа на меѓународните односи.

Семестар 1

  • [CPS-104] [6 ЕКТС] Теорија на државата и правото
    Предметот на студентите им дава воведни теоретски знаења за клучните поими и институти од областа на државата и правото. Дополнително, предметната програма е клучна во изучувањето низа други предмети во текот на студиите.
  • [CPS-1011] [6 ЕКТС] Вовед во социологија
    Преку предметот Вовед во социологија студентите треба да стекнат општи познавања околу општествените движења и промени. Станува збор за предмет во кој се обработуваат некои основни општествени движења, почнувајќи од оние со кои сите ние се соочуваме како граѓани и академски работници. На студентите им се става на располагање цел спектар на литература од домашни и странски автори со што ќе се овозможи проширување и развој на нивните знаења од областа на темите кои се предмет на анализа. Како посебни цели на овој предмет може да се истакнат:  Студентите да ги разберат основните социолошки концепции и теории.  Студентите да ја разберат научната рамка на социологијата.  Студентите да се оспособат да ги распознаат основните парадигми и правци во социологијата.  Студентите да создадат критичен став околу социологијата како динамичен систем.  Студентите да изградат личен и критичен став кон општествените интеракции на микрониво како и за нивната поврзаноста со општествената макроструктура.  Студентите да ги распознаат социјалните и културолошките аспекти на социјализацијата. Студентите да изградат лично мислење околу глобализацијата и техничко-технолошкиот развој и нивното влијание врз современите општества.
  • [CPS-103] [6 ЕКТС] Вовед во политички науки
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за основните категории, концепти и дефиниции, кои ќе им помогнат да ги разберат, да ги проучуваат и критички да им пријдат на современата политика и на современото општество. Притоа треба: - Да ги подобрат својата политичка култура и својата свест со помош на текстовите од класичните и современите автори и политички аналитичари. - Да ги зголемат своето знаење и својот капацитет за проучување на европската етичка политика. Студентите да ги усовршат своето пишување, размислување и изразување во врска со политиката. Преку наставата студентите треба да добијат неколку одговори на следниве базични прашања: - Што е политика и зошто таа е многу значајна за нашите животи и за општеството? - Како се развивал човекот како политичко суштество? - Што го карактеризира модерното демократско општество? - Кои се карактеристиките на македонското општество како политичко општество? - Што е политика? - Дали тоа е составен дел на човекот? - Зошто и како ја изучуваме политиката?
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [CPS-2044] [6 ЕКТС] Современа политичка филозофија
    • Се поврзува модерната политичка филозофија со општеcтвената практика, либералната теорија и ги насочува студентите кон нивните животни и работни активности. • Се демонстрираат и се разбираат, од аспект на политичката мисла, современата политичка теорија, движењата, институциите, насочувајќи го политичкото битие на луѓето и со организациите. • Се имплементираат, се реализираат истражувачки и аналитички вештини, донесување одлуки, партиципација во јавниот и политичкиот живот. • Се вреднуваат хуманите, културните, етичките аспекти, а се критикуваат либерализмот слабостите на политичката елита, култура. • Се развива способност за соработка низ формите на политичка комуникација во една средина во која демократијата сè уште не е изградена целосно. • Се моделира политичката иднина, се воспоставуваат кооперативни односи, низ иницијативи, истражувачки проекти, институционална соработка.
  • [EPS-405] [6 ЕКТС] Вовед во економија
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со надворешното и внатрешното окружување на претпријатието. Меѓутоа, внимание ќе биде посветено и на финансиската функција, на маркетинг-функцијата и на организационата функција на претпријатието. Покрај ова, се согледува и влијанието на претпријатието врз заедницата во која дејствува.
  • [CPS-201] [6 ЕКТС] Социјална психологија
    Темите за дискусија вклучуваат: перцепција на личноста, согласување, формирање ставови, оценување и промена, предрасуди, агресивност, социјално учење, групна динамика, социјалната психологија и општеството и правна и организациска апликација.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Mакедонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 3

  • [CPA-6033] [6 ЕКТС] Квалитативни и квантитативни методи во општествените науки
    Во рамките на предметот се опфатени два општи приода кон анализа на податоците, имено квантитативна и квалитативна. Во однос на квантитативна анализа се фокусира на употреба на статистичката анализа, а во квалитативна анализа се дефинираат оние пристапи во кои не се вклучени квантитативните пристапи - или пристапи кои не користат нумеричка манипулација. Ќе биде анализирано и преку студии на случај ќе се презентираат методите на истражување, деловите на општественото научно истражување, приодите за истражувачки дизајн, спроведување емпириски дизајн како и мултиваријабилна анализа.
  • [CPS-305] [6 ЕКТС] Политика на Европа и на Европската унија
    Овој предмет се однесува на запознавање на концептот во компаративните политички науки на проучување на современата Европа. За предметот се бара претходно познавање на основните концепти и методи во политичките науки и познавање на историјата на Европа по Втората светска војна. Предметот е поделен на два дела. Во првиот дел од предметот ќе се фокусираме на европската политика на наднационално ниво од историски контекст, политичките институции и политиките на Европската унија. Во вториот дел од предметот ќе се изучуваат главните теории на компаративната политика кои можат да помогнат да се разбере варијацијата во институциите, политичкото однесување и политиките во европските земји и во самата ЕУ. Во текот на предметот ќе се решат некои од предизвиците со кои се соочува Европа и ЕУ денес и внимателно ќе бидат анализирани серија на клучни современи општествени и политички дебати.
  • [CPA120] [6 ЕКТС] Јавни политики
    Целта на предметот е да им се овозможи на студентите полесно да ја разберат и да ја совладаат јавната политика како нова научна дисциплина и односот со другите општествени науки. Исто така преку овој предмет студентите ќе се запознаат со основните принципи на јавната политика, креирање на конкретна политика, нејзината анализа, имплементација и евалуација. Преку практичната настава студентите ќе се запознаваат со различните видови на јавни политики како и со нивните носители или креатори во практиката, така што ќе бидат во можност да се уверат во улогата и значајот на партиципацијата на граѓаните во процесот на одлучување за најбитните општествени прашања.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 1
    • [LPCEN-01] Англиски јазик за јавна администрација, политички науки и комуникација 1
    • [LPCEN-02] Англиски јазик за јавна администрација, политички науки и комуникација 2
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 4

  • [CPS-4011] [6 ЕКТС] Политички партии, избори и изборни модели
    Преку предметот студентите треба да стекнат општи познавања околу општествените движења и промени. Станува збор за предмет во кој се обработуваат некои основни општествени движења, почнувајќи од оние со кои сите ние се соочуваме како граѓани и академски работници. На студентите им се става на располагање цел спектар на литература од домашни и странски автори со што ќе се овозможи проширување и развој на нивните знаења од областа на темите кои се предмет на анализа. Како цели на овој предмет може да се истакнат следните:  Да се иницира и развие критичкото размислување во рамки на групата.  Студентите да се оспособат стекнатите информации да ги искористат за давање оценки и конструирање аргументи.  Да се развијат комуникациските способности на студентите.  Студентите да разберат како се одвиваат политичките движења во разните земји низ светот и врз таа основа да создадат критички стојалишта околу политичките движења во Македонија.  Студентите да ги разберат темите кои се обработуваат во рамките на политичките науки.  Студентите да се оспособат да прават разлика меѓу демократијата и недемократските политички системи.  Студентите да ги стекнат потребните аналитички способности за да ги разберат и да ги проценат политичките движења и феномени во земјава и надвор од неа.  Студентите што е можно подобро да ги сфатат научните техники на работа со посебен осврт на компаративната метода и др.
  • [CPS-402] [6 ЕКТС] Меѓународни односи
    Преку овој предмет студентите се запознаваат со теоретските компоненти во меѓународните односи, клучните идеи и дебати во областа на меѓународните односи, а особено со основните концепти, актерите во меѓународните односи, надворешната политика, моќта во меѓународните односи. Предавањата исто така ќе бидат фокусирани на меѓународната политичка економија и политиката на глобална благосостојба, постојните и идните проблеми во меѓународниот систем, вклучувајќи ги и вооружените конфликти, економијата,демографијата и животната средина.
  • [EPS-505] [6 ЕКТС] Јавни институции
    Цели на предметната програма: Да им помогне на студентите да го разберат поширокиот контекст на функционирање на јавните институции. Да ги мотивира студентите да ги подобрат своите вештини за анализа и за работа во институционалниот матрикс на модерниот јавен менаџмент со посебен осврт на сензитивноста на демократските принципи Да се развие свеста за примена на овие принципи во практиката во јавниот и непрофитабилниот сектор.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EIR-01] Меѓународна безбедност
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
    • [EIR-02] Современа дипломатија
    • [EIR-03] Анализа на надворешни политики
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [ECSS-03] Основи на социјална политика
    • [EIR-04] Европска легистлатива и иниституции
    • [EIR-05] Дипломатска и конзуларна работа
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 2
    • [LPCEN-01] Англиски јазик за јавна администрација, политички науки и комуникација 1
    • [LPCEN-02] Англиски јазик за јавна администрација, политички науки и комуникација 2

Семестар 5

  • [CIR-05] [6 ЕКТС] Вовед во дипломатија
    Во рамките на предметот е опфатено следново: 1. Историски развој на правните правила 2. Посебни правни проблеми 3. Интердисциплинарност на предметот дипломатија: правен, историски и политичко-научен пристап кон дипломатските студии 4. Дипломатијата и меѓународната заедница: институционализација на мирното решавање конфликти 5. Дипломатијата и надворешната политика: најзначајните инструменти на надворешната политика 6. Процесот на кодификација на современото дипломатско право 7. Парламентарната дипломатија: мултилатерални преговори 8. Билатерална и мултилатерална дипломатија 9. Дипломатијата и меѓународната безбедност 10. Дипломатијата и меѓународната политичка економија 11. Дипломатско функционирање на субјектите на меѓународното право и меѓународните односи.
  • [CPS4010] [6 ЕКТС] Вовед во меѓународни односи
    Меѓународните односи се поврзуваат со владите на земјите од светот, имено со одлуките на владите во однос на другите влади. Овие одлуки се под големо влијание од самите држави и од други недржавни актери, како што се меѓународните организации, мултинационалните компании, поединците. Големо влијание врз развојот на овие односи имаат историските настани и географската поставеност. Истражувачите на меѓународните односи се обидуваат да најдат одговори на прашањето: зошто? Зошто владите одлучуваат на еден или друг начин за нивните односи со другите влади. Цел на предметната програма е да се оспособат студентите за да ги разберат теориите и основните пристапи врз основа на функционирањето на меѓународните односи, да стекнат широко познавање на областа на МО и на тој начин да бидат во можност да ја воспостават својата критичка позиција кон одредени и општи појави. Студентите ќе бидат во можност да создаваат свои логични концепции за причините кои го детерминирале и го детерминираат начинот на функционирањето на меѓународните односи.
  • [CPS8010] [6 ЕКТС] Политики на ЕУ
    Овој предмет го опфаќа концептот на компаративните политички науки на проучување на современата Европа. За предметот се бара претходно познавање на основните концепти и методи во политичките науки и познавање на историјата на Европа по Втората светска војна. Предметот е поделен на два дела. Во првиот дел ќе се фокусираме на европската политика на наднационално ниво од историски контекст, политичките институции и политиките на Европската унија. Во вториот дел ќе се изучуваат главните теории на компаративната политика кои можат да помогнат да се разбере варијацијата во институциите, политичкото однесување и политиките во европските земји и во самата ЕУ.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EIR-01] Меѓународна безбедност
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
    • [EIR-02] Современа дипломатија
    • [EIR-03] Анализа на надворешни политики
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [ECSS-03] Основи на социјална политика
    • [EIR-04] Европска легистлатива и иниституции
    • [EIR-05] Дипломатска и конзуларна работа
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EIR-01] Меѓународна безбедност
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
    • [EIR-02] Современа дипломатија
    • [EIR-03] Анализа на надворешни политики
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [ECSS-03] Основи на социјална политика
    • [EIR-04] Европска легистлатива и иниституции
    • [EIR-05] Дипломатска и конзуларна работа
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор

Семестар 6

  • [CIR-06] [6 ЕКТС] Европски интеграции
    Целта на предметот е да се запознаат студентите со комплексноста и развојот на европската интеграција, а со самото тоа и со развојот на институциите (политички и правни), нивната природа и посебности, легислативата и политиките. Воедно, основната цел е запознавање на студентите со главните теоретски толкувања на развојот на Европската унија, како и да се даде согледување на сегашните и можни идни предизвици, со кои ЕУ се соочува, а пред сè во однос на нејзините институции, политики и право. По завршување на предавањата студентите ќе ги стекнат потребни знаења за институциите, политиките и правото на ЕУ, со изградена способност: - Да се анализираат постојните политики со одредување на нивните главни карактеристики. - Да го објаснат формалниот и неформален процес на креирање на одлуките. - Да ги осознаат можностите и организациската поставеност на ЕУ. - Да разберат како функционира ЕУ како и да објаснат и да имаат критички пристап за најбитните политички области на нејзиното делување. - Да го разберат правниот систем на ЕУ со сите посвои посебности, особено начинот на неговата имплементација во рамките на ЕУ и на национален план, како и последиците од евентуалното делумно непочитување. - Да ги изделат најважни емпириски случаи кога прават систематска споредба меѓу политиките во различни региони.
  • [CIR-07] [6 ЕКТС] Меѓународни институции и организации
    Со овој предмет се опфатени теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимание се посветува на прашањето за нивната улога во решавање на колективните прашања и проблеми во глобалната политика. Фокусот е поставен на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото. Фокусот е ставен на главните тела воспоставени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели.
  • [CPA-604] [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Ова е активност поврзано со дипломската работа и професионален пројект. Од студентите се бара да напише проект, обично поврзан со дипломската работа, да се изработи структурата на проектот да се направи истражување и да го напишат извештајот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EIR-01] Меѓународна безбедност
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
    • [EIR-02] Современа дипломатија
    • [EIR-03] Анализа на надворешни политики
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [ECSS-03] Основи на социјална политика
    • [EIR-04] Европска легистлатива и иниституции
    • [EIR-05] Дипломатска и конзуларна работа
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EIR-01] Меѓународна безбедност
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
    • [EIR-02] Современа дипломатија
    • [EIR-03] Анализа на надворешни политики
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [ECSS-03] Основи на социјална политика
    • [EIR-04] Европска легистлатива и иниституции
    • [EIR-05] Дипломатска и конзуларна работа
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор

240 ЕКТС (4 години)

Семестар 7

  • [CIR-08] [6 ЕКТС] Јавна дипломатија
    Во рамките на предметот е опфатено следново: 1. Историски развој на правните правила 2. Посебни правни проблеми 3. Интердисциплинарност на предметот дипломатија: правен, историски и политичко-научен пристап кон дипломатските студии 4. Дипломатијата и меѓународната заедница: институционализација на мирното решавање конфликти 5. Дипломатијата и надворешната политика: најзначајните инструменти на надворешната политика 6. Процесот на кодификација на современото дипломатско право 7. Парламентарната дипломатија: мултилатерални преговори 8. Билатерална и мултилатерална дипломатија 9. Дипломатијата и меѓународната безбедност 10. Дипломатијата и меѓународната политичка економија 11. Дипломатско функционирање на субјектите на меѓународното право и меѓународните односи.
  • [CIR-09] [6 ЕКТС] Надвореша политика
    Во овој предмет преку анализа на трудови објавени во однос на надворешната политика студентите ќе се оспособат за тоа како надворешно-политички средства можат да се применат во конкретна студија на случај. Се очекува студентите да можат критички да размислуваат во однос на надворешно-политичките методи кои ги преземаат државите и меѓународните организации, како и нивната поврзаност со дипломатските методи.
  • [CIR-10] [6 ЕКТС] Дипломатски преговори
    Во рамките не предметот е опфатено следново: Дипломатско функционирање на субјектите на меѓународното право и меѓународните односи; Процесот на кодификација на современото дипломаско право; Дипломатијата и меѓународната заедница: институционализација на мирното решавање конфликти; Интердисциплинарност на предметот дипломатија: правен, историски и политичко-научен пристап кон дипломатските студии.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EIR-01] Меѓународна безбедност
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
    • [EIR-02] Современа дипломатија
    • [EIR-03] Анализа на надворешни политики
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [ECSS-03] Основи на социјална политика
    • [EIR-04] Европска легистлатива и иниституции
    • [EIR-05] Дипломатска и конзуларна работа
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 8

  • [CPA118] [6 ЕКТС] Современи политички системи
    Основна цел на предметот „Современи политички системи“ е студентите да стекнат: знаења околу функционирањето на политичките системи кои се среќаваат денес ширум светот, опфаќајќи ги тука не само оние политички системи кои се сметаат како демократски, знаења за основните теории и концепции за политичките системи, но истовремено да се запознаат и со практичното функционирање на повеќе политички системи во светски рамки. Од овој аспект гледано, како основни посебни цели на овој предмет може да се наведат следниве: - Студентите да се запознаат со политичките системи од аспект на нивниот поим, специфичности и историски развој. - Студентите да стекнат основни знаења околу главните теории и концепции за политичките системи. - Студентите да се запознаат со основните пристапи кон класификација на политичките системи. - Студентите да се оспособат да ги распознаат спецификите на одделни политички системи.
  • [CIR-11] [6 ЕКТС] Системи на Обединетите Нации
    Предметот е дизајниран како преглед и толкување на генезата на основните концепти и институционалните механизми за безбедност на државите членки и партнери на Северноатланскиот сојуз, со посебен осврт на САД и ЕУ, по престанокот на студената војна, со посебен акцент на Европската унија и нејзините земји членки. Целите се: воведување на студентите во современиот развој на безбедносните концепти, во сложените односи на САД и нејзините европски партнери по 1989 година; обидите на ЕУ за градење сопствен идентитет; објаснување на сомнежите и разликите меѓу членките на ЕУ во врска со капацитетите и придобивките од развојот и спроведувањето на самостојна безбедносна политика; преглед на досегашните резултати и проблеми во практичната примена на ЗНБП / ЕБОП;
  • [CIR-12] [6 ЕКТС] Регионална соработка
    Целта на предметот е да се насочат студентите да размислуваат за случувањата во светот и за теориите и развојните настани кои се однесуваат на меѓународните односи. Студентите стекнуваат сознанија за теоретските компоненти во меѓународните односи, клучните идеи и дебати во областа на меѓународните односи, особено за основните концепти, актерите во меѓународните односи, надворешната политика, моќта во меѓународните односи. Предавањата ќе бидат фокусирани на меѓународната политичка економија и политиката на глобална благосостојба, постоечките и идните проблем во меѓународниот систем, вклучувајќи ги вооружените конфликти, економијата, демографијата и животната средина. Овој предмет има за цел да ги запознае студентите со историјата на меѓународната политика; со реализмот, идеализмот и либерализмот како и со нивната интеракција во третирањето на различните меѓународни проблеми; да ги запознае студентите со влијанието на меѓународните односи во нивното животно опкружување; да ги поттикне студентите да пресудуваат за постоечките политики случувања во меѓународните односи итн. Главна цел е да изгради кај студентот аналитички и критички вештини.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EIR-01] Меѓународна безбедност
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
    • [EIR-02] Современа дипломатија
    • [EIR-03] Анализа на надворешни политики
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [ECSS-03] Основи на социјална политика
    • [EIR-04] Европска легистлатива и иниституции
    • [EIR-05] Дипломатска и конзуларна работа
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EIR-01] Меѓународна безбедност
    • [EPS7030] Меѓународна политичка анализа
    • [EIR-02] Современа дипломатија
    • [EIR-03] Анализа на надворешни политики
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [ECSS-03] Основи на социјална политика
    • [EIR-04] Европска легистлатива и иниституции
    • [EIR-05] Дипломатска и конзуларна работа
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
Google+