Областа на кривичното право денес се менува. Најновите технолошки достигнувања, заедно со современите светски настани, создадоа потреба за постојано зголемување на бројот на професионалци за кривичното право кои имаат увид во социолошки, правни, теоретски, технолошки и практични области за спроведување на законот во сајбер-светот.
Оваа професионална програма ќе овозможи повисок степен на специјализација во двете области, право и ИТ, и како таква е наменета за оние кои сакаат да напредуваат во областа на кривичното право со важна компонента на ИКТ во тоа, или едноставно да стекнат подлабоко разбирање на ова фасцинантна дисциплина во професионалната работа.
Кандидатите од овој степен на студии ќе следат предмети преку кои ќе ги анализираат криминалните однесувања на сајбер-екосистемот, ќе ги применуваат своите знаења во вештачењето, ќе ги совладаат теориите на социјална контрола и ќе стекнат перспектива на информации за спроведување на законот, судскиот систем како и тоа што воопшто значи технологијата.
Студентите кои ќе го завршат овој степен на студии ќе бидат во можност да демонстрираат:
• Напредни знаења и вештини за да ја оценат теоријата на криминологијата и кривичното право и нивните импликации за јавната политика и практика во рамките на светот на сајбер-екосистемот.
• Вештини во дигиталната форензика, истражни анализи поврзани со евалуацијата на причините на криминалот предизвикани од сајбер-светот во целина.
• Компетентност доволно за да оценат и да решаваат етички прашања во практиката на кривичното право, политика и истражување.
• Способност за да синтетизираат, да оценат, да препознаваат импликации и да комуницираат ефективно користејќи научни извори на информации поврзани со теоријата и политиката на криминалот како и со компјутерскиот криминал.
• Разбирање на теориите и вештините за лидерството, како тие се однесуваат со управувањето и водењето на организациите на кривичното право.
• Да бидат подготвени како кадар за пазарот на трудот со високи перформанси со комбинирање на најдоброто од теориите на кривичното право и практиката со знаења и практика од технологијата.
- Применетата природа на програмата ќе ви помогне да се подготвите за улога во јавниот или приватниот сектор, потенцијално истражувајќи хакерство, онлајн пазари на дрога, темна мрежа, сексуална експлоатација / детска заштита преку интернет и многу повеќе.
Знаење и разбирање
- Има напредни теоретски, емпириски и компаративни знаења за казнено-правните науки како и напредни знаења за законодавството и за судската практика во областа на спречување на криминалитетот.
- Има длабоко разбирање за проблемите поврзани со криминалот и казнените санкции особено на полето на компаративно казнено право и на казнено процесно право, теоретска и применета криминологија и пенологија, организиран криминал и форензички науки (судска медицина, психијатрија и психологија).
- Има специфични знаења за напредни техники и методи на истражување во областа на казненото право и казнената постапка.
Примена на знаењето и разбирањето
- Идентификува и анализира комплексни проблеми во областа на казненото право и казнената постапка, така што може да игра активна улога во сите стадиуми на казнената постапка, а може да толкува напредни прашања од казненото законодавство (вклучувајќи работење како судија, јавен обвинител или адвокат, откако ќе ги стекне потребните квалификации според законодавство на РМ).
- Го применува знаењето добиено преку истражување во процесот на решавање проблеми преку споредба на практики и решенија во областа на спречувањето на криминалот.
Способност за проценка
- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
- Применува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на казнено-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во предкривичната и судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
- Развива правилник за истраувачка работа кој се користи во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење, ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[SCC-0101]
[6 ЕКТС]
Компјутерски криминал
Целта на овој предмет е да се информираат студентите за правните аспекти на компјутерскиот криминал. Употребата на информатичките технологии е главна карактеристика на денешното време. Животот на современиот човек е незамислив без технолошките достигнувања кои се дел од секој животен сегмент. Од друга страна, таквиот брз технолошки развој има и своја темна страна, која опфаќа негова употреба за криминални цели. Од современ аспект, компјутерскиот криминал е најшироко распространетиот вид криминал, имајќи го предвид големиот број корисници на технолошките средства кој кореспондира со високиот број жртви од такви дела. Овој предмет ќе овозможи студентите да ги разберат формите на појавување на компјутерскиот криминал, начинот на законско регулирање на тој феномен како и главните феноменолошки, типолошки и етиолошки карактеристики на овој вид криминал.
-
[SCC-0102]
[6 ЕКТС]
Применето дигитално форензичко истражување
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и разбирање за различни дигитални податоци кои може да се користат за истрага на дигитален и недигитални криминал, како и за процесите и алатките кои се користат за спроведување компјутерска форензичка истрага. Студентите ќе бидат изложени на различни случаи, преку кои тие ќе научат да ги идентификуваат задачите што треба да се извршат и да изберат соодветен пристап и алатки што треба да се користат. Студентите ќе анализираат различни артефакти и детали кои тие може да ги пропуштат за време на истрагата. Студентите ќе научат и како да следат систематски процеси при вршењето дигитални истрага, како и да ја зајакнат својата способност за извлекување заклучоци врз основа на своите наоди.
-
[SCC-0103]
[6 ЕКТС]
Право на ИТ
Цели на предметот:
- Да се запознаат со основните поими, концепти и главни карактеристики на областите кои го опфаќаат правото на информатичка технологија како научна апликативна правна дисциплина.
- Да дискутираат и да дебатираат на теми во областа на вкрстените интереси на правото и информатичката технологија.
- Да развијат вештини за пребарување информации во сајбер-просторот релевантни за правната професија.
- Да ги применуваат основните законски прописи на конкретни случаи од практиката и да ги зајакнат аналитичките капацитети и способноста за критичко размислување.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[ESCC-01] Безбедност на веб-апликации
Целта на овој предмет студентите да совладаат како правилно да обезбедат веб-сервер, веб-страница или веб-апликација. Студентите ќе преземаат постојни веб-апликации и ќе ги редизајнираат за да бидат што е можно побезбедни. Студентите ќе дизајнираат и ќе изградат сајтови e-commerce, употребувајќи ги најдобрите практики за безбедност. Студентите ќе научат и како да ги заштитат доверливите информации (финансиски и лични податоци). Како дел од безбедноста е тестирањето на безбедноста и на слабостите на веб-апликацијата. За таа цел, студентите ќе ги научат постојните техники за напад на веб-апликации и веб-сервери. Сето ова ќе придонесе студентите да совладаат неколку техники за правилно тестирање на нивните веб-апликации во своите академски и професионални кариери.
-
[ESCC-02] Етичко хакирање
Целта на овој предмет е да се креира „етички хакер“, кој всушност е квалификуван професионалец кој ги разбира и знае како да се гледа на слабостите и пропустите во цел систем и да се користат истите знаења и алатки како злонамерен хакер, но на законски и легитимен начин да се процени безбедноста на целниот систем. Целта е да студентите да стекнат знаења и вештини при водење борба против сајбер-криминалци и безбедно да се задржат тешко заработени средства. Предметот ќе ги опфати најважните теми на компјутерска архитектура и системи, програмирање, оперативни системи и бази на податоци, заедно со специјализирани теми за дигитални криминолошки науки, правни прашања, вмрежување, етичко хакирање и компјутерска безбедност. Искуството е дизајнирано да биде практично, опфаќа запознавање со алатки за тестирање и пенетрација на системи, алгоритми за енкрипција и софтвер за форензичка анализа, заедно со делот на традиционална настава.
-
[ESCC-03] ИТ сигурносни политики и процедури
Целта на овој предмет е да им овозможи на студентите да ги спроведат политиките и безбедносните процедури за поддршка на организациските цели. Се дискутира за методологиите за идентификување, квантификување, ублажување и контрола на ризиците во однос на безбедноста. Студентите учат да пишуваат планови за управување со ризик за безбедноста во согласност со најдобрите безбедносни стандарди и упатства и најдобрите практики и техники за опоравување (враќање) на ИТ-инфраструктура, системи, мрежи, податоци и кориснички пристап.
-
[ESCC-04] Криминологија
Цели на предметот се:
- Стекнување знаење околу предметот на проучување на криминологија, главните криминолошки институти, значењето и влијанието на разни фактори врз извршувањето кривични дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на казненото дело.
- Идентификување и анализирање криминолошки проблеми.
- Критичко анализирање концепти и термини карактеристични за криминолошките истражувања.
- Успешна примена на изучената терминологија од областа на криминологија во разни дебати и аргументации во ова поле.
- Развивање систем на учење преку идентификација и употреба на главните извори на криминологија.
-
[ESCC-05] Виктимологија
Цели на предметот се:
- Стекнување знаење за поимот, настанувањето и за развојот на виктимологијата како посебна казнено-правна наука, разбирање на положбата на жртвата на казненото дело како посебен субјект, нејзините потреби и начините на обесштетување како и нејзиното вклучување во казнената постапка.
- Идентификување и анализирање на главните виктимолошки проблеми со кои се соочува оваа современа наука.
- Критичко анализирање на виктимолошките концепти и термини, како и употребување на стекнатото знаење за решавање хипотетични случаи поврзани со жртвата на казненото дело.
- Успешна примена на изучената терминологија од областа на виктимологија во разни дебати и аргументации во ова поле.
- Развивање систем на учење преку идентификација и употреба на главните извори на науката виктимологија.
-
[ECSS-06] Организиран криминал
Цели на предметот се:
Стекнување основни знаења за кривичните дела од областа на организираниот криминал, за нивните појавни форми, облиците во кои се појавуваат и начините на справување со нив. Преку оваа програма студентите ќе бидат способни низ процесот на нивното интегрирање во општествените текови да помогнат во разграничување на облиците од класичниот криминалитет и облиците на организираниот криминалитет. Ќе се оспособат за изнаоѓање и преземање на најсоодветните методи и средства за расветлување на овој тип кривични дела како и кои знаења ќе се применуваат во оперативно-практичното работење со успешно откривање и превенирање на кривичните дела од областа на организираниот криминал.

Семестар 2
-
[SCC-0201]
[6 ЕКТС]
Уравување со кривичното право
Цели на предметната програма:
Контекстот во кој управуваат лицата со кривичното право е доста тензичен. Овој предмет ги идентификува основната структура и организацијата на институциите на кривичното право и се обрнува внимание на начинот на кој тие се менаџирани и водени. Во рамките на овој предмет ќе бидат разјаснети клучните концепти на управувањето со кривичното право како и идеите кои се рамка за разбирањето на комплексноста на управувањето со кривично-правните институции.
-
[SCC-0202]
[6 ЕКТС]
Применета мрежна и податочна сигурност
Целта на овој предмет студентите да совладаат како правилно да обезбедат веб-сервер, веб-страница или веб-апликација. Студентите ќе преземаат постојни веб-апликации и ќе ги редизајнираат за да бидат што е можно побезбедни. Студентите ќе дизајнираат и ќе изградат сајтови e-commerce, употребувајќи ги најдобрите практики за безбедност. Студентите ќе научат и како да ги заштитат доверливите информации (финансиски и лични податоци). Како дел од безбедноста е тестирањето на безбедноста и на слабостите на веб-апликацијата. За таа цел, студентите ќе ги научат постојните техники за напад на веб-апликации и веб-сервери. Сето ова ќе придонесе студентите да совладаат неколку техники за правилно тестирање на нивните веб-апликации во своите академски и професионални кариери.
-
[SCC-0203]
[6 ЕКТС]
Практична работа
Целта на практичната работа е им овозможи можност на студентите да стекнат искуство од оваа област. Практичната работа ќе се реализира со поддршка од Катедрата за воени науки и воени вештини, Единицата за борба против компјутерскиот криминал, Јавното обвинителство на РМ, Одделението за компјутерски криминал при МВР на РМ и др.