Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Менаџмент на животната средина

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Институт за животна средина и здравје
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по менаџмент на животната средина
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение:
Студиската програма има за цел:
  • Придонес кон еколошките трендови кои се развивaат во нашево општество.
  • Поттикнување на јавното мислење за решавање на еколошките проблеми.
  • Научна истражувачка дејност.
 
  • По завршување на овие студии студентите стекнуваат 60 EКТС, со што можат да го продолжат третиот циклус студии. Стекнатите 60 EКТС-бодови ќе им овозможат на студентите да продолжат со своите студии на оние високообразовни установи во земјава и во странство кои имаат усогласени, еквивалентни и/или аналогни студии според Болоњската декларација.
Знаење и разбирање
  • Природните процеси кои се одржуваат во животната средина.
  • Еколошки теми како што се ефектот на стаклена градина, киселите дождови, загадувањето на воздухот.
  • Значењето на ефективната акција за заштита и уредување на животната средина.
 
Примена на знаењето и разбирањето
  • Научни истражувања.
  • Знаења на еколошки, економски и на едукативни процеси.
  • Проследување на научните светски трендови.
 
Способност за проценка
  • Познавање на концепти, стратегии и можности на нивна примена во решавање на одредни проблеми  од областа на управувањето со животната средина.
  • Разбирање на заемната врска меѓу општеството и околината.
  • Вештини на собирање, подготовка, анализа и прикажување на податоци за животната средина, неопходни за нејзино управување.
 
Комуникациски вештини
  • Способност за размена на заклучоци и предлози со нивно аргументирање и рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
  • Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
 
Вештини на учење
  • Составување погодни прашања кои упатуваат на значајна студија и истражување.
  • Дефинирање такви фундаментални концепти како што се: животната средина, задницата, развојот и технологијата и примена на дефиниции кон локално, национално и глобално искуство.
  • Развој на хипотези базирани на балансирани информации, круцијални анализи и внимателни синтези, и нивно тестирање наспроти новите информации, личното искуство и верувањата.
 

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со адекватни значења на методологијата на научното истражување и со суштината на научното истражување, методологијата на истражувањето, процедурата на истражувањето, врсти на истражувачките трудови. Посебно внимание се обрнува на правилното упатување на студентите на суштината на научното истражување, за правилна интерпретација и оценување на резултатите на истражувањето, како и самото пишување на научниот труд. Исто така студентите постапно се запознаваат со процедурата и фазите на подготвувањето и пишувањето на магистерската теза.
  • [6 ЕКТС] Информатички системи за управување со животната средина
    Усвојување општи знаења во врска со информатичките технологии, ризиците и влијанијата врз околината и здравјето. Специфични знаења за информатичките технологии и начините за оценка на информациите и технологии од аспект на околината и економски аспект.
  • [6 ЕКТС] Природни ресурси
    Целите на овој предмет се: - Да им се овозможи на студентите запознавање со понапредните достигнувања и размислувања за амбиенталните проблеми, особено запознавање со природните ресурси, нивната расположливост и обновливост и опасноста од загадување. - Да им се овозможи на студентите запознавање со улогата на човекот како клучен фактор за загадувањето и за зачувувањето на животната средина како и оптималниот менаџмент со природните ресурси. - Создавање позитивни еколошки навики и развивање еколошка свест околу природните ресурси. - Запознавање со националните и глобалните политики во сферата на животната средина (природните ресурси). - Менаџирање на природните ресурси како услов за одржлив развој. - Насоките на Националната стратегија на РМ за рационално користење на природните ресурси со цел обезбедување одржлив развој.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Технолошкиот развој и животната средина
    • Право на животна средина
    • Енергија и животната средина
    • Институционална поставеност и соработка во областа на животна средина
    • Економија и менаџмент на животната средина
    • Еколошка едукација и одржлив развој
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Технолошкиот развој и животната средина
    • Право на животна средина
    • Енергија и животната средина
    • Институционална поставеност и соработка во областа на животна средина
    • Економија и менаџмент на животната средина
    • Еколошка едукација и одржлив развој

Семестар 2

  • [24 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистерската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, наставно-научниот совет на факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од наставно-научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по менаџмент на животна средина.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Екологија и заштита на животната средина
    • Oдбрани поглавја од ИТ- апликации за изработка на научен труд
    • Апликации за статистичка обработка на податоци
Google+