Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Медиумски стратегии (120 ЕКТС)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
ЕКТС: 60 (1 годинa)
Решение:

Преку оваа програма студентите ќе се стекнат со напредни вештини, знаење и компетенции од полето на Комуникациите со посебен фокус во областа на медиусмките стратегии. Генерално, вработувањата поврзани со комуникациите се во подем и се очекува таа тенденција да продолжи иво иднина. Со програмите што ги нуди, УЈИЕ може да стане водечки центар во создавањето стручен кадар одобласта на медиумските стратегии во регионот на Југоисточна Европа.Програмата опфаќа професионален и академски аспект со можност за нагласување на едниот од нив, преку овозможување на студентите сами да ја изберат програмата и предметите.

Научно истражување; професионална комуникација; донесување одлуки; разрешување проблеми/конфликти; јавна етика; критичко размислување - компетенции за критичко вреднување; дизајнирање на ефективни медиумски пораки во различни медиуми, дизајнирање и реализирање на медиумски кампањи и утврдување на модули за нивна евалуација.

Знаење и разбирање
  • Утврдува стратегија за развивање на организационата комуникација и особено  ги објаснува и класифицира  комуникациските алатки во  развивањето и примената на комуникациски стратегии и тактики.
  • Покажува висока професионалност и способност за креирање и  анализирање на јавното мислење за  значајни сегменти од општествено-политичкиот, економскиот и културниот живот.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Раководат со комуникациски кампањи и медиумски стратегии со посредство на медиумите и во медиумите, во оддленијата и дирекциите за односите со јавноста, во ПР и маркетинг агенциите, во политичките партии  и  органите  на власта  преку  службите за односи со јавноста.
  • Способни да креираат  медиумски планови за  одредени комуникациски проблеми.
  • Детално ја организираат и структуираат содржината на комуникациската стратегија во нејзините главни сегменти: информираност, свесност и убедување.
Способност за проценка
  1. Ги идентификуваат  силните и  слабите страни во  менаџирањето на одредени  медиумски стратегии.
  2. Проценуваат кои се најпогодните стратегии и тактики кои би требале да се применат во конкретна кампања на локално и глобално ниво.
  3. Раководат со евалуација на конкретни проблеми поврзани со меѓународната комуникација, кои се однесуваат на планирање комуникации, менаџмент на процеси, на контрола и стратешки менаџмент
Комуникациски вештини
  • Го одредуваат временското планирање за  емитување на разните видови медиумски производи: реклами, радио и ТВ спотови, интернет- рекламите, местото и фреквенцијата на билбордите, паноата и слично. Способни да креираат  и уредуваат програмски шеми, да ја истражуваат публиката и да го анализираат медиумскиот пазар.
Вештини на учење
  • Ќе бидат способни да ги продлабочуваат теоретските знаења преку  проблематизирање на разновидни комуникациски ситуации, формулирање на истражувачко прашање.
  • Изработка на  прашалници како  метод во науката, специјализации во истражување на публиката.
  • Kритичко размислување и анализа на содржини на медиумски стратегии.
  • Преземање иницијативи и одговорност за  креирање на глобални комуникациски политики во институциите.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Предметот е фокусиран на проблемите на квантативните и квалитативните методи и техники и на магистерска теза, структура и нејзините стандарди. Селекцијата на прибраниот фактографски материајл, анализата и научната интерпретација на истиот претставуваат значајна компонента на испитувањето на причинско-последичните односи.
  • [6 ЕКТС] Меѓународни медиуми
    Стекнување на знаење за концептот и моќта на меѓународните медиуми, нивната општествена улога и значење, тенденциите и предизвиците во нивниот развој, медиумските ефекти, медиумската политика, меѓународните стандарди.
  • [6 ЕКТС] Медиумски стратегии
    Запознавање со основните начела, законитостите во креирањето на медиумските стратегии, сличностите и разликите помеѓу односите со медиумите и новинарството, како и начините на работа со медиумите и правилата и насоките за добри односи со медиумите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Напреднa јавнa комуникациja
    • Медиумска критика
    • Напредна комуникациска теорија
    • Напредно убедување
    • Kомпјутерски посредувана комуникација
    • Напредно интервјуирање
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Напреднa јавнa комуникациja
    • Медиумска критика
    • Напредна комуникациска теорија
    • Напредно убедување
    • Kомпјутерски посредувана комуникација
    • Напредно интервјуирање

Семестар 2

  • [24 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по комуникациски науки / Oбласт: Медиумски стратегии.
  • [6 ЕКТС] Слободно изборен предмет 1
    • Применета интеркултурна комуникација
    • Обука за медиумите
    • Oдбрани поглавја од ИТ- апликации за изработка на научен труд
    • Апликации за статистичка обработка на податоци
Google+