Целите на програматасе :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век.
По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Даги применат знаењата стекнати во текот на студиите, да ги анализираат комплексните прашања од областа на бизнисот, финансиите, менаџментот и маркетингот.
- Да гипрепознаваат и идентификуваат проблемите и прашањата во однос на нивниот приоритет.
- Да ги соберати синтетизираат податоците од професионалната литература на албански, македонски и на англиски (меѓународни извори).
- Да ги идентификуваатможните алтернативи за специфични проблеми и изведувањепрактични решениа.
Знаење и разбирање
- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.
Примена на знаењето и разбирањето
- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.
Способност за проценка
- Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.
Комуникациски вештини
- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на на бизнис и економија.
Вештини на учење
- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и во непрофитабилните организации.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Овој предмет се фокусира на еден широк спектар на методи на истражување кои може да се користат во рамки на сите општесвени науки. Се посветува внимание како на квантитативните така и на квалитативните методи на истражување. Овој предмет е наменет за поединци кои имаат потреба да спроведат општесвени истражувања како дел на нивните академски студии.
-
[6 ЕКТС]
Напредна економија
Предметот е составен од два дела и тоа: микроекономија и макроекономија. Во рамките на микроекономијата се изучува однесувањето на потрошувачот во услови на егзистенција на буџетско ограничување и неговата целна функција - максимизација на корисноста, како и однесувањето на претпријатието во различни пазарни структури и нивната целна функција - максимизација на профитот. Во микроекономијата се изучуваат и факторите на производство и нивните цени, како и улогата на државата во регулирањето на бизнисите и на домените на пазарниот неуспех. Макроекономијата го изучува функционирањето на економијата во целина. Во тој контекст вниманието е фокусирано на најзначајните макроекономски големини: бруто домашниот производ, инфлацијата, невработеноста, штедењето, инвестициите, девизниот курс и слично. Посебно внимание се обрнува на факторите кои ја нарушуваат макроекономската рамнотежа на кус и долг рок, како и на природата и карактерот на клучните макроекономски политики низ кои се настојува движењето на фактичкиот бруто домашен производ да се доближи, толку колку што тоа е возможно, до движењето на потенцијалниот бруто домашен производ.
-
[6 ЕКТС]
Стратегиски менаџмент
Целта на предметот е да ги оспособи студентите да го разберат процесот на донесување одлуки, односно како идни менаџери, на ефективен начин да донесуваат добри деловни одлуки. Предметната материја овозможува, студентите да се доближат до основите на системскиот пристап, системската анализа, теоријата на информациите и теоријата на информационите системи, кои пошироко се истражуваат во наредните студиски години. Донесувањето одлуки е суштествен дел на менаџерската професија. Преку изведувањето на вежби со практични примери, студентите практицираат индивидуална и тимска работа. На тој начин се доближуваат до организационата реалност и се оспособуваат за правилно решавање на деловните проблеми.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
Слободни изборни предмети
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ апликации кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Mетодологија на наставата
Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува да се здобијат со знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Предметот исто така нуди и пристап кон развојот, наставата и учењето како концепти, како и основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе се стекнат и со теоретска основа и со стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Применета статистика
Преку овој предмет студентите ќе ги разберат и применат елементите на дескриптивната статистика,теорија на веројатност проследено со веројатноста и распределбата на примероците, пресметка на дистрибутивните параметри, пресметка и контрола на статистичките хипотези,тестирање на хипотезите,анализа на варијанса,линерана анализа и анализа на временски серии,едноставна линеарна регресија и корелација.
-
Меѓународен маркетинг
Меѓународниот маркетинг е една од најмладите научни дисциплини на деловната економија која од специфичен агол ги набљудува и анализира меѓународните маркетинг активности на претпријатијето. Во рамките на овој предмет се изучуваат многубројните феномени и процеси кои се денес присутни во светската економија и кои укажуваат дека традиционалните пристапи полека,но сигурно заземаат местото во историјата. На нивно место се раѓа свет, кој е економски меѓузависен и кој не признава никакви политички граници кои се нарекуваат држави. Со изучување на материјата се доаѓа до сознание дека сите клучни економски параметри мора да бидат насочени во насока во која се развива меѓународната економија и светскиот пазар. Стекнатите знаења и нивната примена во практиката ќе нè доближат до успешните претпријатија и успешните земји, кои знаат што сакаат од сопствените ресурси и сопствените економии, во контекст насветскиот пазар.
-
Меѓународен менаџмент
Цели на предметот се :
* Анализирање на основните проблеми на меѓународната економија.
* Дискутирање на односите помеѓу домашниот и меѓународниот бизнис.
* Оценување на различните фактори кои влијаат во меѓународниот менаџмент.
* Комплетирање на анализата SWOT на разни меѓународни фирми и дефинирање нови глобални пазари.
* Дискутирање на користењето на глобалната комуникација.
* Дефинирање и имплементирање на стратегиите за настап не меѓународниот пазар.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Истражување на пазар
Испитување на потребите од маркетинг информации и ресурси вклучува собирање и проширување на примарните и секундарните податоци, дефинирање на проблем, дизајн на истражувањето, пробни техники, собирање и анализа на податоци,општ преглед на методи за мерење на реакциите на клиентите за карактеристиките на проектот, ефективноста на рекламирањето и други промотивни девизи.
-
[6 ЕКТС]
Технолошки развој и глобализација
Предметот е наменет за запознавање на студентите со современите технолошки процеси како дел од глобализацијата на светската економија и нивното влијание врз одделните национални економии. Кратка содржина на предметот: карактеристики на современиот технолошки развој, основни домени на технолошките промени, економски ефекти од технолошките промени, глобализацијата на светската економија, носители на технолошките и економските промени во време на глобализацијата, политика на технолошкиот развој во Република Македонија.
-
[6 ЕКТС]
Современите макроекономски концепти и политики
Целта на овој предмет е да се презентираат доминантните макроекономски концепти и политики, нивното влијание при креирањето и спроведувањето на макроекономската политика во одделните земји. Кратка содржина на предметот: микроекономски основи на макроекономските концепти и политики, кејнзијанизмот и неокејнзијанизмот и макроекономските политики, монетаризмот и макроекономските политики, новата класична макроекономија и макроекономските политики, теоријата на реалниот бизнис циклус и макроекономските политики, економијата на понудата и макроекономските политики, теоријата на јавен избор и макроекономските политики, новата кејнзијанска економија и макроекономските политики, конфронтирање на современите макроекономски концепти и политики со фактите на реалниот економски живот, макроекономските концепции и нивните импликации во одделни земји.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
Слободни изборни предмети
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ апликации кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Mетодологија на наставата
Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува да се здобијат со знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Предметот исто така нуди и пристап кон развојот, наставата и учењето како концепти, како и основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе се стекнат и со теоретска основа и со стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2
-
Применета статистика
Преку овој предмет студентите ќе ги разберат и применат елементите на дескриптивната статистика,теорија на веројатност проследено со веројатноста и распределбата на примероците, пресметка на дистрибутивните параметри, пресметка и контрола на статистичките хипотези,тестирање на хипотезите,анализа на варијанса,линерана анализа и анализа на временски серии,едноставна линеарна регресија и корелација.
-
Меѓународен маркетинг
Меѓународниот маркетинг е една од најмладите научни дисциплини на деловната економија која од специфичен агол ги набљудува и анализира меѓународните маркетинг активности на претпријатијето. Во рамките на овој предмет се изучуваат многубројните феномени и процеси кои се денес присутни во светската економија и кои укажуваат дека традиционалните пристапи полека,но сигурно заземаат местото во историјата. На нивно место се раѓа свет, кој е економски меѓузависен и кој не признава никакви политички граници кои се нарекуваат држави. Со изучување на материјата се доаѓа до сознание дека сите клучни економски параметри мора да бидат насочени во насока во која се развива меѓународната економија и светскиот пазар. Стекнатите знаења и нивната примена во практиката ќе нè доближат до успешните претпријатија и успешните земји, кои знаат што сакаат од сопствените ресурси и сопствените економии, во контекст насветскиот пазар.
-
Меѓународен менаџмент
Цели на предметот се :
* Анализирање на основните проблеми на меѓународната економија.
* Дискутирање на односите помеѓу домашниот и меѓународниот бизнис.
* Оценување на различните фактори кои влијаат во меѓународниот менаџмент.
* Комплетирање на анализата SWOT на разни меѓународни фирми и дефинирање нови глобални пазари.
* Дискутирање на користењето на глобалната комуникација.
* Дефинирање и имплементирање на стратегиите за настап не меѓународниот пазар.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Меѓународен бизнис
Целта на предметот е студентите:
* Да ја сфатат разликата помеѓу глобалното создавање, одржувањето и модификацијата во споредба со меѓународните стратегии од аспект на меѓународниот бизнис.
* Да стекнат знаења за извршување анализа на трошоци од еден глобален аспект.
* Да извршат анализа SWOT за разни меѓународни компании и да бидат во состојба да осознаат нови глобални пазари.
* Да ја сфатат суштината на глобалниот меѓународен бизнис и користењето на глобалните комуникации. Да дефинираат и да користат стратегии за оценување на заедничките вложувања (joint venture), обединување и купување на разни компании со цел да се добие пристап до нови пазари.
* Да носат решенија околу сегментацијата на пазарите како и начините за пристап кон нив.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународна економија
Основната намена на овој предмет е да се претстават модерните тенденции во меѓународната економија и нивното влијание врз националните економии. Кратка содржина на предметот: вовед во меѓународната економија, современи тенденции на глобализација на меѓународните економски текови, технолошкиот развој и структурните промени во светското стопанство, теоретските основи на меѓународната економија, политиката на меѓународните економски односи, проблемот на презадолженоста на земјите во развој, макроекономската политика во услови на отворена економија, меѓународните економски проблеми на земјите во транзиција, местото на на Република Македонија во меѓународната економија.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународни финансии
Целите на предметот сет:
* Да сфатат како функционираат меѓународните финансиски пазари.
* Да изградат знаења за факторите кои го одредуваат девизниот курс.
* Да споредат различните методи на заштита од изложеноста на девизниот курс.
* Да ја сфатат суштината на меѓународниот монетарен систем.
* Да изградат знаење за меѓународни финансии и за користењето на глобалните комуникации.
* Да дефинираат и да користат стратегии за оценување на заедничките вложувања (joint venture), обединување и купување разни компании со цел да се добие пристап до нови пазари.
* Да сфатат за улогата и за важноста на билансот на плаќање во макроекономската политика на земјава.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 3
-
Теорија на игрa
Целта на овој предмет е да ја подобри стратешка способност за донесување одлуки во конкурентни ситуации во кои оцената за исходот од акцијата не зависи само од изборот што ќе се направи, туку и од направениот избор од другите. Ние се концентрираме на аналитичкиот метод кој произлегува од теоријата на играта, која предвидува ригорозна аналитичка рамка за структурирање конкурентни ситуации, идентификување на алтернативи и за изборот меѓу нив. Нашиот основен пристап ќе биде да се пробие комплексноста во делови, преку користењето на теоријата на играта за анализа на деловите. Нашата цел е да се стане подобар стратешки донесувач на одлуки во однос на конкурентни предизвици. Главни цели ќе биде да се користи теоријата на играта, да се идентификуваат, да се дијагностицираат и да се анализираат предизвици со кои се соочуваат фирмите во динамичната индустрија и да ја применуваат теоријата на играта, концептите и алатките за развивање стратегии за конкурентната предност. Сето ова ќе биде направено со анализа на различни игри.
-
Корпоративно управување
Целта на предметот е студентите да стекнат знаења во врска со целокупните текови во управувањето со современите корпорации, во тенденција светските теоретски знаења да се поврзат со реалноста на функсионирањето на акционерските друштва во Република Македонија. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени аспекти како што се општата теоретска рамка на корпорациите и видовите корпорации, сопственоста врз корпорациите и нејзината потреба од управувањето со истите, начинот на функсионирање на одборот на директори, структурата на одборот на директори, комитетите на одборот на директори, улогата и обврските на одборот на директори во процесот на донесување на главните одлуки во рамките на корпорацијата, начинот на функциноирање на одборите на директори во рамките на системите за корпоративно управување во Република Македонија и сл.
-
Извозни стратегии и политика на конкурентност
Предметот ги запознава студентите со влијанието на извозните стратегии и политиката на конкурентност врз идните развојни трендови на националните економии и врз способноста на економските субјекти воконкурентскиот настап во меѓународната економија.Кратка содржина на предметот: нужност од стратегии за влучување во МЕО, регионални извозни стратегии, извозно ориентирани стратегии во развиените земји, специфични стратегии на ново-индустријализираните земји, политика на конкуренција, детерминанти на извозната стратегија на индустријата во Македонија, детерминанти на извозната стратегија на агро-индустрискиот комплекс на Македонија.
-
Менаџмент на вкупен квалитет
Целта на предметот е да ги оспособи студентите да ја сфатат суштината на менаџметот на вкупен квалитет, неговото значење и позитивните страни од неговото користење. Во рамките на овој предмет ќе се изучува што претставува квалитетот, како кај производите, така и кај услугите, како и последиците од лошиот квалитет и придобивките од добриот квалитет. Понатаму, ќе се изучуваат правците и теориите во менаџментот на вкупен квалитет, почнувајќи од класичните, западните, како и и јапонските автори. Предмет на изучување ќе бидат и елементите на менаџмент на вкупен квалитет. Понатаму, ќе се анализираат најважните техники поврзани со менаџментот на вкупен квалитет за да на крај се изучува начинот на имплементација на менаџментот на вкупен квалитет како и потребните критериуми за најпознатите награди за квалитет во светот.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 4

Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарсккиот труд. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Меѓународни економски односи.