Бизнис информатиката (БИ) е широко позната дисциплина во континентална Европа. И покрај тоа што е слична на информационите системи, таа се фокусира повеќе на техничките прашања, вклучувајќи ги и информационите системи и структурните пристапи за моделирање и за анализа на деловните процеси и проблеми.БИ е особено важна во областа на економијата и во средината на претпријатието, кое се карактеризира со стратегиски спојувања, физички дистрибуирани оперативни средини и глобални бизнис-партнерства. Нови стратегии, техники, алатки и технологии за развој на соодветна област како што е БИ ќе биде главната цел на програмата. Разбирање и на бизнисот и на информатиката е од големо значење за работата на сите бизнис-професионалци, вклучувајќи ги и извршните директори кои ги утврдуваат главните стратегиски насоки на организацијата, професионалци на информацијата кои дизајнираат и испорачуваат нови информациски услуги; сметководствени и финансиски менаџери кои користат информациони системи за управување со финансии и деловни извештаи како и менаџери за маркетинг и продажба кои користат информациски системи за следење на купувањата на клиентите и за промовирање на нови производи. Бизнис информатиката е студија на информатичката технологија во контекст на бизнисот. Информациите станаа клучен ресурс во бизнисот кој доведе до создавање на нова кариера за поединци кои разбираат како да работат со информации. Овие „работници познавачи" - луѓе кои разбираат како да ги чуваат, да ги преземаат и да ги анализираат информациите во моментов имаат ветувачка и продуктивна кариера што им се наметнува. Оваа рамнотежа исто така го одразува односот меѓу теоретската и практичната програмска содржина стекнати преку предавања, упатства, семинари, сесии во компјутерски лаборатории и преку самостојно учење. Знаењата се стекнуваат преку различни методи, вклучувајќи испитни сесии, тестови во училница, вежби, индивидуални задачи, групна работа и презентации. Од студентите се очекува да покажат аспекти на инвентивност и оригиналност. Наставната цел е студентите да стекнат квалитетни наставни искуства преку кои ќе им се обезбедат најдобрите можности за разбирање на наставните содржини и за реализација на нивниот максимален потенцијал.
Со завршување на програмата Бизнис информатика, дипломираните студенти ќе најдат вработување во: развојот на системи, софтверот за управување со проекти, поддршка на крајните корисници на ИТ, програмирање, а и како аналитичари на бизнис-системи. Поради оваа причина, поединците кои имаат не само способноста да дизајнираат технички, компјутерски базирани решенија, но исто така можат да ги забележат можностите на ИТ од бизнис-перспектива, ќе се бараат за вработување од секоја организација. Студентите ќе ги стекнат следниве вештини:
- Да управуваат со информациите во средни и големи организации.
- Да анализираат, да планираат и да развијат решенија кои се во согласност со потребите на пазарот.
- Да планираат потребни бизнис-анализи и да го проценат ризикот на бизнисот.
- Да ја развијат умешноста, да придонесат во процесот на донесување одлуки, дизајн и имплементација на промени во бизнис-процесите.
Знаење и разбирање
- Напредни знаење и разбирање во областа на бизнис информатиката (економија, менаџмент, маркетинг, финансии и респективно програмирање, бази на податоци, компјутерски и информациски системи) на ниво на кое се поддржуваат претходните знаења преку фундаментални истражувања и вештини да демонстрира експертиза на реални проблеми од областа.
- Способен е да развие и да имплементира оригинални и креативни идеи во околина која бара интердисциплинарно знаење од разни поврзани области како бизнис и информатика и да ги изрази своите специјалистички компетенции на ист начин.
Примена на знаењето и разбирањето
- Може оригинално, критички, независно и креативно да аплицира, да употреби, да развива и да реши проблеми во нови и непознати средини во мултидисциплинарен контекст на реален бизнис и организациона околина.
- Може да планира, да реализира и да евалуира независни истражувачки појави во областа на бизнисот и да имплементира и да примени различни методи и методологии на развој на софтвер за комерцијални бизнис цели.
- Може да користи разни алатки за развој на софтвер и да ги програмира употребувајќи шел, скрипти и компајлирани програми во самостојни или во веб-средини.
- Може на оригинален, критичен и креативен начин да учествува во процесот на решавање проблеми во нови, невидени или непознати средини за развој на софтвер.
- Во можност е да организира софтверски системи со цел решавање на различни социјални, економски и/или технолошки прашања.
- Во можност е да учествува во истражувачки проекти како база за понатамошен академски развој.
- Демонстрира експертиза во третирањето на реални проблеми од областа на развој на софтвер и менаџирање со проекти.
- Може да развива и да аплицира оригинални и креативни идеи.
Способност за проценка
- Може на адекватен начин да собере, да анализира и да евалуира податоци, употребувајќи современи алатки и системи за одредени економски и/или информатички и организациони прашања, обично од перспектива на менаџмент и маркетинг.
- Аргументира идеи, концепти и квалитативно и квантитативно од бизнис и организационен карактер за чие решение користи и имплементира знаења од информациони системи, корпоративни бази на податоци и други софтверски алатки.
- Има способност адекватно да ги процени потребните рокови, ресурси и ризици при планирање, развој, распоредување и одржување софтвер, употребувајќи адекватни алатки.
- Може да тестира, да процени и соодветно да одлучи за различни можни информатички решенија вокомерцијални цели.
Комуникациски вештини
- Може на јасен и недвосмислен начин да ги презентира своите знаења, податоци, резултати од студии и сл., на членови на тимот, на клиенти, од бизнис-сферата како и од информатичката сфера.
- Може адекватно да ги прилагоди стилот и формата на изразување кога се обраќа на нестручна публика.
- Може да иницира, да води и да преземе одговорност за работата на група на луѓе каде компетенциите од бизнисот и информатиката се круцијални за нивната позиција.
Вештини на учење
- Може да ги идентификува персоналните потреби и насоки за индивидуално и автономно учење и да реализира и сам да стекнува знаења од областите на бизнисот и економијата како и во полето на информатиката, да научи нови технологии и да ги имплементира.
- Може да преземе одговорност за индивидуално или групно учење во специјализирани области од бизнис и економија, вклучувајќи дефинирање цели на учење за средни и подолги периоди.
Семестар 1
-
[MCS-303]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат различните научни теории и методологии. Во почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно да ги опишат; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
-
[MCBI-01]
[6 ЕКТС]
Моделирање на бизнис-процеси
Цели на предметната програма:
Процесите се основните технологии на сите организации за производство и испорачување на производи и услуги кои ги задоволуваат потребите на клиентите. Со цел да се продолжи да се служи на своите клиенти и да останат конкурентни, од организациите сè повеќе се бара постојано анализирање, редизајнирање, и подобрување на нивниот од крај-до-крај клучен бизнис процес во покуси временски рамки да се постигнат оперативните цели. Реализацијата на интегрирање на овој бизнис процес бара ИТ инфраструктура која овозможува луѓето, процесите и информациите да бидат интегрирани на флексибилен начин.
Преку овој предмет ќе се истражува како можат организациите да моделираат бизнис процеси како нивен прв чекор во постигнување на флексибилен и интегриран бизнис. Исто така, ќе се испитуваат и информатичките технологии и архитектури кои се ветувачки за решавање на интеграцијата на бизнис процесот. Овој предмет ќе им обезбеди на студентите:
- Рамка за разбирање на дизајнот, контролата и подобрувањето на бизнис процеси. Голем дел од овој материјал ќе биде повлечен од областа на управување со операции.
- Методологија за анализирање, моделирање, и дизајнирање на бизнис процеси, вклучувајќи ја и употребата на симулација за мерење и споредување на ефикасноста на различни модели.
- Познавање на тековните и новите информатички технологии и архитектури кои овозможуваат подобрување на бизнис процесот, интеграцијата и автоматизацијата.
-
[CM181]
[6 ЕКТС]
Е-бизнис
Цели на предметот:
Дигиталното деловно претпријатие, создавањето на нови деловни дизајни достигнато со замаглување на дигиталниот и физичкиот свет, се врти околу технологиите преку кои информациите се употребливи и мобилни. Овој предмет се фокусира на дигиталниот екосистем, интеракцијата помеѓу физичкиот и дигиталниот свет, за да ги истражи дигиталните трендови и иновации за бизнисите. Индустриските извештаи и дискусиите се фокусираат на изведување вредност од дигитални платформи за решавање деловни стратегии. Темите вклучуваат: рамки за моделирање на претпријатија, употреба на извештаи од индустријата за дигитална технологија при креирање деловна вредност, системски платформи и интерфејси на претпријатијата и рамка за управување на проектот Циклус на животот за развој на програми (ЦЖРП).
-
[CM182]
[6 ЕКТС]
Собирање, агрегирање и управување со податоци
Цели на предметот:
Постојаното зголемување на количината на податоци достапни како дел од секојдневните активности во бизнисот, науката, образованието, забавата итн., стана секојдневна грижа и речник. Покрај тоа, потребата за работа со голем обем на податоци, тековните апликации исто така се соочуваат со мулти-модални податоци, вклучувајќи неструктуирани и полуструктурирани податоци, податоци слики и видео, просторни и временски податоци итн. Сите тие податоци треба да се управуваат. Потребата за собирање, уредување, агрегирање и генерално управување е секојдневна грижа. Овој предмет опфаќа дел од животниот циклус на податоци, вклучувајќи собирање податоци, агрегирање и управување. Бидејќи поголемиот дел од податоците се зачувани во бази на податоци, исто така ќе се испитаат и различни инженерски приоди до базите на податоци со цел на подобра поддршка со управувањето со податоците, вклучувајќи собирање, агрегирање и одржување. Исто така, ќе се земат предвид стандардите за податоци, квалитетно складирање на податоци и предизвикот за „големите сетови на податоци“. Следната цел на предметот е разновидноста на системи и техника за складирање податоци.
-
[6 ЕКТС]
Изборен стручен предмет
-
[MCBI3031] Бизнис интелигенција и аналитика
Целта на овој предмет е студентите да стекнат разбирање на неколку техники за управување со науката и увид во начинот на кој некои од овие алатки може да се користат за анализа на комплексни бизнис проблеми за добивање рационално решение. Техниките за изучување се прогнозирање, линеарно планирање, симулација и моделирање. Случаи на зголемување на комплексноста ќе се користат за акцент на описот на проблемот, дефиниција, и формулација. Компјутерот ќе се користи многу во текот на овој предмет, пред сѐ со користење на програмите на располагање за извршување на пресметки, откако проблемите е правилно формулирани. Акцентот ќе биде ставен на толкувањето и спроведувањето на резултатите. Покрај тоа, ќе се испитува и иднината на аналитиката.
-
[ECSIS-07] Анализа и дизајн на системи
Целта на предметот е студентите да разберат и да користат методологии, техники, алатки и перспективи суштински за систем-аналитичари за успешно испитување и за развој на потребите на информациски системи, како и за обезбедување решенија приспособени на овие барања, користејќи стандардни техники за моделирање, како што се структурирани техники за моделирање, техники на моделирање преку техники на информациски инженеринг, како и објектно-ориентирани техники за моделирање, но и да ги разберат методите и ограничувањата за создавање работен дизајн од резултатите од користењето на горенаведените системски анализи.
-
[ECSSE-01] Управување со софтверски проект
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења за тоа како да се развие план за управување со софтверски проект за софтверски интензивни системи; како да се воспостават механизми за мониторинг и контрола; како да се распределат ресурсите и да се пренамени проектот; како да се следи распоредот, буџетот, квалитетот, продуктивноста и напредокот; како да се планира во фазата на инсталација и поддршка на животниот циклус на системот. Студентите ќе ги разберат: структурата на управување со проектот; планирање на ресурси и извршување и мерење на напредокот на проектот; врските меѓу обезбедување квалитет, менаџмент со конфигурации, верификација и валидација и тест и евалуација; клучните прашања во пресметка на трошоците и цените на единица труд, мотивираноста на работниците, водењето проектни тимови како и управувањето со квалитетот.
-
[EM555] Складирање на податоци
Во рамките на овој предмет студентите ќе ги проучуваат принципите на складирање на податоци, техниките за складирање на податоци и системите за деловна интелигенција. Ќе се воведат темите како што се дизајн на складиште на податоци, техниката на екстрактирање – трансформирање - оптоварување (ETL), коцки на податоци и таканаречените Data Marts. Темите што се опфатени вклучуваат: логичен дизајн на складиште на податоци, нивоата на податоци и обработка на екстракт-трансформација-оптоварување, употреба на мулти-димензионална анализа користејќи OLAP техники и други техники. Исто така, предметот ќе истражи како да се поддржи донесувањето одлуки и анализи и модели за екстракција на предвидувања. Студентите ќе создадат апликација на деловна интелигенција со користење на складишта за податоци и OLAP и други аналитички алатки.
-
[ECSWMS-07] Технологии “Cloud Computing“
Овој предмет опфаќа серија на тековните Клауд - компјутинг технологии. Студентите ќе научат како да се развиjат клауд-базирани софтверски апликации во различни клауд-платформи, како да се интегрираат различни услуги изградени на хетерогени клауд платформи, и како да се принудат „Софтвер како Сервис“ и „Платформа како сервис“ решенија за изградба на сеопфатни од крај-до-крај бизнис решенија на клауд. За различни слоеви на клауд-технологии, ќе бидат воведени практични решенија како што се Google, Amazon, Microsoft, SalesForce.com, итн., како и теоретски решенија (опфатени со збир на научни трудови).
-
[EM558] Големи системи (ERP, CRM)
Развојот на ERP-системите во последните децении беше еден од клучните достигнувања во користењето на информатичката технологија од страна на организациите. Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со софтверските системи за планирање ресурси на претпријатија (ERP) и нивната улога во организацијата. Се воведуваат и клучните концепти на интегрираните информациски системи и се објаснува зошто таквите системи се вредни за бизнисите. Предметот, исто така, ќе обезбеди дискусија за различни деловни случаи во кои може да се применат учените ERP концепти.
-
[ECSSE-03] Инженерство на побарувања
Предметот ги опфаќа концептите за систематско создавање, дефинирање и управување со побарувањата на софтверот за големи, комплексни, менливи и за софтвер-интензивни системи. Процесот е покриен од техничка, организациска и од управувачка перспектива, опфаќајќи ги минатите, сегашните и идните парадигми и методологии во инженеринг на побарувањата. Овој предмет ги опфаќа неформалните, полуформалните и формалните пристапи, одржувајќи рамнотежа меѓу теоријата и практиката. Тоа подразбира градење модели воедно и процесот и производот на инженерството на побарувањата, во врска со двете функционални и нефункционални цели/побарувања/спецификации, со користење систематски процес на донесување одлуки.
-
[EM557] Основи на бизнис администрација
Овој предмет е вовед во многу аспекти на системот на приватни претпријатија и на другите бизниси. Преку овој предмет студентите ќе ги разберат подобро начинот на работа во бизнис -арената, како функционирањето на бизнисот и кои деловни функции се потребни во секое деловно претпријатие. Покрај тоа, преку предметот се обезбедува информации за силите и факторите во деловното опкружување, како и вовед во клучните функционални области во фирмата, како што се маркетинг, менаџмент на операции, сметководство, финансии, менаџмент на човечки ресурси, итн.
Семестар 2
-
[CBI4010]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.