Програма: |
Одржлив туризам |
| Циклус на студии: | Прв циклус (Додипломски) |
| Факултет: | Бизнис и економија |
| ЕКТС: | 180 (3 години) |
| Решение: |
Опис на студиската програма
Тргнувајќи од интересот на студентите и искуствата на факултетот, факултетот ја разви студиската програма која ги има следниве цели: студентот да се стекне со општо знаење и разбирање на предметите од областа на туризмот, особено за поимот и содржината на одржливиот туризам, како и подготвување на студентите да планираат еден одржлив туризам, разбирање на животната средина и одржливоста, како и менаџментна клиенти во туризмот.Програмата за Одржлив туризам има примарна цел да им обезбеди на студентите знаења од областа на туризмот во функција на подигнување на свесноста за животната средина и за реализација на одржливиот развој на туризмот. Програмата им нуди на студентите широко познавање од областа на бизнисот и на туризмот и овозможува влијание врз глобалното општество.
Кога студентите ќе дипломираат од оваа програма, тие можат да добијат многу раководни позиции во туризмот, како што се:
- Регионален менаџер за туризам, туризам советник, маркетинг менаџер за дестинации, претприемач во туризам, итн.
- Исто така може да се стекнуват со знаење за да развиваат локалниот туризам како и промотор на рурален, еко-туризам, и спорт туризам во своите места.
- Да работат во други туристички агенции и институции и да подготват туристички планови, истражуват можности за развој на одржлив туризам, итн.
Знаење и разбирање
- Да демонстрираат познавање и разбирање на предмети од областа на туризмот и неговата одржливост
- Да демонстрираат познавање и разбирање на проблемите на туризмот, како што се: одржлив развој на туризмот, влијанијата на туризмот врз животната средина , принципите на одржливиот туризам, екотуризам и одржлив туризам, case studyна (не) одржлив туризам , итн
Примена на знаењето и разбирањето
- Да демонстрираат познавање и разбирање на предмети од областа на туризмот и неговата одржливост
- Да демонстрираат познавање и разбирање на проблемите на туризмот, како што се: одржлив развој на туризмот, влијанијата на туризмот врз животната средина , принципите на одржливиот туризам, екотуризам и одржлив туризам, case studyна (не) одржлив туризам , итн
Способност за проценка
- Проценка на маркетинг импликации за одржлив туризам, како што се дизајн на услугата, ценовни стратегии, ефикасна промоција и задоволството на клиентите на систематски и креативен начин;
- Проценка на условите на пазарот (удел на пазарот, целни клиенти, позната и непозната животна средина) со цел да се планираат производи или услуги, да се координираат маркетинг активностите во рамките на туристичката компанија, контрола и следење на истите тие активности постојано во рамките на компанијата;
- Да размислуваат критички за проблемите на маркетингот (производ, цена, место, промоција,луѓе) и бизнис ситуации во туристички средини, комуникациски вештини
Комуникациски вештини
- Да презентираат маркетинг стратегии и планови во рамките на организацијата, на публика од различни институции и организации, користејќи соодветна форма на изразување за целата публика;
- Водење и иницирање на активности со земајќи ги во предвид туристичките планови и стратегии;
- Изберете правилни средства за комуникација, при промоција и продажба на производи / услуги;
- Пренесување на заење на новите генерации од областа одржлив туризам
Вештини на учење
- Идентификување на лична потреба, и селекција на соодветни ресурси ,
- Стекнување со вештини и знаења,
- Самоиницијатива за независно истражување на потребите на пазарот, со цел да ги исполнат потребите и барањата на потрошувачите,
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Економика на туризмот
Овој предмет ги истражува начините на кои може да се дизајнира една организација (од менаџерите или некои други) со цел да се постигнат нејзините цели во областа на туризмот. Притоа се опфаќаат сознанијата економистите, психолозите и на во однос на овие и на некои други поврзани прашања. Во таа насока предметот е интердисциплинарен и се однесува на придонесот на социјалните научни дисциплини со фокус на проучување на организициите.Се користат теоретските и емпириските материјали со кои студентите ќе бидат поттикнати да се служат. Фокусот ќе биде ставен на организациите гледани од економски аспект.
-
[6 ЕКТС]
Маркетинг на туризмот
Целта на наставата по овој предмет е студентите да стекнат знаења од областа на управувањето со маркетинг-активностите, маркетинг-околината и со нејзината динамичност и стимулирачкото влијание врз работата на претпријатијата кои функционираат во туристичкиот сектор, маркетинг-одлуките кои менаџерите ги прават во врска со стратегиите кои ги применуваат и последиците од тие стратегии, маркетинг-планирањето, маркетинг-тактиките и маркетинг-контролата. Поаѓајќи од фактот дека во центарот на вниманието на секое претпријатие треба да се потрошувачот и неговите потреби и желби, потребно е да се донесат правилни маркетинг-одлуки како на ниво на претпријатието во целина, така и на пониските нивоа на организација.
-
[6 ЕКТС]
Вовед во бизнис
Предметот Вовед во бизнис е дизајниран со цел студентите да се запознаат со надворешното и внатрешното окружување на претпријатието. Меѓутоа, внимание ќе биде посветено и на финансиската, на маркетинг и на организационата функција на претпријатието. Покрај ова, ќе се согледа и влијанието на претпријатието врз заедницата во која дејствува.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет1
Јазични предмети
- Албански јазик за професионални цели
- Академско пишување на англиски јазик
- Академско пишување на македонски јазик
- Академско пишување на албански јазик
- Германски јазик (ниво 1 до 4)
- Француски јазик
Комуникациски вештини
Вештини по ИТ
- Напреден Excel
- Напредни ИТ вештини
- Напредни познавања за Word и PowerPoint
- Гугл Апс (Google Apps)
- Напреден Access
- Десктоп-публикации
- Веб-публикации
Разно
- [3 ЕКТС] Изборен предмет Англиски јазик 1
- [3 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Принципи на менаџмент
Преку овој предмет студентите се запознаваат со „јазикот на менаџментот“ (термини и теории) и со улогата на менаџерите во организацијата. Студентите ќе ги применуваат добиените знаења во различните студии на случај кои се однесуваат на соодветни аспекти. Притоа се обработува следново: главните школи и теории за менаџмент, разбирањето на менаџментот, менаџментот како процес и главните функции на менаџментот како планирање, организирање, лидерство, мотивација, менаџментот на човечки ресурси и контролата.
-
[6 ЕКТС]
Менаџмент на човечки ресурси
Проучувањето на наставната материја по предметот Менаџмент на човечки ресурси им овозможува на студентите да се запознаат со сложената проблематика на управувањето со човечките ресурси, сфатено како процес на извршување низа активности и функции со цел луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да се искористат на најефективен и најефикасен начин. Во тие рамки, особено внимание се посветува на следниве аспекти на менаџментот на човечки ресурси: различните концепции, содржината, целите и задачите, положбата на менаџментот на човечки ресурси во функционирањето на организацијата, анализа на работата, планирање на човечките ресурси, обезбедување кандидати за нови работни места, селекција на човечките ресурси, воведување во работата, професионален развој на човечките ресурси, поттикнување на успешноста во работата, откривање менаџерски потенцијали и способности,менаџментот на човечките ресурси и работните односи.
-
[6 ЕКТС]
Деловно планирање во туризмот
Преку овој предмет студентите се запознаваат со концептот на деловно планирање, со карактеристиките на деловните планови. Притоа се врши идентификација и евалуација на можностите за развој на бизнис. Студентите ќе имаат можност да анализираат повеќе студии на случај и да стекнат практични искуства од оваа област.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
Јазични предмети
- Албански јазик за професионални цели
- Академско пишување на англиски јазик
- Академско пишување на македонски јазик
- Академско пишување на албански јазик
- Германски јазик (ниво 1 до 4)
- Француски јазик
Комуникациски вештини
Вештини по ИТ
- Напреден Excel
- Напредни ИТ вештини
- Напредни познавања за Word и PowerPoint
- Гугл Апс (Google Apps)
- Напреден Access
- Десктоп-публикации
- Веб-публикации
Разно
- [3 ЕКТС] Изборен предмет Англиски јазик 2
- [3 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Животна средина и екологија
Во рамките на овој предмет се разгледува врската помеѓу животната средина и економијата, а особено прашањето како економијата може да ги идентификува клучните аспекти на проблемите со животната средина. Економските концепти се користат за да се најде решение за загадувањето, менаџментот на општествените ресурси и за можноста за одржлив развој.
-
[6 ЕКТС]
Математика и статистика
Преку овој предмет студентите ќе ги разберат и ќе ги применат елементите на дескриптивната статистика,теоријата на веројатност проследено со веројатноста и распределбата на примероците, пресметката на дистрибутивните параметри, пресметката и контролата на статистичките хипотези,тестирањето на хипотезите,анализата на варијанса,линераната анализа и анализата на временски серии,едноставната линеарна регресија и корелација.
-
[6 ЕКТС]
Практична работа
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет3
Јазични предмети
- Албански јазик за професионални цели
- Академско пишување на англиски јазик
- Академско пишување на македонски јазик
- Академско пишување на албански јазик
- Германски јазик (ниво 1 до 4)
- Француски јазик
Комуникациски вештини
Вештини по ИТ
- Напреден Excel
- Напредни ИТ вештини
- Напредни познавања за Word и PowerPoint
- Гугл Апс (Google Apps)
- Напреден Access
- Десктоп-публикации
- Веб-публикации
Разно
- [6 ЕКТС] Изборен предмет Англиски јазик за специфични цели 1
Семестар 4
-
[6 ЕКТС]
Меѓународен туризам
Основната намена на овој предмет е да се претстават модерните тенденции во меѓународниот туризам и нивното влијание врз националните економии. Во рамките на овој предмет се опфатени следниве теми: вовед во меѓународниот туризам, современи тенденции на глобализација на меѓународните економски текови, технолошкиот развој и структурните промени во светскиот туризам, местото на Република Македонија во меѓународниот туризам.
-
[6 ЕКТС]
Меѓукултурни односи и туризам
Овој предмет им овозможува на студентите да стекнат знаења од областа на културата на земјите, но и да го определет нејзиното значење за туризмот на една држава. Се обработуваат значењето на културното наследство и историскиот развој на културата во светот, со посебен осврт на Република Македонија.
-
[6 ЕКТС]
Практична работа
- [6 ЕКТС] Изборен предмет Англиски јазик за специфични цели 2
- [6 ЕКТС] Изборен предмет 4/1
Семестар 5
-
[6 ЕКТС]
Развојни политики во туризмот и угостителството
Целта на овој предмет е да се претстават политиките за развој и нивното влијание врз туризмот. Се изучуваат разни политики во разни држави и се анализира нивната апликација во областа на туризмот, со истакнување на добрите и лошите страни.
-
[6 ЕКТС]
Менаџмент на хотели и на ресторани
Во рамките на овој предмет се обработуваат значењето, организацијата, специфичностите на хотелиерската и ресторанската дејност со сите сегменти на нејзина успешна апликација - карактеристиките на угостителските објекти, функциите, локацијата, условите и слично.
-
[6 ЕКТС]
Практична работа
- [6 ЕКТС] Изборен предмет 5/1
- [6 ЕКТС] Изборен предмет 5/2
Семестар 6
-
[6 ЕКТС]
Страгески менаџмент во туризмот
Целта на наставата по овој предмет е да се оспособат студентите да го разберат процесот на донесување одлуки (на ефективен начин да донесуваат добри деловни одлуки како идни менаџери). Преку предвидениот материјал студентите ќе ги совладаат основите на системскиот пристап, системската анализа, теоријата на информациите и теоријата на информационите системи, кои пошироко се истражуваат во наредните студиски години. Донесувањето одлуки е суштествен дел на менаџерската професија. Преку изведувањето вежби со практични примери, студентите практикуваат индивидуална и тимска работа. На тој начин се доближуваат до организационата реалност и се оспособуваат за правилно решавање на деловните проблеми.
-
[6 ЕКТС]
Животна средина и туризмот
Во рамките на овој предмет се обработуваат основните поими за животната средина, за загадувањето на животната средина, како и еколошките проблеми - превенција, контрола и мониторинг на животната средина и влијанието на условите во животната средина врз туризмот.
-
[6 ЕКТС]
Практична настава
- [6 ЕКТС] Изборен предмет 6/1
- [6 ЕКТС] Изборен предмет 6/2