Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

E - управување

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: E-GOV120
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Магистер по E - управување
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение:

Дигиталната трансформација како и глобалните трендови за реформа на јавниот сектор и порастот на примената на ИКТ ја трансформираа средината во која функционира јавниот сектор. Во текот на последнава деценија значително внимание е посветено на реформите насочени кон подобрување на давањето услуги. Со оглед на фактот што конкурентноста на приватниот сектор придонесе за зголемен степен на квалитет на давање на услугите кон крајните корисници, граѓаните тоа го очекуваат и од јавниот сектор.
Ова програма има за цел да подготви кадри кои ќе одговорат на стратешките приоритети на државата во областа на реформите на јавната администрација кои се однесуваат на подобрување на квалитетот на услугите во јавниот сектор, на информирањето и мерењето на квалитетот на услугите преку ИКТ-решенија.
Во секоја од повеќето од 300 организации на државната управа, административни организации, јавни претпријатија се основани ИКТ-сектори или се ангажирани лица одговорни за ИКТ, па сметаме дека оваа програма ќе им овозможи на овие кадри, но и на други да добијат знаење, компетенции и вештини да одговорат на предизвиците на дигитализација во јавниот сектор согласно со стратешките приоритети на земјава за дигитализација на јавниот сектор.

Знаење и разбирање

- Длабоко познавање и разбирање на теориите и практиките во областа на е-управувањето, е-услугите и иновациите, е-демократијата, потребите за е-управување, управувањето и подобрувањето на бизнис-процесите, безбедноста и приватноста во е-влада, ИТ-архитектурата и системот за интеграција и управување со промените.
- Ги опишува и ги идентификува основните концепти, принципите поврзани со е-владата и иновациите во јавниот сектор, административните и правните процеси, теориите на јавната администрација,  институционалното однесување и човечките ресурси  и  процесот на јавни политики.
- Знаење и компетенции за трансформациските иницијативи на е-управување во различни институционални контексти
- Ги разбира деловните процеси и управувањето со јавната администрација  и е запознаен со улогата и функцијата на ИКТ во иновациите во јавниот сектор како и со воведувањето на софтверските решенија во функција на подобрување на услугите во јавниот сектор.

Примена на знаењето и разбирањето

- Да ги применува сознанијата кои се однесуваат на комплексната работа на иновација заснована на ИКТ во јавната администрација.
- Да работи како државен службеник и административен службеник  задолжен за ИКТ во институциите во јавниот сектор.
- Да менаџира и да воведува иновации засновани на ИКТ во јавен и невладин сектор.
- Може да демонстрира способност да учествува во трансформирање на административните процеси во е-администрација, да помага во планирањето и координацијата на институциите во подобрување на интероперабилноста, е-архива и подигање на нивото на употреба на информацискиот систем.  
- Анализира, дизајнира и менаџира трансформациските иницијативи на е-управа во разни организациски контексти.
- Да ги решава техничките, институционалните и организациските потреби преку ИКТ-системски решенија.
- Да ги води процесите на промени и да менаџира со импликациите/последиците на промени.
- Применува и трансферира знаење со сите институции во јавниот сектор.
- Да применува професионални знаења во исполнувањето на работните задачи во институциите на државата и на jавната администрација, во приватните организации и граѓанскиот сектор. 

Способност за проценка

- Има способност да размислува критички и активно да се вклучува во анализа на потребата и развојот на нови е-услуги, е-управување во институциите  на централно и на локално ниво.
- Квалитативна анализа на процесот на воведување е-влада и е-управување
- Ги разликува различните проблеми поврзани со дигиталниот јаз, интероперабилноста на институциите во процесот на воведување на е-управување.
- Критички ги споредува капацитетот и ИКТ-подготвеноста во општеството и јавната администрација и пристапите за подобрување на институционалниот капацитет за иновациите базирани на ИКТ во јавниот сектор.

Комуникациски вештини

- Во состојба е да учествува во дебата, посредување и преговори, обезбедувајќи аргументирана анализа за капацитетот на општеството и институциите во јавниот сектор за воведување е-управување.
- Поседува кохерентна способност за пишување проекти и анализи на издржан и кохерентен начин. 
- Покажува способност за професионална комуникација со повеќемина во тимска атмосфера и преку инклузивен пристап.
- Комуницира  и соработува со разни засегнати страни, политичари, раководители и надворешни актери како што се граѓаните, бизнис-заедницата и невладиниот сектор.

Вештини на учење

- Може да дефинира и да ja утврди потребата за општество засновано врз знаење и емпириски засновани податоци
- Може да преземе иницијатива за идентификувањe нa интересите на групи и на институциите во јавниот сектор  во процесот на воведување е-управување и е-услуги.
- Има вештини да спроведе доживотно учење и самоедукација во областа на управување и е-управување.
- Способен е да ги обучува граѓаните и институциите во јавниот сектор за иновации засновани на ИКТ во јавниот сектор.

Семестар 1

  • [EGOV-101] [6 ЕКТС] Информациски менаџмент во јавниот сектор
    Овој предмет има за цел да ги запознае студентите со значајната улога на информацискиот менаџмент во модерните организации во општите, а особено во владините агенции. Притоа акцентот е ставен на практичната примена на компјутерската и информатичката технологија за проблемите од реалниот свет. Главни цели на предметот се: -запознавање со правилата и организациските перспективи на информатичката технологија како и со нејзината врска со стратешко планирање; -стекнување основно разбирање за новите технологии, вклучувајќи дигитална влада, cloud computing, отворени податоци, анализа на податоци и сервис-ориентирана архитектура и како тие влијаат врз делувањето и структура на владата; - проучување на променливите модели на владини сервиси вклучувајќи концепти и практики на e-влада; -усогласување информациски системи со луѓе и политики во согласност со деловните цели на владини ентитети.
  • [EGOV-102] [6 ЕКТС] Јавна администрација и јавен менаџмент
    Jавната администрација претставува област која е од посебен интерес за науката. Со предметот Вовед во јавната администрација студентите ќе стекнат знаења за основните концепти на јавната администрација. Посебен акцент ќе биде ставен врз евалвацијата на јавната администрација, како и врз реформите во оваа област во нашава земја. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со оваа област и критички да ги анализираат развојот и појавите на јавната администрација. Бидејќи оваа област е предмет на постојани промени, посебно внимание ќе се посвети на новите теории, како и на класичните теории на управување во функција на подобрување на процесите во јавната администрација.
  • [EGOV-103] [6 ЕКТС] Технологии на Е-управување и услуги
    Во рамките на овој предмет се разгледуваат: употребата на разни информатички технологии во управувањето, поточно во јавната администрација и Интернетот и неговите импликации во е-управувањето воопшто, јавните организации и граѓаните. Предметот има за цел да обезбеди историска, техничка и практична рамка за студентите за подобро разбирање на можностите, предизвиците и на ограничувањата поврзани со е-управување и употребата на технологијата во јавната администрација.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет E
    • [EGOV-01] Дигиталната трансформација на владите
    • [EGOV-02] Е-управување и механизмите на демократија
    • [EGOV-03] Иновации и управување во локалната власт
    • [EGOV-04] Информацискиот менаџмент и дигиталната архива
    • [EGOV-05] Е-влада, реформи во јавниот сектор и добро управување
    • [EGOV-06] Нови трендови во информациските системи
    • [EGOV-07] Отворени податоци
    • [EGOV-08] ИТ, право, етика и комуникација
    • [EGOV-09] ИТ инфраструктура и безбедност
    • [EGOV-10] Стратешко планирање во Е-управување
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд IT
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет

Семестар 2

  • [EGOV-201] [6 ЕКТС] Законска рамка на Е-управување
    Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со правните предизвици кои се поврзани со е-управувањето. По завршување на предметот се очекува студентите да бидат способни: - Да се запознаат со суштинските прашања во врска со односот меѓу апликациите за информатичка технологија и клучните правни принципи. - Да ги разберат концептот на технологија и неговата примена во современиот живот во облик на информатичко општество. - Да ги разберат национални и меѓународни политики и иницијативи за регулирање на информатичкото општество. - Да ја разберат неопходноста за усвојување нови стратегии и перспективи за да им пристапи на правните импликации на е управување. - Да спроведат независно истражување во областа на информатичката технологија и правото користејќи соодветни истражувачки методи.
  • [EGOV-202] [6 ЕКТС] Менаџмент на сајбер безбедност
    Овој предмет ќе обезбеди основен вовед во сите аспекти на сајбер-безбедност, вклучувајќи бизнис, политика и процедури, безбедност на комуникациите, мрежна безбедност, управување со безбедноста, правни прашања, политички прашања и технички прашања. Ова служи како вовед во сајбер-безбедноста во одделот на современи општествени науки.
  • [MFE11] [6 ЕКТС] Менаџмент на проекти
    По успешното завршување на наставата, студентите треба да бидат способни: - Да ги планираат активностите неопходни за реализација на проектот, да ја идентификуваат нивната меѓузависност во поглед на времетраењето и трошоците. - Да ги подготвуваат потребните извештаи и да ја реализираат целокупната потребна комуникација меѓу проектот и клиентот, како и меѓу членовите на тимот и другите стејкхолдери. - Да го структурираат проектот со своите составни активности. - Да изработат гантограм и мрежен дијаграм на проектот и да го утврдат најкраткото време за реализација на проектот. - Да користат софтвер МС Проект како алатка во процесот на планирање, имплементација и при надзор врз проектот. - Да го дефинираат проектот, да ги идентификуваат неговиот обем и неговите цели, како и да развијат проектна спецификација.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EGOV-01] Дигиталната трансформација на владите
    • [EGOV-02] Е-управување и механизмите на демократија
    • [EGOV-03] Иновации и управување во локалната власт
    • [EGOV-04] Информацискиот менаџмент и дигиталната архива
    • [EGOV-05] Е-влада, реформи во јавниот сектор и добро управување
    • [EGOV-06] Нови трендови во информациските системи
    • [EGOV-07] Отворени податоци
    • [EGOV-08] ИТ, право, етика и комуникација
    • [EGOV-09] ИТ инфраструктура и безбедност
    • [EGOV-10] Стратешко планирање во Е-управување
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд IT
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EGOV-01] Дигиталната трансформација на владите
    • [EGOV-02] Е-управување и механизмите на демократија
    • [EGOV-03] Иновации и управување во локалната власт
    • [EGOV-04] Информацискиот менаџмент и дигиталната архива
    • [EGOV-05] Е-влада, реформи во јавниот сектор и добро управување
    • [EGOV-06] Нови трендови во информациските системи
    • [EGOV-07] Отворени податоци
    • [EGOV-08] ИТ, право, етика и комуникација
    • [EGOV-09] ИТ инфраструктура и безбедност
    • [EGOV-10] Стратешко планирање во Е-управување
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд IT

Семестар 3

  • [MCPA1010] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Во рамките на овој предмет се обезбедува сеопфатен вовед во истражувачките методологии, основните истражувачки теории и протоколи и во пишувањето истражувачки предлози. Студентите во текот на овој предмет ќе стекнат сознанија за цикличната природа на применето истражување и на итеративниот процес на истражувачко пишување, за тоа како: да идентификуваат тема за студија, да формулираат прашања, да организираат преглед на литература и да изберат соодветни истражувачки проекти и методологии. До крајот на предметот, студентите ќе завршат предлог кој вклучува вовед, преглед на проблемот (значењето на студијата), преглед на литература, секција за методологијата, референци и распоредот на проектот.
  • [EGOV-301] [6 ЕКТС] Менаџмент на аркитектура на организација
    По завршување на семестарот студентите: • Ќе ги разберат основните елементи на АО. • Критички ќе ги споредуваат современите трендови на АО. • Ќе ги разберат концептите и практиките на АО. • Ќе ги артикулираат пристапите преку кои корпоративната архитектура ги поддржува стратешките цели на организацијата. • Ќе ги разбираат основите на корпоративната архитектура, развојот и одржувањето. • Ќе ја разберат важноста на ефективно управување, успешниот развој и поддршката од претпријатието.
  • [EGOV-302] [6 ЕКТС] Основи на управување со бази на податоци
    Запознавање со бази на податоци и системи за управување со бази на податоци; • Запознавање со видови бази на податоци и нивните карактеристиките; • Запознавање со релационите бази на податоци; • Вовед во моделирање на бази на податоци, концептуалниот модел, E-R дијаграмот; • Запознавање со алатки за работа со бази на податоци, Microsoft Access; • Користење на Microsoft Access за креирање база на податоци, креирање интерфејс, форми за работа со податоците и извештаи; • Запознавање со напредни системите за управување со базите на податоци.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EGOV-01] Дигиталната трансформација на владите
    • [EGOV-02] Е-управување и механизмите на демократија
    • [EGOV-03] Иновации и управување во локалната власт
    • [EGOV-04] Информацискиот менаџмент и дигиталната архива
    • [EGOV-05] Е-влада, реформи во јавниот сектор и добро управување
    • [EGOV-06] Нови трендови во информациските системи
    • [EGOV-07] Отворени податоци
    • [EGOV-08] ИТ, право, етика и комуникација
    • [EGOV-09] ИТ инфраструктура и безбедност
    • [EGOV-10] Стратешко планирање во Е-управување
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд IT
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EGOV-01] Дигиталната трансформација на владите
    • [EGOV-02] Е-управување и механизмите на демократија
    • [EGOV-03] Иновации и управување во локалната власт
    • [EGOV-04] Информацискиот менаџмент и дигиталната архива
    • [EGOV-05] Е-влада, реформи во јавниот сектор и добро управување
    • [EGOV-06] Нови трендови во информациските системи
    • [EGOV-07] Отворени податоци
    • [EGOV-08] ИТ, право, етика и комуникација
    • [EGOV-09] ИТ инфраструктура и безбедност
    • [EGOV-10] Стратешко планирање во Е-управување
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд IT

Семестар 4

  • [EGOV-400] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+