COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Водство и управување во образованието (2020/2021)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: PhD-ELM
Академска година: 2021 / 2022
Титула: Доктор на науки по водство и управување во образованието
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение:

Целта на студиската  програма по водство и управување во образованието е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на сознанијата, посебни и систематски знаења, за академското ниво на процесот на трансформација на образованието во опкружувањето и пошироко во регионот.

Кадар со нови знаења во образованието.
Со способност да истражува во областа на образованието.
Со способност да креира политики во образованието и во школството.
Со способност  за ефикасно менаџирање со образовните организации.

Знаење и разбирање

- Разбирање на локалните, регионалните и на глобалните промени во образованието.
- Студентите ќе бидат лидери во образовните иновации.
- Студентите ќе бидат добро упатени во реформите на образовниот процес во Македонија и во регионот и ќе поседуваат вештини за имплементација на акционите планови и на програмите за реформи.

Примена на знаењето и разбирањето

- Студентите ќе бидат во можност да ги советуваат владините и невладините политичари во однос на образованието како и да ги планираат локалните потреби и потреби на кадарот преку нивно адаптирање со економските ресурси на земјата, истовремено нагласувајќи ги вештините за стратешко управување и водство.
- Студентите ќе можат да ги преземат водечките улоги во образовните институции (јавни и приватни) во Република Македонија и пошироко.

Способност за проценка

- Студентите ќе се соочат со ризикот и со предизвиците кои ги носи промената на традиционалното со модерното во образовниот систем.
- Ќе бидат во можност да вршат процена на програмите, наставните планови, кадарот и на образовната политика.

Комуникациски вештини

- Ќе поседуваат одлични комуникациски вештини.
- Ќе поседуваат способност за користење на  технологијата во училниците и во администрацијата за нивно успешно функционирање во општествата и институциите базирани на знаење.

Вештини на учење

- Ќе стекнат вештини за обезбедување водство во училиштата низ РСМ и за имплементитрање на истражувањата во образовните институции.
- Ќе стекнат вештини за управување со човечките, економските и со технолошките ресурси.
- Ќе бидат обучени и компетентни за преземање одговорност и за унапредување на образованието. Преку обука, задолжителна за сите студенти, ќе можат ефикасно да дејствуваат во мултикултурната и во мултијазичната средина.

Семестар 1

  • [DLCC0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати, семинарска работа или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
  • [C2018] [10 ЕКТС] Клучните прашања во подчувањето на водството во образованието
    Овој предмет е дизајниран да им помогне на студентите да ја разберат организациската динамика на училиштата. Здобиеното знаење треба да им помогне на учениците во идентификувањето и предлагањето алтернативи на програмските и бихевиористичките правилности кои можат да се сретнат во училиштата. Преку овој предмет ќе се обработуваат прашања кои се однесуваат на организационата култура и професионалниот развој на кадарот како и развојот на училишното планирање. Студентуте ќе ги развијат компетенциите за: •Да ги научат и да имаат унапредено знаење за историските, филозофските, социолошките перспективи на образованието во општетсвото; •Да ги предлабочат нивните знаења за општетсвените и образовните трендови, теорија и практика; •Да ги развиваат и унапредаат своите способности за перцепција, идентификација и истражување на мултикултурните аспекти на образованието и интеракцијата со општетевените појави; •Да ги научат техниките и унапреадат своите вештини за научно-истражувачка работа, живот и комуникација со заедницата; •Да научат за професионалните обврски на наставниците, нивниот профил и мисија во општетвото;
  • [DLCC0103] [10 ЕКТС] Пишување на докторската дисертација
    Преку овој предмет студентите се оспособуваат да извршуваат самостојно научно истражување, односно да го пишуваат докторскиот труд. Преку предметот студентите ќе ги стекнат потребното знаење, способност и доверба за успешно истражување. Поради тоа, има повеќе соработка и дискусии отколку кај предметите кои се базирани на предавање. Од студентите се очекува да учествуваат активно во дискутиите.

Семестар 2

  • [DLCC0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2503] Комуникации во образовните институции
    • [E2502] Водството и педагошките активности
    • [EDLCC0101] Мултикултурализам
    • [EDLCC0102] Меѓународна комуникација
    • [E2501] Психологија на образованието
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2503] Комуникации во образовните институции
    • [E2502] Водството и педагошките активности
    • [EDLCC0101] Мултикултурализам
    • [EDLCC0102] Меѓународна комуникација
    • [E2501] Психологија на образованието

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.
  • [PHD-S3-S4-02] [15 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
  • [C2019] [5 ЕКТС] Студентска мобилност
    Во текот на четвртиот семестар студентот треба да реализира мобилност во научна или во друга релевантна институција во траење од најмалку една недела вон државава. Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од други земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација. За реализираната мобилност студентот до менторот доставува потврда од институцијата.

Семестар 5

  • [DLCC0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [EML-PHD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот совет и се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+