Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Албански јазик и литература

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-PhDALBALL180C
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Доктор по филолошки науки - Област: Албански јазик; Област: Албанска литература;
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програма од трет циклус (докторски студии) Албански јазик и литература е дизајнирана со цел студентите да се стекнат знаења кои ги доближуваат до професиите кои се тесно поврзани со сферата на јазикот, културата, литературата и образованието. Исто така, студентите стекнуваат вештини и компетенции за вработување во повисоките нивоа во јавниот и приватниот сектор.

Докторираните студенти на оваа студиска програма ќе можат да се вработат во различни сфери професионалниот и општествениот живот. Настава: во училиштата за јазик и литература, гимназии, основните и средните  училишта, универзитети. Вработување: јазичар, новинар од областа на литературата и уметноста, во разните установи како лектор, преведувач, интерпретатор на албанскиот јазик и литература во министерства и други владини институции, преведувач/интерпретатор во судови и други слични институции, преведувач/интерпретатор во стручните и професионалните организации, преведувач/интерпретатор ви општествениот и во приватниот сектор, преведувач/ интерпретатор во меѓународните организации.

Знаење и разбирање

Преку оваа студиска програма кандидатот стекнува знаења од повеќе јазични и литературни полиња, и еднодисциплинарни, и интердисциплинарни. Преку овие студии се стекнуваат понови и значајни современи сознанија, кои ќе му служат да биде покреативен и попрофесионален во решавањето на јазичните  и литературните проблеми.

Примена на знаењето и разбирањето

Корпусот на знаења им овозможува на студентите од третиот циклус различни вработувања кои опфаќаат голем број и разни сектори на општествениот и професионалниот живот. Знаењата може да се употребуваат на образовниот систем, работејќи како професор во средни училишта, а исто така и како асистент во соодветните факултети или институти. Може да работи како истражувач во полето на лингвистиката и литературата низ разните албанолошки институти. Може да работи како новинар,на полето на литературата и уметноста, уредник и лектор, но и како јазичен критичар низ разни електронски или пишани медиуми, каде што може да придонесе за прашањето за аплицирање на литературната норма. Може да работи како преведувач и толкувач на албанскиот јазик и литература во двојазичните општини, министерствата и другите владини институции, во судови и други слични институции, во професионални организации, во социјалниот и приватниот сектор, во меѓународни организации и др.

Способност за проценка

Способни се да состават и да оценуваат наставни планови и програми од областа на јазикот и литературата во средни училишта како и во високото образование. Во можност се да организираат и да ја оценат реализацијата на наставен час од областа на јазикот и литературата. Имаат способност да оценат и да споредат преведувања од еден јазик на друг. Го оценуваат редактирањете и лекторирањето на различни јазични текстови и публикации, оценувајќи го високото ниво на лекторирање и пронаоѓајќи евентуални граматички грешки. Способни се да проценат едно дело од содржински и композициски аспект, како и да ги истакнат јазичните и литературните вредности. Имаат способност да се вклучуваат и да  бидат членови во некое професионално жири од областа на јазикот и литературата за да ги проценат најдобрите јазични и литературни студии. Имаат способност да се вклучат во истражувачки тимови, да состават литературни и публицистички текстови, лексички и различни други  речници.   

Комуникациски вештини

Младите доктори на науки имаат професионална вештина за држење часови по литература и граматика на мајчиниот јазик, во согласност со плановите и програмите за средните  училишта и за универзитетите. Може да држат курсеви за учење на албанскиот јазик и литература. Може да преведува научно-лингвистички и литературни дела. Можаат да учествуваат на локални и меѓународни симпозиуми и семинари, каде преку своите трудови, можаат да презентираат свои оригинални резултати постигнати во различни литературни и јазични дисциплини. Способни се да напишат рецензии за издадени дела од областа на литературата и јазикот, рецензии за издавање литературни студии и граматики како и за наставни текстови. Можат да направат независни истражувања и да преземат одговорност за резултатите. Можат да издават научни трудови и дела од областа на литературата и јазикот.

Вештини на учење

Moже да работат асистенти во албанолошките институти и да помагаат во научните експедиции. Може да раководитат  институции од полето на јазикот и литературата и да направат измени во нив. За да се постигнат подобри резултати, може да презентираат нови знаења, може да ги обучат  другите одржувајќи курсеви од определени области како: правопис, лекторирање литературен текст, употреба на нови методи и техники во настава и др. Можат да одржат обуки како се подготвува проект, како се пишува научен труд и др. Може да предложат новини кои недостасуваат во некоја институција како што се отворање различни литературни и јазични секции, отворање библиотека, промоција на некое литературно и јазично дело и др. Можат да предложат методи за учење на албанскиот јазик според нивоа кај странците. Како и да е, треба да продолжи со своето понатамошно учење и надградување и новите знаења да ги презентира во институцијата каде што работи и надвор од неа.

Семестар 1

  • [DLCC0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати, семинарска работа или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
  • [DLCC0102] [10 ЕКТС] Клучните прашања во подучувањето на јазикот и литературата
    Целта на овој предмет е да се запознаат докторантите со некои најважни теми на применета лингвистика. Во негови рамки се комуникативната функција на јазикот во сите сфери на општествената практика, од аспект на употребувањето на нејзините резултати добиени во практиката. Во класичните задачи на применетата лингвистика спаѓа изучувањето на јазикот, контрастивна лингвистика – тоа значи споредба на јазиците германско-албански и германско-македонски, меѓукултурна комуникација, превод и толкување, стручниот јазик и терминологијата. Според тоа применетата лингвистика се однесува на стручната и општата комуникација во институциите и во медиумите итн. Покрај тоа ќе се третираат и некои теми од областа на германската литература.
  • [DLCC0103] [10 ЕКТС] Пишување на докторската дисертација
    Преку овој предмет студентите се оспособуваат да извршуваат самостојно научно истражување, односно да го пишуваат докторскиот труд. Преку предметот студентите ќе ги стекнат потребното знаење, способност и доверба за успешно истражување. Поради тоа, има повеќе соработка и дискусии отколку кај предметите кои се базирани на предавање. Од студентите се очекува да учествуваат активно во дискутиите.

Семестар 2

  • [DLCC0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDALL0105] Студии од граматиката на албанскиот јазик
    • [EDALL0106] Студии од албанската книжевност - проза
    • [EDLCC0103] Социолингвистика и јазикот на образованието
    • [EDALL0108] Литературна критика
    • [EDALL0109] Теорија на литературата
    • [EDALL0110] Фолклор
    • [EDLCC0101] Мултикултурализам
    • [EDLCC0102] Меѓународна комуникација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDALL0105] Студии од граматиката на албанскиот јазик
    • [EDALL0106] Студии од албанската книжевност - проза
    • [EDLCC0103] Социолингвистика и јазикот на образованието
    • [EDALL0108] Литературна критика
    • [EDALL0109] Теорија на литературата
    • [EDALL0110] Фолклор
    • [EDLCC0101] Мултикултурализам
    • [EDLCC0102] Меѓународна комуникација

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.
  • [PHD-S3-S4-03] [20 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 5

  • [DLCC0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [ALL-PHD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот совет и се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+